Светската трговија се очекува да достигне рекордно ниво оваа година, и покрај пандемијата со коронавирусот, јави ДПА. Конференцијата на ОН за трговија и развој (UNCTAD) предвидува зголемување на вредноста на трговијата за 11 отсто над нивото пред пандемијата во 2019 година, се вели во извештајот објавен во Женева. Вкупната вредност за 2021 година се очекува да достигне 28 трилиони долари. Позитивниот тренд во меѓународната трговија во 2021 ...

Индустриското производство во октомври годинава е помало за 6,5% во споредба со октормви изминатата 2020 година. Производството во македонската индустрија паѓа веќе четврти месец по ред, од јули годинава. Најголем пад од дури 10,4% има во преработувачката индустрија, која учествува со околу 80 % во вкупното производство на македонската индустрија. Во секторот снабдување со електрична енергија, гас и пареа во октомври има раст од 18,6%, додека ...

На денешната седница е донесена Одлука за намалување на увозните давачки – царинските стапки на одделни производи (компоненти) потребни за производство на технолошко напредни производи до 30.06.2022 година. Намалувањето на увозните давачки е на нивото на царинските стапки на Европската унија со цел да се зголеми извозната конкурентност на домашната индустрија која произведува технолошки напредни производи. Иако производителите, најголем ...

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 122-ра седница го утврди текстот на Предлог-законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од пандемијата со КОВИД-19 врз производството и откупот на земјоделски производи. Нa предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со ова законско решение се уредуваат условите, корисниците, висината како и постапката за доделување на финансиска ...

Глобалната економија доживува уште еден удар токму во моментот кога се опоравува од ударот на пандемијата Ковид 19, со брзо распространетата варијанта на омикрон, што поттикна голем број нови ограничувања за патување. За прв пат пријавен во Светската здравствена организација (СЗО) во Јужна Африка пред помалку од една недела, новиот вид брзо се рашири насекаде од Африка до Пацификот и од Европа до Канада, предизвикувајќи десетици земји да ...

На Генералното собрание на Асоцијацијата на балканските комори (АБК), кое и оваа година се одржа виртуелно, со оглед на ситуацијата со пандемијата предизвикана од COVID-19, домаќин, односно претседавач на истото беше Бугарската трговско индустриска комора. Генералното собрание на АБК оваа година фокусот го стави на искуствата кои коморите од АБК ги имаат во насока на поддршка на компаниите справувајќи се со пандемијата предизвикана од COVID-19, ...

И покрај короната, минатата година една категорија на производи продолжи да бележи високи стапки на раст. Светската продажба на храна за кучиња и мачки минатата година изнесуваше 17,2 милијарди долари, што е годишен раст од 14,9%, покажуваат податоците на Worldtopexports. Ако се спореди, пак, со 2016 година, вредноста на извозот на храна за кучиња и мачки е зголемена за дури 52,5%. Петте најголеми извозници на храна за мачки и кучиња ...

WORLD TRANSPORT OVERSEAS како една од најбрзо растечките логистички компании во Источна Европа покрај своите веќе успешни подружници во Бугарија, Кина, Србија, Словенија и Хрватска отвори своја подружница во Македонија која е целосно функционална од 20.10.2021 година. Седиштето на канцеларијата е во Скопје и исто така ќе биде одговорно за опслужување на клиентите и во Косово. Претставништвото во Скопје е предводено од тим од најдобрите стручни ...

Од 24 ноември во Германија стапија на сила новите прописи според кои и возачите на камиони се обврзани да имаат Ковид сертификати или резултати од тест. Како што објавува trans.info, возачите на местата на утовар ќе мораат да покажат Ковид пропусници или доказ дека немаат корона. Правилата за 3G воведени од германската влада поради наглото зголемување на бројот на заразени, но и поради недоволната стапка на вакцинација на работоспособното ...

Стопанската комора на Северна Македонија уште еднаш апелира во јавноста за предлогот како да се определи заштита на вработените во приватниот сектор во услови на сеуште актуелен ковид 19 вирус. “Нашето барање, кое го доставивме и до Владата на РСМ на 15.11.2021 година, а имавме и прес конференција на 17.11.2021 е определување на задолжителна мерка за тестирање на невакцинираните вработени лица кој го немаат прележано вирусот Ковид 19 во ...

ИНТЕРВЈУ ГЕРАСИМ КУЈУНЏИЕВ, прв генерален директор на Еуроникел Индустри Планираме производство за неколку децении и нашата визија ја споделуваме со заинтересираните страни − државните и локалните органи, општеството, колективот и јавноста. Токму заради обемот и вредноста на производството и неговата извозна намена, обемот на инвестициите, бројот на домашни добавувачи и изведувачи кои се постојано ангажирани и чија егзистенција зависи ...

