Како дел од својот „Пакет за помош на малите и средните претпријатија“, Европската комисија во вторникот (12-ти септември) претстави регулатива за борба против задоцнетите плаќања меѓу бизнисите, заменувајќи ја постара директива на ЕУ што се покажа како неефикасна. Со новата регулатива, плаќањата меѓу бизнисите ќе треба да се извршат во рок од 30 дена од издавањето на фактурата. Доколку плаќањето се одложи повеќе од тоа, на компаниите ...

Најголемиот светски контејнерски превозник MSC сака да купи речиси половина од акциите во компанијата HHLA која управува со пристаништето во Хамбург. Според договорот со градот Хамбург, MSC ќе понуди 16,75 евра по акција во готово за сите акции од класа А на операторот HHLA кои котираат на берзата. Тоа значи дека вредноста на трансакцијата би можела да биде околу 1,3 милијарди евра. Како дел од договорот, MSC ќе го зголеми обемот на транспорт ...

Со инвестиција од 6 милиони евра, групацијата “ТАБ“ Словенија ќе произведува електрична енергија од 13.256 MWh/годишно, односно околу 25% од потребите на претпријатието “ТАБ МАК“ Денес, во рамки на фабричкиот комплекс “ТАБ МАК“ во Пробиштип, беше одбележан почетокот со работа на фотоволтаичната централа “ТАБ МАК“. На настанот беа присутни г-ѓа Христина Оџаклиеска, Заменик Министер за Животна Средина во Владата на Република Северна Македонија, ...

Новата Стратегија за зелени финансии на Народната банка ќе го зајакне потенцијалот на банкарскиот систем за поддршка на зелената трансформација на економијата Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска се обрати пред присутните високи претставници на банките, државните институции, Европската банка за обнова и развој и Европската Унија, на свечената вечера којашто по повод на плодната соработка ја организира Инвестицискиот фонд за зелен раст. Притоа, ...

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 2,5 денари, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,54 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 90 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава ...

Пекинг смета дека покренувањето истрага од страна на Европската комисија за субвенциите за кинеските електрични возила (ЕВ) како протекционистички и предупреди дека тоа ќе ги оштети економските односи, загриженост што ја дели германската автомобилска индустрија. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вчера ја објави истрагата обвинувајќи ја Кина за преплавување на светските пазари со електрични автомобили кои имаат вештачки ...

Европската централна банка денеска одлучи да ги зголеми трите клучни каматни стапки за нови 25 базични поени. „Инфлацијата продолжува да опаѓа, но сепак се очекува да остане претерано висока предолго. Управниот совет силно се залага за што поскоро враќање на инфлацијата на среднорочната цел од два отсто“, се вели во соопштението на ЕЦБ. Денешното зголемување на каматните стапки произлегува од оценката на Управниот совет за изгледите за ...

Пред извозните компании од Полошкиот регион (Тетово, Гостивар, Маврово и Ростуше) Стопанската комора на Северна Македонија ги презентираа можностите за поддршка кои Комората преку проектот: „Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција“, во партнерство со Американската агенција за меѓународен развој, ги нуди на извозните компании. Во рамки на настанот, професорот Дарко Лазаров, главен експерт ги презентираше финалните резултати од ...

Размена на искуства, најнови информации и добри практики, но и нивна имплементација во фабриката на „Костал“ во Охрид, која е во најважниот фокус од сите европски локации како фабрика со голем потенцијал и раст во групацијата „Костал“, се целите на глобалната инженерска средба што се одржува во Охрид. Извршниот потпретседател за производно инжинерство во „Костал“, Бенедикт Конрад, посочи дека „Костал Македонија“ иако најмлад член на Групацијата ...

Европската унија следниот месец ја започнува почетната фаза од својот план за воведување на првиот светски прекуграничен данок на јаглерод. Од увозниците во ЕУ ќе се бара да ги пријават емисиите на јаглерод диоксид (CO2) на производите што се продаваат во Европа, како што се челикот и цементот. Целта на новиот режим е да се заштитат домашните индустрии на ЕУ од странските конкуренти кои повеќе загадуваат, додека тие инвестираат во технлогии за ...

Вицепремиерот задолжен за економски систем Фатмир Битиќи денеска имаше состанок со главниот оперативен директор на германски Костал, Хансјорг Херма и директорот на Костал Македонија, Виктор Мизо на кој беше потврден новиот инвестициски проект во земјава со кој еден од најголемите германски производителил на а то делови го проширува производството во постојната фабрика во земјава. Станува збор за инвестиција вредна 45 милиони евра во нова ...

