Фондацијата „Трајче Мукаетов“ четиринаесетта година по ред доделува стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Во согласност со објавениот јавен конкурс, изборот на стипендистите за учебната 2021/2022 година е усвоен од Управниот одбор на Фондацијата, по предложената прелиминарна листа од комисиите за распределба на стипендии, во чиј состав ...

Царинската управа на Република Северна Македонија организира презентација на Одлуката за усогласување и менување на номенклатурата на Царинската тарифа за 2022 година. Целта на оваа презентација е економските оператори да се запознаат со сите измени и нови тарифни ознаки што ќе се применуваат од 01.01.2022 година. Одлуката за усогласување и менување на Царинската тарифа се менува секоја година со цел усогласување со Комбинираната номенклатура на ...

Околу 20% од потрошувачите во Србија купуваат производи од Северна Македонија. Најчесто тоа се вино, ајвар и свежо овошје и зеленчук, покажа истражувањето што го направи Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот. Извештајот од Истражувањето на ставовите и перцепцијата на потрошувачите во Србија за македонски производи за широка потрошувачка достапни на српскиот пазар денеска го презентираше директорот на Агенцијата Дејан Павлески ...

По речиси двегодишна пауза заради пандемијата со Ковид 19, бизнис делегација од земјава неделава престојува во Санкт Петербург на директни средби со руските добавувачи и купувачи на храна. Во организација на Македонско-руската стопанска комора и во соработка со „Центр закупок сетеи“ од денес до 18 ноември ќе се одржат разговори и билатерални бизнис средби со руските партнери во функција на зголемување на економската соработка меѓу ...

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Дејан Павлески пред претставниците на компаниите производители на вино денеска го презентираше Извештајот од Истражувањето на ставовите и перцепцијата на потрошувачите во Србија за македонски производи за широка потрошувачка достапни на српскиот пазар. Северна Македонија на српскиот пазар се перципира како една од земјите каде се произведува најдобро вино и од каде што доаѓа ...

Од почетокот на годинава компанијата „Брако“ од Велес вработи 119 лица од кои 84 се на возраст до 40 години. Со отворањето нови работни места, младите од Велес и државава, ја наоѓаат својата перспектива во компаниите кои се дел од Групацијата Фероинвест. Таа брои 1.000 вработени од кои 150 се инженери, со што директно се ублажува трендот на иселување и се придонесува во стабилизацијата на економијата. Групацијата ...

Косовската министерка за индустрија, претприемништво и трговија Розета Хајдари најави „нови мерки за некои производи увезени од Србија“. Како што пренесуваат косовските медиуми, станува збор за кондиторските производи, а целта, според Хајдари, е да се заштитат косовските производители. „Производите кои се увезуваат на територијата на Косово имаат енормен пораст и штетат на домашните производители. Во секторот за трговија се ...

Минатата 2020 година македонската економија за заврши со извоз од 5,77 милијарди евра, што е пад од 10,9% во споредба со пред-пандемиската 2019 година. Увозот, пак, минатата година се намали за 10,5%, на 7,6 милијарди евра, со што трговскиот дефицит достигна 1,8 милијарди евра, кој беше помал за 9,8% во споредба со претходната 2019 година. Но, и покрај бројните проблеми и предизвици кои ги предизвика пандемијата, со сигурност може да се каже ...

Интервју ЗЛАТКО ВЕТЕРОВСКИ, помошник директор во Царинска Управа Од ноември почнува примената на новите преференцијални правила за потекло на стоки кои носат големи придобивки и олеснувања за македонските компании. Златко Ветеровски, помошник директор во Царинската управа ексклузивно во интервју за специјализираниот портал ИзвозМК објаснува што значат овие преференцијали правила за потекло на стоките и какви придобивки носат за македонските ...

Интервју ЕМИЛИЈА СПИРОВСКА, член на Управен одбор на ПроKредит банка ПроKредит банка е банка која целосно ги поддржува бизнисите, посебно извозно ориентираните компании како сегмент кој е исклучително важен за развојот на економијата. И во ситуација на Ковид криза, Банката е во редовна комуникација со клиентите и навремено одговора на нивните барања и потреби, за што говорат и одличните резултати во работењето. “Заклучно со јуни 2021 година, ...

Интервју “Сведоци сме на период во кој светот е соочен со посебни предизвици и потешкотии создадени од пандемијата со КОВИД19. Целата оваа ситуација резултираше со промени во секојдневниот живот и ограничувања во сите сфери на делување. Од денешна перспектива, факт е дека како Царинска управа покажавме капацитет и подготвеност за прилагодување на промените. Преку брзи реакции и носење соодветни одлуки, успеавме да го задржиме позитивниот тренд ...

