Во текот на април БРАКО испорача 17 возила за одржување хигиена во урбани средини во САД и Обединетото Кралство. Повеќе од половината од нив се електрични возила, додека останатите се возила на класичен погон. Овој пат клиентите имаа најголем интерес за моделите со рачно управување, во кои е вграден најсовремен систем за рециркулација на воздухот со што е зголемен капацитетот за филтрирање на прав и за три пати е зголемена ефикасноста за ...

Еден од темелите врз кои ПроКредит Банка ја гради својата успешна приказна е постојаната заложба за промоција на култура на штедење, која е целосно инкорпорирана во моделот на одговорно банкарство кое банката посветено го практикува. Штедиме денес за да си обезбедиме подобра иднина, а кога размислуваме за иднината, сите се стремиме кон поголема финансиска стабилност за чија цел потребни се паметни решенија и прифатливи начини за штедење. ...

Европскиот пазар на патнички автомобили порасна осми последователен месец во март, зголемувајќи се за 28,8% на годишно ниво, објави денеска Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA). Регистрациите на патнички автомобили во ЕУ надминаа милион единици (1,087 милиони) во март, се вели во соопштението ACEA. Силната експанзија, исто така, произлезе од ниската споредбена база во 2022 година поради кризата со недостиг на ...

Светската асоцијација за челик објави дека светската побарувачка за челик се предвидува да порасне за 2,3% годинава и 1,7% следната 2024 година, соопшти Светската асоцијација за челик. Тоа е корекција нагоре во споредба со извештајот објавен во октомври 2022 година кога се предвидуваше светската потрошувачка на челик да се зголеми за 1% во 2023%. Светската потрошувачка на челик, која се намали за 3,2% во 2022 година на 1 милијарда 782 милиони ...

Парламентот на Европската унија го одобри законодавството за оданочување на увозот врз основа на емитирани гасови со ефект на стаклена градина, со што се отстранува последната пречка пред планот да стане закон и за првпат да ја запише климатската регулатива во правилата на глобалната трговија. Гласањето во текот на вчерашниот ден доаѓа по речиси двегодишните преговори за данокот на увоз, кој има за цел да ги поттикне економиите ширум светот да ...

Цените на шеќерот се зголемија за 19% досега оваа година, што го означи највисокото ниво во последната деценија. Што значи тоа за производителите на храна? Цените на шеќерот достигнаа највисоко ниво во повеќе од една деценија, поттикнати од разочарувачките жетви во некои од најголемите светски производители на шеќер и силната побарувачка во Кина. Цените на фјучерсите на суровата трска и шеќер со кои се тргува во Њујорк, меѓународниот репер, ...

Јован Деспотовски, директорот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), денеска во Тајван потпиша договор со менаџментот на конзорциумот „Јагео” за нова, досега најголема гринфилд инвестиција во Македонија досега. „Јагео“ ќе произведува електро-компоненти за различни индустрии. “Преговорите за инвестицијата траеа речиси една година, а земјава е избрана како најдобра во конкуренција со останатите од регионот и пошироко, ...

Кога Игнаси Биоска-Рајг слушна дека има недостиг на амоксицилин во Шпанија, тој брзо додаде смени во фабриките на неговата компанија за лекови за да го зголеми производството на популарниот антибиотик. Но, неколку дополнителни смени беше колку што можеше да оди. Иако би сакал значително да ги зголеми залихите, Биоска-Риг рече дека не може да оправда инвестирање милиони евра во нови производствени линии, освен ако не му биде платено повеќе за ...

Премиере, пред една година прашав што се случува со европската програма „Лајф“. Сега Ве информирам дека сѐ уште не е потпишана СКСМ веќе доби два проекта од програмата „Лајф“, во вредност поголема од два и пол милиони евра, во областа на енергетската ефикасност, од кои едниот е национално поврзан со активностите кои треба да ги дефинираат новите цели за енергетска ефикасност до 2050 година Европска програма „Лајф“, една од клучните европски ...

Кинеската економија порасна побрзо од очекуваното во првите три месеци од годината, бидејќи земјата излезе од строгите ограничувања за Ковид. Во споредба со истиот период лани, бруто домашниот производ (БДП) порасна за 4,5%, покажуваат официјалните податоци. Економската активност беше поттикната од зголемувањето на потрошувачката на домаќинствата и растот на фабричката активност. На квартално ниво кинеската економија забележа раст од 2,2 отсто ...

Обемот на трговијата на мало е намален за 0,8% на месечно ниво во еврозоната Продажбата на мало во еврозоната се намали за 0,8% на месечно ниво во февруари, бидејќи постојаната инфлација, зголемените трошоци за задолжување и стравувањата од рецесија ја намалија потрошувачката на потрошувачите, покажуваат најновите податоци објавени од Евростат. „Во еврозоната во февруари, во споредба со јануари, обемот на трговијата на мало е намален за 1,8% ...

