
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Се намалуваат индексите на шеќерот, растителните масла, житариците, млечните производи, додека индексот на цените на месото останува непроменет, соопшти агенцијата на ОН Глобалните цени на храната продолжија да паѓаат во јуни, предводени од намалувањето на цените на шеќерот, растителните масла, житариците и млечните производи, објави денескаа Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО). Индексот на цените на храната на ФАО во јуни во ...
Во трговијата со храна со светот имаме 200 милиони евра дефицит само во првите пет месеци и покриеност на увозот со извозот на храна од ниски 48,8%. Минатата 2022 година увозот на храна достигна близу 900 милиони евра, а дефицитот надмина рекордни 443 милиони евра. Во првите пет месеци годинава во земјава е увезена храна во вредност од 190,7 милиони евра. Во истиот период сме увезле храна од странство во вредност од 390 милиони евра. Тоа значи ...
Македонија од денеска го презема претседавањето со Транспортната заедница и во следната година ќе биде домаќин на активности и настани кои ќе придонесат за усогласување со транспортните политики на земјите од Западен Балкан и Европската Унија. Министерот Бочварски и заменик претседателот на Владата на Црна Гора и министер за капитални инвестиции Ерван Ибрахимовиќ, во присуство на Матеј Закоњшек, претседателот на Секретаријатот на Транспортната ...
Во мај годинава македонските компании оствариле извоз на производи на странските пазари во вредност од 770 милиони евра, што е за 4,9% повеќе во споредба со истиот месец лани. Растот на извозот се должи пред се на растот на цените, бидејќи обемот на продадени стоки на странските пазари во мај е намален за 5,6%. Вкупниот извоз од Македонија во петте месеци годинава, пак, изнесувал 3,6 милијарди евра, вредност поголема за 6% во споредба со ...
Досега, Toyota се сметаше дека заостанува зад своите конкуренти на пазарот на електрични возила, но компанијата има амбициозен план. Компанијата Toyota објави дека направила голем технолошки пробив, благодарение на кој ќе може да прави батерии за електрични автомобили кои ќе бидат половина од големината и поевтини од порано, пишува Guardian. Вториот по големина производител на автомобили во светот веќе го претстави планот за воведување ...
Глобалниот пазар на боровинки изнесуваше 8,3 милијарди долари во 2021 година и се предвидува дека ќе се зголемува со годишна стапка на раст (CAGR) од 3,5% за да достигне големина од 11,3 милијарди долари до крајот на оваа деценија. Според Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) на Обединетите нации (ОН), глобалната трговија со боровинки беше проценета на 2,77 милијарди долари, заедно со обемот на извоз од над 459.000 тони во 2021 година. Во ...
ПроКредит групацијата, присутна во Југоисточна Европа и Источна Европа, вчера свечено го отвори ПроЕнерџи, сопствениот соларен парк во Липјан во близината на Приштина, Косово. Фотоволтаичниот парк со инсталирана моќност од 3 MWp е заеднички проект на ПроКредит Банка Косово, што го обезбеди финансирањето, и нејзиното матично друштво, ПроКредит Холдинг. Преку овој проект ПроКредит прави значаен придонес во енергетската транзиција во Косово, ...
Германските производители на автомобили песимисти за идниот раст, покажува истражувањето на Ifo. Грижите вклучуваат инфлациски притисоци, слаба економија на Европа, конкуренцијата од Тесла, како и од кинеските производители на автомобили. Очекувањата на германските производители на автомобили се најлоши од финансиската криза во 2008 година поради инфлациските притисоци, слабиот економски раст во Европа и конкуренцијата од Тесла, како и од ...
Македонското индустриско производство во мај годинава бележи раст од 6,1% во споредба со мај 2022 година покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика. За периодот од јануари до мај годинава, индустриското производство е поголемо за 1% во споредба со истиот период лани. Податоците покажуваат дека производството во мај годинава растело за 5,3% во преработувачката индустрија, каде се создава дури 83% од целото индустриско ...
Време е после 30 години државата да направи пресек и да ја стави економската активност како врвен приоритет. Само така може да очекуваме и економски развој и подем, истакна претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, на прес конференцијата на која беа презентирани наодите од анализата за сивата економија изработена од м-р Зоран Јовановски потпретседател на Стопанската комора, м-р Павле Гацов даночен експерт и член на УО на СКСМ и проф. ...