Сѐ ми се чини дека ова што ќе ни се случи е континуитет на кризата што започна 2008 година. Поточно кажано, таа и не престанала во изминативе 13 години бидејќи како на трака се редат проблеми еден за еден. Најновиот се вика проблем со снабдување со електричната енергија. Деновиве сум пренатрупан со писма од компаниите членки на Комората на кои им се откажуваат договорите за снабдување, уредно потпишани, навреме договорени, кои го рушат основниот ...

ИзвозМК: Изминатава година беше една од најтешките со кои се соочила државата во досегашната независност, како на економски, така и на општествен и здравствен план. Последните податоци покажуваат дека економијата полека почнува да заздравува. Какви се проценките за економијата за годинава и следната година и колку сте задоволни од тоа колку како Влада успеавте да им помогнете на граѓаните и бизнисите? Битиќи: Статистичките податоци покажуваат ...

Стимулирањето на продуктивноста и зајакнувањето на отпорноста на економијата, се одговорот за побрзо надминување на последиците коишто пандемијата ги нанесе на економијата. Повисока продуктивност може да се постигне преку инвестиции во човечки капитал, иновации и технолошки прогрес, што пак, ќе придонесе за забрзан и одржлив економски раст. Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и ...

Министерот за финансии Фатмир Бесими вчера оствари средби со претставници на Стопанската комора на Северна Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија и МАСИТ. Средбите се дел од континуираниот дијалог што Министерството за финансии ги има со бизнис секторот во насока на размена на мислења и преземање мерки за создавање подобри деловни услови и забрзан раст. Денеска на средбите беа ...

Рекордно високите цени на природниот гас и електричната енергија ги поттикнуваат некои енергетски интензивни компании да го намалат производството, што дополнително се очекува да создаде притисок и да ги наруши глобалните синџири на снабдување во некои сектори, како што се храната, хемиската индустрија, челичнаата индустрија. Некои компании, вклучително и производители на челик, производители на ѓубрива и производители на стакло, мораа да го ...

Бесник Исаки, директорот на компанијата БЕ-ДА Логистик е добитник на престижната награда Business Elite “40 under 40” за бизнисмен со голема визија и извондреден претприемачки дух на настан кој минатата недела се одржа во Истанбул. Наградени беа 40 успешни претприемачи и менаџери од Југоисточна Европа кои се на возраст до 40 години, кои се визионери и иноватори во областа во која работат и кои преку својата работа даваат назад кон својата ...

Работењето на македонските компании беше под силно влијание на пандемијата минатата година. Компаниите, а особено малите и средните претпријатија, се соочија со голем пад на приходите и силен ликвидносен шок. Тоа го покажува и извештајот за финансиска стабилноста на Народната банка, кој покажува дека минатата година биле намалени приходите и профитабилноста во корпоративниот сектор, но значително бил зголемен и бројот на фирми кои работеле со ...

И покрај сушата, последиците од пандемијата на коронавирус и другите проблеми, земјоделството во Србија бележи добри резултати. Потврда за тоа се реалните показатели, според кои, годинашниот извоз од земјоделството може да се очекува да надмине пет милијарди долари, изјави српскиот министер за земјоделие, Бранислав Недимовиќ за време на Меѓународниот земјоделски саем кој минатата недела се одржа во Нови Сад. Во првите шест месеци годинава ...

Првиот филм за „Алкалоид“ од 1950 година, најстарото кутиче и оригиналното одобрение за производство на лекот „Кафетин“; првите пакувања „Бекутан“, најстарите индустриски машини и голем број други компаниски експонати се поставени во изложбената поставка во Музејот на Град Скопје по повод 85-годишниот јубилеј на „Алкалоид“. „Јубилеите вообичаено ги одбележувавме во поширок состав, бидејќи ‘Алкалоид’ е компанија за сите! Приликите за овој ...

Европа се соочува со енергетски криза предизвикана од зголемените цени на големо за природен гас и електрична енергија, зголемувајќи ги сметките на граѓаните и принудувајќи некои производители да го прекинат производството. Цените на електричната енергија на големо се на највисоко ниво на сите времиња, исто како и цените на природниот гас кој се на највисоко ниво во последните 12 години. Наглите поскапувања на електричната енергија на берзите ...

Недостигот од чипови и нарушувањата во синџирите за снабдување ќе предизвикаат производството на автомобили во светот да се намали за пет милиони годинава, покажува најновиот извештај на аналитичката куќа IHS Markit. Тоа претставува најголемо намалување на изгледите во автомобилската индустрија во последните девет месеци. Повикувајќи се на предизвиците во синџирот на снабдување, IHS објави дека ја намалува прогнозата за производство на лесни ...