Со субвенции од Владата, германската авиокоманија „Луфтханза“ ќе воведе една нова авиолинија – од Скопје до Франкфурт, а „Виз Ер“ четири, – од Скопје до Луксембург, Штутград, Салцубург и до Љубљана. Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски на прес-конференција објавија дека е успешен повикот за субвенции за нови авиолинии што заврши на 31 март и оти е склучен договор со „Луфтханза“ и „Виз Ер“. „Луфтханза“ ...

Војната во Украина и нарушувањата во синџирите на снабдување кои ги предизвика пандемијата на Ковид 19 беа главните причини заради кои цените на храната достигнаа рекордно највисоко ниво. Се зголемија цените на житарките, млечните производи, маслата за јадење, месото и речиси сите суровини за производство на храна. Реалната состојба покажува дека домашното производство на одредени прехранбени производи во земјава не е доволно за да се задоволи ...

Почесниот конзул на Малта во Скопје, проф. д-р Кочо Анѓушев, престојуваше во официјална посета на Малта, чија цел беше да се воспостават контакти за поврзување на македонските и малтешките фирми и да се отвори нов пазар за македонското стопанство. Анѓушев беше примен од министерот за надворешни работи на Малта, Јан Борг, кој се заблагодари за конзуларниот ангажман што г-н Анѓушев го извршува во име на Малта во Северна Македонија. На средбата ...

Македонскиот министер за земјоделие неодамна изјави дека нема никаква смисла цената на кромидот да изнесува 100 денари, кога производната цена на кромидот во земјава чини 20 денари за килограм, давајќи така поддршка на владината одлука за замрзнување на цените на овошјето, зеленчукот и другите прехранбени производи. “Ова е време за солидарност и единство, а не време за профитерство. Јас нема да дозволам некој да се богати на грбот на ...

Стапката на пораст на инфлацијата дополнително забави на 4,6% во март оваа година, од 6,1% во февруари, како резултат на пониските цени на енергијата, и во споредба со растот од 8,9% во март 2022 година, покажуваат податоците на Грчкиот завод за статистика (ЕЛСТАТ). Додека цените на облеката се зголемија за 14,4%, а храната и безалкохолните пијалоци поскапеа за 14,3%, националниот индекс на потрошувачки цени беше задржан благодарение на ...

Со цел овозможување дополнителни услови за професионално профилирање на студентите и за усвојување практични вештини под менторство на врвни професионалци во повеќе дејности, „Алкалоид“ АД Скопје склучи нов меморандум за соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје во рамките на Програмата за развој на практикантство. Ова официјализирање на постојното меѓусебно партнерство, кое досега опфаќаше соработка на компанијата со 4 факултети ...

Германија ќе забележи економски раст од 0,3% во 2023 година, со што ќе се избегне рецесија, покажуваат најновите прогнози објавени од главните економски институти. Според проценките на петте економски институти (IFO, IFW, IWH и RWI), германскиот бруто домашен производ најверојатно забележал напредок од 0,1% во првиот квартал од оваа година, по падот од 0,4% во последниот квартал на 2022 година. Техничката дефиниција за рецесија е два ...

Војната во Украина и тврдоглавата инфлација ширум светот се очекува да го запрат растот на глобалната трговија оваа година, ограничувајќи го темпото на економско закрепнување, дури и кога светот излегува од врвот на пандемијата. Светската трговска организација соопшти во средата дека обемот на светската стоковна трговија се очекува да се зголеми за 1,7% оваа година, по растот од 2,7% во 2022 година. Економистите на СТО прогнозираат дека ...

Индексот на цените на храната на ФАО, кој бележи пад 12-ти месец по рeд, во март се намали за 2,1% во однос на претходниот месец, односно за 20,5 % во однос на март минатата година. Индексот на цените на шеќерот на ФАО се зголеми за 1,5% во однос на февруари, достигнувајќи го највисокото ниво од октомври 2016 година. Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО) објави дека индексот на меѓународните цени на прехранбените производи во март ...

„Алкалоид“ беше прогласен за водечки инвеститор во регионот на Западен Балкан од страна на Western Balkans 6 Chamber Investment Forum. Во изминативе 5 години, компанијата инвестираше 104,1 милиони евра во земјите во регионот, интегрирајќи ги своите деловни операции. Живко Мукаетов, претседател на управниот одбор и генерален директор на Алкалоид вели дека регионот има големо значење за компанијата, а инвестициите се само показател за тоа. За ...