Кинеското ограничување на извозот на метали за производство на чипови предизвика загриженост кај многу земји и индустрии, посебно кај Јужна Кореја и Јапонија кои важат за најголеми производители на чипови и полупроводници во светот. Потегот на Кина да го ограничи извозот на два клучни минерали, галиум и германиум, веројатно ќе ги забрза чекорите за диверзификација на синџирите на снабдување подалеку од земјата, бидејќи владите и индустриите се ...
Олеснувањето на трговијата и транспортот на стоки, модернизацијата на граничните премини, како и активностите кои Царинската управа ги спроведува во рамки на иницијативата Отворен Балкан, беа теми на денешната средба со претставниците на македонската транспортна асоцијација МАКАМ-ТРАНС, предводени од генералниот секретар Билјана Муратовска. Од страна на асоцијацијата изразија задоволство во делот на мерките што Царинската управа во континуитет ...
– Оперативниот комитет на Инвестициската рамка за Западен Балкан денеска одобри Европска комисија со нов финансиски пакет, во висина од 2,1 милијарди евра, да поддржи 14 водечки инвестициски компании и приватниот сектор во земјите од регионот. – Одобрувањето на новиот инвестициски пакет е јасна порака дека партнерите од Западен Балкан имаат иднина во ЕУ и оти е постигнат стабилен напредок во затворањето на јазот во економски развој, истакна ...
Бизнисот бара повлекување и запирање на Предлог-законот за данок на солидарност, соопшти денеска Стопанската комора. Според Клуб 100, како најрепрезентативно тело на раководење во Комората, „јасна е намерата на Владата дека овој закон сака да го протне со европско знаме, а тоа ќе нанесе поголема штета, одошто добро“. -Клуб 100, како најрепрезентативно тело на раководење во Стопанската комора, ја повикува Владата да го повлече Предлог-законот за ...
Новиот состав на Управниот одбор на Советот на странски инвеститори оствари работна средбa со вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи задолжен за економски прашања, координација на економски ресори и инвестиции, на која дискутираа за актуелните економски состојби и предложија решенија за подобрување на условите за водење бизнис во државата. Вицепремиерот Битиќи истакна дека секогаш со внимание ги слуша забелешките на инвеститорите и е ...
Со посебен свечен настан денеска во компанијата “Алкалоид” официјално беше отворен почесниот конзулат на Кралството Норвешка во С.Македонија. За поченесн конзул на Кралството Норвешка во земјава е назначен Живко Мукаетов, првиот човек на најсупешната македонска компанија “Алкалоид”. На официјално отворање на конзулатот во присуство на висока делегација од Норвешка, министри во Владата, претставници на бизнис заедницата, на дипломатскиот кор, ...
Тоа е прв пат во историјата Мароко да продава повеќе домати од Шпанија на пазарите во заедницата на тие датуми. Мароканската продажба порасна за +9,74%, шпанската продажба се намали за -29,5% и турската продажба +56,48% Една третина (31%) од доматите продадени на пазарите на Европската унија (ЕУ) во првиот квартал од 2023 година се од Мароко, 25% од Шпанија и 14% се увезени од Турција, се вели во извештајот што го подготви Хортоинфо со податоци ...
Малите и средни претпријатија (МСП) се столбот на економијата за секоја земја ширум светот. Нивната важност се темели на тоа што тие создаваат работни места, поттикнуваат иновации и придонесуваат за економски раст. Кај сите брзорастечки економии во светот учеството на малите и средни претпријатија во бруто-домашниот производ и вкупната вработеност е круцијално. Малите и средните претпријатија во развиените земји учествуваат со повеќе од 50% во ...
Глобалната трговија со стоки и услуги закрепна помеѓу јануари и март 2023 година, откако паѓаше два квартали по ред. Сепак, изгледите за остатокот од годината се лоши. Според најновото ажурирање за глобалната трговија од УНКТАД, кое беше објавено на 21-ви јуни, растот на трговијата беше поволен во текот на првиот квартал од 2023 година, и за стоки и за услуги. По падот во втората половина на 2022 година, и обемот и вредноста на глобалната ...
Кина останува на врвот како најголем извозник во светот, која во 2022 година продала стоки вредни 3,6 трилиони долари. Во периодот од 2012 година до 2021 година, вредноста на извозот на стоки од Кина во светот е двојно зголемена. Најголем извоз од Кина е направен со машини и транспортна опрема во вредност од 1,6 трилиони долари. На второто место се САД со извезени стоки лани во вредност од 2,1 трилиони долари, а трет најголем извозник во светот ...
