Последните објавени информации дека се приведени поранешни полициски службеници од кои 5 лица се веќе и пензионирани е уште еден доказ за селективноста на истрагата за Кочани, велат од СДСМ. Наместо правда, јавноста сведочи дека под палката на Тошковски, истрагата за најголемата трагедија во Македонија станува срамна и недозволива фарса. Како е можно после 30 дена од трагедијата да се бара вина само кај оние полициски службеници за периодот од ...

Од петок, 18 април, сите трговци (мали, средни или големи) ќе треба да ги објават цените на секој производ што го нудат во малопродажба. Тука влегуваат и маркетите што продаваат основни прехранбени производи, овошје и зеленчук и трговците што продаваат средства за хигена, трговци на мало со бела техника, со играчки, техстилни производи, градежни материјали, алати и електрични апарати, буквално сите трговци што вршат трговија на мало. Исклучени ...

Командирот кој раководел со полициската станица во Кочани кога се случи пожарот, а подоцна беше разрешен, е еден од седумтемина полициски функционери кои се приведени вчера во рамките на проширувањето на истрагата за трагедијата во дискотеката „Пулс“, велат за телевизијата „24“ извори од МВР. Како што најави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вечерва, издадена е наредба за приведување на уште вкупно седуммина полициски началници, кои ...

Новиот градоначалник на Кочани, Венко Крстевски во својата прва прес-конференција вели состојбата во локалната управа и во самата општина е алармантна. -Една од првите одлуки што ќе ја потпишам е 3 милиони денари за несреќата во Кочани. Состојбата во локалната управа и во самата општина е алармантна. Затечена е хаотична состојба со нецелосни проекти. Таква е и во комуналното претпријатие, не се знае дали имаме директори, немаме технички ...

Тоа што живи луѓе горат во дискотеки, гинат на пешачки премини, што Владата здушно се бори против достоинствен живот за работниците и што цените на производите појдоа в’небо, не им смета. Не им смета ни тоа што спрегата меѓу криминалците и власта функционира беспрекорно, што човековите права и слободи катадневно се ништат, што медиумите се пералница на мозоци и гласноговорници на мицковизмот. Ги нема збор да зуцнат во заштита на личното ...

Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, откри како се справува со стресот откако минатата година и беше дијагностициран рак. На јутјуб каналот на Кејт и Вилијам, како и на Инстаграм, објавено е кратко видео на кое принцезата се дружи со извидници на езерото Виндермер во Велика Британија. Кејт за време на разговорот со главниот извидник Двејн Филдс рече дека чувствува длабока духовна и емоционална поврзаност додека е во природа, што и дава „чувство на ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека планира да воведе нова програма која ќе им нуди на имигрантите пари за доброволно да си заминат од САД. Трамп изјави дека таквата „програма за самодепортација“ ќе вклучува финансиска помош и можност за легален влез во земјата подоцна. „Ќе им дадеме малку пари и авионски билет, а потоа ќе работиме со нив. Ако се добри, ако ги сакаме назад, ние ќе работиме со нив за да ги вратиме што е можно ...

На 16.04.2025 во 02.30 часот на бул.„Србија“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Р.(31) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297 А од Кривичниот законик. Претходно, управувајќи патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, удрил во објект на бензинска пумпа на булеварот. Додека, по преземени мерки било констатирано дека возилото го ...

Мача е ситно мелен прав направен од листовите од зелен чај од растението Камелија синенсис. Ја добива својата светло зелена боја од многу хлорофил, за кој се смета дека обезбедува изобилство на хранливи материи. Кои се придобивките од мача? За разлика од обичниот зелен чај, во мача се користи целиот лист, па затоа антиоксидансите, витамините и минералите се целосно искористени. Мачата исто така содржи кофеин, но искуството покажува дека поради ...

Чоколадните велигденски јајца ги сакаат и младите и старите, а се омилен десерт за време на велигденските празници. Можете да ги купите готови во продавниците, или да ги направите сами. Во Соединетите Држави, чоколадните јајца полнети со путер од кикирики се популарни и се јадат за време на Велигден. Ви пренесуваме рецепт за токму такви чоколадни јајца. Состојките се блендираат и се ладат, а потоа од смесата се формираат топчиња во облик на ...

Земјите-членки на Светската здравствена организација (СЗО) постигнаа договор за заедничка подготовка за идни пандемии по повеќе од четири години преговори, соопшти денеска организацијата. -Земјите-членки на СЗО направија големи чекори напред во нивните напори да го направат светот побезбеден од пандемии. Ова е историски договор за здравствена безбедност, еднаквост и меѓународна солидарност, се вели во соопштението. Предлогот ги наведува мерките ...

