Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Синагога во белгискиот град Лиеж е оштетена од експлозија што се случи рано наутро во понеделник, објавија белгиските телевизиски куќи VRT и RTBF, повикувајќи се на локалната полиција. Нема повредени. Експлозијата, која се случила околу 4 часот наутро по локално време (03:00 GMT), ги искршила прозорците на синагогата, како и на зградата преку улицата. Властите ја блокираа областа, а специјализиран тим за борба против тероризмот го истражува ...
Основното јавно обвинителство Битола со координација на дејствија на Истражниот центар во тоа обвинителство и на СВР Битола откри разработена шема на измами на граѓани со лажни сообраќајни несреќи, преку која на подрачјето на ОЈО Битола во последните 2-3 месеци биле измамени над десет граѓани од кои биле извлечени вкупно над 60.000 евра и други вредни предмети. Бројот на вакви настани особено се зголемува од почетокот на февруари, од кога се ...
Во текот на оваа седмица повторно ќе имаме многу повеќе сонце особено од утре вторник 10-ти март 2026. Ќе бидеме под влијание на стабилна, сува и на релативно топла воздушна маса од југ која ќе условува да имаме релативно високи температури на воздухот преку ден и тие ќе бидат над просекот за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени, прогнозира Славчо Попоски. Сепак, наутро ќе биде релативно ладно со ...
Синдикатот на културата информира дека во среда пред Основното јавно обвинителство на прес-конференција ќе го објави поднесувањето кривична пријава против министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. На прес-конференцијата, како што соопштуваат, јавно ќе биде објавено поднесувањето кривична пријава против министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, поради, како што велат, постоење основано сомневање дека сторил кривични дела „Злоупотреба ...
Со приближувањето на летната туристичка сезона започнува трката за сезонски работници, а во понуда се работни места со плати кои достигнуваат и до 3.000 евра месечно, често со обезбеден сместување и храна. Сезонските работни места секоја година привлекуваат голем број луѓе кои бараат дополнителен или привремен извор на приходи, особено во секторите како туризмот, угостителството, земјоделството, градежништвото и логистиката. Според Милош ...
Глобалните енергетски пазари бележат драматични турбуленции откако цената на нафтата експлодираше над психолошката граница од 100 долари за барел. Овој берзански шок веќе ги предизвика првите верижни реакции на домашниот пазар, каде што започнаа ограничувањата за точење гориво. Берзански скок: Брент нафтата над 107 долари Светските берзи реагираат бурно, објави 4news.mk Според најновите податоци, цената на суровата нафта (CL) бележи остар ...
Холестеролот е масна супстанца која природно се создава во црниот дроб и има важна улога во организмот, како што се учество во варењето и создавање на хормони. Сепак, кога неговото ниво во крвта е зголемено, може да го зголеми ризикот од срцеви и мозочни удари. Лекарите најчесто препорачуваат намалување на таканаречениот LDL или „лош“ холестерол, особено кај лица кои имаат зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања. Покрај терапија, голема ...
Полицијата уапсила 40-годишен маж од селото Батинци откако под облеката на своето малолетно дете сокрил два пиштоли и муниција. Според информациите од СВР Скопје, случајот бил пријавен од 32-годишен роднина, кој навел дека таткото на осомничениот агресивно се однесувал кон него и му се заканувал со дрвен предмет. Потоа, С.Д. (40) му се заканил дека ќе употреби огнено оружје доколку го пријави случајот. По интервенцијата на полицијата, при ...
На 07.03.2026 во 12:50 часот во СВР Куманово, од Итната медицинска помош Куманово е пријавено дека на место викано „Света Петка“, општина Старо Нагоричане во возило од Итна медицинска помош Крива Паланка починала пациентката М.Т.(78) од Крива Паланка при пренос кон Општа болница Куманово. Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција. На 07.03.2026 во 12:50 часот во СВР Куманово, од ...
Вчера во 14:00 часот во СВР Куманово, Д.Е.(50) од с,Довезенце, кумановско, пријавила дека една од нејзините сестри на 31.12.2025 околу 22:00 часот ја известила дека починал нивниот брат М.П.(60) во домот во село Довезенце, во кој живеел со неговиот татко и партнерката А.Р од с.Младо Нагоричане, општина Старо нагоричане. После тоа, тие со уште една нивна сестра и зет отишле во домот во селото и го затекнале починат на кревет нивниот брат. ...
