Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Чилеанските власти објавија дека заплениле повеќе од 100 тони дрога скриена во пратки дрва наменета за Европа, опишувајќи ја операцијата како рекорден успех во борбата против организираниот криминал во јужноамериканската земја! „Благодарение на заедничката работа на обвинителството, поморската полиција и царинската служба, запленети се 1.080 тони дрво контаминирано со разни видови дрога, што претставува историски удар врз организираниот ...
Малините се сметаат за рајско овошје. Да уживате во нив и во зима направите џем. Овој џем се готви кратко, за да се зачува аромата, бојата и вкусот на овошјето. Состојки: 1 кг малини 500 гр шеќер 20 грама желатин Подготовка: Измиените малини измешајте ги со шеќерот и оставете да отстојат 1 час. Гответе во голем сад на силен оган 20 минути и постепено остранувајте ја пената. Измешајте го желатинот во 1 дл ладна вода, и кога желатинот ќе ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска ја отвори втората седница на Мониторинг комитетот за Инструментот за реформи и раст (Reform and Growth Facility – RGF), на која учествуваа претставници на Европската комисија, Делегацијата на Европската Унија, државните институции, граѓанскиот сектор и меѓународните партнери. Во своето обраќање министерот Сали истакна дека Македонија останува целосно ...
Македонскиот јазик е еден од најцврстите темели на македонскиот идентитет. Токму затоа, неговото зачувување кај најмладите генерации во дијаспората е главната мисија на „Домче“ – првата дигитална платформа создадена специјално за македонски деца кои растат надвор од татковината. „Само неколку минути дневно се доволни детето да слуша македонски, да игра, да се смее и да ја открива Македонија на забавен и современ начин. Првите зборови што ...
Гидера го имаше своето филмско деби во третиот дел од култната сага „Кум“, каде што играше телохранител во екипа во која беа Ал Пачино, Дајан Китон, Енди Гарсија и Софија Копола. Неговата сопруга Валери откри дека на 11 мај, актерот ненадејно доживеал срцев удар и се струполил во дневната соба од нивниот дом во Јужна Калифорнија. Според неа, актерот бил итно префрлен во болница и ставен на апарати за одржување во живот, каде што останал ...
Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 11.06.2026 година (четврток), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија, Тимчо Муцунски, денеска во Софија учествува на Состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој се одржа во рамки на бугарското претседавање со оваа најстара и најзначајна политичка иницијатива за регионална соработка во Југоисточна Европа. Состанокот е посветен на одбележувањето на три децении од формирањето ...
Всушност, нештата секогаш биле јасни, барем за оние со отворени очи и ум. Но последната изјава на „маршалот“ Радев во однос на неговите „браќа“ – како што вели тој – од некоја „Северна Македонија“, можеби конечно ќе ја расчисти маглата во главите на една мала група „еу-фили“? Инаку, оној Радев го произведов во чин на „маршал“ со пластична ѕвезда зашто човекот е така влезен во филм на некаков европејски лидер… А впрочем, спомнувајќи го веќе ...
Европскиот туристички сектор би можел да се соочи со сериозни последици доколку новиот систем за влез и излез (ЕЕС) предизвика долготрајни задржувања на границите, предупредува Светскиот совет за патувања и туризам (WTTC). Според анализата на организацијата, доколку патниците се соочуваат со редовни чекања од три до четири часа при влез во Шенген-зоната, до 41 милион посетители и 45,4 милијарди долари туристичка потрошувачка би можеле да ...
На 09.06.2026 од 09:00 до 12:00 часот во Скопје, на територија на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје, постапувајќи по план за пријавно-одјавна служба за месец јуни, ги приведоа М.Е.С. (19), П.С.(23), Ј.С.(19), Д.Г.(250 и Б.Т.Б.(20), сите од Р.Турција, поради нерегулиран престој во државата, информира МВР. По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави. На 09.06.2026 од 09:00 до 12:00 часот во Скопје, на ...
Негувањето на традицијата е исклучително важно. Традицијата во голема мера се одразува во кујната на секоја земја. Одредени вкусови, состојки и методи на подготовка се распространети во различни земји, што е она што на крајот ги прави познати во остатокот од светот. Дозволете вкусот на оваа торта да ве врати во вашето детство и да ви ја стопли душата. Ова специфично име е дадено според мерките на состојките потребни за негова подготовка. 4 ...