Скандалозниот случај со починат пациент на Клиниката за кардиохирургија, поради некоординираност и неодговорност на власта, мора да резултира со одговорност и оставка на министерот Таравари. Иако Таравари упорно манипулира со јавноста, фактите се јасни и потврдени во извештајот на Државниот здравствен иинспекторат, велат од Левица. Односно, министерот Таравари поради реконструкција ја затвори единствената сала на Клиниката за кардиохирурхија, ...

Северна Македонија е наш шампион кога се работи за Планот на Европската комисија за раст на Западниот Балкан, што навистина добро функционира и таа прва ги доби средствата за предфинансирање, истакна еврокомесарката за проширување Марта Кос во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР) од која дел е и МИА. Таа потенцира дека од вкупната сума од шест милијарди евра од Планот за раст, за земјава се предвидени 715 милиони евра, во чии рамки е ...

Шестгодишното девојче наместо во градски автобус во Куманово, влегло во автобус кој сообраќал до Скопје, соопшти денеска полицијата соопштувајќи детали за вчерашниот случај, откако нејзината мајка вчера пријави дека се оддалечила од домот. Детето вчера беше пронајдено на подрачјето на Гази Баба. Мајката на девојчето, 28 годишната С.Т. вчера во 15.00 часот во СВР Куманово, пријавила дека нејзината шестгодишна ќерка се оддалечила од домот. – ...

И покрај тоа што во првите три месеци се реализирани нешто под 10 отсто од предвидените средства, реализацијата на капиталните расходи се одвива според планираното, информира министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Од вкупно 47,2 милијарди денари предвидени во државниот буџет за капитални инвестиции во 2025 година, заклучно со 8 април реализирани се 4,49 милијарди денари. „Слабата реализација во првите месеци е очекувана поради ...

Променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер ќе имаме до петок, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Како што велат, за време на најголемиот христијански празник Велигден кој е за време на викендот времето ќе биде стабилно, сончево и топло. Минималната температура во текот на утрешниот ден ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе ...

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Бугарија, Гроздан Караџов, изјави дека Софија е целосно подготвена да потпише договор со Скопје и да започне со изградба на прекуграничниот железнички тунел на Коридорот 8, кој се смета за стратешка врска меѓу Црното и Јадранското Море. „Очекуваме одговор и коментари од Скопје за предложениот договор. Доколку нема забелешки, подготвени сме веднаш да го потпишеме и да почнеме со работа“, изјави ...

Месар со 15-годишно искуство изјави шокантни детали за тоа што сè може да се најде во меленото месо кое секојдневно се продава во маркетите и месарниците. „Фаширано месо – ВНИМАНИЕ!!! Јас сум месар 15 години, и со сигурност можам да кажам дека дел од месото кое го јадеме по квалитет е рамно со леш од некое животно, кое со денови стои на пат“, напиша тој, додавајќи дека знаел да направи мелено месо кое изгледа совршено свежо – од месо старо и до ...

Банкротираната продавница за украси Депо затвора најмалку стотина продавници во Германија оваа година и се обидува да започне од почеток. Во првите три месеци, 45 филијали се веќе затворени, а уште 54 се планира да се затворат во текот на април и мај, изјави сопственикот Кристијан Грис за германската новинска агенција dpa. Преговорите со индивидуалните станоиздавачи сè уште се во тек, па списокот на затворени простории може дополнително да се ...

Во ексклузивно интервју за Сандеј Тајмс, Мелинда Френч Гејтс, која ги одбројува деновите до објавувањето на нејзината книга The Next Day, откри детали за распадот на нејзиниот брак со Бил Гејтс, кој официјално заврши во 2021 година. Според неа, пресвртниот момент дошол во 2019 година, откако Њујорк Тајмс објави статија за поврзаноста на Бил со осудениот сексуален предатор Џефри Епстејн. „Написот покрена сериозни прашања во врска со однесувањето ...

Глобалната суперѕвезда Лана Дел Реј го објави својот нов сингл „Henry, Come On“ за дискографската куќа „Polydor Records“. Песната ја најавуваше повеќе од една година, а првиот клип го сподели на својот Инстаграм профил во јануари 2024 година. Синглот „Henry, Come On“ бил создаден во соработка со кантри продуцентот и текстописец Лук Лерд, познат по неговата работа со уметници како Кери Андервуд, Кејси Масгрејвс и Раскал Флет, а кон продукцијата ...