Недостигот од чипови и нарушувањата во синџирите за снабдување ќе предизвикаат производството на автомобили во светот да се намали за пет милиони годинава, покажува најновиот извештај на аналитичката куќа IHS Markit. Тоа претставува најголемо намалување на изгледите во автомобилската индустрија во последните девет месеци. Повикувајќи се на предизвиците во синџирот на снабдување, IHS објави дека ја намалува прогнозата за производство на лесни ...

Според последните податоци од Државниот завод за статистика, просечната исплатена нето плата во Македонија во јуни годинава достигна 28.744, што е за 7% повисока во споредба со истиот месец минатата година. Но, иако просечната плата расте, таа е се уште недостижна за многу вработени кои работат во сектори во кои доминираат компании со приватна сопственост и кои вработуваат најголем дел од вработените. Статистичките податоци покажуваат дека во ...

Во јули годинава македонските компании извезле стоки во вредност од 587 милиони евра, што е за 13% повеќе во споредба со извозот остварен во јули минатата 2020 година, a за 3,5% повисок во споредба со јуни 2019 година пред да почне пандемијата. Увозот, пак, во јули годинава изнесувал 800 милиони евра, што е за 15% повеќе во споредба со јули 2020 година. Ако се анализираат првите седум месеци годинава македонските компании извезле стоки во ...

Специјализираниот портал ИзвозМК (www.izvoz.mk) ја најавува втората годишна специјална публикација ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2021, која има за цел да ги идентификува најдобрите извозни компании, да ги промовира нивните извозни успеси и добри практики кои придонесуваат за повисока додадена вредност во македонската економија. Во едицијата ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ ќе биде објавено рангирање на 100-те најголеми извозни компании според вредноста на извозот, односно ...

На почеток, производителите на автомобили мислеа дека најлошото од недостатокот на чипови ќе биде во првата половина од годинава. Потоа дојде третиот квартал. Сега, според лидерите на најголемите германски производители, овој врв може да дојде во наредните години. „Можеби ќе имаме недостиг во наредните месеци, па дури и години, бидејќи полупроводниците се во голема побарувачка“, изјави извршниот директор на Volkswagen, Херберт Дис за Bloomberg. ...

Со поддшка на фармацевтската компанија “Алкалоид” денеска се отвори првата парцијално-дуална паралелка со назив “Фармацевстки техничар во фармацевтската индустрија” во средното стручно училиште СМУГС ,,д-р Панче Караѓозов“ Скопје. Претставникот на АД Алколоид и координаторот на проектот Никола Ефтимов истакна дека претставува голема чест за компанијата да се учествува во една ваква иницијатива за развој на млади кадри и додаде дека за учениците ...

Креаторите на политиките, претставниците на меѓународните институции, на граѓанското општество, академици, експерти, деловната заедница, како и сите засегнати страни што можат да делуваат врз подобрување на политичкиот дијалог за економски и финансиски теми од национален и регионален интерес ги собра на едно место првата Годишна конференција на Министерството за финансии, што се одржува денеска и утре во Скопје. Конференцијата, што има за цел да ...

Македонскиот Бруто домашниот производ (БДП), односно вредноста на сите произведени стоки и ускуги во второто тримесечје годинава бележи раст од 13,1%, објави Државниот завод за статистика. За споредба, во вториот квартал минатата 2020 година година македонскиот БДП, како последица на пандемијата на Ковид 19, имаше пад од 14,9%. Најголем раст од 46% е остварен во секторот трговија на големо и мало, транспорт и скалдирање, објекти за сместување и ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
49%
1011
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
4.12
32%
1013
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
43%
1013
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
32%
1011
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
1.02
46%
1011
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
40%
1012
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
4.63
45%
1012
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.57
77%
1013
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
40%
1012
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
4.12
44%
1011
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
4.63
56%
1015
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
51%
1014
Currency

61.535

Currency

54.6759

Currency

72.7407

Currency

35.122

Currency

39.2104

Currency

65.742

Currency

7.55433

Currency

0.66306

Currency

0.37711

Currency

0.52478

Currency

1.41051

Currency

0.64001

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.41

Кобалт

42.99

Никел

15460.00

Рутениум

19869.16

Калај

31.89

Сребро

1052.39

Злато

106959.53

Бакар

9.35

Паладиум

30929.02

Платина

31733.76

Родиум

172810.26

Цинк

2.62