Пристигна првиот пациент кој се лекуваше во странство. Станува збор за Дарко Стојанов кој во моментов е во добра здравствена состојба. Беше пречекан од министрите за здравство и за надворешни работи, Арбен Таравари и Тимчо Муцунски. Предмалку заврши прегледот од конзилиумот во Клиниката за Токсикологија. Тука ќе биде задржан најмалку 24 часа. Според протоколите на Кризниот штаб во Министерството за здравство, формиран по трагедијата во Кочани, ...

Човекот, вообичаено, не може да се сети на првите две години од својот живот. Тоа е затоа што, едноставно, немаме пристап до тие спомени подоцна во животот, според ново истражување. Научниот труд, објавен во списанието „Сајенс“ (Science), испитува 26 доенчиња на возраст од 4,2 до 24,9 месеци, поделени во две возрасни групи: Помали од една година, и меѓу 12 месеци и двегодишна возраст. При експериментот, бебињата биле набљудувани во тн. „ФМРИ“ ...

Дванаесетмина повредени кои се лекуваа во болниците во Скопје се пуштаат на домашно лекување. Бројот на хоспитализирани во земјава падна под 30. Почна враќањето и на повредените од странство, но, на најкритичните им се влошила ситуацијата. Неколку западноевропски држави понудија подолгорочна рехабилитација – овие работи денеска ги истакна министерот за здравство, Арбен Таравари околу најновиот пресек со информациите за граѓаните кои беа ...

Црвениот крст изврши исплата на средства на семејствата на починатите и повредените лица кои се лекуваат во странство од трагичната несреќа во Кочани. „Со исплатата вкупно се опфатени 58 семејства од починатите лица вклучувајќи го и починатиот возач на Брзата помош во Кочани, и 91 семејство од повредените лица кои се хоспитализирани во болниците надвор од нашата држава. За секое лице е исплатено 150.000,00 денари. За две семејства од починатите ...

Почитувани граѓани, почитувани медиуми, сериозноста на трагедијата во Кочани која ја погоди цела Македонија и во која заубивме 59 млади животи гласно повикува на непристрасна истрага за лоцирање на одговорноста од сите, без исклучок. Од првиот ден СДСМ дава силна поддршка на независна, темелна и неселективна истрага која ќе лоцира одговорност за сите поранешни и сегашни функционери, службеници и политичари. Државата, институциите, мора да ...

Од април ќе се исплаќа законски предвидениот минималец или околу 2 200 денари повеќе од сегашната минимална плата, рече денеска премиерот Хртистијан Мицкоски. Според него, доколку следните месеци дојде до договор меѓу работниците и работодавачите за повисок износ, ќе се направат законски измени и дополнително нивелирање. – Денеска имаме владина седница, разговарав со министерот за економија, ќе поминеме информација. Согласно Законот мислам дека ...

Под влијание на циклонска активност до крајот на месецот времето ќе биде пороменливо облачно со честа појава на повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и силен ветер (над 70 км/ч), особено од четврток. Во овој период локално се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 60 л/м2). Во Скопје, до крајот на месецов времето ќе бидепроменливо облачно со ...

По преземени мерки и активности и по претходно добиени сознанија, на 24.03.2025 околу 19.30 часот во објект во с.Студеничани, скопско, сопственост на М.Ш.(50) од с.Студеничани, полициски службеници пронашле шест лица мигранти, кои со употреба на сила и закани биле држани во објектот. Во врска со настанот, а поради сомнение дека сториле кривично дело по член 418б од Кривичниот законик, од слобода бил лишен сопственикот и Ќ.Ш.(25), У.Ш.(26) и ...

И по 24 часа од поставените легитимни прашања на СДСМ кон МВР и Јавното обвинителство, одговор нема. Ова е крајно загрижувачки, ако се земе предвид сериозноста на на трагедијата за која мора да има целосна одговорност на сите сегашни и минати функционери, службеници и политичари. Ова го велат од СДСМ во соопштение кое ви го пренесуваме во целост: СДСМ е многу загрижена дека оваа истрага е селективна и води само кон минати функционери и ...

