Јапонската автомобилска компанија Honda Motor денеска соопшти дека ќе го намали производство до 40% во Јапонија на почетокот на септември поради постојаните проблеми во синџирите на снабдување и логистичките проблеми. Фабриката за склопување во Саитама, северно од Токио, ќе го намали производството за околу 40% на почетокот на следниот месец. Две линии во фабриката Сузука во западна Јапонија ќе ги намалат плановите за производство за околу 30% ...

Од Македонија ќе учествуваат 42 винарии и 3 дестилерии кои ќе се претстават со повеќе од 300 различни типови македонски вина и ракии и повеќе од 10 производители на храна кои ќе ја претстават автентичната македонска кујна.Под покровителство на владите на Србија, Северна Македонија и Албанија, а како дел од иницијативата „Отворен Балкан“, почнува Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“, кој ќе се одржи ...

Скоро една од четири европски компании во Кина размислува да ги префрли своите инвестиции надвор од земјата бидејќи нулта Ковид стратегијата на Кина ја затемнува перспективата за втората по големина економија во светот, покажа истражувањето на Стопанската комора на Европската унија во Кина. Околу 23% од бизнисите што одговориле на истражувањето размислуваат да ги преселат своите тековни или планирани инвестиции подалеку од Кина. Истражувањето ...

Цените на нафтата продолжија да растат денеска утрово, откако вчера пораснаа за околу 4% , откако Саудиска Арабија наговести намалување на производството на нафта во рамките на групата земји ОПЕК +. Цената на нафтата од типот Брент повторно се искачи над психолошката граница од 100 долари за барел, на околу 101,52 долари, додека американската сурова нафта WTI ја надмина цената од 94,80 долари за барел. ОПЕК + е подготвен да го намали ...

Економското влијание врз Германија од руската инвазија на Украина ќе трае со години, вели за Ројтерс економистот Марсел Фрацшер од германскиот Институт за економски истражувања, додавајќи дека тоа може да чини 3 процентни поени од растот оваа година. Фрацшер, чиј Институт ја советува владата на најголемата европска економија за макроекономската политика, смета дека влијанието може да трае до 2025 година кога Германија очекува да се ослободи од ...

Македонската Влада на денешната седница ја усвои Информацијата во која Министерството за транспорт и врски на Република С.Македонија и Министерството за инфраструктура на Украина се договорија превозниците од двете земји превозот на стока во патниот транспорт, во билатерала и транзит да го вршат без дозволи. Договорениот транспорт без дозволи ќе трае до крајот на годината, по принципот на реципроцитет за двете земји. “Во време на воена состојба ...

Извозот на клучните украински земјоделски производи е намален за речиси половина од почетокот на руската инвазија претходно оваа година во споредба со истиот период во 2021 година, покажаа податоците на Министерството за земјоделство доцна во понеделникот. Русија го започна нападот врз Украина во февруари. 24, нарекувајќи ја „специјална воена операција“, а како резултат на борбите, украинските поморски пристаништа беа блокирани, оставајќи ...

Откупната цена на грозјето годинава бележи најголем пораст од 30%. Оваа година грозјето од сортата смедеревка ќе се откупува по 13 денари за килограм, а откупната цена на вранецот ќе биде 15 денари за килограм, што е за 3 денари повеќе во споредба со ланските откупни цени на грозјето, се вели во соопштението од Владата. Зголемувањето на откупната цена на грозјето е резултат на договорот постигнат по исцрпните консултации на Министерството за ...

„Пред мене имам конкретни податоци за сметката за струја на една компанија членка на Комората. Иако во јули годинава компанијата потрошила помалку струја од јули минатата година, сметката за струја годинава ѝ е речиси шестпати поголема во однос на јули минатата година. Лани за јули платила околу 1 милион денари, а годинава за јули – 6 милиони денари. Кој бизнис-сектор ќе го издржи ова и до кога?“, вели м-р Зоран Јовановски, потпретседател на ...

Цените на памукот како суровина се зголемија на глобално ниво за 30% од почетокот на годината и се највисоки од 2011 година, објавува Блумберг. Причина е намалувањето на годинешниот род на памук кој беше погоден од екстремните временски услови, суша и обилни врнежи. Најголемиот дел од новиот род памук е продаден, па земјоделците ќе се обидат да се изборат за повисоки цени на памукот во наредната 2023 година. Индија, која е еден од најголемите ...

Цената на гасот во Европа продолжи да расте и во моментов е над 3.000 долари за илјада кубни метри, што е зголемена за 20% од почетокот на денешното тргување. Во фјучерсите на холандската TTF сурова нафта, цената на гасот за испорака во септември скокна на 3.024 долари за 1.000 кубни метри, или 292,4 евра за мегават-час (MWh) по тековниот девизен курс од евро во долар. Ова е прв пат од 8 март цената да го надмине нивото од 3.000 долари, а ...