Поранешен пилот на Ер Канада се соочува со кривични пријави за превоз на десетици илјади патници со фалсификувана пилотска лиценца речиси 17 години, соопшти канадската полиција, пренесува CNN. Џефри Вол беше уапсен на 1 јуни откако истражителите утврдија дека од 2009 до 2025 година бил капетан на повеќе од 900 домашни и меѓународни летови, иако никогаш не ја добил соодветната лиценца ниту ги положил задолжителните испити, пишува CNN. „Вол ...
Таа е една од најуспешните и најпопуларни македонски пејачки од помладата генерација. Родена е на 21 јануари 2001 година во Скопје, а својата музичка приказна ја започнува уште како дете, покажувајќи исклучителен вокален талент и љубов кон сцената, кои ќе ги открие најпрвин нејзиниот брат, а потоа и семејството. Уште како 11 годишно девојченце учествува во регионалните музички талент шоуа како „Некои нови клинци“, но сепак пошироката јавност ...
Параглајдерот Данило Хозе де Лима (44) почина во Бразил откако изгуби контрола за време на летот и падна од голема висина, а трагедијата случајно ја сними камерата на копилотот. Пилотот снимал панорамски погледи во областа Сао Паоло во среда кога неговата камера го снимила моментот кога Данило Хозе де Лима (44) удрил во врвовите на дрвјата, а потоа паднал од голема висина, објавува бразилскиот „Глобо“. Данило, кој беше познат по својата љубов ...
Приклучувањето на Македонија кон иницијативата „Роаминг како дома“ ќе им овозможи на граѓаните да користат мобилни услуги, интернет, повици и СМС-пораки во земјите од Европската Унија по цени исти како дома, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата оценуваат дека станува збор за директна придобивка од европската интеграција, која ќе значи пониски трошоци за граѓаните, полесна комуникација со семејствата, пријателите и деловните партнери во Европа, ...
Се’ уште е непознато која земја-членка на ЕУ го осуети бугарскиот обид за кражба и присвојување на кирилицата, откако Софија планираше издавање на бугарска комеморативна монета од 2 евра, посветена на „бугарската“ азбука. Вчера таа ее блокирана по приговор од неименувана земја членка на еврозоната. Бугарија го поднела фалсификат-дизајнот за формално одобрување во Советот на ЕУ на 19 мај 2026 година. Според документите што се појавија во ...
Јане Ченто реагираше по одлуката на Кривичниот совет да ја прифати гаранцијата од 55.000 евра за Стефан Богоев и да му го укине притворот, оценувајќи дека во македонскиот правосуден систем постојат двојни стандарди. Во објава на социјалните мрежи, Ченто нагласува дека не е приврзаник на лесно определување на најтешката мерка притвор, но смета дека проблемот е во нееднаквата примена на законот. „Да не бидам погрешно сфатен, јас сум против тоа ...
Во Белфаст синоќа еруптираше гневот поради бранот свирепи напади од омраза врз британски граѓани. Само една недела откако во Саутемптон студентот Хенри Новак беше избоден до смрт, имигрант од Судан среде улица во Белфаст се обиде да му ја отсече главата на случаен минувач. Откако се прошири снимката на ѕверскиот напад, разгневени толпи палеле домови на мигранти. Во понеделникот вечер тој вооружен со долг кујнски нож без јасна причина на улица ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Софија ќе учествува на Состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој се одржува во рамки на бугарското претседавање со иницијативата. Состанокот ќе биде посветен на одбележувањето на 30-годишнината од формирањето на ПСЈИЕ и ќе се одржи под мотото „Заеднички компас за стабилен, безбеден и одржлив регион – ...
ВМРО-ДПМНЕ во соопштение оценува дека Владата предводена од оваа партија покажува оти европскиот пат на Македонија е можен „без национални понижувања“, без, како што наведуваат, продавање на идентитетот, редефинирање на историјата и релативизирање на македонскиот идентитет. Од партијата тврдат дека Македонија е лидер во реформите и во Планот за раст меѓу земјите од Западен Балкан, а ваквиот пристап, според нив, им пречи на СДСМ и на лидерот ...
