Со големо задоволство, ПрoКредит Банка го објавува отворањето на својата филијала во Битола на нова, атрактивна локација на ул. Тодор Скаловски бр.8. Почнувајќи од 19 јуни, клиентите можат да ја посетат новата модерна филијала која нуди дополнителни можности, сместена на фреквентна локација со поглед на ул. Партизанска. Со цел поголема достапност и персонализиран пристап до клиентите, во новата филијала ПроКредит го проширува тимот на лични ...

Цената на какаото во петокот се искачи на 3.160 долари за метрички тон, што е највисока од 5 мај 2016 година Високата цена на какаото ќе предизвика дополнително поскапување на чоколадните производи. Цените на чоколадото во изминатата година се зголемија за 14%, но според некои аналитичари уште повеќе ќе се зголемат поради недоволните залихи на какао. „Пазарот на какао доживеа значителен пораст на цените. „Оваа сезона е втор последователен ...

Интел ќе инвестира до 4,6 милијарди долари во нова фабрика за склопување и тестирање на полупроводници во близина на Вроцлав, Полска, како дел од инвестициската акција од повеќе милијарди долари низ Европа за да изгради поголеми производни капацитети за чипови, објавува Reuters.. Американскиот производител на чипови минатата година ги објави плановите за изградба на голем комплекс на чипови во Германија заедно со капацитети во Ирска и Франција, ...

Европската централна банка (ЕЦБ) ја зголеми референтната каматна стапка за 25 базични поени, на 4,0%. Референтната каматна стапка сега е највисока од 2008 година и од тогашната голема финансиска криза. Каматната стапка на депозитите е зголемена на 3,5%, што е највисока во последните 22 години. „Инфлацијата паѓа, но според прогнозите ќе остане на високо ниво предолго. Управниот совет на ЕЦБ е решен навремено да ја потисне инфлацијата до два ...

Државата го крати рокот за намирување на обврските кон приватните компании на 30 дена. Законските измени со кои се регулира ваквата обврска го подготви Министерството за финансии, а го усвои Собранието во рамки на 117-тата седница. Со донесениот Закон се скратуваат роковите во коишто субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамките на трезорот на Министерството за финансии и трезорот на Фондот за здравствено осигурување се должни да ги ...

Во Царинската управа денеска беше извршено примопредавање на функцијата директор, каде новоназначениот Стефан Богоев официјално ја презема должноста од неговата претходничка Славица Кутиров. –За време на средбата, Кутиров го информираше Богоев за делокругот на работа како и за тековните и планираните проекти и активности на Царинската управа, а истовремено му посака успех во продолжување на мисијата за заштита на финансиските интереси на ...

Европскиот парламент во посебна резлуција повикува на план за безбедност на храната со кој ЕУ мора да стане помалку зависна од трети земји и да се диверзифицира увозот на суровините, вештачкото ѓубриво и сточна храна. Европската унија мора да ја зајакне сопствената безбедност на храната и независноста и отпорноста на земјоделскиот сектор соочувајќи се со последиците од пандемијата, војната на Русија против Украина и климатските промени. Ова се ...

Нови 100 милиони евра од Европската инвестициска банка обезбеди Владата на РС Македонија наменети за малите и средни претпријатија за надминување на предизвиците кои произлегуваат од енергетската и економска криза. Вчера во Собранието беше усвоено законското решение за гаранција за Договорот за заем на овие средства, подготвено од Министерството за финансии. „Со овие средства се излегува во пресрет на бизнис заедницата за обезбедување свеж ...

Фирмата Централ Инвест на бизнисменот Кочо Анѓушев прва ќе донесе во Македонија големи батериски системи за складирање на вишокот електрична енергија која се произведува од електрани од обновливи извори. Во моментот фирмата гради нова фотоволтаична електрана од 6,5MW (мегавати), и во неа ќе бидат инсталирани батерии како пилот-проект во државата. Батериите моментално се единствениот начин за складирање на вишокот електрична енергија од обновливи ...

Пишува Проф. д-р Дарко Лазаров, Претседател на Клубот на извозници при СКСМ Во изминатиот три децении македонската економија помина низ неколку фази од својот развој, при што, она што е повеќе од јасно е фактот дека постоечкиот економски модел нема капацитет да испорача повисоки стапки на економски раст. Постојат повеќе причини за тоа, но клучниот ограничувачки фактор е ниската конкурентноста на македонската економија и слабостите со кои се ...

Стапката на инфлација во Грција дополнително се забави на 2,8% во мај од 3% во април и 11,3% во мај 2022 година, одразувајќи го остриот пад на цените на енергијата, додека цените на храната се зголемија за 11,6% во месецот, објави во петокот Грчката статистичка управа, пишува Ekathimerini. Зголемување на цените е забележано кај лебот/житариците (11,1%), месото (11,9%), рибата (5,2%), млечните производи/јајцата (18%), маслото/масти (15,8%), ...

