Под притисок на високата инфлација и растечките цени прометот во трговијата на мало во јули годинава бележи реален пад од 3,9% и номинален пад од 5,5% во споредба со истиот месец лани. Најголем е падот на прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун реално за13%, а номинално падот изнесува 4,2% во споредба со јули минатата година, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика. Трговија на мало со непрехранбени ...

Во јули 2023 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесувала 5,49%, што претставува месечен раст од 0,37 процентни поени и раст од 1,16 процентни поени во споредба со јули минатата година, покажуваат најновите податоци од Народната банка. Во јули, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор е зголемена за 0,50 процентни поени (п.п) на месечна основа и изнесува 5,36%. На годишна основа, каматната ...

По првичната минатогодишна работна средба, претставници на Американскиот совет на млади политички лидери (American Council of Young Political Leaders – ACYPL), во придружба на претставници од Амбасадата на САД во Скопје, по вторпат остварија работна посета на „Алкалоид“. За време на посетата, работната група, предводена од Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ Живко Мукаетов, ги претстави постигнатите резултати од работењето, ...

Македонски извозни компании од прехранбениот сектор ги презентираа своите производи на реномираниот меѓународен саем за земјоделство, храна и пијалаци „АГРА 2023“ кој се одржува во периодот од 26 до 31 август во Горна Радгона, Словенија. На саемот се презентираат повеќе области од земјоделството, економијата и можностите за инвестирање во развој на бизниси, како и продлабочување на соработката со Словенија, но и со соседните земји и земјите од ...

Европската унија произвелa само 33% од електричната енергија од фосилни горива во првата половина од оваа година, што е најмалку од 1990 година. Употребата на фосилни горива за производство на електрична енергија во Европската унија е намалена за 17% во првата половина на 2023 година во споредба со истиот период лани. Португалија, Австрија, Бугарија, Естонија и Финска забележаа намалувања за повеќе од 30%, според студијата на енергетскиот ...

Европските регистрации на нови автомобили скокнаа за 15,2% во јули, 12-ти последователен месец на раст бидејќи автомобилската индустрија закрепнува од проблемите со синџирот на снабдување поврзани со пандемијата, покажаа податоците од Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA) во средата. Регистрациите на нови автомобили достигнаа 851.156 единици и повеќето пазари забележаа солиден раст, вклучувајќи ги и четирите најголеми: ...

Солунското пристаниште (ThPA S.A.) воведува нова контејнерска услуга меѓу Солун и Скопје. Со проширувањето на своите активности го интензивира своето присуство во областа на интермодалните услуги, нудејќи им на клиентите сигурни, ефикасни и еколошки опции за транспорт. Ова е стратешки избор насочен кон понатамошно развивање на поврзувањето на Солунското пристаниште со земјите од поширокиот регион на Балканот и Југоисточна Европа, велат од ...

Компанијата ќерка на БРАКО, Грин Машинс и американскиот гигант Јунајтед Ренталс (United Rentals) потпишаа договор за соработка со кој американскиот партнер ќе купува возила од Македонија за потребите на своите клиенти во САД и Канада. Јунајтед Ренталс во македонските возила препозна можност за на американскиот пазар да нуди висок квалитет кој е на ниво на светските конкурентски компании, но со поповолна цена, како и да ја користи предноста што ...

Во текот на изминатата 2022 година македонските винарии извезле вино на 4,3% во споредба со претходната 2021 година. Според вредноста на извозот на вино во 2022 година Македонија, според Worldtopexport, се рангира како 29-ти најголем извозник во светот. Виното е еден од ретките извозни производи со кои Македонија како извозник котира повисоко на светските извозни ранг листи. Според производството на вино, пак, Македонија се рангира на 22 место ...

Во текот на 2022 година од Македонија на странските пазари биле извезени домати во вредност од 12,1 милион долари, што е за 6,1% повеќе во споредба со истиот период лани. Увозот на домати лани, пак, изнесувал 4,3 милиони долари, што значи во трговијата со домати со светот имало нето извоз од близу 8 милиони долари. Според вредноста на извезените домати во 2022 година Македонија е 37 ми најголем извозник во светот, според податците на ...

Германската економија стагнираше во вториот квартал не покажувајќи знаци на закрепнување од зимската рецесија и зацврстувајќи ја својата позиција како една од најслабите големи економии во светот. Квартално на квартал, економската активност падна за 0,4% во четвртиот квартал од 2022 година и за 0,1% во првиот квартал од 2023 година. Два последователни квартали на контракција ја исполнуваат техничката дефиниција за рецесија. Слабата куповна моќ, ...