Единаесет месеци после мојот текст дека – „КОМЕТА МОЖЕ И ДА НÉ ПРОМАШИ, НО СТРУЈАТА „ЌЕ НÉ ДРМА, ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД“, можеме да констатираме дека и Кометата се`уште прети а струјата не дрма како да во рацете држиме отворен спроводник со висока волтажа. Во овие 11 месеци издадовме стотици соопштенија, напишавме 10-тици колумни, одржавме уште толку средби и разговори со Владата и денеска се наоѓаме пред неделата во која мораме да ги знаеме ...

БРУТАЛНА ИСКРЕНОСТ И ТРАНСПАРЕНТНОСТ, НАПУШТАЊЕ НА ПОЗИЦИЈАТА НА “НОРМАЛНОСТ” И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПОЕФТИНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЗА КОМПАНИИТЕ, А СО ТОА СПАС НА ЕКОНОМИЈА И ДРЖАВАТА 2. Владата да ја врати Уредбата која беше во функција во услови на прогласена кризна состојба со која целокупната произведена енергија од обновливи избори беше насочена само за индустријата. Тоа беше и единствена мерка за поддршка на индустријата во делот на набавка на ...

За увоз на електрична енергија и гас Македонија потрошиле 533 милиони евра само во првата половина годинава, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Заради драстичниот раст на цената на електричната енергија и гасот, сумата платена за увоз на овие два енергенси е за три и пол пати поголема во споредба со истиот период минатата година кога биле платени вкупно 156 милиони евра за увоз на струја и гас. Само за увоз на електрична ...

Цените на енергијата ја поттикнуваат инфлацијата, а трошоците за храна и услуги се зголемуваат особено брзо. Балтичките држави се најтешко погодени. Инфлацијата во еврозоната продолжи да се забрзува од високото ниво во јули, достигнувајќи рекордно високо ниво. Во споредба со истиот месец лани, потрошувачките цени се зголемени за 8,9%, покажуваат податоците на статистичкиот завод Евростат. Ова е највисока стапка од воведувањето на еврото како во ...

ШАМПИОНИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА Специјализираниот портал ИзвозМК (www.izvoz.mk) ја најавува третата по ред годишна специјална публикација ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2022. Во едицијата ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ ќе биде објавено рангирање на 100-те најголеми извозни компании според вредноста на извозот, односно приходите од продажба на производи на странски пазари реализирани во 2021 година. Едицијата ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ има за цел да ги идентификува најдобрите ...

Кинеската провинција Сечуан нареди сите фабрики да се затворат на шест дена за да се олесни недостигот на електрична енергија во регионот како последица на жешкиот топлотен бран ја зафати целата земја. Провинцијата Сечуан ја рационализираше потрошувачката на индустриска електрична енергија за време на нејзиниот најголем топлотен бран во последните 60 години, што ги натера производителите на ѓубрива, литиум и други метали да ги затворат погоните ...

Руската државна гасна компанија Газпром соопшти дека цената на европскиот гас може да се зголеми за 60% до повеќе од 4.000 долари за 1.000 кубни метри оваа зима, наведувајќи го како причина намаленото производство и извоз на компанијата поради санкциите на Западот. Протокот на гас од Русија, главниот европски снабдувач, течат со многу намалено ниво оваа година, откако една рута беше затворена со почетокот на војниот конфликт, но и проблемот со ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во јули 2022 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 21.9 %, а кај аутпутот се бележи зголемување од 10.7 %. Податоците покажуваат дека најголем раст на цените има кај вештачките ѓубрива кои во јули годинава се за 60,7% повисоки од јули минатата година. Цените на енергијата и нафтата, пак, во јули годинава биле за ...

Цените на нафтата на светскиот пазар паднаа денеска, откако слабите економски показатели во Кина ги обновија стравувањата дека светот може да биде погоден од рецесија. Цената на индексот на нафтата Брент падна за 73 центи на 94,37 долари за барел, а цената на американскиот индекс WTI падна за 44 центи на 88,97 долари за барел. Кинеската централна банка во изненадувачки потег ги намали каматите за да ја заживее побарувачката бидејќи економијата ...

И додека најголемиот дел од македонските компании мака мачат со енергетската криза и високите цени на енергенсите, нафтените компании книжат огромни профити во работењето. Најголемиот македонски трговец со нафтени деривати Макпетрол објави дека првата половина годинава ја завршил со добивка од редовно работење од околу 9 милиони евра (547 милиони денари), што е два и пол пати поголема од дообивката остварена во истиот период лани, а која ...

