Во првите три месеци годинава од Македонија биле извезени јаболку во вредност од 4,3 милиони евра, што е за 15% помалку во споредба со вредноста на извозот на јаболки остварен во истиот период лани, кога извозот изнесувал 5 милиони евра. Извезените количини на јаболка во странство во првите три месеци годинава се дури за 34% помали од лани, достигнувајќи 20 илјади тони. Во првите три месеци лани биле извезени 30,5 илјади тони јаболка. Падот во ...

Во првите три месеци годинава вредноста на извозот на производи врз база на жита и брашно достигна 22 милиони евра, што е зголемување за 24,8% во споредба со првите три месеци од 2022 година.Извезените количини изнесуваат 8 илјади тони и се поголеми за 3,7% во споредба со истиот период лани. Најголем дел од извозот отпаѓа на кондиторските производи (1905) чиј извоз достигна вредност од 18,7%, што е за 24,9% повеќе од вредноста на извозот во ...

Финска и Македонија имаат одлична основа за воспоставување економска соработка зашто двете земји, како мали отворени економии, мораат да извезуваат за да опстанат, имаат пазарно-ориентирани економии и ги прифаќаат принципите на слободна трговија, ги почитуваат стандардите и регулативите на ЕУ за трговијата и привлекување инвестиции, и секако, туризмот во двете земји има голем потенцијал, истакна Зоран Јовановски, потпретседател на Стопанската ...

Антје Ванделт го презема раководството на АХК Северна Македонија, која е дел од мрежата на германските стопански комори во странство, а која преку канцеларијата во Скопје е надлежна и за Косово и Албанија. Ванделт на оваа работна позиција доаѓа по дваесет годишно искуство во германските стопански комори во Латинска Америка, Чиле и Перу, и како што вели, со посебна возбуда пристапува кон можноста да работи на европскиот пазар. “Светската ...

Годишната потрошувачка на инфлација во еврозоната се зголеми на 7% во април, од 6,9% во март, според официјалните податоци објавени денеска. „Во април, најголем придонес во годишната стапка на инфлација во еврозоната имаа храната, алкохолот и тутунот (2,75 процентни поени), по што следат услугите (2,21 процентни поени), неенергетските индустриски стоки (1,62 процентни поени) и енергијата (0,38) процентни поени), соопшти Евростат. Во меѓувреме, ...

Во април 2023 година, пазарот на автомобили во ЕУ забележа значително зголемување на регистрациите на патнички автомобили, со продадени 803.188 единици, што бележи раст од 17,2% во однос на истиот месец претходната година. Сите главни пазари во ЕУ имаат солиден раст минатиот месец, при што најголем е растот во Италија (+29,2%) и Франција (+21,9%). Во април, пазарниот удел на електричните автомобили со батерии доживеа значителен пораст, растејќи ...

БРАКО учествуваше на Отворениот ден на средното техничко училиште „Коле Неделковски“ во Велес, во пресрет на уписните рокови на новата генерација ученици. На штандот на БРАКО младите ученици можеа да добијат информација како и на кој начин практично ќе учат за својата струка во рамките на фабриките во склоп на БРАКО, кој е една од компаниите партнери каде се реализира практична настава и учење преку работа, во рамките на програмата за Дуално ...

Во 2021 година, Кина ги престигна Соединетите Американски Држави (САД) во производството на боровинки, преземајќи го водечкото место во светот во одгледувањето на оваа бобинка. Моментално, боровинките се одгледуваат во 26 од 34 провинции во Кина, и внатре и на отворено. Сепак, Кина сè уште останува е водечки светски увозник на боровинки. Главните добавувачи на бобинки се главно Перу и Чиле, кои сочинуваат повеќе од 99,9% од вкупниот увоз. Над ...

Народната банка за оваа година проектира економски раст од 2,1 посто, а просечна инфлација во интеврал од 8 до 9 отсто. По усвојувањето на најновиот квартален Извештај, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска денеска ги претстави макроекономските проекции на прес-конференција. -Според последните проекции, макроекономската слика не е значително променета во споредба со претходните оцени. И понатаму се очекува стабилизирање на растот и умерено ...

Се смета дека косовската економија ќе го задржи својот раст од 3,5 % во 2023 година, објави во вторникот Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), ревидирајќи ја својата проекција за економска експанзија од 3% направена во февруари. За 2024 година, ЕБОР ја потврди својата претходна проекција за раст од 4% на економијата на Косово, се вели во најновиот извештај за регионалните економски перспективи. Стабилниот раст во 2023 година главно е ...