Уште еден хорор ја потресе Македонија. Полициски службеници од СВР Штип вчера во 17.05 часот го лишиле од слобода болничарот Т.Ј. (60) кој се сомничи дека на работното место во Клиничката болница – Штип допирал по телото малолетничка од Радовиш, која била на пракса во болницата. Како што информира СВР Штип, Т.Ј. е задржан во полициска станица, а за случајот е запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена ...

Добра вест по хоророт во Кочани кога избувна пожар во дискотеката Пулс при што загинаа 59 лица, а повеќе од 160 се повредени и се на лекување во земјава, регионот и странство. Младиот Јован Костадинов од Виница кој како вистински херој спаси 21 живот од пламените јазици во Пулс, е пуштен дома од болница. – „Постојат моменти кога зборовите не се доволни, а ова е еден од нив. Како да се опише душа толку храбра и несебична, која во мигови на паника ...

Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот остров на Нов Зеланд, соопштија локалните власти. Според соопштението, земјотресот бил на длабочина од 33 километри, на околу 160 километри северозападно од островот Снарес. Жителите на регионите Саутленд и Фиордленд се предупредени да бидат подалеку од плажите и морските области бидејќи силните струи може да претставуваат опасност, соопшти Националната ...

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Р.(26) од Скопје затоа што околу 13.50 часот на бул. “Партизански одреди” во Скопје со патничко возило “ауди” со скопски регистерски ознаки, удрил во малолетен пешак и малолетник кој туркал велосипед. Двајцата малолетници со Итна медицинска помош се пренесени во клинички центар “Мајка Тереза” во Скопје за укажување лекарска помош. Извршен е увид од СВР Скопје и надлежен обвинител. ...

Социјалната работничка која беше застрелана во Прилеп е повредена и е вон животна опасност, информираше Јавното обвинителство. Дежурен јавен обвинител извршил увид на самото место. Напаѓачот подолго време ја демнел жртвата, а имал избегано од психијатриска институција, соопшти Јавното обвинителство. „Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место во простории на Центарот за социјални работи – Прилеп ...

Граѓаните вчеравечер пристигнаа пред Владата на Република Македонија од каде побараа оставка од сите членови на истата. Најпрво следеше повторен молк за загинатите млади животи, за потоа граѓаните да продолжат да извикуваат “УА”, “Убијци” и “Цела Влада оставка”. И покрај дождот огромен број на граѓани, околу 5 илјади, дојдоа да бараат одговорност и промена на системот кој како што велат убива. Протестниот марш започна од Плоштад Македонија, па ...

– Денес ми е роденден. Не те славам. Не ми се пие и пее. Децата изгореа во песната, музичарите паднаа на бината. Како ноти што никогаш не добиваат рефрен, напиша денеска Никола Перевски Пере , од „Нокаут“ на социјалните мрежи, по повод својот роденден. Децата изгореа во песната, музичарите паднаа на бината. Како ноти што никогаш не добиваат рефрен. Некои си отидоа пеејки. Други со рацете на жиците. Сцената ги прегрна мајка како што не пушта и ...

Во Подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) во Кочани уште од 2012 година не е пополнето работното место за инспектор за заштита од пожари, откако претходниот заминал во пензија во март истата година. Според официјално достапните податоци од Дирекцијата, испразнети се половина од предвидените работни места за инспектори во државата, односно во моментов ангажирани се само петнаесетина, од кои најголем дел во Скопје. Пред ...

Вработена во прилепскиот Центар за социјални работи е ранета од огнено оружје денеска нешто пред 14 часот, во просториите на Центарот. Веднаш е пренесена во прилепската болница и според првичната информација од директорот на Болницата, таа е во стабилна состојба. Од службата за итна помош биле повикани во Центарот да укажат помош во 13:55 часот. Според началникот на Итната помош, Боше Милошески, 38-годишната социјална работничка има прострелна ...

За жал, не живееме во свет без војни, глад, болести и несреќи. Соочени со реалноста, особено во последните неколку години, на многумина им е тешко да останат смирени и прибрани. Познатата психотерапевтка Естер Перел која повеќе од 30 години ги советува луѓето кои имаат проблеми со љубовта, неверството, тагата и осаменоста, беше гостинка во поткастот на „Њујорк магазин“ и откри седум начини да останете смирени кога ви се чини дека светот се ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,04 % во однос на одлуката од 17.03.2025 година. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,00 ден/лит. ...