Поголема количина на пури во вредност од четири илјади евра се запленети од мобилен царински тим од Одделението за оперативни работи по извршена контрола на автобус на влез во државата на граничен премин Табановце. Против лицето К.Б, македонски државјанин, е поднесена кривична пријава до ОЈО Куманово за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик. Осомничениот е возач на автобусот вработен во компанија која врши ...
Учесници во антимигрантските протести во Белфаст запалија автобус на градскиот превоз, повеќе возила, меѓу кои и полициски, како и неколку куќи, објави весникот „Белфаст телеграф“, повикувајќи се на агенциски извештаи. Протестите во главниот град на Северна Ирска избувнаа по напад со нож што, според медиумските извештаи, го извршил имигрант од Судан. Весникот објави фотографии од запалено полициско оклопно возило погодено со молотов коктел, ...
Администрацијата за храна и лекови на САД штотуку го финализираше одобрувањето на првата нова состојка во крема за сончање што се појави во САД по децении. Бемотризинолот е моќен блокатор на опасни зраци со широк спектар кој се користи во Европа и во други делови од светот со години, но производителите досега не беа во можност да го користат во американските формулации. Во последните децении, САД беа многу побавни од другите земји во ...
Дел од корисниците од улиците „Наум Наумовски Борче“ и „Ленинова“ (Аминта III) во општина Центар, како и кафулињата „Кала“, „Ателје“, „Адмирал“ и останати објекти денеска од 8:30 до 15:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Во период од 9:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од селото Долно Соње лоцирани на улиците „6“, „8“ и „12“, а од 9:00 до 15:00 часот и дел од крисниците од селата Мирковци и ...
Македонскиот народен театар утре ќе настапи на јубилејното 60-то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп со претставата „Страв и надеж“, во режија на Татјана Мандиќ Ригонат. Претставата е дел од официјалната селекција на фестивалот, кој важи за еден од најзначајните театарски настани во земјава и регионот, а годинава одбележува шест децении постоење. „Страв и надеж“ е современа сценска приказна која ги ...
Европската комисија предложи мобилизирање на 500 милиони евра за поддршка на земјоделците кои се соочуваат со повисоки трошоци за вештачки ѓубрива, со предупредување дека растот на цените може да го одложи садењето и да претставува ризик за производството на храна. Предлогот предвидува користење на земјоделската резерва во рамките на Заедничката земјоделска политика на ЕУ, која во моментов изнесува околу 200 милиони евра. Комисијата исто така ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги повика европските земји да воведат ограничувања за патувања, поради епидемијата на ебола во делови од Централна Африка, а со цел да се спречи ширењето на вирусот за време на Светското првенство во фудбал. Според неименувани официјални претставници, на 1 јуни САД испратиле дипломатски документ во кој изразиле загриженост поради епидемијата и ги повикале европските земји да воведат ...
Свети Никита Исповедник, епископ Халкидонски Во младоста се одрече од светот и се оддалечи на монашки подвиг. Блескајќи со добродетелта како сонце, беше забележан од црковните старешини и воздигнат на архиерејскиот престол во Халкидон. Како архиереј беше особено милостив кон бедните и многу се грижеше за сираците, вдовиците и ништите. Кога злочестивиот Лав Ерменин стана против иконите, стана и овој Свети Никита во одбрана на иконите, ...
Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ во Охрид, каде се реализираат формални програми и програми за доквалификација и преквалификација во областа на угостителството и туризмот и се образуваат идни готвачи, келнери, туристички работници и други профили од секторот, доби современа опрема за унапредување на практичната настава. Со овој проект се создаваат подобри услови за учење и посовремена средина за учениците и ...
Во вестите на хрватската телевизија RTL е објавен извештај кој ги вознемири гледачите и туристите, а сведочи за појавата на голема бела ајкула во Медитеранот, поточно во Италија. Како што објави водителката на вестите, големата бела ајкула, која се смета за најопасен вид ајкула, не е честа појава во Медитеранот. Сепак, сега има официјално видео од оваа неверојатна ајкула како плива во водите на Италија, поточно покрај брегот на Сицилија. ...