Кинескиот премиер Ли Кианг ги предупреди владите кои се обидуваат да ги политизираат своите економии дека само ќе го фрагментираат светот ако САД и Европа ги „отстранат“ синџирите на снабдување од азиската нација, пренесува Bloomberg. „Невидливите бариери поставени од некои луѓе во последниве години стануваат широко распространети и го туркаат светот во фрагментација, па дури и конфронтација“, рече Кианг на Светскиот економки форум на новите ...
Лагард вели дека инфлацијата сè уште е превисока во еврозоната и дека сè уште не може Европската централна банка (ЕЦБ) да прогласи победа Претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард изјави денеска дека инфлацијата е сè уште превисока и дека сè уште е рано за ЕЦБ да прогласи победа над растот на потрошувачките цени. Говорејќи на настанот на централното банкарство Синтра во Португалија, таа рече: „Инфлацијата во еврозоната е ...
Индексот за извозни очекувања Ifo падна на минус 5,6 поени во јуни од плус 1,0 поени во мај Очекувањата на германската извозна индустрија значително се влошија во јуни, покажа истражувањето на Институтот Ifo во вторникот. Индексот на извозни очекувања Ifo падна на минус 5,6 поени во јуни од плус 1,0 поени во мај, паѓајќи на најниското ниво од ноември 2022 година. „Покрај слабата побарувачка на германскиот домашен пазар, сега гледаме и помалку ...
Бројот на трговските ограничувања за размена на стоки, услуги и инвестиции минатата година се зголемил за 14% во однос на претходната година, надминувајќи ја бројката од 2.600 бариери, покажуваат податоците на Global Trade Alert анализирани од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). За време на пандемијата, многу земји го ограничија извозот на стоки како што се вакцини и прехранбени производи. Во поново време, војната во Украина и конкуренцијата ...
Експертите од ЦЕФТА страните се согласија за нов сет на правила кои ќе ја промовираат професионалната мобилност и ќе ја олеснат трговијата: Одлука за воспоставување генерален систем за признавање на професионалните квалификации и Одлука за трговските аспекти на правата на интелектуална сопственост. Поттикнување на професионална мобилност Препознавајќи ги предизвиците со кои се соочуваат професионалците како што се градежните инженери, ...
Со новата инвестиција, вкупната инвестиција на американскиот производитело на делови за автомобилската индустрија „Теламон“ ќе достигне 8 милиони евра Компанијата „Теламон – Европа“ денес го претстави новиот, втор производствен погон со површина од 2.200 метри квадратни во кој се планира инсталирање на два дополнителни центри за кримпирање на кабли. Овој деловен потег претставува дел од инвестицискиот план за експанзија на „Теламон – Европа“, ...
ИНТЕРВЈУ Живко Мукаетов – генерален менаџер и претседател на УО на „Алкалоид“ Речиси 25 години Живко Мукаетов ја гради својата кариера во „Алкалоид“, работејќи на повеќе позиции, а на чело на компанијата е речиси 20 години. За компанијата тој истакна: Историски гледано, компанијата растела и се развивала низ многу специфични времиња и системи во текот на своето 9-децениско постоење, но секојпат покажувала резилиентност и брза адаптација кон ...
Во мај 2023 година, пазарот на автомобили во ЕУ забележа значително зголемување на регистрациите на патнички автомобили, со речиси 1 милион единици, што бележи раст од 18,5% во однос на истиот месец претходната година. Ова е десетти последователен месец на раст на продажбите на автомобили во ЕУ. Сите четири најголеми пазари во ЕУ бележат раст, со најголемо зголемување во Италија (+23,1%), Германија (+19,2%) и Франција (+14,8%). Од јануари до мај ...
Германската економија ќе се намали повеќе од претходно очекуваното оваа година бидејќи упорната инфлација го зема својот данок врз приватната потрошувачка, објави денеска Институтот Ifo при презентирањето на своите прогнози. „Германската економија многу бавно го одработува својот пат за излез од рецесијата“, рече шефот на економските прогнози на Ifo, Тимо Волмерсхаусер. Германскиот бруто домашен производ се очекува да падне за 0,4% оваа година, ...
Групацијата Феро Инвест учествуваше на најголемиот светски саем за соларна енергија – Intersolar 2023 кој се одржа од 14 до 16 јуни во Минхен, Германија. Делегацијата на Феро Инвест се сретна со светски познати компании од секторот за производство на електрична енергија од фотоволтаични електрични централи, а целта беше да се разменат искуства и знаења за примена на најсовремените методи и практики во оваа област на обновливите извори. Беа ...