Општина Крива Паланка започнува со реализација на важен инфраструктурен проект – поставување на монтажно-демонтажен објект, катна гаража на локацијата кај градскиот пазар. Овој проект е директно насочен кон решавање на проблемот со просторното паркирање во централното градско подрачје и подобрување на сообраќајната функционалност. Поради започнување на градежните активности, пазарните тезги ќе бидат привремено дислоцирани на паркингот пред ...

Речиси 100 луѓе загинаа од средата кога обилните дождови погодија делови од Индија и Непал, соопштија официјални лица и медиуми, а метеоролошката служба предвидува уште невообичаено обилни дождови во регионот за овој период од годината. Индиската метеоролошка служба во средата издаде предупредување за повеќе опасности во целата земја, со топлотни бранови во западните делови и грмотевици во источните и централните региони. Во источната држава ...

Александар Ѓорчевски, таткото на трагично убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска, денеска сведочеше пред судот и повторно изрази незадоволство од односот на институциите за време на истрагата. Тој нагласи дека уште при првиот негов исказ во истражната постапка побарал да биде подложен на полиграфско тестирање со цел, како што рече, „дефинитивно да се докаже вистината“. Сепак, неговото барање било одбиено од страна на обвинителството. „Јас на првиот ...

Најниската минимална плата во Европската Унија во јануари 2025 година е регистрирана во Бугарија – 551 евро, додека највисоката ја исплатува Луксембург – 2.638 евра, покажуваат податоците на Евростат. Според анализата, минималната плата е законски утврдена во 22 од 27 земји-членки на Унијата. Исклучок се Данска, Италија, Австрија, Финска и Шведска, каде не постои законски пропишана минимална месечна заработка. Во десет земји минималната плата е ...

Една од најпопуларните музички ѕвезди од помладата генерација, Теа Таировиќ, отпатува за Дубаи, каде денес ќе одржи спектакуларен концерт. Таировиќ и нејзиниот тим биле пречекани како големи ѕвезди и ќе бидат сместени во еден од најскапите хотели во Дубаи. Теа пред концертот се релаксира на плажа, а во таа прилика позираше во црвено бикини кое одлично го истакнува нејзиното згодно тело. Коментарите почнаа да се нижат, а згодната пејачка доби ...

Пет лица се полесно повредени во сообраќајната несреќа која вчера попладне се случи во близина на мостот Влајко во Влае. Од МВР информираат дека сообраќајката кај нив е пријавена околу 17:30 часот. -На бул.„Партизански Одреди“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „ауди“ со скопски регистарски ознаки управуван од Д.С.(39) од Скопје, автомобил „ауди“ со скопски регистарски ознаки управуван од З.А.(29) од с.Сингелиќ, скопско, ...

Модниот свет тагува за смртта на хрватско-австралиската манекенка Луси Марковиќ, која почина на 27-годишна возраст по долгогодишна борба со тешката болест, пишува „Сиднеј морнинг хералд“. Марковиќ починала во текот на ноќта по серија операции за лекување на артериовенската малформација (АВМ) во мозокот – состојба во која заплетканите, абнормални крвни садови може да пукнат и да го оштетат мозочното ткиво. „Беше во мир. Јас, нејзината мајка и ...

Мора да има неселективна правда за Кочани, треба да се опфатат и сегашни функционери, коишто во моментот на случување на овој трагичен настан ги извршуваа функциите во Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна безбедноста дали е тоа во Кочани, дали во Штип. Сметаме дека истрагата треба да се прошири, истакна потпретседателката на СДСМ Каја Шукова во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија. Шукова нагласи дека е невообичаено прво ...

Пациентите на Клиниката за онкологија повторно се соочуваат со недостаток на клучни лекови, од кои директно зависи нивниот живот, велат од СДСМ. Иако Клековски јавно ветуваше дека нема да се случи повторно да нема лекови, оваа недела недостасува биолошкиот лек Palbosiklib, недостиг има и на лекот Bevacizumab (Авастин) – терапија што ја примаат голем број пациенти два пати месечно, терапија од која зависи нивниот живот. Кој е сега изговорот на ...