СВР Скопје-Единицата за насилен криминал-Одделение за крвни и сексуални деликти поднесе кривична пријава против Т.Т.(56) од Естонија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Во различен период во повеќе наврати, тој извршил полови дејствија врз 14-годишен малолетник. Извршен бил претрес во домот каде престојувал на подрачјето на Кисела Вода, при што биле пронајдени и одземени ...
Согласно законските измени во делот на управната постапка која се однесува на возачките дозволи и начинот на извршување на прекршочната санкција „Забрана за управување со моторно возило“, определена со правосилни судски пресуди, извршувањето на забраната повеќе не се врши со физичко впишување во возачката дозвола. Со ова се укинува потребата граѓаните дополнително да плаќаат за издавање нова возачка дозвола со впишана забрана, со ист рок на ...
Речиси 70% од испитаните македонски граѓани користат телефон или екран пред да заспијат, а повеќе од 40 отсто се соочиле со проблеми во спиењето во последниве три месеци. Повеќе од 63% од испитаниците се изјасниле дека спијат од 5-7 часа во текот на ноќта, 11,6% спијат помалку од 5 часа, додека 22,8% спијат од 7 до 9 часа. Ова се дел од резултатите од анонимната онлајн анкета што ја спроведе ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија во ...
На 05.03.2026 во 16:55 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.А.(25) од скопско по претходна пријава дека на 23.02.2026 во неговиот дом физички нападнал 22-годишна жена со која претходно се запознале, а истата пристигнала од Германија и извршил обљуба, и упатувал закани, а исто така во периодот додека била во неговиот дом не и дозволувал да излезе сама и и го зел нејзиниот мобилен ...
Утрово во 06:00 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.З.(54) од село во општина Сарај. Според пријавеното, тој околу 05:00 во домот под дејство на алкохол физички ја нападнал неговата неговата 15-годишна ќерка, но неговиот син успеал да ги радели. Увид извршила екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. Утрово во 06:00 часот во скопско, полициски службеници ...
Светот се преврте наопаку во последните триесет години, и се чини дека ова почна да се чувствува и во спалната соба. Сè повеќе истражувања покажуваат дека луѓето денес имаат помалку секс отколку пред 30 години и дека многумина доживуваат забележителен пад на либидото. Ова не е проблем само на една личност: трендот се забележува и кај луѓето во долги врски и бракови. Експертите нудат неколку можни објаснувања зошто се случило ова, пишува ...
Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска одржа прес-конференција на која информираше за новините предвидени во Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за евиденциите од областа на здравството, со кои правиме значаен чекор кон целосна дигитализација на здравствениот систем. -Со ова законско решение, кое деновиве ќе биде поставено на ЕНЕР, се надминуваат досегашните ограничувања во системот на здравствени евиденции и се ...
Ќерката на Јохан и Соња Тарчуловски – Мелани Тарчуловска во шоуто на Давид Давидовски проговори за тешкиот период од својот живот низ кој минувала. „Додека Јохан е во затвор, твојот брат е направен во Хаг“, во еден момент вели водителот Давид, а Мелани го потврдува тоа како точно и додава дека од љубовта на нејзините родители произлегло уште нешто убаво. „Тоа е мојот помал брат“, вели Мелани. Водителот говореше и за шпекулациите кои долго ...
Ви го донесуваме најдобриот рецепт за кремаста салата што ќе ги воодушеви и гостите и членовите на семејството. Најубава е кога е топла, но е одлична и млака, па затоа често се подготвува како предјадење за празнична трпеза или лесна вечера. Состојки: 2 поголеми парчиња праз 400 г печурки (шампињони или буковки) 3 лажици масло 1 мал кромид (по желба) 3-4 лажици посен мајонез 1 лажица сенф (благ или средно лут) Сол по вкус Мелен црн пипер по ...
СветВелика Британија: Не патувајте во Кипар поради ризик од тероризамОбјавено пред 7 минути – 6 март, 2026Од В. Ј. / Макфакс Велика Британија денес ги предупреди своите граѓани да не патуваат во Кипар бидејќи ризикот од терористички напад во таа област не може да се исклучи, објави Би-Би-Си. Службата за надворешни работи и развој изјави дека постои високо ниво на закана од вакви напади на глобално ниво. Како што се додава во соопштението, ...
