
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Во првата половина на 2021 година, Развојната банка на Р.С.Македонија осигурала извозни и домашни побарувања во износ од 98 милиони евра за купувачи во 33 различни земји Од Банката информираат дека волуменот на осигурани побарувања во однос на истиот период минатата година е зголемен за 3,4 пати. “Развојната банка на Северна Македонија очекува годината да ја заврши со рекорден износ на осигурани побарувања на домашен и странски пазар, со ...
Осум вкупно банки досега се вклучија во државната гарантна шема со потпишување на договор за издавање на портфолио гаранција од Гарантен фонд кон нив. Со портфолио гаранција, банка или штедилница, може да обезбеди кредити одобрени на микро, мали и средни фирми во доминантна приватна сопственост. Кредитите може да бидат за основни или обртни средства, со рок на отплата до осум години за основни средства и до три години за обртни средства. ...
Модните брендови како Бенетон, Хуго Бос, GAP и многу други заради пореметувањата кои ги предизвика пандемијата на ковид 19 се повеќе се оддалечуваат од глобалните синџири на снабдување и ефтините производствени центри во Азија и го селат производството во земјите од Медитеранот и Југоисточна Европа. Италијанскиот Бенетон веќе го проширува производството во Хрватска, Србија, Турција, Тунис и Египет и планира да го преполови кпроизводството во ...
Недостатокот на чипови на светскиот пазар го прекина производството во фабриката на автомобилскиот концерн „Стелантис“ во Виена. Производството се прекинува од 18 октомври до крајот на годината, а работниците се пријавени на работа со скратено работно време. „Повторно започнуваме со производство на 2 јануари. Се планира скратено работно време за вработените, со цел прекинот на производството да биде социјално поподнослив за нив ...
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва е подготвена да работи на стабилизирање на глобалниот пазар на енергија, што предизвика ненадеен пресврти поевтинување на цените на природниот гас, кој изминатиот период се искачи на највисоко ниво досега. Овој потег на Путин доаѓа во момент на растечка енергетска криза во Европа предизвикана од недостиг на природен гас, кој е клучен извор на енергија за производство на електрична енергија и ...
Шведскиот синџир за мебел ИКЕА планира поголемиот дел од своето производство да го насочи кон Турција со цел да ги минимизира проблемите во глобалните синџири на снабдување и да ги намали трошоците за превоз, изјави финансискиот директор на турската филијала, Керим Нисел, објавува Ројтерс. ИКЕА планира да произведува фотелји, полици за книги, ормари и кујнски елементи во Турција, а потоа да ги извезува. Тие во моментов се испраќаат од илјадници ...
Германското индустриско производство во абгуст го претрпе својот најголем пад од април минатата година, поради прекини во синџирот на снабдување што го спречуваат растот во најголемата европска економија и особено силно го погодија автомобилскиот сектор, покажаа официјалните податоци во четвртокот. Федералната канцеларија за статистика соопшти дека индустриското производство во Германија паднало за 4,0% во месец август по порастот од 1,3% во ...
Светските цени на храната се зголемија втор месец по ред во септември, поттикнати од зголемувањето на цените на житарките и растителните масла, достигнувајќи 10-годишен максимум, објави агенцијата за храна на Обединетите нации, ФАО. На годишно ниво, цените во септември се поголеми за 32,8% во споредба со септември минатата година. Индексот на цените на храната на ФАО, кој ги следи меѓународните цени на производи со најголема глобално тргување со ...
Глобалната криза со недостиг на чипови може да се прошири и во 2022 година со оглед на трошоците за зголемување на капацитетите за производство на полупроводници, објави рејтинг агенцијата Fitch. Очекувањата на рејтинг агенцијата се проблемите во синџирот на снабдување да се решат во втората половина на 2022 година Глобалната рејтинг агенција смета дека недостатокот на чипови ги принуди производителите, вклучувајќи ги и производителите на ...
Глобалната производствена активност беше на удар од недостаток на клучни компоненти како што се полупроводници, блокирани пристаништа и недостаток на контејнери за товар, како и работна сила, бидејќи глобалните синџири на снабдување се борат да се вратат во нормала по затворањата предизвикани од пандемија минатата година. Несовпаѓањето на понудата побарувачка, делумно поттикнато од вишокот заштеди создадени во богатите земји, ги зголемија ...
