Целосно реконструираната спортска сала „Расадник“ во Кисела Вода денеска ќе биде пуштена во употреба, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за спорт Борко Ристовски, градоначалничката на Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски Владата. По тој повод општината организира целодневен настан под слоганот „Дом на спортот. Дом на идните шампиони“. – Во текот на целиот ден посетителите ќе ...

– Пред една година ја презедов одговорноста да го водам Министерството за здравство. Не беше лесен период, ниту систем во кој проблемите можат да се решат преку ноќ. Здравството е еден од најсложените и најчувствителните системи во државата, систем во кој секоја слабост ја чувствува пациентот, секоја одлука има човечка тежина, а секое одложување значи изгубено време за некого кому му е потребна грижа, истакна министерот за здравство, Азир ...

Останувањето најавено на Фејсбук постојано може да ве направи ранливи на следење и сајбер напади. Откријте како да ги заштитите вашите податоци со едноставни чекори. Многу корисници мислат дека Мета е заинтересирана само за тоа што правите додека сте активни на Фејсбук или Инстаграм. Всушност, вашиот профил се ажурира дури и кога сте надвор од платформата, токму затоа што останувате најавени. Секој клик на друга страница, секое пребарување, ...

Спомен на Првиот Вселенски Собор Спомен и пофалба на Светите отци од Првиот Вселенски Собор се врши во неделата пред Педесетница или во седмата недела по Воскресение. Соборот се одржа во Никеја, во 325 година, во времето на царот Константин Велики. Беше свикан за да ја отстрани забуната којашто ја создаде александрискиот свештеник Ариј со неговото криво учење. Имено, тој ширеше учење дека Христос е создаден од Бога во времето и дека не е ...

На железничката делница Бељаковце – Крива Паланка се градат мостови со столбови високи до 61 метар, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според Николоски, висината на дел од столбовите е поголема од повеќекатници во урбана средина, што, како што наведува, ја покажува сложеноста на проектот и инженерските предизвици со кои се соочуваат изведувачите. „Во изградбата ќе бидат вградени десетици илјади тони железо и ...

ОВЕН Денеска можеби ќе бидете поспонтани од вообичаено но и да реагирате брзоплето во ситуации кои инаку не би ве засегнале. Обидете се да не се фокусирате на ситници или туѓи забелешки – наскоро вашето расположение ќе се стабилизира и ќе го вратите вашиот внатрешен мир. БИК Обидете се да го минимизирате стресот и не преоптоварувајте се. Денот е погоден за одмор, особено доколку се чувствувате уморни. Работната атмосфера може да биде напната, ...

Човечките активности го доведоа глобалното затоплување до 1,37 степени Целзиусови во 2025 година, а стапката со која топлината се акумулира во системот на Земјата сугерира високи нивоа на идно затоплување, предупредија научниците. Годишното ажурирање на „индикаторите за глобалните климатски промени“ од страна на водечки научници ширум светот утврдува јасни докази дека светот продолжува да се загрева, при што глобалното затоплување е на пат да ...

Европа мора подобро да ги заштити своите граѓани од екстремните горештини во услови на забрзани климатски промени, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), посочувајќи дека континентот се затоплува побрзо од кој било друг регион во светот. Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, изјави дека во изминатите четири години повеќе од 200 илјади лица во европскиот регион починале од причини поврзани со високите температури. ...

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) распиша конкурс за необјавени кратки книжевни форми во рамки на традиционалната манифестација „Празник на липите“. Како што информираат од ДПМ, конкурсот е на слободна тема, а заинтересираните автори можат да учествуваат со една песна до 40 стихови или еден краток расказ до 1.000 зборови. Пријавените творби треба да бидат необјавени и потпишани со име и презиме, а може да се достават електронски на ...

Генералното Собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) денеска ќе одржи седница на која ќе се дискутира за актуелните предизвици со кои се соочуваат општините и активностите на ЗЕЛС во делот на лобирањето за идните заложби на развој на локалната самоуправа. На втората седница на Генералното Собрание на ЗЕЛС ќе бидат разгледании извештаи од работењето на ЗЕЛС. Највисокото тело во ЗЕЛС – Генералното собрание, има вкупно ...

Пожарот што вчера изби над Штип е изгаснат по интервенција на пожарникарите и доброволците, соопштија од Центарот за управување со кризи. Во гаснењето учествувале екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Штип со 20 пожарникари и четири противпожарни возила, Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Штип со 10 лица и четири возила, како и екипи од Кочани со две возила и шестмина пожарникари и од Свети Николе со една екипа. Пожарот ...