Зелен хуман град најавува мирен протестен марш во 12:30 ч. во сабота (12 април) што ќе започне пред Министерството за животна средина и просторно планирање поради, како што велат, алармантниот молк и неодговорното постапување на надлежните институции во врска со хаваријата и истекувањето на токсични материи од рудникот Тораница во Крива Река. „По хаваријата, ЗХГ поднесе барања за слободен пристап до информации од јавен карактер до Државниот ...

Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски вели дека недостигот на дел од терапијата за онколошките пациенти е поради промени во системот за јавни набавки, но најавува дека пред велигденските празници сите лекови ќе бидат достапни во стабилни количини. – Во моментот се реализира јавната годишна набавка, таа е отворена минатиот петок, заради технички проблеми во Бирото за јавни набавки односно промена на системот се ...

Дел од медиумите денеска објавија фотографија од гол човек како шета низ центарот на Скопје, поточно во близина на гимназијата „Јосип Броз Тито“. Од МВР потврдуваат дека во нивната евиденција имаат таков случај, кој е регистриран вчера попладне. -На 09.04.2025 во 18.55 часот пред средно училиште на подрачје на Центар, полициски службеници го затекнале Ј.Р.(40) од Скопје како се движи на улица без облека. Лицето било приведено во полициска ...

Вчера околу 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар на сува трева на плац каде што се чувале седум возила кои не биле во возна состојба. Плацот бил во сопственост на 57-годишниот И.Ш. каде возилата ги користел како резервни делови. „Според пријавеното, додека И.Ш. со брусалка сечел едно од возилата, од искрите настанал пожар на сува трева, кој се проширил и ги зафатил возилата. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од ...

На 09.04.2025 во 18.00 часот во СВР Скопје, 81-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно машко лице за сума од 3.000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзиниот син и неговата сопруга предизвикале сообраќајна несреќа во која прегазиле дете и доколку не сака да лежат во затвор требало да плати, велат од МВР и додаваат: Како што е пријавено, таа парите ...

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе постапка против вкупно 43 лица кои со различни дејствија на компјутерски измами, фалсификување исправи и злоупотреба на лични податоци учествувале во повеќекратни измами на граѓани со „брзи кредити“, се вели во соопштението на ЈО За четворица од осомничените, меѓу кои и едно службено лице од Фондот за здравствено осигурување, е поведена истрага за кривични дела – Фалсификување исправа од член ...

Нина Бадриќ го одложи својот концерт во Белград, кој беше закажан за сабота, 12.04.2025 година, во белградска арена. Датумот на новиот концерт е 17 мај 2025 година. Не беше наведена точната причина за откажувањето. Одлуката за одложување на концертот ја донеле заеднички организаторот и пејачката. Иако не беше наведена конкретна причина за одложувањето, беше потврдено дека концертот ќе се одржи на истото место, белградска арена. „Одложен ...

Додека трговската војна меѓу Кина и САД влегува во нова фаза, кинеското Министерство за надворешни работи одржа редовна прес-конференција, на која доминира темата за царини и односите со Вашингтон. Портпаролот на Министерството, Лин Џијан, веднаш беше прашан за царините за што тој ги обвини САД дека ја користат трговијата како оружје за максимален притисок и се обидуваат да постигнат себични цели. „Овој потег не е само против Кина. Тоа е напад ...

На прашањето на пријател кој му е омилена филмска ѕвезда, оскаровецот не се двоумел – издвоил уште една гламурозна оскаровка. И тој не бил премногу загрижен што тоа е поранешната сопруга на неговиот стар пријател Бред Пит. Станува збор за Анџелина Џоли, која исто така моментално е сингл и не е видена со никој од нејзиниот развод во 2016 година. Анџелина претходно изјави дека сака да се фокусира на мајчинството и воспитувањето на своите шест ...

Додека убиство казна 2 години, Куче краде саати низ затвор, 1000 кила канабис исчезнува 62 жртви у нелегален клуб… Фино е да се види шо понуди попусти има за Велигден и за мај продолжен викенд? Значи апла на никој ништо не му смета… Твит на „Љубинка Сине“ Додека убиство казна 2 години, Куче краде саати низ затвор, 1000 кила канабис исчезнува 62 жртви у нелегален клуб… Фино е да се види шо понуди попусти има за Велигден и за мај продолжен викенд? ...

