Со склучување на Договорот помеѓу Општина Крива Паланка и националниот постапувач со текстилен отпад друштвото ТЕКСОМАК отпочнуваат со реализација дел од активностите од договорот како што се спроведување на едукативни кампањи и спроведување на акции за собирање на текстилен отпад. За таа цел на ден 11.04 2025 година (петок) во Крива Паланка ќе се спроведе Голема еколошка акција за собирање на текстилен отпад насловена како,, Твојата стара ...

Ејнсворт, за кој се верува дека имал 40 години кога починал, работел за Викторија и Дејвид Бекам и нивното семејство од 2013 до 2015 година, кога живееле во лондонскиот Холандски парк. Тој исто така ги штител холивудските актери Џони Деп, Џенифер Лоренс и Арнолд Шварценегер, пренесува Метро. Мајката на поранешниот кралски маринец, Сали Ејнсворт, ја откри трагичната вест преку објава на социјалните мрежи за викендот, откако упатила итен апел за ...

Регулаторната комисија за енергетика денеска излезе со нови цени за горивата кои ќе важат од полноќ. Малопродажните цени на бензините и на дизелот се намалуваат за 0,5 денари по литар. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР 95 ќе изнесува 76 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР 98 од утре ќе изнесува 78,5 денари по литар. Литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 68,5 денари по литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,680 ден/кг, и ќе изнесува 41,025 ...

Лимонот е една од намирниците полни со витамин Ц и бројни други хранливи материи и затоа често е присутен во секојдневната исхрана, но прекумерното внесување може да доведе до големи стомачни проблеми. Имено, високата киселост на лимонот може да предизвика иритација на слузницата на желудникот, зголемувајќи го ризикот од гастритис и чир. Овој проблем е особено изразен доколку лимонот се конзумира на празен стомак. „Киселината во лимонот може да ...

Пастина е вид на мали тестенини кои се користат во Италија за подготовка на разни јадења. Ова е исто така името на популарната супа од зеленчук и тестенини. Со оглед на тоа што е обилно јадење полно со витамини, минерали и други хранливи материи, често нагалено го нарекуваат италијански пеницилин. Во супата можете да ставите само пилешки супа, но ако го подготвувате за некој кој треба да се опорави од некоја болест, можете да зготвите и малку ...

На 06.04.2025 околу 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Патишка река – с.Осинчани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки, управувано од У.О.(19) од с.Студеничани, скопско и патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(29) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од ...

Какви лицемери седат во Владата, ги убедуваат работниците дека можат да живеат со 400 евра месечно, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес конференцијата по неговата победа на внатрепартиските избори. „Оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, за 10 месеци само покажа дека не знае, не умее, и што е најстрашно – не сака да се справи со реалните проблеми на луѓето. Понеспособна Влада државата немала никогаш досега. Нема ниту една област и ...

Во петокот и во деновите од минатиот викенд (05.04 и 06.04) како резултат на активностите, односно сообраќајните контроли спроведени од полициски службеници на патиштата низ земјава, беа издадени вкупно 2.553 платни налози, повеќето по однос на прекршувања на одредби од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Притоа, заради непрописно паркирање беа изречени 545 прекршочни платни налози, и речиси исто толку, односно 543 прекршоци по ...

Телото на Карадаковски кој што бил управител на МММ Кафе дооел, кои пак управувале и со дискотеката Пулс, е предадено на Судска Медицина во Скопје за обдукција, а погребот ќе се одржи утре (08 април) во 14 часот, а од 12 часот ќе биде изложено во градската капела во Кочани. Карадаковски беше најкритичниот пациент од пожарот кој се лекуваше во странство. Имал 35% изгореници од втор и трет степен на главата, вратот и рацете. На дишните патишта ...

Поранешната Мис на Балканот, 27-годишната Ѓулер Ердоган го загуби животот откако падна од надвозник на патот бегајќи од полициски контролен пункт, каде беше констатирано дека е во алкохолизирана состојба, пишува турски Хуриет. Според „Хуриет“, несреќата се случила ноќта на 1 април. При проверката било констатирано дека била под дејство на алкохол, по што излегла од автомобилот и почнала да бега. Обидувајќи се да побегне, таа се качила на ...