Тажна вест се споделува по социјалните мрежи. Почина Ирена, водителката на некогашната емисија „Версус“. Се огласи Игор Филевски, со кого заедно ја водеа емисијата. -Штотуку ја дознав веста која првично не сакав да е точна, а потоа не сакав ни да ја прифатам како точна, но немам веќе избор сем да ја прифатам празнината од заминувањето на личноста која беше еден дел и од моето обликување низ медиумите. Ирена, драга моја Иренке Версус, нека ти ...

Со натпреварот Мексико – Јужна Африка вечер (21 часот) ќе почне Светското првенство во фудбал 2026 година. За првпат во историјата на турнирот, натпреварите ќе се одржат во три земји: САД, Канада и Мексико. Мундијалот ќе се игра во 16 градови (11 во САД, три во Мексико и два во Канада). Градови домаќини на Светското првенство во фудбал 2026: САД: Њујорк, Далас, Лос Анџелес, Атланта, Сан Франциско, Сиетл, Филаделфија, Хјустон, Мајами, Бостон, ...

Без струја денеска од 7:30 до 15 часот ќе останат корисниците од улицата Покриена чаршија и дел од улицата Ковачка во Стара скопска шаршија. Како што соопшти Регионалниoт центар за кризи на Град Скопје, без електрична енергија од 8 до 14 часот ќе останат корисниците од село Рашче, Хлорна станица Рашче, село Бојане, село Копаница, дел од село Кондово и од 8 до 16 часот селата Добрино, Гумалево, Кадина Река, Смесница, Зелениково, Страхојадица, ...

Топлото време ќе се задржи и денеска, соопштија синоптичарите. Како што информираа од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на ноќта и утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд – над 15 литри на квадратен метар и услови за невреме со појава на град. Температурата низ државата се очекува да се движи ...

Треба да продолжиме да разговараме за тешките прашања!, истакна претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во објава на социјалните мрежи по средбата со нејзината бугарска колешка Илијана Јотова, што се одржа на маргините на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија. Во фокусот на разговорот со Јотова, како што вели, беа проблемите во билатералните односи, врзани за македонската евроинтеграција. – Изразивме ...

Во Собранието денеска ќе заседаваат седум комисии – Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за образование, наука и спорт, Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и Законодавно-правната комисија. Пред членовите на ...

Земјотрес со јачина од 3,0 степени според Рихтеровата скала утринава е почувствуван во југозападниот дел на земјава, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според податоците на опсерваторијата, земјотресот е регистриран во 5 часот и 36 минути, а неговиот епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани–Охрид–Струга. -Земјотресот е почувствуван од жителите на Охрид и Струга со интензитет од ...

Македонските тенисери го загубија првиот дуел во Кишињев во рамки на Третата Европска група од Дејвис купот откако загубија со 2-1 од домаќинот Молдавија. Мечевите почнаа одлично за македонскиот тим со водство по победата со пресврт на Калин Ивановски против Иља Снитари со 2-1 во сетови (46 63 61). Тенисерот од Молдавија поведе, а во следните два сета Ивановски му препушти само четири гема. Во вториот меч Олег Приходко го доби првиот сет во ...

По првиот турнир од Европската лига 2026 во Порто, од вчера најдобрите македонски одбојкарки се во Аликанте, Шпанија, каде викендов, 12 и 13 јуни, ги играат натпреварите од вториот турнир. Девојките се адаптираат на новите услови, веќе одработија и еден тренинг на новиот терен, а интензивно се анализираат и претходно одиграните натпревари и се работи на што подобро поставување на тактика за следните предизвици – Шпанија и Азербејџан. „По ...

Почнува Светското фудбалско првенство кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико. Тие ќе им бидат домаќини на 48 репрезентации, што го прави овој Мундијал најмасовен во историјата. Првиот натпревар ќе се игра на 11 јуни меѓу домаќинот Мексико и Јужна Африка, а финалето е закажано на 19 јули, па ова ќе биде и најдолгото првенство досега. Натпреварувањето во групната фаза ќе вклучува 12 групи. Двете најдобри репрезентации од ...

Иранските власти се заканија дека репрезентацијата може да ги прекине своите натпревари на Светското првенство доколку на трибините се појават неовластени знамиња или се скандираат пораки насочени против националниот тим. Според иранските медиуми, министерот за спорт Ахмад Доњамали изјавил дека Иран веќе ја информирал ФИФА за својата позиција во пресрет на турнирот, кој започнува во четврток. „Ја известивме ФИФА дека доколку на стадионите ...

