Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Температурите ќе се движат од 3 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. До крајот на оваа седмица ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени ...

На 22.04.2025 во 17.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат од с.Горњане кон с.Блаце, скопско, товарно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(46) од с.Желино, тетовско, излетало надвор од коловозот. -Од здобиените повреди на местото на настанот починал Б.Ш., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, информира МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија ...

Поминаа десет месеци од како ВМРО-ДПМНЕ е на власт. Десет месеци што беа доволни да излезе на површина неспособноста, неодговорноста и целосната незаинтересираност на оваа Влада за животниот стандард на граѓаните. Македонија економски не оди напред како што ветуваше ДПМНЕ во кампањата. Економијата е заглавена, стандардот е урнисан, граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Владата наместо конкретни решенија, нуди измами и шминка, порача денеска на ...

Луѓето со висок крвен притисок треба да јадат повеќе храна богата со калиум како бананите, според тимот на научници со седиште во Канада. „Нашето истражување сугерира дека додавањето на повеќе храна богата со калиум во исхраната, како што се бананите или брокулата, може да има поголем позитивен ефект врз крвниот притисок отколку едноставното намалување на солта“, вели Анита Лејтон од Универзитетот во Ватерло. Вообичаено рангирани заедно со ...

Првообвинетот во предметот заа убиството на Вања и Панче, Љупчо Палевски Палчо потенцираше дека притисок се правел врз Велибор Манев како и врз Ерол Османи кај кого бил да поправа котли во периодот на убиството на Панче Жежовски. Тој уште тврди дека не постојат информации од базните станици за критичните денови. Според Телеком јас никогаш не сум бил во Бутел ниту на 22 ниту 28 ноември, што е речиси невозможно котлите на Ерол да бидат поправени. ...

Министерството за здравство информира дека денеска пет пациенти од повредените во трагедијата во Кочани ќе се вратат од лекување од Клиничкиот центар во Србија, по што согласно протоколот тројца ќе бидат под опсервација на Клиниката за пулмологија и по еден пациент на Клиника за пластична хирургија и во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“. Во текот на вчерашниот ден еден пациент се врати од лекување од Хрватска и се наоѓа под опсервација на ...

Рајан Гуд, долгогодишен пријател на Џастин Бибер и ко-основач и креативен директор на неговиот моден бренд Drew House, верува дека пејачот е под влијание на култ. Според извори блиски до ТМЗ, Гуд не бил во контакт со Бибер повеќе од една година бидејќи е загрижен за неговата поврзаност со пасторот Џад Смит. Рајан наводно одлучил да ја напушти црквата Черхом во Беверли Хилс, каде Смит е еден од главните водачи. Гуд верувал дека Црквата ...

Канје Вест не знае да сопре кога ќе почне да твитува, па така било и овој пат кога објавил крајно морничава исповед на оваа социјална мрежа Канје Вест сè уште е во брак со Бјанка Цензори, но таа никако не може да го контролира неговиот чуден карактер. На Велигден, Канје Вест сите ги шокирал со својата исповед за инцест, односно детално го опишал интимниот чин што го имал со роднина. Во твитот објавен од профилот на раперот пишува дека објавува ...

На 22.04.2025 во 21.25 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во 20.30 часот во Клиничката болница Штип починал затвореникот Д.Д.(83) од Македонска Каменица. Според пријавеното, околу 14.00 часот тој бил пренесен во болницата со влошена здравствена состојба, а во 20.30 часот починал. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид извршила екипа од СВР Штип. За настанот бил запознаен ...

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 44-годишен скопјанец кој се товари дека сторил кривично дело – Демнење од член 144-а став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од јули до октомври 2023 година обвинетиот повторено неовластено ја следел неговата поранешна сопруга, настојувајќи да воспостави несакан контакт со неа. Постојано и се јавувал на телефон, и праќал пораки, се движел околу зградата ...

Не случајно народот вели “Парите дупчат каде ниту бургијата не може!”. Со недели слушаме како ДУИ рони крокодилски солзи за истрагата во Кочани, каде според нив, неосновано се осомничени нивни поранешни функционери. Сепак, вистината е многу сурова. Ахмети наместо да се грижи за неговите поранешни министри за економија, Бектеши, Незири, Сарачини, Кучи, нему единствен фокус му е Пуцко и неговата фамилија, велат од ВЛЕН. За него не е важно што ...

