
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Сигурноста и довербата се клучни зборови во деловниот свет. Дали знаевте дека за тоа постои посебна ознака, онаа која покажува кој е доверлив и проверен партнер? Станува збор за статус на ОЕО. Статусот ОЕО (Овластен економски оператор) е меѓународно признат знак за доверливост и усогласеност со законодавството, кој царинските органи го доделуваат на економски субјекти кои исполнуваат голем број пропишани критериуми. На овој начин тие се ...
Кина ја надмина Јапонија како најголем извозник на возила во светот во првата половина од оваа година – а аналитичарите го припишуваат достигнувањето на зголемената популарност на возилата со нови енергетски производи произведени во земјата. Во првата половина на 2023 година, Кина извезла 2,341 милиони возила, што е зголемување од 76,9% на годишно ниво, или за 46,42 милијарди американски долари, според Кинеската асоцијација на производители на ...
Годишната стапка на инфлација во Кина во јули падна за прв пат од февруари 2021 година. Цените во најнаселената земја се намалени за 0,3% во јули во однос на истиот месец лани, откако во јуни беше забележана ценовна стагнација. Храната поевтини за 1,7% поради падот на свинското месо, по 15 последователни месеци поскапување на храната. Цените на непрехранбените производи во јули стагнираа, но во јуни паднаа за 0,6%. Голем придонес за дефлацијата ...
Германскиот автомобилски гигант Volkswagen ја престигна Тесла во продажбата на електрични автомобили. Во првите седум месеци од годинава Управата за моторен сообраќај евидентирала вкупно 268.926 новорегистрирани автомобили кои се целосно електрични. Германскиот производител на автомобили Volkswagen ја надмина Tesla и повторно го зазеде првото место по продажба на електрични автомобили во Германија. Во првите седум месеци од оваа година во ...
Стремежот за успех во бизнисот е заедничка цел што ги поврзува визионерските компании и финансиските институции. Тајната на долгогодишното партнерство во корпоративниот свет е токму квалитетот како заедничка вредност на двете страни. За извозните компании, квалитетот и довербата се едни од најважните елементи на нивната стратегија за пробив на меѓународните пазари. Одржувањето постојано висок квалитет на производи и услуги и градењето силна ...
Претставниците на месната индустрија веќе подолго укажуваа дека со важечките царински давачки, оваа индустрија беше ставена во нерамноправна положба со странските производители, пред сѐ оние од соседството, но и од ЕУ. Готовите производи од надвор влегуваат во земјата со 0% царина, додека домашните преработувачи, при увоз на суровина плаќаат царина во висина од 20 до 35%. Ова уште повеќе стана нагласено со функционирањето на Отворен Балкан. Во ...
Нашата цел како Совет на странски инвеститори и компании со странски капитал кои се присутни и работат тука, е да помагаме во подобрување на бизнис и инвестициската клима во Македонија. Тоа значи подобрување на условите за работа со кои ние како компании се соочуваме, без разлика дали станува збор за домашни или за странски компании, за сите стопанственици кои работат и дејствуваат во државата, истакна во интервју за порталот Локално, ...
Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) ги објави податоците на Индексот на цените на храната за јули, кој ги следи месечните промени на меѓународните цени на кошничката за прехранбени суровини. Според податоците, индексот на цените на храната во јули пораснал за 1,3% во однос на претходниот месец, на 123,9 поени. Цените на храната во јули се пониски за 11,8% во однос на истиот период лани. Со јулскиот раст на индексот ...
Македонските компании во јуни годинава извезле на странските пазари стоки во вредност од 694 милиони евра, што е за 50 милиони евра помалку во однос на јуни минатата година, или пад од 6,4%, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Количински, извозот на стоки имал уште поголем пад и во јуни биле извезени стоки за 12% помалку во споредба со истиот период лани. Падот на извозот во јуни годинава е најголем од август 2020 година, ...
Данската бродска компанија Maersk предупреди дека компаниите продолжуваат да ги намалуваат своите залихи, што може да доведе до подолго и подлабоко намалување на глобалната трговија. Втората по големина компанија за транспорт на контејнери во светот изјави дека глобалната побарувачка за контејнери ќе падне меѓу 1% и 4% оваа година, пренесува Фајненшл Тајмс. Претходната прогноза на компанијата се движеше од 0,5 % зголемување на побарувачката до ...