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Бобан Стајиќ е нов кошаркар на МКК Куманово. Според информациите, тој потпиша договор на две години. Стајиќ во последните две сезони го носеше дресот на Пелистер. Една полусезона настапуваше и за Куманово во сезоната 2017/18, така што новата средина не ми е непозната. Македонскиот кошаркарски репрезентативец Бобан Стајиќ е нов кошаркар на МКК Куманово. Според информациите, тој потпиша договор на две ...

Инцидентот се случи за време на првата четвртина во „Медисон Сквер Гарден“, кога францускиот центар од зад грб го турна капитенот на Никс и го собори на подот, додека судиите останаа неми Шефот на судиите во НБА, Монти МекКачин, се појави на ESPN и призна дека одлуката била погрешна. „Пропуштен е прекршок на Виктор Вембанјама врз Џејлен Брансон“, рече МекКачин, потврдувајќи дека лигата сè уште разгледува дали ситуацијата последователно ќе ...

ГФК Тиквеш вечерва и официјално го потврди. Оливер Богатинов е новиот шеф на стручен штаб во Кавадарци. Клубот менува стратегија и носи сериозно тренерско име од странство, иако името на Богатинов звучи и тоа како домашно. Тоа е стратег кој што доаѓа од Словенија и секако има наше потекло. Како играч настапуваше во оваа земја, и за репрезентацијата на Словенија, а потоа имаше серија на успешни мисии како тренер. Богатинов потпиша двегодишна ...

Партизан останува во игра за титулата во АБА лигата откако пред своите навивачи славеше убедлива победа над Дубаи со 84-70 во третиот натпревар од финалната серија. Доминантната прва четвртина им донесе предност од 23-10, која подоцна се покажа како клучна за конечниот исход. Во редовите на Партизан беше Бруно Фернандо со 15 поени и седум скока. Значајна улога имаше и Карлик Џонс, кој натпреварот го заврши со 13 поени и седум асистенции. ...

Големиот пожар кој избувна над Штип и се движеше во правец на централното градско подрачје е ставен под контрола. Брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) и доброволците спречи огната стихија да зафати куќи и викендички, потврдија локалните власти и претставниците на доброволните друштва. Огнот започнал во преквечерието во непосредна близина на населбата Плуждино, по што брзо се проширил кон населбата Кадидере, која ...

Собранието вечерва, со 62 гласови против, 21 „за“ и ниту еден воздржан, ја отфрли интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Интерпелацијата ја поднесоа пратениците од СДСМ и Коалицијата за европска иднина поради, како што истакнаа, катастрофалните резултати, намалените субвенции, неисполнетите ветувања, падот на откупните цени, блокираните европски средства, коруптивните ...

Пожар избувна попладнево на патот кон градските гробишта во месноста Плуждино кај Штип. Според првичните информации, пожарот најверојатно бил предизвикан од удар на гром, при што била зафатена сува трева. -Поради засилениот ветер, огнот брзо се проширил на поголема површина, поради што на терен интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица Штип, инфомираат од ЦУК. Пожарникарите во моментов работат на локализирање на пожарот, ...

Кабинетот на бугарската претседателка Илијана Јотова соопшти дека на денешната средба со македонската претседателка Гордана Сиљановска – Давкова посочила дека Бугарија очекува Република Македонија да ги исполни европските критериуми за членство во ЕУ односно дека „мора да го спроведе францускиот предлог од 2022 година“. Според Јотова, „ова се европски критериуми за членство, а не бугарски барања“. – За да започне преговори, Скопје треба да ги ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
0.99
40%
1017
weather icon

Белград

28ᴼ / 28ᴼ
0.42
60%
1015
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
1.78
58%
1017
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
0.8
61%
1019
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
1.17
47%
1016
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 23ᴼ
0.28
71%
1018
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
3.58
40%
1014
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.12
43%
1016
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.98
43%
1016
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 29ᴼ
2.68
53%
1016
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 30ᴼ
0.89
34%
1016
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
3.71
100%
1015
Currency

61.6417

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2538

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Паладиум

38355.84

Рутениум

49029.89

Калај

50.54

Цинк

0.00

Платина

50476.67

Злато

129060.56

Иридиум

233896.68

Родиум

249168.29

Алуминиум

3.11

Бакар

12.22

Сребро

1862.96

Кобалт

56.29