Јапонската логистичка групација Nippon Express Holdings купи мнозински удел во австриската компанија за логистика и организација на контејнерски транспорт Cargo-partner за 835 милиони евра. Со преземањето на cargo-partner, кој работи и македонскиот логистички пазар, Nippon добива силна позиционираност на логистичкиот пазар во Централна и Источна Европа, но и покриеност на Азија и САД. Австриската логистичка компанија Cargo-partner, којa ...

Со мнозинскиот удел во Quehenberger Logistics, Geis Group има намера да ја прошири својата позиција во југоисточна Европа. Германската логистичка групација Geis се стекна со 66% мнозински удел во логистичката компанија Quehenberger Logistics (Augustin Quehenberger Group GmbH) . Останатите 34 % ќе ги држи претходниот мнозински сопственик Кристијан Фирсталер – кој ќе продолжи да го води бизнисот, се вели во заедничкото соопштение на двете ...

Volkswagen, најголемиот европски производител на автомобили, објави 39% зголемување на глобалните испораки на 720.200 возила во април во споредба со истиот период во 2022 година, објавија ДПА и Ројтерс. Испораките на германската групација беа зголемени во најголем дел заради зголемувањето од 79% во Кина, додека во Западна Европа имаше раст од 28,7%. Во првите четири месеци од оваа година, глобалните испораки на VW се зголемија за 14% во споредба ...

Европската комисија предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од 2%, а во 2024 од 3,1%. Во пролетната економска прогноза на ЕК, во делот за Северна Македонија, се вели дека по делумното закрепнување од рецесијата предизвикана од пандемијата од Ковид-19, годишниот раст на БДП забави од 3,9% во 2021 година на 2,1 % во 2022 година. На економијата на земјата влијаеја намалената надворешната побарувачка, прекините во глобалните ...

Зголемувањето на цените на ѓубривата ќе го влоши проблемот со цените на земјоделските производи во наредните години, изјави Абдул Хаким Елваер, помошник генерален директор на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО). Испораките на гас и цените на енергијата ќе влијаат на цените на ѓубривата, а очекуваната криза со ѓубрива ќе влијае на конечната цена на производите, изјави тој за Anadolu Agency за време на годишниот состанок на Групацијата ...

Степенот на економска зависност на Германија од Кина е извор на зголемена вознемиреност во Германија. Сепак, и покрај тензиите, германската влада го одобри договор, според кој кинеската компанија COSCO ќе купи дел од најголемото пристаниште во земјата во Хамбург. Германската влада конечно го одобри купувањето на малцински удел во Контејнерскиот терминал Толерорт (CTT) од страна на државната кинеска компанија COSCO Shipping Ports. Кинескиот ...

Индустриското производство во еврозоната падна многу повеќе од очекуваното во март, бидејќи производството на капитални добра падна, иако наглото намалување се чини дека е резултат на бројките од Ирска, кои се вообичаено нестабилни. Канцеларијата за статистика на Европската унија, Еуростат, денеска соопшти дека индустриското производство во 20-те земји кои го делат еврото се намалило за 4,1 % месечно во март, што претставува пад од 1,4 % на ...

Фармацевтската компанија „Алкалоид“ денеска одбележа 45 години на еден од своите најпрепознатливи брендови, колекцијата производи за деца „Бекутан“. Менаџерот на компанијата Живко Мукаетов рече дека е голема чест да се прослави голем јубилеј, а тоа е 45 години од постоењето на брендот „Бекутан“. „Денеска би сакал да ви се обратам не како човек кој е менаџер во компанијата, туку како татко на четири деца. Да се биде родител е веројатно една од ...

113 милиони евра приход во 2022 година остварија компаниите во сопственост на Кочо Анѓушев коишто се во групацијата Фероинвест/Централинвест, во која припаѓаат и фирмите БРАКО и РЕС. Наведениот приход претставува раст од дури 135% споредено со 2021 година. Растот на компаниите се должи, пред се, на зголемена продажба на електрични и хидрогенски возила за чистење, зголемениот број на изградени сопствени електрани од обновливи извори (фотонапонски ...

Француската влада би можела да користи даночни мерки за да го оданочи профитот од прехранбената индустрија доколку не прифати разговори за високите цени, изјави министерот за финансии Бруно Ле Мер. Со оглед на тоа што инфлацијата на храната изнесуваше рекордни 15% во последните месеци, владата е бесна што цените на мало остануваат високи и покрај падот на цените на суровините. Ле Мер рече дека прехранбената индустрија жнее големи профити и дека ...

Неодамнешниот извештај на „Интерагро“ открива дека пазарот на овошје и бобинки во Русија има потенцијал да се зголеми за речиси 70%, достигнувајќи 14,6 милиони тони годишно. Истражувањето сугерира дека моменталната потрошувачка на овошје и бобинки во земјата е значително пониска од препорачаните дневни нивоа на потрошувачка од страна на Министерството за здравство, со просек од 63 килограми по лице годишно. Обемот на увозот на овошје и бобинки ...