Компликациите од бременост или породување предизвикуваа смрт на жена приближно на секои две минути во 2023 година, се наведува во извештај на Светската здравствена организација (СЗО) и другите тела на ОН. Во извештајот, објавен денеска, се вели дека тоа изнесува околу 260.000 жени на глобално ниво. Смртта на мајките помеѓу 2000 и 2023 година се намалила за 40 проценти на глобално ниво, главно поради подобриот пристап до основните здравствени ...

На 06.04.2025 година во 17:50 часот во Полициско одделение Ростуше било пријавено дека на регионален пат Маврово-Дебар поточно во местото викано Скудрински мост, патничко возило „Ланд Ровер” со тетовски регистерски таблици излетало од пат. СВР Тетово информира дека на лице место починал возачот Ш.С.(49) од Тетово, кој се здобил со тешки телесни повреди и на лице место им подлегнал на повредите, додека сопатничката негова сопруга А.С.(47) се ...

Метео анализа на Славчо Попоски: Во нашата Република Македонија во најголем дел од оваа седмица ќе биде невообичаено ладно за овој период од годината и со температури кои ќе бидат далеку под просекот за месец април, и истите ќе бидат дури и за повеќе од 10 степени пониски од просечните за април. Сето ова е поради влијанието на многу ладниот бран кој се спушта директно од Сибир кон нашите краишта. Иако претежно стабилно, суво и сончево, со појава ...

Директна причина за смртта на 29-годишниот Александар Карадакоски кој утрово почина во Литванија, се изгореници на дишното стебло, извести попладнево Небојша Настов, директор на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ каде што Карадакоски бил згрижен пред за отпатува во Литванија. Во болницата бил примен околу шест часот на 16 март. Во текот на денот му се влошила состојбата па во попладневните часови бил ставен на вештачко дишење, а ...

Државната комисија за спречување корупција, ја проверила фактичката состојба и потврдла дека сѐ е чисто со пријавениот имотот на лидерот на СДСМ, Венко Филипче. По преземените провери, ДКСК го затвори предметот. Со ова паднаа во вода обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за имотот на Филпче дека наводно имал непријавени станови и непријавен имот. Во септември портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева на прес-конференција обвини дека наводно податоците од ...

Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, (или на 25 март според стариот) календар. Меѓу народот повеќе е познат како Благовец, Благоец, Блошчојне и сл. и се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв ден Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, ...

На 03.04.2025 во 22 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 18.15 часот на ул.„Борис Трајковски“, во близина на крстосница со ул.„Саса“, во Скопје патничко возило удрило во пешакот С.М.(28) од с.Страхојадица,скопско, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и ...

Вчеравчер во 23.30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар, во присуство на неговата мајка, лишиле од слобода 15-годишен малолетник од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од 39-годишна жена од Гостивар, дека малолетникот, кој и е внук од сестра, во куќата на нејзиниот брат извршил полов напад врз нејзината петгодишна ќерка. Известен е јавен обвинител и Центар за социјални работи Гостивар и се преземаат мерки за целосно расчистување и ...

Обвинетиот Влатко Кешишев на денешното рочиште детално опиша како по убиството на Панче Жежовски стигнале во Скопје и го паркирале „цитроенот“ на паркингот кај Кванташкиот пазар. За тоа дали пред да биде грабната Вања биле на обиколка на нејзината зграда, Кешишев рече: Не сум бил, освен привиот пат кога се обидоа и вториот пат кога беше грабнувањето, одговори Кешишев. Прашање за Кешишев имаше и бранителот на Александар Ѓорчевски, Владимир ...

Маж од Тетово и малолетно девојче се повредените во несреќата која се случи синоќа, кога автомобил излета во водите на Вардар во тетовско. МВР информираат дека во 19:40 часот било пријавено дека на локалниот пат за село Челопек, кај мостот на река Вардар, патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од страна на 39-годишниот Т.М. од Тетово, излетало во реката. -Притоа со телесни повреди се здобиле возачот и една малолетна ...