Откако европската автомобилска индустрија премести голем дел од своето производство во Источна Европа, некои веруваат дека следниот чекор е Африка, и за производство, но и како растечки потрошувачки пазар. Мароко се наметнува како нов центар за производство на автомобили, додека Јужна Африка има историја на производство на автомобили. Меѓутоа, мултинационалните производители на возила отвараат производствени погони во Ангола, Етиопија, Гана, ...
Германската влада ја намали прогнозата за економскиот раст за оваа година на 2,6%, но ја зголеми проценката за следната година на 4,1%, бидејќи проблемите со снабдувањето го одложуваат закрепнувањето на најголемата европска економија, пишува Reuters. Ревидираната владина прогноза за растот на бруто домашниот производ се споредува со априлската прогноза за раст на економијата од 3,5% во 2021 година и од 3,6% во 2022 година. За 2023 година, ...
Хаосот во автомобилската индустрија, која е моќен мотор на светската економија, се заканува на економскиот раст и создава голема загриженоста кај компаниите, но во економиите во кои многу работни места се потпираат на оваа индустрија. Секој автомобил кој не излегува од фабриките во Детроит, Штутгарт или Шангај е ризик за работните места – дали се тоа на рударите кои ископуваат железна руда за производство на челик во Финска, работниците ...
Откако германскиот извоз во септември падна втор месец по ред, а увозот речиси стагнираше, а бројните проблеми ја забавија германската индустрија, се наметнаа дилемите дали моторот на европската економија ќе може и овој пат да ја извлече од криза. Германската извозно ориентирана економија порано беше сигурен мотор за извлекување на Европа од кризи и падови во економијата. Сега, кога континентот излегува од пандемијата, Германија заостанува. ...
Продажбата на патнички автомобили во Европа се намали за 29% во октомври, што е најлошата продажба забележана за овој месец, бидејќи недостигот на полупроводници го намали производството на автомобили. Регистрациите во Европската унија, Велика Британија и земјите на Европската асоцијација за слободна трговија беа 798.693, се вели во соопштението на АЦЕА во четвртокот. Hyundai, Kia, Porsche и Smart имаа зголемување на продажбата и покрај ...
Во текот на изминатата 2020 година глобално се извезени производи во вредност од 17,3 трилиони долари, што е пад од 7,6% во споредба со вредноста на извозот остварен во 2019 година, покажуваат податоците од Worldtopexports. Најголеми 10 извозни економии минатата година биле Кина, САД, Германија, Јапонија, Холандија, Хонг Конг, Јужна Кореја, Италија, Франција и Белгија. Заедно, сите овие 10 извозно ориентирани економии создале повеќе од половина ...
Најбогатите Словенци, брачната двојка Иза и Само Логин, сопствениците на Outfit 7, која е одговорна за познатата апликација Talking Tom, како што пренесуваат порталите во Србија, станаа сопственици на неколку илјади хектари земја во Војводина. „Тие сакаат да воспостават органско земјоделско производство на 3.800 хектари. Уверен сум дека тоа ќе биде најголемата платформа за органско земјоделско производство во цела Европа “, изјави ...
Соединетите американски држави (САД) се најголемиот извозник на пченка во светот во 2020 година, покажуваат податоците на американското министерство за земјоделие. САД во текот на изминатата 2020 година извезле речиси 68 милиони тони пченка , што претставува околу 36% од светскиот извоз. По САД, како најголеми извоизници следуваат Бразил, Аргентина, Украина . Соседна Србија била петти најголем извозник на пченка минатата година и продала 3,5 ...
Со пристигнувањето на возот Connecting Europe Express на железничката станица Прокоп во Белград, официјално беше отворен Меѓународниот самит за железница на Западен Балкан 2021, на кој учествуваа државни, регионални и европски претставници, како и експерти во областа на железничкиот сообраќај. Самитот организиран од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој, има за цел да ги унапреди регионалните и европските ...
Цeнaтa нa природниот гас во Европа официјално надмина претходниот рекорд на сите времиња постигнат во март 2018 година кога континентот беше зафатен од поларно студен бран. Само што тој рекорд беше постигнат на крајот на зимата, сезоната на гррење 2021/2022 е на самиот почеток. Цeнaтa нa нaјблиските (зa oĸтoмвpи) фјучерси нa индeĸcот зa cпoт гaс ТТF нa бopcaтa ІСЕ Futurеѕ денеска дocтигнa 85,245 eвpа зa МWh, или 1030 дoлapa зa илјада кубни ...