Од досегашниот правец на истрагата и информациите кои се соопштени во јавноста за трагедијата во Кочани, СДСМ стравува дека оваа истрага ќе биде селективна, истакна на денешната прес-конфренција, организациониот секретар на СДСМ, Мартин Костовски. Тој потенцираше дека откако министерот Тошковски извести дека првата фаза од истрагата е завршена и се сомничат 32 лица, денеска тој и обвинителот Коцевски мора да одговорат на повеќе легитимни прашања ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави Јавен оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за 2025 година, наменета за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија. Оваа мерка е дел од Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година (“Службен весник на Република Македонија” бр. 34/25), со цел да се обезбеди директна поддршка за граѓаните на кои им е ...

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска информираше дека тим од пластични хирурзи ќе престојува во Кочани за пациентите кои ќе бидат на домашно лекување откако ќе се вратат од клиниките, да можат да ја добијат потребната поддршка и терапија, а притоа да не патуваат. -Ние веќе работиме со редовни програми на нашите клиники, и така ќе продолжиме. Денеска зборувавме и за тоа. Бидејќи повеќето пациенти се од Кочани, тим од пластични хирурзи ...

Како што Северна Македонија водена од сегашната влада, се оддалечува од патот кон членство во ЕУ, таа се повеќе се усогласува со блокот што ги вклучува и Унгарија, Русија, Србија и Кина. Со поддршка на нелиберален владин модел, финансирање на националистички медиуми и заштита на политичките сојузници како Груевски и Мицкоски, Орбан го консолидира своето долгорочно влијание на Балканот, вели за Еуроњуз Димитар Керанов, експерт во Германскиот ...

– Денеска околу 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Волково, скопско, имало пукање од огнено оружје, при што неколку лица биле повредени. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Р.Ц. и М.Н. од здобиените повреди починале на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со повреди се здобил и еден малолетник, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Како можен ...

Во текот на викендот на подрачјето на Скопје, Прилеп, Охрид и Куманово од страна на полициски службеници од слобода биле лишени вкупно 17 лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик односно поради непочитување на одлуката на Владата за седумдневна жалост. Притоа, на подрачјето на Скопје, приведено е едно малолетно лице, како и управител на угостителски објект, на подрачјето на Прилеп се ...

Во последните десет години просечната плата во Македонија пораснала за околу 97%. Но, и покрај континуираниот раст, Македонија останува речиси на дното во Европа и регионот според висината на просечната плата. Просечната плата во јануари 2015-та била 21.828 денари, а со последната обајава на Државниот завод за статистика, просечна плата во јануари 2025 изнесува 43.050 денари(700 евра). Повеќе од нас заработуваат работниците во Србија, во просек ...

Вообичаените нарушувања на спиењето понекогаш може да бидат предизвикани од обилни оброци пред спиење, топлина или некој трет надворешен фактор, но ако се будите секоја вечер во исто време, можеби страдате од несоница. Дали сте од оние луѓе кои, без разлика колку рано одите во кревет, секоја вечер се будите помеѓу 2 и 3 часот по полноќ? Излегува дека овој феномен, познат како будење на сред ноќ (MOTN), е доста чест. Едно истражување покажа дека ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 20 март, одзел пари во вкупен износ од 10.100 евра од менувачница на улицата „Архиепископ Ангелариј“. Го искористил моментот кога вработениот во менувачницата, поради зафатеност со работни обврски, кратко излегол надвор, па ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 62 до 22 степена. Во Скопје, променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 22 степена. Следува период на променливо облачно време со ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
63%
1028
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
2.68
72%
1027
weather icon

Загреб

18ᴼ / 13ᴼ
1.54
79%
1027
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
76%
1029
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
1.83
54%
1027
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
96%
1028
weather icon

Атина

21ᴼ / 20ᴼ
3.09
46%
1022
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
77%
1024
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
53%
1026
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 17ᴼ
3.6
63%
1026
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
88%
1026
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
0.0
59%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941