Според најновите податоци од Државниот завод за статистика (ДЗС), просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари годинава достигнува 43 053 денари. Во споредба со февруари претходната година, месечната нето-плата по вработен бележи пораст од 9,6 проценти. Од ДЗС објаснуваат дека ова покачување првенствено се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во неколку клучни сектори. Тоа се: Дејности ...

Магазинот „Пипл“ го лансираше изборот на најубавите луѓе на светот во 1990 година. Целта на проектот е да ги доближи читателите до познатите личности кои ги кршат стереотипите за убавина и на тој начин ги инспирираат другите. Историски има некои од водечките холивудски ѕвезди на денешницата, вклучувајќи ја првата насловна ѕвезда Мишел Фајфер, како и Џулија Робертс, Бијонсе, Кејт Хадсон и многу други. Оваа година титулата за најубава личност ...

Јачменот е хранливо богато жито кое паднало во сенка на другите, попопуларни видови. Но, уште од античко време е позната како храна која лесно се вари, содржи многу влакна и затоа е добра за интестиналниот мотилитет, на организмот му ги обезбедува потребните витамини како што се витамините Б, А и Е. Исто така, јачменот содржи голема количина лизин, аминокиселина која активно учествува во синтезата на колаген. Оваа супстанца е градежно ткиво на ...

Турција ги забрани планираните (немедицински оправдани) породувања со царски рез во приватните здравствени установи според новите правила објавени од Министерството за здравство минатата недела, пишува Turkish Minute. Одлуката, која наиде на остри критики од опозициските политичари и организациите за човекови права, уследи по жестоката национална дебата за практиките на породување. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган долго време го ...

По Велигден на сите ни останаа многу велигденски јајца во ладилникот, а она што е најважно е да знаеме до кога се јадат, бидејќи не ретко се случува болниците да се наполнат по празниците, поради прејадување и труење. Свежите јајца во фрижидер можат да стојат четири до пет недели. Но, тврдо варените јајца побрзо се расипуваат од свежите бидејќи со варењето се измива заштитната мембрана и преку лушпата можат да влезат бактерии. Така во ладилник ...

За погребот на папата Франциск се очекува в сабота наутро на плоштадот Свети Петар во Ватикан да присуствуваат над 200.000 луѓе, оцени Комитетот за јавен ред и безбедност на седница со која претседаваше италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедоси. Во Рим се очекува да пристигнат најмалку 100 странски делегации. Како што е најавено, повеќето странски делегации ќе пристигнат во Рим в сабота и ќе заминат во текот на денот, додека ...

Со 69 гласа „за“ и поддршка од 15 пратеници од немнозинските заедници, Собранието денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за медиуми. Најзначајната новина е вклучувањето на интернет-порталите како официјални медиуми, со обврска да се регистрираат во посебен Регистар што ќе го води Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). Со овие измени, порталите што сакаат да се идентификуваат како медиуми ќе мора да достават ...

Даночните обврзници имаат рок до петок да поднесат ДДВ – 04 пријави, потсетува Управата за јавни приходи. „Со цел да се обезбеди непречено поднесување на ДДВ-04 пријавите за овој даночен период, ИТ тимовите на УЈП ќе работат и во попладневните часови. Процесот на поднесување на ДДВ – 04 пријавите се одвива непречено и заклучно со вчерашниот ден, 22 април 2025 година од очекуваните 40.885, вкупно 12.202 даночни обврзници поднеле ДДВ-04 пријави, ...

Државниот завод за ревизија (ДЗР) констатира повеќе системски слабости во работата на Бирото за развој на образованието, кои ги објавува во извештајот за Извршената ревизија на регуларност за 2024. Според ДЗР, за раководење на Бирото е именуван в.д. директор кој ја извршувал функцијата над пет години, извршени биле исплати за надоместоци за надворешни соработници врз основа на правилници кои се донесени во претходниот период, чие усвојување е во ...

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека до неколку граѓани и правни лица, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на МВР и ЕВРОПОЛ, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, а Секторот за компјутерски криминал при МВР веќе презема соодветни мерки и активности за законско санкционирање на сторителите. Секторот за компјутерски ...