Истражувањата покажуваат дека разликата меѓу филтер-кафето и „турското“ кафе, кое е најзастапено на Балканот, не е само во вкусот, туку и во долгорочните последици по кардиоваскуларниот систем. Еден начин на подготовка може да дејствува заштитно, додека друг тивко го зголемува нивото на лошиот холестерол. Кафето природно содржи масла наречени дитерпени. Овие супстанции можат да го зголемат нивото на холестерол во крвта, но според научниците, ...
Македонија(Видео) Мицкоски, зошто не го вративте името, прашува ЖерновскиОбјавено пред 1 минута – 6 март, 2026Од В. Ј. / Макфакс Директна порака до владејачката партија: Ветивте на народот враќање на името. Ветивте на народот дека ќе го поништите Преспанскиот договор. Нас нè обвинивте дека сме предавници. Но, еве веќе втора година сте на власт и никаков потег немате во тој правец, истакна на прес-конференција Андреј Жерновски – член на ...
Во време на зовриени глобални тензии и воени конфликти на Блискиот Исток и во Украина, јавноста повторно се потсетува на енигматичните зборови на познатата бугарска мистичка, Баба Ванѓа. Иако почината пред три децении, нејзините наводни предвидувања за 2026 година предизвикуваат немир кај многумина. Следбениците на Баба Ванѓа тврдат дека таа навестила „голем глобален конфликт“ кој би започнал токму оваа година. Според овие толкувања, војната ...
Јавното обвинителство на Република Македонија денеска соопшти дека врз основа на информациите објавени во медиумите за констатирани неправилности при извршениот инспекциски надзор во Центарот за социјални работи (ЦСР) во врска со случајот со смртта на мајката и девојчето кои паднаа од шести спрат во Карпош, оформило предмет по допрен глас и го проследило на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Скопје. ОЈО Скопје, како што ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера, на 52-годишна возраст загинал нивниот колега Љупчо Бучукоски, оперативен работник во Регионалниот центар за управување со кризи во Битола. Во соопштението од ЦУК се наведува дека Бучукоски бил долгогодишен и посветен професионалец, кој со својата работа и човечност оставил силен печат меѓу колегите и во заедницата. „На 05.03.2026 година, во ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, посочи дека постојат сомнежи дека системот „Сејф сити“ штити луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во соопштението од СДСМ. Филипче рече дека СДСМ го поддржува подобрувањето на безбедноста во сообраќајот, но дека остануваат отворени прашања околу контролата и управувањето со податоците што ги собира системот. „Што се ...
На 06.03.2026 во 00:40 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(55) одСкопје поради сомнение дека од пиштол пукал кон неговата 48-годишна сопруга, се заканувал на нивните три ќерки на возраст од 26, 24 и 18 години и физички ја 24-годишната ќерка. Според пријавеното, на 01.03.2026, по претходна расправија во домот, тој од пиштол испукал еден куршум кој завршил во прозорецот, по што отишол ...
Новите истражувања покажуваат дека се поголем број жители на ЕУ размислуваат да ја напуштат Германија. Дел од причините се економски, односно растечките трошоци за домување, високи животни расходи, но и дискриминација и чувство на неприпадност Според истражување на германската влада за миграции и интеграција, дури 35 отсто од испитаниците размислуваат за заминување, а 13 отсто веќе презеле конкретни чекори. Интересно, првпат во последните 15 ...
Поранешниот пратеник и јавен работник Благојче Трпевски почина, а веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја сподели поранешниот премиер Димитар Ковачевски, кој изрази сочувство до неговото семејство и блиските. Ковачевски во својата објава истакна дека Трпевски ќе биде запаметен како исклучително чесен, принципиелен и искрен човек, кој во текот на својата кариера оставил значаен белег во јавниот живот. „Денеска не напушти Благојче ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Денес и утре (6/7 март 2026) територијата на Македонија ќе биде под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на релативно топла и стабилна воздушна маса од југ која ќе услови да имаме претежно сончево и релативно топло време преку ден со слаб до умерен ветер од променлив правец. Ќе има и појава на мала локална облачност. Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период ќе имаме стабилно, ...