Министерот за здравство Арбен Таравари ја потврди тажната вест за смртта на шеесеттата жртва од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Станува збор за пациент кој се лекувал во Литванија, а според информациите, бил еден од најкритичните. Имал 40% изгореници на телото и бил ставен на дијализа поради откажување на бубрезите. – Утрово ја примивме веста дека пациентот кој се лекуваше во Литванија починал. Тој беше ставен на дијализа ...

Славниот холивудски актер Вал Килмер почина завчера, 1 април, како последица на пневмонија. Тажната вест за смртта на Килмер ја потврди неговата ќерка Мерцедес. Актерот, кој почина на 65-годишна возраст, се бореше со ракот од 2014 година. Во текот на својата богата кариера, Вал Килмер соработувал со голем број познати актери, меѓу кои и со Раде Шербеџија. Заедно глумеа во филмот „Светецот“ (The Saint) од 1997 година, а Шербеџија се присети на ...

Тоа е затоа што жените имаат „супериорна функција и во периферниот аудитивен систем и во централниот аудитивен пат“, тврдат истражувачите. Почувствителен слух за два децибели Секој што се сеќава на шепотењето на масата како дете, веројатно се сеќава и дека мајка им ги прекорувала со добар слух додека татко им мирно претурал по бифтекот и компирите. Според британските и француските научници, впечатокот дека жените често имаат поостар слух од ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови каде ќе наврнат над 15 литри на квадратен метар. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени. И во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се ...

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како возач на мотор удира директно во дете и потоа бега, односно продолжува да вози без воопшто да подзакочи или да го види детето. Според она што го пишува на објавата видеото е снимено на ул. Ферид Бајрам, Бутел 2, од Чаир према Железара. А истото е испратено од читател. “Гледајте што се случува. Нема ни пешачки, шоферите возат ко луди, плус моторџии. Јадно дете!”, стои во ...

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, а се однесуваше на тоа кој ќе понесе одговорност за еколошката катастрофа што се случи во Крива Паланка со излевањето на опасни материи – тешки метали, отрови и цијанид од рудникот Тораница во Крива Река. Во продолжение интегрален текст од ...

Вчера во 10.27 часот на Граничниот премин Богородица, патничко возило „ауди” со српски национални ознаки, ја избегнало граничната контрола, односно без да запре и да му се извршат гранични проверки и царинска контрола, преку лентата за автобуси, остварило влез и се упатило по автопатот во правец кон Скопје. Исто така и од Граничниот премин Евзони – Р.Грција било известено дека возилото на ист начин ја избегнало граничната контрола и на грчката ...

СВР Струмица поднесе кривична пријава против З.П. (37) од Струмица, поради постоење основи за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 27.02.2025 во Струмица, пријавениот кој што управувал патничко возило „мерцедес“ наместо да застане на даден знак на полициски службеници заради легитимирање и контрола, директно се упатил кон нив со возилото, при што удрил еден од полициските службеници, нанесувајќи му ...

Основното јавно обвинителство Куманово денеска информираше дека веќе е оформен предмет за Крива река и наводите на општината дека е загадена по хаваријата во рудникот Тораница. Сепак, од обвинителството информираат дека кај нив пријава сè уште не е пристигната од општината. – Досега кривична пријава од општината Крива Паланка не е пристигната, меѓутоа обвинителството веќе постапува. Оформен е предмет ОЈО ги повика инспекторите за животна ...

Врз основа на анализата направена од Институтот за јавно здравје на барање на риболовното друштво „Мрена“ од Крива Паланка, водата во реката Крива Река е сериозно загадена и спаѓа во најлошата категорија на загадени води, неупотреблива за било која намена, изјави на денешната прес-конференција градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Врз основа на стручното мислење површинската вода спаѓа во V класа согласно Уредбата за класификација на ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
63%
1028
weather icon

Белград

18ᴼ / 16ᴼ
2.68
70%
1027
weather icon

Загреб

19ᴼ / 14ᴼ
1.03
76%
1027
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
62%
1029
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
1.98
45%
1026
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
94%
1028
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
3.58
41%
1023
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
82%
1024
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.6
46%
1026
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
3.6
63%
1026
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
88%
1026
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
59%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941