Објавен е Јавен конкурс за изработка на заштитен знак (лого) на Собранието на Република Северна Македонија со цел законодавниот дом да го модернизира и изедначи својот институционален, визуелен идентитет преку изработка на заштитен знак, кој треба да ги одразува националните вредности и вредностите, мисијата и визијата на институцијата, соопшти денеска собраниската прес – служба. Во Јавниот конкурс се посочени главните елементи што треба да ги ...

Поранешниот потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи е ограбен. Дел од медиумите пишуваат дека од домот му бил украден сеф. -На 21.04.2025 во 11.40 часот во СВР Скопје, Ф.Б.(49) од Скопје пријавил дека во периодот од 07.30 часот на 18.04.2025 до 03.00 часот на 21.04.2025, со употреба на сила и погоден алат било влезено во неговиот дом на подрачјето на Бутел во Скопје и биле одземени пари и други предмети, потврдуваат од МВР. Од МВР додаваат дека ...

Им забраниле да му пишат казна на куварот под дејство на алкохол оти лично баџанакот на Мицковски дошол да ургира. Настрадале полицајците ?! Настанот се случил на ден 02.03.2025 год, по полноќ од 01:30 до 02:00 часот, место на стопирање – Булевар во Струмица. Собраќајна полиција запира возач- учесник во собраќај – Славе Ристов, вработен како главен кувар во ресторантот Шалом. Ресторант добро познат кој е сопсвеник баџото на Премиерот Христијан ...

Патот кон Европската унија трае предолго, но не смее да се откажеме, мораме да се обединиме бидејќи кога сме заедно ги обединуваме сите капацитети и нема пречка што не можеме да ја совладаме, оцени денеска Венко Филипче, претседателот на СДСМ на дебатата на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции за придобивките од Реформската агенда 2024 – 2027. Тој во своето обраќање на отворањето на дебатата истакна дека ...

Регулаторната комисија за енергетика излезе со најновата одлука за цената на горивата и нафтените деривати. Според неа, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,212 ден/кг и сега ќе изнесува 36,780 ден/кг. Од 23.4.2025 година од 00:01 часот, максималните цени на нафтените ...

На магистралниот пат Кичево-Охрид, вчера попладнр кај планинскиот превој „Пресека“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ф.К.Л.(53) од Франција и „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.К.(42) од Куманово. -Во несреќата, возачот на возило „киа“ и сопатничката К.К.А.Е. (19) од Франција се здобиле со тешки телесни повреди, додека возачот на возилото ...

На 19.04.2025 во 11.30 часот на патот кон с.Гиновце, општина Ранковце, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Т.М.(47) од Крива Паланка, кој управувал патничко возило „бмв“ со кривопаланечки регистарски ознаки, со поголема брзина од дозволената, односно со 142 км на час на место каде дозволената максимална брзина е 70 км на час. Т.М. бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на ...

За големиот празник Велигден уживавме во четири дена одмор, а по овој продолжен викенд во кој не послужи и времето, следува уште еден неработен ден. Следен неработен ден е 1 Мај кој се паѓа во четврток. За сите граѓани на РСМ 1 мај (четврток), Ден на трудот 24 мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители, 2 август (сабота), Ден на Републиката, 8 септември (понеделник), Ден на независноста, 11 октомври (сабота), Ден на ...

Социјалната мрежа „Инстаграм“ почнува да користи вештачка интелигенција за да утврди дали помладите корисници ја лажираат возраста на апликацијата, соопшти денеска компанијата „Мета“, која е сопственик на оваа платформа. „Мета“ веќе извесно време користи вештачка интелигенција за одредување на возраста на корисниците на различни апликации, а „Инстаграм“ сега, како што е наведено, проактивно ќе проверува профили за кои постои сомневање дека им ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
40%
1027
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
2.68
69%
1027
weather icon

Загреб

22ᴼ / 19ᴼ
0.0
69%
1027
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
48%
1028
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
37%
1026
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.51
92%
1028
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
4.12
39%
1023
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
78%
1023
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.0
56%
1025
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 21ᴼ
3.09
53%
1025
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 19ᴼ
1.54
58%
1026
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
52%
1026
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941