Во Центарот за култура „Ѓорче Петров“ денеска со почеток во 19 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Физика на радоста“ во реализација на Театар Пи. Претставата го преиспитува човекот како сложено суштество составено од сеќавања, недоизговорени приказни, стравови и емоции, поставувајќи го секој поединец во сопствен внатрешен лавиринт. Проектот е инспириран од романот „Физика на тагата“ на бугарскиот писател Георги Господинов, ...

На 08.06.2026 во 10:09 часот во Полициската станица Виница, лекар од Итна медицинска помош пријави дека кај нив со повреди здобиени при несреќа со трактор бил донесен В.А.(71) од с.Драгобраште, виничко, кој им подлегнал на повредите и покрај укажаната лекарска помош и извршена реанимација, информира МВР. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани увидна екипа на ОВР Виница извршила увид на ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре во Софија ќе учествува на Состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој се одржува во рамки на бугарското претседавање со иницијативата. Состанокот ќе биде посветен на одбележувањето на 30-годишнината од формирањето на ПСЈИЕ и ќе се одржи под мотото „Заеднички компас за стабилен, безбеден и одржлив регион – ...

Со младешки сјај и без ниту една брчка на повидок, 23-годишната Алегра Фипс веројатно не е тип на личност за која би замислиле дека прима ботокс. Но, таа не бара третман за справување со постоечките знаци на стареење, вели таа во видео на Инстаграм. Наместо тоа, таа е заинтересирана за спречување на формирање на несакани линии, постапка позната како „бебешки ботокс“. Исто така познат како превентивен ботокс или „микро-токс“, бебешкиот ботокс ...

Будно ја следиме состојбата и се разбира дека разгледуваме мерки што ќе бидат во корист на граѓаните – порача премиерот Христијан Мицкоски одговорајќи на новинарско прашање дали ќе бидат донесени нови економски таргет-мерки имајќи ја предвид стапката на инфлација. Мицкоски појасни дека просечната инфлација е под 4,5 во првите четири месеци и, како што рече, „е една од најниските, ако не и најниска во регионот“. -Од нашата анализа, конкретно ...

Најпознатата навивачка на Хрватска, Ивана Нол, повторно привлекува големо внимание со почетокот на Светското првенство. Огнената Хрватка, која стана позната по Светското првенство во Русија во 2018 година, а светска слава стекна за време на Катар 2022 година, сега доби официјална улога од ФИФА за Светското првенство во 2026 година. Имено, Ивана Нол ќе биде задолжена за забава на навивачите пред и по натпреварот помеѓу Бразил и Мароко, дерби ...

Една година љубов кон традицијата, македонската песна и незаборавните дружби – „Македонско село“ на 17 јуни го слави својот прв роденден со голема музичка прослава што ветува вечер за паметење. Во амбиент каде секој камен, секоја коцка од калдрмата и секоја куќа раскажуваат приказна за македонскиот дух, посетителите ќе имаат можност да уживаат во вистински музички спектакл со некои од омилените имиња на домашната сцена – Дац и Митевски, Ѓоко ...

Првата бугарска комеморативна монета од 2 евра, посветена на „бугарската азбука“, наводно е блокирана по приговор од една земја-членка на ЕУ. И додека официјално никој не кажува која држава ставила рампа, регионот веќе си ја игра омилената игра: „погоди кој се навредил овој пат“. Монетата требаше гордо да ја прослави бугарската писменост, но очигледно некој во Европа решил дека две евра се премногу голем простор за историски апетити. Па така, ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на одбележувањето на 20-годишнината од основањето на Стопанската комора на Северозападна Македонија, при што го истакна нејзиниот значаен придонес во економскиот развој на државата во изминатите две децении. Во своето обраќање, Сали нагласи дека Комората претставува силен глас на бизнис-заедницата, важен партнер на институциите и активен промотор на ...

Британскиот „Метро“ ги рангираше најлошите и најдобрите дресови што ќе се појават на претстојното Светско првенство кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Со порастот на културата на дресови, спортските коментатори Гевин Браун и Стив Чарнок ги избираат деветте најлоши и деветте најдобри дресови на Светското првенство. Според овој избор, најлоши се: Хаити (дома), Швајцарија (гости), Австралија (гости), Канада (дома), Англија (дома), Египет ...