Во пресрет на Саемот на виното Отворен Балкан (ОБ) од 1 до 4 септември во Белград што го организираат владите на Србија, Македонија и Албанија, во Србија сметаат дека овој настан преставува една од првите конкретизации на идеите и стратегиите на Отворен Балкан, како и можност за заеднички пласман на пазарот на виното и храната, јави дописникот на МИА од Белград. Министерката за трговија, туризам и телекомуникации, Татјана Матиќ, изјави дека овој ...

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа. Консултациите инаку, се започнати од 2020 година, напоредно со анализите за перформансите на даночниот систем и неговото унапредување. Концептот на даночната реформа во суштина се однесува на зголемувањето на наплатената маса на даноците, главно преку зголемувањето на опфатот, односно преиспитувањето на преференцијалниот третман на одредени категории, но ...

Кинескиот извоз на автомобили достигна нов месечен рекорд во јули, покажуваат најновите индустриски податоци на Кина. Автомобилските компании во земјата извезле околу 290.000 единици автомобили минатиот месец, што е зголемување за 67 % на годишно ниво и 16,5% во однос на јуни, според Кинеската асоцијација на производители на автомобили. Јулискиот извоз на нови електрични возила изнесувал вкупно 54.000 единици, што е зголемено за речиси 90% во ...

Србија минатата година извезла храна за кучиња и мачки во вредност од 146,5 милиони долари, со што е рангирана како 24 ти најголем иизвозник во светот, покажуваат податоците на Worldtopexport. Србија е убедливо најголем извозник на храна за кучиња и мачки во регионот, далеку пред Грција, која лани имала извоз вреден 11,9 милиони долари. Вредноста на извозот на храна за овие домашни миленици од Србија минатата 2021 година година е зголемена за ...

Германската автомобилска компанија се опоравува од тековниот недостиг на чипови. По слабата година досега, групацијата VW успеа да продаде речиси исто толку автомобили во јули како и пред една година. Со 725.400 продадени единици, Volkswagen испорача околу 200 возила помалку ширум светот отколку една година порано, како што објави групацијата денеска. Ова е благодарение на силниот пораст од 21,7 % во Кина, најважниот пазар за Volkswagen. ...

Глобалната побарувачка на нафта ќе биде послаба од очекуваното оваа и следната година, бидејќи економскиот раст забавува, објави ОПЕК денеска, сугерирајќи дека картелот гледа мала потреба за зголемување на производството. Во својот внимателно следен месечен извештај за пазарот, Организацијата на земјите извознички на нафта ги намали своите прогнози за глобалната побарувачка на нафта оваа година за 260.000 барели на 100,03 милиони барели на ден. ...

Владата на Р.С Македонија на денешната видеоконференциска седница 68 седница, даде согласност на Договорот за доделување на државна помош склучен помеѓу Владата на Република Северна Македонија, застапувана и претставувана од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“ (Next.e.GO Mobile SE). Германската НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ СЕ од Ахен ќе инваестира над 100 милиони евра во фабрика во технолошко-индустриската зона во ...

Како најголем извозник го презема Шведска, а по неа е Германија Франција ја загуби позицијата на најголем европски извозник на електрична енергија додека нацијата се бори со продолжени прекини на нејзините нуклеарни реактори. Водството како најголем извозник го презема Шведска, а по неа е Германија Позицијата на Франција драматично се промени од пред една година бидејќи и требаше да увезе повеќе енергија отколку што извезуваше во првата ...

Владата на денешната седница ја усвои Одлуката за воведување забрана за извоз на семе од сончоглед. Целта на оваа Одлука, како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), е да се овозможи по завршување на жетвата која треба да почне во втората половина на август, најпрво да се снабдат домашните капацитети за производство на масло од сончоглед за јадење. -Министерството за земјоделство и Минстерството за ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
2.57
33%
1016
weather icon

Белград

33ᴼ / 31ᴼ
3.6
31%
1017
weather icon

Загреб

33ᴼ / 30ᴼ
1.03
30%
1018
weather icon

Софија

33ᴼ / 29ᴼ
3.6
32%
1019
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
6.0
24%
1019
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 29ᴼ
1.03
55%
1018
weather icon

Атина

33ᴼ / 30ᴼ
8.05
29%
1014
weather icon

Тирана

37ᴼ / 37ᴼ
2.57
20%
1012
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
2.57
25%
1013
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 29ᴼ
4.63
29%
1021
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 29ᴼ
3.09
29%
1019
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
10.8
54%
1018
Currency

61.54

Currency

53.0129

Currency

71.3354

Currency

34.6232

Currency

38.5115

Currency

65.6625

Currency

7.38423

Currency

0.66559

Currency

0.35881

Currency

0.52799

Currency

1.30132

Currency

0.60505