Фитосанитарната инспекција на Република Српска забрани увоз на пратка свежо грозје со потекло од Македонија, во износ од 20.730 килограми, поради зголемената содржина на пестициди, објавува босанскиот портал Biznisinfo. При редовниот преглед на пратката храна од растително потекло при увоз, надлежниот инспектор извршил земање мостри за лабораториска анализа со цел да се испитаат остатоците од пестициди, објави Инспекторатот на Република Српска. ...
На листата 100 најголеми компании во Југоисточна Европа која неодамна ја објави Seenews се најде само една компанија од Македонија. Тоа е подружницата на британската Џонсон Мети која во зоната Бунарџик произведува катализатори и опрема за прочистување на издувни гасови за автомобилската индустрија. Џонсон Мети Македонија е 19-та најголема компанија во Југоисточна Европа со приходи од 1,74 милијарди евра. Според профитот остварен минатата година ...
Првите батерии за електрични автомобили се очекува да излезат од производство во 2023 година. Во Суботица е предвидена изградба на комплекс за производство и рециклирање на батерии на површина од 30 хектари. Проектираната капитална инвестиција се проценува на приближно една милијарда евра, објави Стопанската комора на Србија. Со проектот раководи стартапот ElevenEs, дел од мултинационалната компанија „Al Pack Group“ од Суботица, која ...
Србија, Албанија и Северна Македонија од следната година ќе можат да сметаат на единствена работна дозвола и единствен информативен систем за своите граѓани, најави денеска претседателот на Стопанската комора на Србија Марко Чадеж и посочи дека регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е клуч за економија и вработување. „Се усвојува патоказ со многу специфични задачи, што да се прави за да не застануваaт камиони повеќе на ...
Извозот на храна најотпорен на пандемијата на Ковид 19, покажуваат податоците од најновото рангирање во едицијата ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ. Македонскиот прехранбен сектор, во кој доминираат компании со мнозински домашен капитал, е еден од секторите кои беше најмалку погоден во пандемијата, дури одредени сектори имаа и раст на извозот. Зголемувањето на цените на суровините и амбалажата, повисоките трошоци за транспорт влијаеа врз работењето на повеќето ...
Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески, во придружба на потпретседателите на Комората, Глигор Цветанов и м-р Анета Трајковска денеска посетија две компании во источна Македонија, за кои Стопанската комора (заедно со уште други две фирми) за прв пат обезбеди директна финансиска поддршка во форма на грант од Фондот за иновации и технолошки развој во износ од 499.905 евра, за набавка на 23 машини во 4-те фирми, ...
Од Дирекцијата за технолошко индустриски зони ТИРЗ информираат дека новиот концепт за поттикнување на инвестиции и можностите за инвестирање во С.Македонија ги претставиле на петнаесеттиот конгрес на автомобилската индустрија во организација на престижниот германски магазин „Аутомобилвохе“ на кој се среќаваат водечките луѓе од автомобилската бранша. На конгресот кој се одржува во Лудвигсбург, на штандот на ТИРЗ, посетителите изразиле ...
Во септември годинава македонските компании извезле стоки во вредност од 564,4 милиони евра, што е за 3,8% помалку во споредба со извозот во октомври минатата 2020 година. Увозот на стоки во октомври изнесувал 721 милион евра и е за 6,7 % поголем во споредба со истиот месец лани. Ова е прв пад на извозот во последните 14 месеци. Но, ако се гледа извозот за периодот од јануари до септември годинава, тој е за 26,4% повисок од лани, додека увозот ...
Макпрогрес, еден од водечките производители на кондиторски производи во Југоисточна Европа, денес беше домаќин на официјалното отворање на новоизградениот Винчини центар за развој и Прогресив Академија во Виница. Повеќе од 70 гости присуствуваа на церемонијата на сечење лента и на обиколката околу овој импресивен нов објект, вклучително и претставници од меѓународни донатори, амбасади, комори, регионални компании и владини институции. Новиот ...
Заради ефикасно остварување на специфичните интереси на приватниот сектор во насока на унапредување на компетенциите и вештините на високообразовните кадри во согласност со потребите на бизнисот, во Стопанската комора на Северна Македонија од неодамна функционира Совет за унапредување на високото образование. Овој Совет има три приоритетни цели кои се состојат во развивање и унапредување на три програми: Втората програма насловена Развој на ...