Американскиот производител на електрични автомобили Tesla ќе изгради нова мега-фабрика во Шангај за производство на уреди за складирање енергија Megapack, објавија кинеските медиуми во неделата. „Новата фабрика треба да започне во третиот квартал од годината и да започне со производство во вториот квартал на 2024 година“, објави кинеската државна новинска агенција Xinhua, цитирајќи ја Тесла од церемонијата на потпишување на проектот во Шангај, ...

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 до два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 отсто. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,5 денари за литар, додека цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ...

На 20-годишнината, ПроКредит Банка слави две децении одговорно банкарство, одржливост и дигитализација „ Дали твојата банка го гледа светот на ист начин како и ти?“ е прашањето кое ПроКредит Банка го поставува во новата кампања по повод 20 години постоење на македонскиот пазар, и кое отвора нови хоризонти. Преку слоганот „Пример за одговорност“, ПроКредит преку лични примери покажува дека општествената одговорноста не е само една голема ...

Вложувањата во осигурување живот пораснале за 14 % во 2022 година, а најголемо учество во нив имаат инвестициите во животно осигурување со штедна компонента кои изнесуваат 20,1 милиони евра. Истовремено вкупните исплати на осигурителите кон осигурениците пораснале за 18,5%, изнесуваат 14,5 милиони евра и вклучуваат: доживување, прекин на осигурување или смрт на осигуреник. Петте друштва за осигурување живот се солидно капитализирани и минатата ...

Сојузот на стопански комори на Македонија и институтот „Prime Point Partners“ потпишаа Договор за стратешка соработка со цел обезбедување на поддршка на реалниот сектор за имплементација на Глобалните целите за одржлив развој на ООН (Sustainable Development Goals – SDGs) и ESG стандардите кои се однесуваат на еколошките, социјалните и управувачките аспекти на корпоративниот менаџмент и раст. Договорот го потпишаа претседателот на Сојузот, Трајан ...

Натпреварот Balkans International Wine Competition 12та година по ред ќе се одржи од 1ви до 3ти јуни во Бистрита Насауд, Трансилванија, Романија под покровителството на оптина Бистрита Насауд, додека отворениот саем Balkans Wine Festival ќе се одржува во Софија, Бугарија од 15ти до 17ти јуни 2023. „Balkans International Wine Competition е најдобар доказ за динамичноста на Балканската винска сцена како и за квалитетот на вината од овој регион. ...

Поцелосен, транспарентен и посеопфатен ЦЕФТА механизам за решавање на спорови Сигурен механизам за решавање спорови е од суштинско значење за успешна економска соработка и зголемување на трговијата меѓу ЦЕФТА страните и нивниот последователен влез на единствениот пазар на ЕУ. Во Подгорица се одржаа дводневни преговори за Дополнителниот протокол 7, со што се постигна напредок во формирањето на поефикасен Механизам за решавање спорови. Механизмот ...

Германскиот извоз порасна значително повеќе од очекуваното во февруари поради силната побарувачка од САД и Кина, покажаа податоците кои денеска ги објави Федералниот завод за статистика Дестатис. Извозот на германските компании во февруари изнесувал 136,7 милијарди евра и е поголем за 4% во однос на претходниот месец, односно 7,6% во однос на истиот месец минатата година, соопшти Федералниот завод за статистика. Анкетата на Ројтерс предвиде ...

Министерството за транспорт и врски информира дека денеска во просториите на Министерството се отворија барањата за финансиска поддршка за воведување на нови авиолинии од двата аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид. “На јавниот повик кој што траеше од 1 март 2023 година до 31 март 2023 година документација доставија две авиокомпании и тоа Визер и Луфтханза”, информираат од Министерството за транспорт. ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
1.54
31%
1017
weather icon

Белград

29ᴼ / 26ᴼ
3.13
48%
1020
weather icon

Загреб

28ᴼ / 25ᴼ
1.03
33%
1020
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
4.12
35%
1018
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
5.39
29%
1017
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 24ᴼ
1.54
51%
1021
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
10.29
36%
1012
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
6.17
33%
1015
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
4.12
26%
1015
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 30ᴼ
6.71
39%
1018
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
2.24
30%
1021
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 30ᴼ
10.29
100%
1013
Currency

61.53

Currency

52.9932

Currency

70.6389

Currency

34.452

Currency

38.5662

Currency

65.7253

Currency

7.37939

Currency

0.66071

Currency

0.35961

Currency

0.52665

Currency

1.3036

Currency

0.6042

Кобалт

42.99

Алуминиум

2.62

Иридиум

153726.40

Никел

14935.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.66

Сребро

1222.90

Злато

108621.42

Бакар

8.87

Паладиум

36876.91

Платина

43097.98

Родиум

225858.99

Цинк

2.78