Во првата половина годинава на странските пазари е извезена зелка од Македонија во вредност од 28,4 милиони евра. Тоа е за 20% повеќе во споредба со истиот период лани кога од извозот на зелка бил остварен девизен прилив од 23,7 милиони евра. Раст од 6,6% има и кај извезените количини. Статистиката покажува дека во првата половина годинава била извезени 60,2 милиони тони. Според досегашните резултати, 2023 година ќе биде рекордна во извозот на ...

Високите производни и ниските откупни цени се главниот проблем со кој се соочуваат земјоделците според анализата на состојбите со земјоделските производи направена од Националната федерација на фармери (НФФ). Како што истакнаа, посебно го анализирале производството и продажбата на пченица. Според анализата на НФФ, производната цена на пченицата изнесува 17 денари по килограм, со што продажната цена за време на жетвата се движела од осум до десет ...

Се очекува Индија да им забрани на мелниците да извезуваат шеќер во следната сезона, почнувајќи од октомври, запирајќи ги испораките за прв пат по седум години, бидејќи недостатокот на дожд го намали приносот на трска, објавува Ројтерс повикувајќи се на владини извори. Отсуството на Индија од светскиот пазар веројатно ќе ги зголеми референтните цени во Њујорк и Лондон, кои веќе се тргуваат околу повеќегодишните највисоки нивоа, предизвикувајќи ...

Рачно управуван електричен модел на Грин Машинс на БРАКО наменет за одржување хигиена во урбани средини е испорачан во округот Хоршам во областа Западен Сасекс во Обединетото Кралство. „Не само што ќе се подобри квалитетот на воздухот при одржувањето на хигиената, туку и ќе се намали бучавата, што е особено важно за жителите во центарот на градот бидејќи овие возила работат во раните утрински часови“, изјави Џеј Мерсер, советник во Советот на ...

Во првата половина годинава од земјава биле извезени јаболка во вредност од 6,3 милиони евра, што е за 22% помалку вво споредба со извозот на јаболка од првата половина во 2022 година, кога извозот на јаболка изнесувал 8 милиони евра Извезени биле 27,4 илјади тони јаболка и количините на извезени јаболка се намалени за 32% во споредба со првата половина од 2022 година. Но, за жал иако санкциите беа воведени пред речиси една година, Македонија ...

ЕБРД ја поддржува енергетската безбедност во Северна Македонија со кредит од ЕУР 100 милиони одобрен на државната компанија за енергија ЈСЦ Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Кредитот за итна ликвидност на ЕБОР ќе му помогне на ЕСМ да ја одржи финансиската отпорност и да продолжи да ги обезбедува основните услуги. Средствата од кредитот ќе се користат и за финансирање на увозот на електрична енергија на ЕСМ, како и работниот капитал, а ќе ...

За извозот да има позитивен ефект врз националниот Бруто домашен производ (БДП) и економијата, она што ја зголемува вредноста е нето извозот, односно позитивната разлика помеѓу извозот и увозот. Спротивно, негативниот нето извоз или трговскиот дефицит во размената има негативен ефект врз БДП. Во првата половина годинава од Македонија биле извезени производи вредни 4,3 милијарди евра, додека од странство биле увезени производи во вредност од 5,5 ...

Во првата половина годинава македонските винарници продале вино на странските пазари во вредност од 29,4 милиони евра, што е за 8,8% повеќе во споредба со истиот период лани кога биле извезеи вина во вредност од 27 милиони евра, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Но, статистиката покажува дека растот се должи пред се на зголемените цени, додека извезените количини се намалени. Податоците покажуваат дека во првата половина ...

Македонската компанија БРАКО категорично, силно, непопустливо и ригорозно ги отфрла и ги демантира сите лаги, измислици, срамни криења информации и монструозни идеи на групата ИРЛ, која со последната лажна конструкција покажа дека е срам за луѓето кои професионално работат во новинарството и дека недвосмислено станува канцер за здравото економско ткиво на државата. Комуникација со вакви групи е многу под корпоративното ниво и деловното работење ...

Полската влада ќе додели 1,2 милијарди евра за ублажување на високите цени на гасот и електричната енергија за енергетски интензивните фирми во периодот 2023-2024 година, објави полската влада.. Иако сегашните пазарни цени на енергијата и гасот паѓаат, многу компании од индустрискиот сектор се обврзани со долгорочни договори со добавувачите, врз основа на многу повисоки цени од претходната година, што претставува закана за нивната финансиска ...

Производителите на чоколади како Hershey и Mondelez се соочуваат со потешки услови за трговија во текот на следната година, бидејќи се обидуваат да ги префрлат зголемените трошоци за какао на потрошувачите кои под притисок на инфлацијата ги намалуваат трошењата. Индустријата уживаше голем профит во изминатите неколку години, бидејќи побарувачката за чоколадо се задржа и покрај покачувањето на цените, но податоците сега покажуваат дека овој тренд ...