Во услови кога побарувачката за стоки вртоглаво се зголемува по отворањето на економиите, ставајќи ги глобалните синџири за снабдување под силен притисок, бродскиот сектор заработува најмногу од 2008 година, пишува Blooombrg. Транспортот на челична кутија од Кина до Европа, долга 40 стапк, чини 14.287 долари, што е повеќе од 500% во споредба со претходната година. Со оглед на фактот што околу 80% од светската трговија се реализира преку бродски ...

Дали знаевте дека Полска е една од петте најголеми извозници на бела техника и електронски уреди кон Македонија?! Трговската размена со Полска од година во година сѐ повеќе се зголемува, а од Kuehne+Nagel ги следат побарувањата на пазарот, барањата на клиентите и бизнис заедницата… Постојаните промени и побарувања на пазарот бараат соодветно прилагодување на логистичките услуги и затоа Kuehne+Nagel инвестираше во нова, директна линија за ...

Интервју __________________ БОРИЈАН БОРОЗАНОВ, управител на Џонсон Мети Македонија ИзвозМК: Изминатата година беше исполнета со многу предизвици и пореметувања кои ги наметна пандемијата со Ковид 19 во во функционирањето на бизнисот. Со какви резултати најголемиот извозник од Македонија, Џонсон Мети, ја завршивте изминатата година и како пандемијата се одрази врз работењето? Борозанов: Низ целата пандемија на КОВИД-19, Џонсон Мети ...

ИНТЕРВЈУ БОЈАН СТАНОЕВСКИ, управител на КАРГО-ПАРТНЕР Македонија Cargo-partner е компанија која има 40 годишна експертиза за воздушен, поморски, копнен транспорт и складирање, над 3.250 вработени и своја мрежа низ Европа, Азија, Северна Америка… Со отварањето на новата канцеларија во Скопје ги надополнува постојните транспортни и логистички центри во Бугарија и Србија, обезбедувајќи силно присуство и во регионот. Со извршниот директор ...

ИзвозМК: Костал неодамна прослави пет години работење на македонскиот пазар. Компанијата бележи импресивен раст во овој период. Од денешен аспект и од аспект на резултатите, дали инвестицијата на германски Костал во Македонија беше исправна одлука? Мизо: Инвестицијата на Костал е еден најкомплексните проекти на странска директна инвестиција во земјава. По долг период на преговори, планирање, истражување на конкурентни опции во други држави, а ...

КОЛУМНА Автор: Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија За остварување на побрз економски раст, на РС Македонија и е потребен нов модел базиран на поголема продуктивност, инвестиции и зголемен нето извоз. Постојат дилеми дали моделот на пост-ковид економски раст повторно треба и може да биде базиран врз извозот, имајќи предвид дека пандемијата ја покажа чувствителноста на извозот и светската трговија од екстерни ...

Производната линија на македонските инженери од компанијата „Микросам“ се истакна како прва на листата на светски иновативни достигнувања. Оваа линија, моментално најголема во светот, вклучува бројни машини изработени од Микросам како четири машини за намотување на карбонски и стаклени влакна, две автоматизирани печки, неколку роботи за управување и транспорт, како и станици за манипулација на резервоарите. Целата линија е ...

„Амфенол Технолоџи Македонија“ од Кочани, ја одбележа осумгодишнината од основањето и отвори нов производствен капацитет за производство на кабли за автомобилската индустрија. “Новиот капацитет овозможува дополнителни вработувања, во работни услови што се во светскиот врв за производство и монтажа на кабли за автомобили, со таканаречен clean room. Наши инженери, техничари и оператори беа на двомесечна обука во странство, со што ...

Домашната металопреработувачка компанија “Факом” во првите девет месеци годинава работела со вкупни приходи од продажба од 10,8 милиони евра, што е пад од 27% во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците од извештајот на компанијата објавен на Македонската берза. Околу 64% од вкупните приходи од продажба “Факом” остварени во првите девет месеци годинава се од продажба на странските пазари, кои достигнаа 6,9 ...

Посетителите на еден од водечките саеми за безбедност и здравје при работа од денеска до 29 октомври ќе имаат можност да го посетат и националниот штанд на Агенцијата за странски инвестиции и поддршка на развојот под брендот Invest North Macedonia. На изложбениот простор од 54м2, што го обезбеди Агенцијата, се претставени домашни производи на шест македонски текстилни компании на 38-то A+A БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ЕКСПО што се одржува во Дизелдорф, ...