Експертите истакнуваат дека одредени видови бобинки, како што се јагодите, малините, боровинките и капините, содржат витамини, антиоксиданси и растителни соединенија кои можат да помогнат во ублажување на благите симптоми на поленска треска, како што се кивање, течење на носот и иритација на очите. Иако овие намирници не можат да ја заменат терапијата или да бидат лек за алергии, нивното редовно вклучување во исхраната може да обезбеди ...

Амбициите на Украина забрзано да се движи кон членство во ЕУ создаваат тензии меѓу Киев, Брисел и некои европски престолнини пред формалното отворање на првиот преговарачки кластер следната недела, наведуват дипломати и претставници на ЕУ. Киев и Брисел јавно го поздравија веројатниот почеток на формалните разговори на 15 јуни, но Украина е загрижена дека нејзината кандидатура може да биде „заглавена“ од политички прашања, вклучително и ...

На 11 јуни Скопје ќе добие современ спортски објект откако свечено ќе биде отворена целосно реконструираната спортска сала „Расадник“ во Општина Кисела Вода. Под мотото „Расадник на шампиони“ и слоганот „Дом на спортот. Дом на идните шампиони“, отворањето ќе се одржи со почеток во 10:30 часот, а организатори на настанот се Министерството за спорт, Град Скопје и Општина Кисела Вода. Реконструираната сала претставува една од најзначајните ...

На 08.06.2026 во 11:25 часот во СВР Охрид било пријавено дека, при извршување градежни работи на кров на една од зградите на Меѓународниот аеродром „Св.Апостол Павле“ во Охрид, паднал и со тешки телесни повреди се здобил еден работник, кој бил пренесен и задржан во болницата „Св.Еразмо“ на понатамошно лекување. -Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека се работи за З.П.(44) од Кавадарци, информира МВР. Увид бил извршен и се ...

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, преку своите адвокати во Париз, поднесе кривична пријава против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и пет други швајцарски фудбалски службеници и обвинители, објави АП. Седумдесетгодишниот Платини тврди дека пред десет години се случил заговор против него за лажно обвинување и влијание за да се спречи да стане претседател на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА). Адвокатите на Платини, исто ...

Францускиот славист Андре Мазон, професор на Колеџ де Франс и еден од најголемите европски слависти на 20 век, преку своите проучувања на македонската дијалектологија во 1920-тите и 1930-тите, ја потврди и ја засведочи пред европската научна јавност посебноста на македонските дијалекти во рамките на системот на македонскиот јазик. Мазон има неколку клучни научни труда за Македонија и македонскиот јазик, во кои говори за „словенски говори, ...

Кога некој ќе ви каже дека полни 50 години, обично замислувате сериозни луѓе кои, како што би рекол самиот Владо Георгиев, „удирани од ветрови и торнада“. Сепак, Барба пркоси на годините. Пред својот 50-ти роденден, кој ќе го просави во сабота со целодневен настан и концерт на Калемегдан, Владо изгледа и звучи како да е барем десет години помлад и има барем двојно повеќе енергија од повеќето негови помлади колеги. За својот јубилеј, тој не ...

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, е избран за претставник на ЗЕЛС во АРЛЕМ – Евро-медитеранското регионално и локално собрание, кое ги обединува локалните и регионалните власти од земјите членки на Европската Унија и медитеранскиот регион. АРЛЕМ функционира во рамки на Комитетот на регионите на Европската Унија и претставува значајна платформа за дијалог, соработка и размена на искуства меѓу локалните власти. Во ...

Бразилецот Вилтон Сампајо е назначен од ФИФА да го суди првиот натпревар од Светското првенство, кој ќе се игра в четврток. Во Мексико Сити ќе се соочат кодомаќинот на Мундијалот Мексико и Јужна Африка. Колумбиецот Николас Гало ќе биде ВАР судија. Вилтон има 44 години, тој е на листата на ФИФА од 2013 година. Тој беше ВАР судија на Светското првенство во 2018 година, а судеше на Арапскиот куп во 2021 година и на Светското првенство во Катар ...

Перо Антиќ со емотивен гест ги освои срцата на јавноста — по повод полуматурската вечер на Андреј, синот на прерано починатиот Владимир „Панчо“ Блажев (ДНК). Антиќ лично пристигна и го однесе момчето со својот автомобил, исполнувајќи му ги овие важни моменти, а на пријателството со прерано починатиот пријател му даде посебна тежина. Видео од сцената и фотографија од селфињата, предизвикаа силни емоции и пофалби за вистинското пријателство и ...