Меѓународната трговија останува глобализирана, но се појавуваат првите знаци на фрагментација на таа врска, предупреди Светската трговска организација (СТО) во новиот извештај. Геополитичките тензии веќе влијаат на глобалните трговски текови, а фрагментацијата на меѓународната трговија може да го загрози економскиот раст и развој, предупреди СTO. Меѓународната трговија останува глобализирана, но се појавуваат првите знаци на фрагментација на ...

Во август 2023 година, светските цени на храната повторно паднаа. Индексот на Агенцијата за храна на ОН падна на најниско ниво од март 2021 година, се наведува во најновиот извешатј на ФАО. Индексот во август изнесуваше 121,4 поени, што е пад од 2,1% во однос на јули и 24% под врвот постигнат во март 2022 година. Индексот на цената на маслата на ФАО падна за 3,1% во август, делумно неутрализирајќи го остриот пораст од 12,1% во јули. Светските ...

Ѕвездената економска траекторија на Индија заедно со силните прогнози за некои земји од Југоисточна Азија ќе бидат важни двигатели за идниот глобален раст, соопшти S&P Global Insights. Азија-Пацифик е „клучен двигател“ за глобалниот економски раст не само во блиска иднина, туку и на подолг рок, рече главниот економист на S&P Global за азиско-пацифик Раџив Бисвас на годишната енергетска конференција APPEC. „Кога ќе ја разгледаме следната ...

Хрватската фармацевтска компанија „ФармаС“ на почетокот на септември го заврши процесот за стекнување на мнозински удел во шпанската „Мабо фарма“ со седиште во Мадрид и со тоа го презеде управувањето со таа компанија, објави денеска хрватската компанија „ФармаС“. Mabo Farma е најбрзо растечката генеричка компанија во Шпанија, чие портфолио вклучува повеќе од 200 производи, главно лекови на рецепт, но и лекови без рецепт (OTC) и додатоци во ...

Специјализираните возила за одржување на хигиена во урбани средини на БРАКО од Велес, Грин Машинс, се претставија на Саемот за комунална опрема кој се одржа во Приједор, во Босна и Херцеговина. На саeмот беа изложени модели кои претставуваат софистицирани технолошки решенија за одржување хигиена и кои се користат во над 60 земји во светот. „Станува збор за моделите GM 400 ZE, GM 500ZE, GM 636 stage V и GM 955, од кои секој на свој начин е ...

Европската комисија ги намали прогнозите за економскиот раст за еврозоната и Европската унија во 2023 и 2024 година, наведувајќи ја умерената активност во првата половина од годината и „високите и сè уште растечки“ цени за повеќето стоки и услуги, што влијае на приватната потрошувачка. Германската економија, најголемата во Европа, се очекува да се намали оваа година, откако во првите шест месеци имаше резултати под проценките. Економијата на ЕУ ...

Брако во најдобро светло ги претстави електричните модели на возила за одржување на хигиена во урбани средини од линијата на Грин Машинс, на специјализиријаниот Саем за јавни работи (PWX 2023 – Public Works Expo) во Калифорнија, САД. Повеќе од 5000 професионалци кои се занимаваат со активности за јавно одржување, вработени во јавни претпријатија, администрација на општини, окрузи и сојузни држави имаа можност на лице место да се запознаат со ...

Винарската визба „Тиквеш“ инвестираше четири милиони евра во изградба на нов објект и набавка на современа опрема за прием и преработка на грозје, потврдувајќи ја со тоа својата долгорочна определба и стратегија за континуирани вложувања во натамошен одржлив развој и имплементација на ЕСГ стандардите. Новата постојка и вградената опрема во неа му овозможуваат на „Тиквеш“ да го зголеми вкупниот капацитет за прием и примарна преработка на грозје ...

Во првите седум месеци годинава компаниите за осигурување живот исплатиле 494 милиони денари (8 мил.евра) на осигуреници или на лица кои биле носители на правата од полисите за осигурување живот Петте компании за осигурување живот само за јули годинава исплатија 62,4 милиони денари (1 мил.евра) на свои осигуреници или на носители на правото за обештетување. Износот на исплатените средства за штети покриени со осигурување живот во јули е за 19% ...

Зголемувањето на цените на храната во Франција веројатно значително ќе се олесни од јануари благодарение на преговорите меѓу трговците и производителите, но периодот на стабилни цени заврши, предупреди шефот на францускиот трговски синџир Carrefour (Карфур), Александре Бомпар. Минатата недела Бомпар предупреди дека Французите значително го намалиле купувањето на основните потреби поради високите цени. Трговците и производителите во Франција си ...

Тркалезна маса за презентација на потенцијалите на инвестиции и трговија во организација на ТИРЗ, АХК Северна Македонија и германската комора IHK Frankfurt am Main. Пред претставници на над 20 германски компании од повеќе дејности вчера во Франкфурт беа претставени условите и можностите за инвестирање во Северна Македонија, како и поволностите што се нудат во технолошко индустриските развојни зони. „Интересот кој беше пројавен од претставниците ...