Фармацевтската компанија Алкалоид објави дека во првите девет месеци годинава работела со вкупни консолидирани приходи од продажба од 154 милиони евра, што е раст од 6% во споредба со истиот период лани. Остварените единечни продажби, пак, во истиот период се зголемени за 4% и изнесуваат 116,5 милиони евра. Од вкупните консолидирани продажби 35 % се остварени на домашниот пазар, додека, пак, 65 % се остварени на странските пазари. При тоа, и ...

Потрошувачките цени во 19 -те земји од е розоната се зголемија за 3% овој месец, откако пораснаа за 2,2% во јули, што е над очекувањата за раст 2,7%. Зголемувањето беше поттикнато од повисоките трошоци за енергија, цените на храната, но и зголемувањата на цените на индустриските производи, објави Еуростат. Овие бројки предизвикуваат главоболки кај Европската централна банка (ЕЦБ), чија цел е инфлација од 2%. Со инфлацијата во Германија, ...

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обезбедува кредит од €2 милиони за ПроКредит Банка за кредитирање на домаќинствата за инвестиции во енергетска ефикасност. Кредитната линија е дел од програмата Финансиска програма за зелена економија (Green Economy Financing Facility – GEFF) . Средствата ќе бидат достапни на физички лица за инвестиции во мерки за заштеда на енергија, како што се изолација, прозорци, пумпи за загревање, ...

Една од лекциите научени од Големата финансиска криза од 2008/9 година е дека поддршката за економијата од носителите на политиките, вклучително и од централните банки, не треба да запре пред време, пред да има солидна и одржлива динамика на обновување на економскиот раст. Закрепнувањето од досегашните шокови од корона-кризата е во тек, но неизвесноста во врска со пандемијата и нејзините влијанија врз динамиката на економското заздравување сѐ ...

Глобалниот долг се искачи на ново рекордно ниво од скоро 300 трилиони американски долари во вториот квартал, но односот долг кон БДП се намали за прв пат од почетокот на пандемијата, бидејќи економскиот раст заздравува, објави Институтот за меѓународни финансии IIF (Institute of International Finance). Вкупните нивоа на долг, кои вклучуваат долг на владата, домаќинствата и корпорациите и банките, се зголемија за 4,8 трилиони долари на 296 ...

На 14 септември 2021 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто биле разгледани движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. “На седницата беше оценето дека постојното ниво на основната каматна стапка е соодветно на тековните економски и финансиски услови, при што беше ...

Преку кредитно-гарантната шема, гаранција до 50% од износот на кредитот за извоз може да побараат големите трговци кои реализирале најмалку 30% од своите приходи од извоз во последната фискална година. Гаранцијата е наменета за големи домашни извознички компании кои се во доминантна приватна сопственост. Со гаранцијата може да бидат покриени кредити за извоз чиј износ се движи од 3.075.000 денари до 30.000.000 денари. Барање за издавање ...

Шест банки досега се вклучија во кредитно-гарантната шема со потпишување на договор за издавање портфолио гаранција од Гарантен фонд кон нив. Со ова, од Гарантниот фонд се ставија на располагање 15 милиони евра во гаранции кон банките и штедилниците, со цел поддршка на кредитирањето на микро, мали и средни фирми. Под портфолио гаранција, банка или штедилница, може да стават кредити дадени на микро, мали и средни фирми во доминантна приватна ...

Република Северна Македонија е дел од земјите (136) кои минатата недела го постигнаа историскиот договор за корпоративна даночна реформа, информираат од Министерството за финансии. Оттаму објаснуваат дека оваа голема реформа на меѓународниот даночен систем се состои од два столба и се однесува на оданочување на дигиталните активности на мултинационални корпорации, како и применување на минимална глобална корпоративна даночна стапка за големите ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
49%
1011
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
3.6
45%
1013
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
43%
1013
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
32%
1011
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
1.02
47%
1011
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
4.63
73%
1012
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
4.63
44%
1012
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.57
77%
1013
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
43%
1012
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
3.6
38%
1011
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 15ᴼ
3.6
57%
1015
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
51%
1013
Currency

61.535

Currency

54.6759

Currency

72.7407

Currency

35.122

Currency

39.2104

Currency

65.742

Currency

7.55433

Currency

0.66306

Currency

0.37711

Currency

0.52478

Currency

1.41051

Currency

0.64001

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.41

Кобалт

42.99

Никел

15460.00

Рутениум

19869.16

Калај

31.89

Сребро

1052.39

Злато

106959.53

Бакар

9.35

Паладиум

30929.02

Платина

31733.76

Родиум

172810.26

Цинк

2.62