На 7 јуни, во Паркот на Франкофонијата, се случи настан што долго ќе се памети. Музичкото училиште Ентерпрајз пред повеќе од 1000 посетители го одржа својот летен концерт „We Will Rock You” и со моќна рок програма ја заврши оваа учебна година. Концертот се состоеше од настап на 29 бендови составени од учениците на Ентерпрајз, при што секој бенд изведе по една песна. Вкупно настапија 120 ученици, а програмата беше составена од обработки на ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека како Влада работат темелно и посветено на остварување на целите што ги инаат зацртано во насока на развој на државата и на процесот на нејзина евроинтеграција. Имаат, вели, план и стратегија на чие остварување работат без да ветуваат чуда, туку да гои постават работите на здрава основа. – Ние работиме темелно, посветено, чесно и напорно. Резултатите полека доаѓаат. Тоа што е наша стратегија за ...

Времето утре претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР. Во четврток попладне и петок процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и невреме со услови за појава на град, а температурата ќе опадне за неколку степени. За време на викендов времето ќе биде претежно ...

Македонија е подготвена за следната фаза од процесот за приклучување кон иницијативата „Роаминг како дома“, со која граѓаните би можеле да користат мобилни услуги во земјите од Европската Унија без дополнителни роаминг трошоци, изјави денеска Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. Според Бојковска, станува збор за конкретен чекор од кој директна корист ќе имаат граѓаните, компаниите, студентите, работниците, дијаспората и ...

На 09.06.2026 во 00:05 часот на улица „Магистрален пат“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Т.З.(64) од Тетово. -При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Кичево сопреле патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал и притоа констатирале дека против него има активна забрана на управување со моторно возило од Б ...

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се обрати на сесија на Националната конвенција за Европската Унија во Република Македонија, посветена на европските политики за водите во услови на климатски промени. Во своето обраќање, министерот истакна дека водата денес се третира како прашање на безбедност, економски развој, јавно здравје и квалитет на живот. Тој нагласи дека новите европски политики ја ...

Џесика Алба прослави важен ден во животот на нејзината најстара ќерка Онор, која наполни 18 години. Познатата актерка и претприемачка ѝ посвети емотивна објава на Инстаграм, а во видео се потсети на нивните заеднички моменти. Поздравот беше придружен со бројни фотографии и видеа од растењето на Онор. 45-годишната ѕвезда ја избра песната на Битлси „Blackbird“ за музичкото видео. Во долга и емотивна порака, Алба напиша колку ја сака својата ...

Додека демонстрантите продолжуваат да протестираат против мегапроектот поврзан со Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, албанскиот премиер Еди Рама се надмина во своите ексцентрични испади. Откако го впери прстот кон Иран, како инспиратор на протестите, а екоактивистите ги обвини дека „до вчера јаделе фламинга, а денес ги бранат со протести“, Рама денеска на социјалните медиуми сподели неколку од своите „омилени“ ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на церемонијата за примопредавање на возила и специјализирана опрема за Министерството за внатрешни работи, обезбедени во рамки на регионалниот ИПА проект „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе во Западен Балкан (EU4FAST)“. Во рамки на донацијата беа предадени 30 алатки за проверка на документи, два детектори за срцебиење, за ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на поставувањето камен-темелник за изградба на нов училиштен објект во рамки на ООУ „Димитар Поп Ѓорѓиев Беровски“ во Општина Ѓорче Петров. Во обраќањето, Мицкоски истакна дека ваквите проекти се од суштинско значење бидејќи директно придонесуваат за подобрување на условите во основното образование и за квалитетот на животот на граѓаните, особено на најмладите. „Овој проект е со цел да им ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.53
44%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 23ᴼ
1.23
66%
1016
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.5
71%
1018
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
0.44
64%
1019
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
1.84
53%
1016
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 21ᴼ
1.32
76%
1019
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
0.89
43%
1013
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
2.0
42%
1017
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
3.39
42%
1017
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 23ᴼ
0.89
63%
1016
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
1.34
37%
1017
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
3.13
100%
1015
Currency

61.6417

Currency

54.0919

Currency

71.521

Currency

37.2538

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Цинк

0.00

Иридиум

233896.68

Сребро

1862.96

Алуминиум

3.11

Рутениум

49029.89

Платина

50476.67

Бакар

12.22

Паладиум

38355.84

Злато

129060.56

Калај

50.54

Кобалт

56.29

Родиум

249168.29