Првите техничари образувани во БРАКО по германски модел на практична настава го положија испитот и добија Сертификат со кој се потврдува дека завршениот средношколец има стекнато клучни стручни компетенции од соодветниот германски образовен профил. Во БРАКО се спроведува учење преку работа во рамките на програмата за „Дуално образование“, на ученици од ССОУ „Коле Неделковски“ од Велес, преку која Делегацијата на германското стопанство овозможи ...
Шефот на најголемиот европски добавувач на автомобилски делови Bosch (Бош) ги повика европските влади да потрошат повеќе време за подобрување на конкурентноста на ЕУ наместо да се фокусираат на ризиците со кои се соочуваат компаниите при водење бизнис во Кина. Повикот од Стефан Хартунг, кој го води Бош од минатата година, доаѓа кога европските престолнини стануваат се позагрижени поради изложеноста на компаниите од регионот на Кина, бидејќи ...
Долгорочните цени за контерјнерски поморски транспорт достигнаа најниско ниво во последните две години, токму кога на пазарот влегуваат рекордно нови нивоа на бродови и прекумерниот капацитет додава дополнителен притисок: Xeneta Глобалните долгорочни цени за контерјнерски поморски транспорт потонаа на двегодишно најниско ниво во јули, при што најновите податоци од Индексот за испорака на Xeneta (XSI®) покажаа пад од 9,5% од јуни, продолжувајќи ...
Повеќекратните кризи во последните години ги открија слабостите во бизнис моделот на Германија, се вели во анализата на Дојче Веле. Непосредно пред крајот на милениумот, британскиот бизнис магазин Економист донесе пресуда за германската економија, нарекувајќи ја земјата како болен човек на Европа. Таквата оценка послужи како повик за будење за германската политика, која сè уште опиена од економски силните години по повторното обединување, ...
Винарската визба Тиквеш од Кавадарци работела со раст на продажбите и профитот во првата половина годинава. Финансиските извештаи покажуваат дека компанијата во првите шест месеци годинава остварила вкупни приходи од продажба од 22,4 милиони евра, што е за 17% поголеми во споредба со истиот период лани. Компанијата бележи раст на продажбите и на домашниот пазар, но и на извозот и продажбите на странските пазари. Повеќе од половина или близу 56% ...
Македонското индустриско производство во јуни годинава бележи раст од 3,7% во споредба со јуни 2022 година, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика. За периодот од јануари до јуни годинава, индустриското производство е поголемо за 1,5% во споредба со истиот период лани. Податоците покажуваат дека производството во јуни годинава растело за 1,4 % во преработувачката индустрија, каде се создава дури 83% од целото индустриско ...
Компанијата за производство на железо, челик и феролегури Либерти (поранешен Арчелор Митал ЦРМ), објави дека во првите шест месеци годинава остварила приходи од продажба од 51 милион евра, кои се за 41% помали во однос на приходите остварени првата половина од 2022 година. Пад бележат и приходите од продажба на странски пазари и продажбите на домашен пазар. Компанијата Либерти е една од најголемите извозни компании во Македонија и околу 81% од ...
Премиерите на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и на Република Албанија Еди Рама, денес го означија официјалниот почеток на One Stop Shop концептот на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане. На настанот присуствуваа претставници на Владите од двете држави, како и високи претставници на царинските и полициските служби. Со овој концепт, според премиерот Димитар Ковачевски, се овозможува побрз проток на граѓаните од двете држави, но и на ...
Најголем дел од приходот во Грин Машинс денес доаѓа од продажбата на возила на електричен и водороден погон, за разлика од пред некоку години кога најмногу се продаваа дизел возила, вели техничкиот директор на фабриката Грин Машинс во БРАКО, машинскиот инженер Ангел Анѓушев, во изјава за медиумскиот проект Живот во зелено (Green Life). Ангел Анѓушев, кој студираше на престижниот државен Технички универзитет во Виена, смета дека кај нас се уште ...
Фарвмацевтската компанија Алкалоид објави дека првата половина годинава работела со вкупни консолидирани приходи од 140 милиони евра и во споредба со остварените во истиот период во 2022 година бележат раст од 15%. Во структурата на вкупните приходи, најголемо учество, 98%, имаат приходите остварени со продажба на производи и на услуги, кои во споредба со остварените во 2022 година бележат раст од 18%, на 137 милиони евра. Дури 71% од вкупните ...