Продолжува растот на бројот на работни места и извозот во ТИРЗ, покажува редовната месечна анализа на Дирекцијата. Заклучно со мај, бројот на работни места достигна речиси 16.900. Тоа е за 15% повеќе од мај 2022, односно за 21% и 25% повеќе споредено со мај во 2021, односно 2020 година, покажува анализата. Само од почетокот на годинава во компаниите во ТИРЗ се вработени речиси 700 наши сограѓани. Продолжува и растот на извозот кој заклучно со ...

Добитникот на Нобеловата награда за економија Џозеф Стиглиц дава остро предупредување за превозот Поранешниот извршен директор на Светска банка вели дека претстојните промени во глобалната економија, поттикнати од климатските промени, ќе доведат до намалување на испораките. Тоа според него, ќе резултира со намалување на долгорочната побарувачка за превоз на стока. Тој предупредува на пет големи предизвици со кои се соочува транспортот, од ...

Товарниот превоз меѓу Србија и Северна Македонија, кој се врши „во и од трети земји“, со еколошки возила, ќе биде либерализиран од 1 август оваа година, односно ќе биде ослободен од режимот на дозволи. Што значи – од први август превозниците во двете земји слободно ќе возат без дозволи, изјави денеска срспкиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ. Како што јави дописникот на МИА од Белград, според соопштението од ...

Компанијата Костал објави дека во јули годинава стартува нов инвестициски проект во Македонија вреден 50 милиони евра, кој ќе значи петкратно зголемување на приходите на компанијата и над 300 нови вработувања. Станува збор за инвестиција во висока технологија и опрема за производство на комплексна електроника за најновите модели на хибридни и електрични возилата на Volkswagen и Мерцедес. Eкслузивно за глобалното производство на Volkswagen, само ...

Германските компании со континуиран интерес за македонскиот пазар. 80% од анкетираните компании кои ја оценуваат деловната клима во истражувањето кое го спроведува АХК Северна Македонија сакаат да ги прошират инвестициите, како и да го зголемат бројот на работните места во Северна Македонија. Најголемите предизвици со кои се соочуваат во реализирањето на нивните инвестицски планови се зголемените цени на енергијата и недостигот од ...

Наместо да чекаме политичарите од регионот да успеат да ја видат пошироката визија дека без соработка во Западен Балкан нема ни Европска Унија и да почнат да работат на спроведување на сѐ што е зацртано во Заедничкиот регионален пазар, наместо да чекаме да видиме што ќе се случи во интеграциските процеси на шесте држави во ЕУ, наместо да чекаме некоја спогодба да се ратификува, или некои преговори да завршат, ние за целото ова време директно ...

Кинескиот извоз во мај забележа поголем пад од очекуваното, додека увозот го продолжи падот со побавно темпо како последица на намалената глобална побарувачка, особено од развиените пазари. Кинеските испораки во странство во мај годинава паднаа за 7,5% во однос на мај минатата година на 284 милијарди долари, покажаа официјалните резултати. Извозот во повеќето земји е намален, а двоцифрен процентуален пад на извозот е забележан за САД, Јапонија, ...

Кристина Георгијева, извршната директорка на ММФ, рече дека проблемите на светската економија не можат да се сведат само на висока инфлација и бавен економски раст и предупреди дека на светот му претстојат уште неколку тешки години. „Светската економија се очекува да порасне за 2,8 отсто оваа година. Лани беше 3,4, а пред две години беше 6,1 отсто. Поголем проблем е постојаната инфлација. Заострувањето на монетарната политика влијаеше на ...

Бизнис светот е синергија на упорност, визија, партнерство, но и квалитетни услуги и производи. Токму тоа е премисата на претстојниот Саем за транспорт 2023, на којшто ќе се претстават повеќе од 40 познати и реномирани брендови од земјата, регионот и пошироко. Организаторот најавува дека саемот ќе се реализира на отворено, во Комплекс – Борис Трајковски во Скопје. На Саемот за транспорт, се најавуваат ексклузивни саемски понуди од познати ...

Пишува:Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на С.Македонија Многу бизнисмени долго време ме прашуваат која е појдовната точка за излез од сегашната состојба. Анкетите кои ги спроведовме во повеќе од 300 компании и разговорите што ги имавме со повеќе од 100тина значајни личности од бизнисот и науката недвосмислено потврдуваат дека почетната точка треба да биде Декларацијата за општествен консензус што Комората минатата година ја ...