Компанијата РЕС (Renewable Energy Supply), вчера, на првиот ден од работењето на македонската берза за електрична енергија, истргува најголемо количество енергија од сите снабдувачи, односно 31 мегават часови, или 12% од вкупното количество од 256 мегават часови, истргувани од страна на 20 компании кои вчера учествуваа на берзата. Од РЕС потенцираат дека ќе даваат континуирана поддршка за стабилизирање на домашната берза и за формирање на ...

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика. Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на денешната седница одлучи каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за дополнителни 0,25 п.п. до нивото од 5,75%. На седницата на Комитетот беше донесена одлука и за зголемување и на каматните стапки на расположливите депозити, исто така за по 0,25 п.п., со што каматните стапки на депозитите преку ноќ и ...

Кинескиот производител на батерии EVE Power планира да изгради фабрика за производство на батерии во Дебрецен, град лоциран во источна Унгарија. Инвестицијата вредна 1 милијарда евра ја најави унгарскиот министер за надворешни работи Питер Сијарто, кој истакна дека ова ќе биде првата европска фабрика на компанијата. Според Сијарто, фабриката ќе има цел да ја задоволи побарувачката за литиумски батерии од електричните автомобили на BMW кои ќе се ...

Доста е од констатации, ќе одиме со конкретни предлози со кои треба да се постигне национален консензус за извозот, порача денеска претседателот Националниот совет за извоз и на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески. Тој денеска ја посети компанијата „Џонсон Мети“ во ТИРЗ-Скопје 1, што беше прва активност на Националниот совет, новоформираното тело во чии редови се претставници на владини институции и приватниот сектор. -Само ...

Според аналитичарите на EastFruit, и покрај водечката позиција во светот во извозот на одредени овошја и бобинки, како што се свежи јаболка или замрзнати малини, Полска останува голем нето увозник на овошје и зеленчук и може да биде многу атрактивен пазар. Во текот на изминатите пет години, Полска значително го зголеми увозот на овошје и зеленчук. Во 2022 година, увозот на производи во Полска, вклучително и сегментот на јаткасти плодови и ...

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, одржа работен состанок со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ. На состанокот се зборуваше за прашањето за недостиг на работна сила на пазарот на труд во С.Македонија, ситуација што не го заобиколува ниту сегментот на ИКТ-индустријата, поради што од страна на претставниците на МАСИТ беше нагласена потребата од либерализација на пазарот ...

Близу две децении Живко Мукаетов е на чело на скопски „Алкалоид“. Бројни беа предизвицитe за време на близу 90-годишното постоење на компанијата, вели Мукаетов, но едно е константа – инвестициите. „Алкалоид“ денес има повеќе од 2000 вработени, од кои 600 надвор од границите на Северна Македонија. Со инвестиции поголеми од 104 милиони евра во последните пет години, Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан ја прогласи оваа компанија за ...

Уште 17 компании и државни институции во текот на април го одбраа Renewable Energy Supply – РЕС за свој снабдувач со електрична енергија. РЕС во текот на минатиот месец даде најповолни понуди за снабдување на УЈП, Државниот завод за статистика, Заводот за ревизија, Агенцијата за катастар, Општина Велес, како и на реномираните стопански субјекти ОКТА, Скопски Пазар, челичарница Железник и други компании. Со ова, балансната група на РЕС достигна ...

Металуршкиот комбинат „Еуроникел индустри“ соопшти денеска дека се подготвува да отпочне со редовно производство. „Менаџментот и инвеститорите, посветено работат на отпочнување со редовно производство и рестартирање на сите процеси до целосна активност на комбинатот. Се прават подготовки за постепеното активирање на сите процеси, што вклучува набавка на суровини, замена на потрошни материјали, достигнување на печките до оперативна состојба, ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.09
47%
1019
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
3.6
56%
1020
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
59%
1023
weather icon

Софија

24ᴼ / 23ᴼ
3.6
53%
1020
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
4.58
48%
1016
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.52
89%
1024
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
2.68
52%
1011
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
0.51
53%
1015
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
6.17
37%
1018
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
6.17
37%
1015
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 19ᴼ
3.09
47%
1022
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
10.29
69%
1011
Currency

61.53

Currency

52.9932

Currency

70.6389

Currency

34.452

Currency

38.5662

Currency

65.7253

Currency

7.37939

Currency

0.66071

Currency

0.35961

Currency

0.52665

Currency

1.3036

Currency

0.6042

Кобалт

42.99

Алуминиум

2.57

Иридиум

153726.40

Никел

14754.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.35

Сребро

1216.43

Злато

108509.98

Бакар

8.81

Паладиум

37487.77

Платина

42454.94

Родиум

221036.38

Цинк

2.75