Finance Think ја публикуваше студијата „Влијанието на кризата предизвикана од конфликтот во Украина врз фирмите во Северна Македонија: докази од микроанкета“, чија цел е да се процени влијанието на кризата предизвикана од конфликтот во Украина врз фирмите во Северна Македонија. Домашните компании се увозно зависни од суровини и енергија, и глобалниот пораст на цените брзо и лесно се пренесува во домашната економија. Студијата покажува дека ...
ММФ очекува малку повисок раст на глобалниот БДП, прогнозирајќи 3% раст во 2023 година Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја ревидираше својата прогноза за глобалниот економски раст за 2023 година малку нагоре, бидејќи прогнозите сега се подобри од претходно и за напредните економии и за клучните земји во развој. ММФ во својот јулски извештај за перспективите на светската економија наведе дека очекува светскиот економски раст во 2023 година да ...
Стопанската комора на Северна Македонија и Советот на странски инвеститори со ова соопштение уште еднаш укажуваат дека Законот за данок на солидарност се носи без соодветна консултација со бизнисот и покрај изјавите на министерот за финансии дека законот е дискутиран на повеќе јавни расправи во кои била вклучена и бизнис заедницата. Имено, потврда за тоа дека и при јавни расправи забелешките на бизнисот не се земени предвид е и првиот допис кој ...
Швајцарската логистичка групација Kuehne+Nagel објави пад од 51% на оперативната добивка во вториот квартал, бидејќи условите во индустријата се влошија поради предизвикувачкото економско опкружување. Но, од компанијата велат дека резултатите сепак ги надминале очекувањата, при што швајцарската логистичка групација забележа повисок пазарен удел во одделите за морска и договорна логистика. Заработката пред камата и данок (EBIT) достигна 523 ...
Потрошувачката на електрична енергија се намалува во развиените економии, додека енергетско интензивното производство се зголемува во Кина и Индија. Високите цени на енергијата веќе предизвикаа намалување на потрошувачката на електрична енергија минатата година, а процесот продолжи и во првата половина од оваа година. Трендот е особено изразен во Европската унија, која е изложена на ризик неповратно да загуби барем дел од енергетско ...
Луксузниот ланец хотели Solaris Beach Resort во Шибеник, Хрватска, купи две возила од брендот Грин Машинс на БРАКО за одржување на хигиената во комплексот. Возилата на БРАКО се многу ценети и барани во Хрватска, велат одговорните лица од „Градатин“, дистрибутер на возилата за хрватскиот пазар. „Возилата Грин Машинс одлично се пласираат, исполнуваат високи стандарди, имаат сертификати од меѓународни сертификациони тела, лесни се за одржување, ...
Директорот на Царинската управа Стефан Богоев и неговиот заменик Муарем Асани со раководниот тим, денес одржаа состанок со високи претставници од Светска Банка, предводени од регионалниот менаџер за Косово и Северна Македонија, Масимилијано Паолучи. На состанокот се дискутираше за имплементацијата на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан, финансиран со заем од Светска Банка. Имплементацијата на Национален ...
Кинеската компанија COSCO Shipping ќе лансира нова неделна услуга овој септември од Северна Европа и Медитеранот со источниот брег на Јужна Америка, со цел да ја зголеми поврзаноста меѓу двата континента. Услугата, наречена ESE2, ќе започне на 16 септември во Монтевидео и ќе ги поврзува главните пристаништа во источна Јужна Америка, вклучувајќи ги Сантос, Рио де Жанеиро, Паранагуа и Итапоа. Сервисот се надева дека ќе го поврзе Сантос со ...
Европската комисија го одобри планот на Германија за државна помош во финансирање проектот за декарбонизација „tkH2Steel“ во вкупен износ од околу две милијарди евра. Со овој проект германскиот металуршки гигант ThyssenKrupp планира да го декарбонизира производство на челик. Станува збор за пионерски проект кој е многу иновативен и кој од една страна, брзо ќе заштеди многу CO2, а од друга страна, „tkH2Steel“ ќе стане двигател на европската ...
Во првите пет месеци годинава македонските кондиторски компании продале на странските пазари производи вредни 31,5 милиони евра, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Тоа е зголемување од 22% или 5,6 милиони евра повеќе во споредба со приходите од извоз остварени во истиот период лани. Инфлацијата и повисоките цени се причина за поголемиот раст на вредноста на извозот, додека извезените количини бележат раст за 3,9% во споредба ...