Во вториот квартал од 2023 година, шести квартал по ред се зголемува бројот на стечај на бизнисите во ЕУ, покажуваат податоците кои ги објави Еуростат. Споредено со претходниот квартал, бројот на фирми во банкрот е зголемен за 8,4% и со тоа достигна највисоко ниво од почетокот на собирањето на податоците во 2015 година. Кога станува збор за регистрациите на нови бизниси, во споредба со претходниот квартал, по порастот од 2% во првиот квартал од ...

Специјализираниот портал ИзвозМК, чиј издавач е компанијата Бизнис Аналитика, ја најавува новата четврта по ред годишна специјална публикација ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2023. Како и во досегашните едиции, во новата едиција ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ ќе биде објавено рангирање на 100-те најголеми извозни компании според вредноста на извозот, односно приходите од продажба на производи на странски пазари реализирани во 2022 година. Војната во Украина, рекордното ...

Индустриското производство падна за 1,2% на годишна основа и во еврозоната и во ЕУ, објави во средата канцеларијата за статистика на блокот, Еуростат. На месечна основа, производството е зголемено за 0,5 % во еврозоната и 0,4 % во ЕУ, додава Еуростат. Во еврозоната, производството на енергија падна во јуни за 7,8%, интермедијарни производи за 6,3%, и трајни производи за широка потрошувачка за 5,2% на годишно ниво, додека производството на ...

Околу 154 бродови чекаат да го преминат Панамскиот канал како последица на застојот предизвикан од нискиот водостој заради големата суша што ја зафати оваа централно американска држава. Сегашното време на чекање за преминување на каналот, кој важи за една од главните транспортни порти во светот, минатата недела достигна околу 21 ден, откако август започна со веќе долги 15 дена. Џо Монаган, извршен директор на Worldwide Logistics Group (WWL), ...

НАТО ја регистрира велешката фабрика БРАКО како потенцијален снабдувач за своите потреби и македонската фабрика во следниот период ќе се обиде да му продаде македонски производи на воениот сојуз. Сите производи и услуги НАТО ги набавува од компании од неговите земји членки, а македонското стопанство досега немаше никакви придобивки од влегувањето на земјава во НАТО. БРАКО се надева дека ќе успее да добие тендер за снабдување на НАТО војската. ...

Со членството на Република Северна Македонија во НАТО – Алијансата и по усогласувањето на домашното Законодавство, домашните компании имаат можност да учествуваат на набавките објавени за потребите на НАТО и земјите-членки, чија вредност надминува 5 милијарди евра годишно. Министерството за одбрана формираше Центар за поддршка на компаниите при учество на тендерите на Алијансата кој нуди целосна, сеопфатна поддршка за секоја домашна компанија ...

Ќе бидат потребни години за да се реши недостигот на полупроводници кои создадоа тесни грла за германската автомобилска индустрија и покрај плановите на производителите на чипови да градат фабрики во земјата, изјави во петокот висок менаџер на Audi . Германските производители на автомобили и електронски производи се тешко погодени од доцнењата во производството, предизвикани од глобалниот недостаток на чипови. Извршните директори и креаторите ...

Taiwan Semiconductor Manufacturing Co (TSMC) се согласи да изгради фабрика од 10 милијарди евра (11 милијарди долари) во источна Германија во партнерство со Infineon Technologies AG, NXP Semiconductors NV и Robert Bosch GmbH. Тајванскиот производител на полупроводници TSMC објави дека ќе инвестира 3,5 милијарди евра во изградбаta на фабриката во близина на Дрезден во која TSMC ќе има 70% удел во заедничката компанија, а Bosch, Infineon и NXP ќе ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
2.57
37%
1015
weather icon

Белград

29ᴼ / 28ᴼ
5.14
39%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
3.09
34%
1023
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
4.63
32%
1016
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
1.4
26%
1014
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 19ᴼ
2.06
78%
1024
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
7.72
45%
1010
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
6.17
31%
1014
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
5.14
26%
1015
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 32ᴼ
4.12
32%
1014
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 25ᴼ
8.23
35%
1021
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 31ᴼ
13.89
100%
1009
Currency

61.53

Currency

53.3027

Currency

70.7827

Currency

34.4672

Currency

38.6827

Currency

66.0489

Currency

7.42703

Currency

0.66648

Currency

0.36134

Currency

0.52668

Currency

1.31103

Currency

0.60719

Кобалт

42.99

Алуминиум

2.57

Иридиум

153726.40

Никел

14754.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.35

Сребро

1216.43

Злато

108509.98

Бакар

8.81

Паладиум

37487.77

Платина

42454.94

Родиум

221036.38

Цинк

2.75