Volkswagen (VW) го намалува производството во германските фабрики по големите поплави во Словенија кои го запреа производството кај добавувачот на клучните делови на моторот. VW го намалува работното време за вработените во својата домашна фабрика во Волфсбург, која ги произведува Golf и Tiguan. Мерките за краткорочна работа ќе бидат во сила од 11 до 29 септември, изјави портпаролот на VW. Производителот на автомобили исто така го намалува ...

Германската групација BMZ, светски познат производител на литиум јонски батерии BMZ ќе инвестира 65 милиони евра во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) Скопје 2 и ќе отвори 775 нови работни места. Во новиот капацитет, БМЗ ДООЕЛ Скопје, ќе се врши сериско производство на батериски производи. Вкупната инвестиција ќе се реализира во период од 10 години. Изградбата на фабриката треба да започне кон крајот на 2023 и да заврши најдоцна за ...

Германската групација BMZ, светски познат производител на литиум јонски батерии BMZ ќе инвестира 65 милиони евра во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) Скопје 2 и ќе отвори 775 нови работни места. Во новиот капацитет, БМЗ ДООЕЛ Скопје, ќе се врши сериско производство на батериски производи. Вкупната инвестиција ќе се реализира во период од 10 години. Изградбата на фабриката треба да започне кон крајот на 2023 и да заврши најдоцна за ...

Во јули 2023 година, германскиот извоз е намален за 0,9%, а увозот е зголемен за 1,4% во споредба со јуни 2023 година. Во споредба со јули 2022 година извозот е намален за 1,0%, а увозот е бележи пад од 10,2% . Германија извезла стоки во вкупна вредност од 130,4 милијарди евра, а увезла стоки во вредност од 114,5 милијарди евра во јули 2023 година. Надворешно-трговскиот биланс покажал суфицит од 15,9 милијарди евра во јули 2023 година. Германија ...

Фероинвест во текот на август успешно реализираше пет проекти и пушти во употреба 2 MW фотонапонски електрани за свои клиенти, од кои дел на земја, а дел на кровови на објектите на клиентите. Во моментот, екипите на Феро инвест и ЕМС, интензивно работат на уште 10-тина фотонапонски електрани со инсталирана моќност од 15 MW, кои се очекува да бидат завршени во следниот период. Во последните 2 години Фероинвест реализираше над 30 проекти за ...

Извозот на Информатички, телекомуниклациски и компјутерски услуги (ИКТ) од Македонија во првата половина годинава изнесува 257 милиони евра. Тоа е раст од 23,2% во споредба со извезените услуги во истиот период минатата 2022 година, покажуваат податоците од Народната банка. ИКТ секторот е еден од секторите кои остваруваат суфицит во трговската размена со странство, односно повеќе извезува, отколку што увезува. Според податоците од Народната ...

Компанијата РЕС (Renewable Energy Supply), во ко-сопственост на групацијата Централ Инвест, на македонскиот стопанственик Кочо Анѓушев и бугарската компанија КЕР Токi, по спроведената кампања во летните месеци, ја зацврсти лидерската позиција на пазарот и останува најголем снабдувач со електрична енергија на приватните фирми во земјата. Само во овие три месеци, РЕС потпиша договори со нови 70 компании и сега снабдува преку 370 стопански ...

Македонското индустриско производство во јули годинава бележи пад од од 1,8% во споредба со јули 2022 година, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика. За периодот од јануари до јули годинава, индустриското производство е поголемо за 1% во споредба со истиот период лани. Податоците покажуваат дека производството во јули годинава се намалило за 1,4 % во преработувачката индустрија, каде се создава дури 83% од целото ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
2.57
37%
1015
weather icon

Белград

29ᴼ / 28ᴼ
5.14
39%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
3.09
34%
1023
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
4.63
32%
1016
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
1.4
26%
1014
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 19ᴼ
2.06
78%
1024
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
7.72
45%
1010
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
6.17
31%
1014
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
5.14
26%
1015
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 32ᴼ
4.12
32%
1014
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 25ᴼ
8.23
35%
1021
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 31ᴼ
13.89
100%
1009
Currency

61.53

Currency

53.3027

Currency

70.7827

Currency

34.4672

Currency

38.6827

Currency

66.0489

Currency

7.42703

Currency

0.66648

Currency

0.36134

Currency

0.52668

Currency

1.31103

Currency

0.60719

Кобалт

42.99

Алуминиум

2.57

Иридиум

153726.40

Никел

14754.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.35

Сребро

1216.43

Злато

108509.98

Бакар

8.81

Паладиум

37487.77

Платина

42454.94

Родиум

221036.38

Цинк

2.75