Јуни носи неколку изненадувања за транспортот со контејнери, при што побарувачката продолжува со својата неумолива надолна корекција. Во својот најнов извештај XSI, индексот на цени на Xeneta е намален за 42% на годишно ниво, при што мај означува деветти последователен месец на пад на цените на контејнерскиот транспорт. И долгорочните цени паднаа за 27,5% само минатиот месец – што го поттикна извршниот директор на Xeneta, Патрик Берглунд да каже ...

Светскиот индекс на цените на храната на ОН на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) достигна најниско ниво за две години во мај, бидејќи падот на цените на нафтата, житарките и млечните производи ги неутрализира повисоките цени на шеќерот и месото. Индексот на цените на организацијата, кој ги следи најтргуваните прехранбени производи во светот, во мај во просек изнесуваше 124,3 поени, што е повеќе од ревидираните 127,7 поени за ...

Сопственикот на холдингот ФЕРО ИНВЕСТ, Кочо Анѓушев, се сретна со специјалниот претставник на британскиот премиер, задолжен за трговија, Мартин Викерс и со директорот за трговија и инвестиции за Централна Европа, Ричлов Менса. Делегацијата од Обединетото Кралство се интересираше за можностите за инвестиции во енергетскиот сектор во Северна Македонија, како и за деловите од енергетскиот сектор кои можат да бидат привлечни за британските ...

Во соработка со фотографот Велиан Јагев, ПроКредит банка организира патувачка изложба на уметнички фотографии од ретки и уникатни птици кои живеат на територијата на Македонија, изработени од страна на Пикс Плус. Територијата на Македонија е дом на преку 330 видови птици, како на пример црниот штрк во околината на Штип, водомарчето во Градскиот парк во Скопје и фламингото во Охридско езеро. Скопје може да се пофали со богата орнитофауна, а ...

На 1 јуни 2023 година Finance Think го организираше Економскиот Форум: ,,Парафискални давачки: Мало делче од сложувалката на конкурентноста”, чија цел е да се презентираат клучните аргументи од две и пол годишната иницијатива за подобрување на финансиска транспарентност на Општините, со фокус на парафискалните давачки, базирана на истражувања и податоци, а со финансиска поддршка на Европската Унија. Линкот до целиот настан е овде. Парафискалните ...

Иселувањето на младите луѓе од руралните средини, ниската откупна цена и големиот раст на добиточната храна и другите трошоци се главните причини заради кои, според производителите, производството на млеко во земјава се намалува и станува неисплатливо. 1 јуни се одбележува како Светски ден на млекото за да се оддаде признание на производителите на млеко и на млекото како многу значајна храна. Македонија, барем според податоците од Државниот ...

Влегувањето во рецесија на Германија, најголемиот надворешно-трговски партнер и петти по големина инвеститор во македонската земја нема многу силно да се одрази сега, но негативните ефекти би можеле да се почуствуваат со задоцнување од шест месеци. Статистичките податоци покажаа дека Германија последните два квартала има пад на економијата од 0,5% и 0,3%, со што технички е во рецесија. Тоа е лоша вест како за македонската економија која 47% од ...

Економскиот раст на Индија се забрза на 6,1% во првиот квартал годинава во однос на претходната година, бидејќи закрепнувањето на приватните инвестиции и домашната потрошувачка го неутрализираа намалувањето на глобалната побарувачка. Третата по големина економија во Азија порасна побрзо од прогнозите од 5% од економистите во анкетата на Ројтерс. Падот на цените на храната, суровата нафта и суровините ја зголеми побарувачката за услуги како што ...

Во Македонија, Албанија и Косово денеска стапуваат во сила трите договори потпишани на 3 ноември 2022 година, во рамките на Берлинскиот процес – Договорот за слободно движење во Западен Балкан со лични карти, Договорот за признавање на високо образовните квалификации и Договорот за признавање на стручните квалификации на доктори, стоматолози и архитекти. Многу бргу се очекува влегување на сила на договорите и во останатите три држави ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.09
47%
1019
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
3.6
56%
1020
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
59%
1023
weather icon

Софија

24ᴼ / 23ᴼ
3.6
53%
1020
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
4.58
48%
1016
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.52
89%
1024
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
2.68
52%
1011
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
0.51
53%
1015
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
6.17
37%
1018
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
6.17
37%
1015
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 19ᴼ
3.09
47%
1022
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
10.29
69%
1011
Currency

61.53

Currency

52.9932

Currency

70.6389

Currency

34.452

Currency

38.5662

Currency

65.7253

Currency

7.37939

Currency

0.66071

Currency

0.35961

Currency

0.52665

Currency

1.3036

Currency

0.6042

Кобалт

42.99

Алуминиум

2.57

Иридиум

153726.40

Никел

14754.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.35

Сребро

1216.43

Злато

108509.98

Бакар

8.81

Паладиум

37487.77

Платина

42454.94

Родиум

221036.38

Цинк

2.75