Општина Крива Паланка во соработка со МВР и компанијата „ДУО Греен Роад“ ДООЕЛ Скопје, започнува акција за отстранување на хаварисани и отпадни возила од јавни површини на територијата на општината. Во изминатиот период беа мапирани 53 напуштени и нефункционални возила на улици, паркинзи, тротоари и други јавни простори. Со тоа не само што се узурпираат јавни паркинг-места, туку се загрозува безбедноста на пешаците и сообраќајот, како и ...

Сите маркети, аптеки и продавници за техника и мебел од овој петок, 18 април, ќе мора да ги објавуваат цените на своите производи на официјална веб-страница. Според новите измени во Законот за заштита на потрошувачите непочитување ќе се санкционира од Државниот пазарен инспекторат. Најдоцна до 10 часот наутро, трговците ќе имаат обврска да ги ажурираат цените на стоката што ја имаат во дуќаните и тоа секој работен ден. Објави на социјални мрежи ...

Морален пораз за Тошковски и ДПМНЕ е советничка во Советот на општина Кочани од оваа партија да поднесе оставка од морални причини а тој не. По најголемата трагедија во државата којашто се случи во Кочани требаше да има морална одговорност на оној кој бил на чело на институцијата којашто била задолжена за безбедноста, а тоа е Министерството за внатрешни работи, велат од СДСМ. Кривичната одговорност е нешто што треба да го утврди истрагата, за ...

Во Службен весник денеска е објавен оглас за избор на кандидати од Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур. Постапката за избор ќе ја врши Комисија за избор на кандидати на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права. Надлежностите на оваа Комисија се да распише јавен оглас за избор на кандидати, да ја спроведе постапката за избор и истата по добивање на мислење ...

Истражувачите во DomainTools набљудувале веб-страници хостирани на неодамна регистрирани домени кои служат за дистрибуција на SpyNote, моќен тројанец за далечински пристап (RAT). Овие веб-локации имитираат легитимни страници на апликациите на Google Play Store и имаат за цел да ги убедат корисниците да преземаат заразени датотеки под изговор дека инсталираат популарни апликации. Истражувачите велат дека сајтовите вклучуваат елементи како што се ...

Нестабилните временски услови исто така имаат големо влијание врз човечкото тело. Населението се повеќе се жали на пролетен замор. Додека природата се менува, временските услови се нестабилни, а човечкото тело не стои. Се повеќе граѓани се соочуваат со проблеми поврзани со пролетниот замор. „Го чувствуваш, ти влијае. Апатија, тешко стануваш наутро, стануваш уморен, мислам дека е поради времето“, „Станувам како трактор да ме прегазил, но не се ...

За жал, она што го гледаме е крајно селективна, пристрасна и истрага која што оди во насоки во коишто бега од оние коишто се директно одговорни по закон во делот на безбедноста а тоа се функционерите во МВР кои на денот на трагедијата биле на позиции, истакна потпретседателката на СДСМ Кристина Костова во емисијата „360″. -Има закони кои јасно ја пропишуваат одговорноста на функционерите во МВР и тоа функционери во различни делови и оддели на ...

Независниот советник Венко Крстевски е избран за в.д. Градоначалник на општина Кочани. На денешната седница советниците избираа помеѓу двајца кандидати, Крстевски и предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, Гоце Марков. -Јас ќе бидам мост меѓу граѓаните и институциите. Фокусот ќе биде на младите и затоа ги повикувам сите млади со креативни идеи, кабинетот секогаш ќе биде отворен за нив, рече Крстевски откако беше констатиран за нов в.д. градоначалник. Крстевски ...

Вчера околу 23.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„11 Ноември“ во Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.К.(21) од с.Клечовце, општина Старо Нагоричане, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Куманово, а со телесни повреди се здобиле возачот М.К. и уште еден сопатник Д.Л.(36) од Куманово, констатирани во Општата ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
43%
1028
weather icon

Белград

21ᴼ / 18ᴼ
2.68
68%
1027
weather icon

Загреб

21ᴼ / 16ᴼ
0.0
71%
1027
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
63%
1029
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.99
44%
1026
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
94%
1028
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
4.12
41%
1023
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
77%
1024
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.0
53%
1025
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 20ᴼ
5.14
60%
1025
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 19ᴼ
1.34
66%
1026
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
3.6
55%
1026
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941