На 09.04.2025 во 16.45 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода Д.А.(31) од Куманово. На ул.„Теофан Економов” во Куманово, тој со возило „сеат леон” со кумнаовски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во мопед „хамачи” и патничко возило „фолксваген голф”, двете со кумановски регистарски ознаки, а по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на ...

Научниците од Универзитетот во Копенхаген ја изненадија јавноста со наодите од нова студија која покажува дека секојдневното конзумирање масно сирење може да има позитивно влијание врз здравјето, особено на кардиоваскуларниот систем и општата благосостојба. Во 12-неделната студија учествувале 139 лица поделени во три групи. Првата група секојдневно конзумирала по 80 грама стандардно, масно сирење, втората исто количество, но обезмастено сирење, ...

Коалицијата планира и ограничување на регулативата за Западен Балкан, која досега дозволуваше до 50.000 неквалификувани работници годишно да доаѓаат во Германија. Овој број ќе биде преполовен на 25.000. Миграциската политика е една од клучните теми во земјата заради финансискиот товар врз општините и министерството за социјала. Како показател за заострувањето МВР ќе му припадне на баварската партија ЦСУ, која е поконзервативна на оваа тема, ова ...

Последната песна со Андреј… Јас до вечерва неможев да слушам музика, неможев ни на facebook да гледам ништо… Уште неможам, уште закрепнувам ама пред малку ја пуштив да ја слушнам последната песна со Андреј што ја снимавме неколку дена пред да загине – кога му го слушнав гласот ме врати во живот, цела љубов и позитивна енергија на Андреј ми се врати во душата, а цела тага ми се претвори во уште поголема љубов, напиша на социјалните мрежи ...

Бројот на загинати во уривањето на покривот во ноќниот клуб „Џет Сет“ во Санто Доминго се искачи на најмалку 184, соопштија властите, додека потрагата по исчезнатите продолжува. Директорот на Центарот за вонредни ситуации Хуан Мануел Мендез изјави дека спасувачките тимови се уште се на терен во потрага по тела и можни преживеани, иако никој не бил пронајден жив до вторник попладне, пренесе АП. „Ние нема да оставиме никого. Продолжуваме да ...

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има локален дожд, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен, а во источните делови и вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец, соопшти УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните ...

По состанокот во Владата, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, изјави дека Владата не е пречка за зголемување на минималната плата, туку вистинскиот проблем доаѓа од страна на другите синдикати. „Само ССМ ги застапува интересите на работниците – бараме раст на платите во јавниот и приватниот сектор. Владата јасно кажа дека не се против зголемување на минималната плата“, рече Трендафилов. Тој посочи ...

Управата за извршување санкции извршила вонреден инспекциски надзор во КПД Штип, по инцидент во кој затворски полицајци помагаат на затвореник да пронајде топка со дрога префрлена во дворот на затворот, и сите документи денеска ги поднеле со кривична пријава во Обвинителство, информираше директорот на Управата за извршување на санкциите Александар Пандов. Од настанот во КПД Штип, како што информираше Пандов, денеска на заедничка ...

Во СВР Велес вчера во 08:28 часот било пријавено дека во близина на семејната куќа во село Ореше, Општина Чашка, бил пронајден починат 60-годишниот Т.М. од село Ореше. Како што информира денеска од СВР Велес, портпаролот Биљана Ѓаковска, лекар од Итна медицинска помош Велес констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,85 % во однос на одлуката од 8.04.2025 година. Од 10.4.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР ...

Од 1 април 2025 година во Грција стапија на сила правилата за т.н. „часови на тишина“, кои важат секое лето и ќе траат до 30 септември. Туристите кои планираат одмор или мини одмор во Грција треба да бидат внимателни – секое непочитување може да доведе до сериозна парична или дури затворска казна. Во рамки на полициската регулатива 3/1996, за време на „часовите на тишина“ е забранета секаква врева. Целта е да се обезбеди мир на жителите и ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
43%
1028
weather icon

Белград

21ᴼ / 18ᴼ
2.68
68%
1027
weather icon

Загреб

21ᴼ / 16ᴼ
0.0
71%
1027
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
63%
1029
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.99
44%
1026
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
94%
1028
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
4.12
41%
1023
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
77%
1024
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.0
53%
1025
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 20ᴼ
5.14
60%
1025
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 19ᴼ
1.34
66%
1026
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
3.6
55%
1026
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941