
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Откако цените на храната во Словенија драстично се зголемија во првата половина од годината, словенечките трговци сега ги намалуваат, а некои производи поевтинија и до 50 отсто. Синџирот маркети „Хофер“ извести дека се намалени цените на млечните производи, месото, рибата, маслото, оризот и тестенините. Од „Шпар“ – Словенија соопштија дека ги намалиле цените на 1.400 производи во просек за 11 отсто, но некои производи поевтиниле и од 40 до 50 ...
Владата на седницата која се одржа утринава донесе неколку Одлуки со кои се намалуваат царинските давачки од 65, 55 и 45 отсто на 10 отсто за повеќето производи кои спаѓаат во категоријата овошје и зеленчук, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши Во оваа група не спаѓаат доматите, краставиците и пиперките, имајќи во предвид дека ќе им се даде дополнителен рок на нашите производители на овие производи до 1 декември за да го снабдуваат и ...
Трговската компанија „Жеронимо Мартинс“ го претстави планот за проширување на синџирот супермаркети „Ара“ во Колумбија на 1.300 продавници до крајот на годината. „Жеронимо Мартинс“ се надева дека уделот на „Ара“ ќе достигне до 20% од неговата вкупна продажба во следните 10 години. За да ја постигне оваа цел, бројката на продажни објекти треба да биде од 3.000 до 4.000 продавници. Во првата половина на 2023 година „Ара“ објави продажба од 1,1 ...
Повеќето од потрошувачите во Германија сакаат кога има предупредувачки ознаки на пакувањата, во кои е сменето количеството. Германската организација за потрошувачи „Стифтунг Варентест“ неодамна предупреди на скриени зголемувања на цените. Во речиси идентично пакување, на кое се навикнати потрошувачите, се пакува помало количество производи и често се продава по иста цена. Во истражувањето 77 отсто од испитаниците изјавиле дека продавниците ...
Повеќето од потрошувачите во Германија сакаат кога има предупредувачки ознаки на пакувањата, во кои е сменето количеството. Германската организација за потрошувачи „Стифтунг Варентест“ неодамна предупреди на скриени зголемувања на цените. Во речиси идентично пакување, на кое се навикнати потрошувачите, се пакува помало количество производи и често се продава по иста цена. Во истражувањето 77 отсто од испитаниците изјавиле дека продавниците ...
Европската Унија ја укина делумната забрана за увоз на жито од Украина, барајќи наместо тоа Киев доброволно да го спречи скокот на извозот во соседните земји. Полска, Унгарија, Романија и Словачка побараа ограничувањата за четири житарки, вклучително и пченицата и пченката, да бидат продолжени до крајот на годината за да ги заштитат нивните земјоделци од евтината конкуренција. Брисел заклучи дека нарушувањата на пазарот во земјите-членки на ЕУ ...
Компанијата „Кожувчанка“ се приклучува во реализација на швајцарскиот проект воден од М6 Едукативниот центар, со кој приватниот сектор ќе се ангажира за развој на кадарот во државата. Месецов во Кавадарци повеќе компании од приватниот сектор, меѓу кои и „Кожувчанка“, го најавија своето партнерство со кое ќе помогнат во развој на стручниот кадар кај нас. На панел дискусијата „Патека кон прогресот: Вклучување на приватниот сектор во ...
По повод Ноќта на вештерките (31 октомври), „Кока-Кола“ претстави Fanta со црна боја на северноамериканскиот пазар. Новата Fanta е дел од пошироката кампања на брендот „What The Fanta?“, која беше лансирана минатата година. Во рамките на кампањата „Кока-Кола“ лансира неколку нови пијалаци Fanta, чии вкусови потрошувачите мораа самите да ги откријат. Освен што е најавено дека новата Fanta ќе биде без шеќер и ќе ги обојува јазиците на консументите ...
Модерната, иновативна продавница без каси и скенирање на артикли е целосно приспособена на потрошувачите, а вратите ги отвори на 20 септември во Загреб. Во првата смарт продавница без каса отворена во регионот, на Курелчева 1 во Загреб, потрошувачите можат да го внесат и скенираат QR кодот од мобилната апликација Konzu, да ги земат саканите артикли од полиците и едноставно да заминат. Плаќањето за купените артикли ќе се врши автоматски преку ...
Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека Владата одлучила да ја прошири листата на производи со „гарантирана цена“. По анализите на Владата, како што рече, било утврдено дека треба да има дополнително намалување на цените. Кај некои производи намалувањето ќе биде од 10 до 30 проценти. На денешната листа влегуваат и безалкохолните пијалаци, газираната и негазираната вода и пивото. Како што истакна Ковачевски, на предлог на Министерството за ...
„Алди“ ќе инвестира 1,4 милијарди фунти во следните две години за да го прошири својот бизнис низ Велика Британија. Тоа доаѓа откако германскиот дисконтер објави дека неговиот оперативен профит се зголеми за 196% на 178,7 милиони фунти во текот на 12 месеци до декември 2022 година, што е зголемување од 60,2 милиони фунти во споредба со една година порано. Продажбата во тој период достигна највисоко ниво во последните 33 години, зголемувајќи се ...
Околу 1.200 деца се пријавија на Детската трка во организација на компанијата „Виталиа“, која се одржа во Градскиот парк во Скопје. Како што соопштуваат од компанијата, паркот бил полн со забава, смеа и детска радост, а сите учесници добиле и пакети со производи на „Виталиа“. Се надеваме дека на овој начин дадовме добар пример како една компанија треба да ја развива својата општествена одговорност и да поттикнува здрави навики од најмала ...
Министерот за надворешна трговија и економски односи во Советот на министри, Сташа Кошарац изјави дека кон крајот на септември ќе продолжи извозот на говедско месо во Турција. Кошарац потсети дека годинава е договорено на турскиот пазар да се извезат вкупно 1.000 тони говедско месо, а првиот контингент месо бил извезен во средината на март. Кон крајот на септември за Турција ќе замине вториот контингент во чии рамки е планирано да се извезат ...
Според правните тимови на Стопанската комора, Законот за солидарен данок „лебди во воздух“ по неколку основи, пред сè, зашто е ретроактивен, непринципиелен и не ја исполнува целта за која е наменет. Од тие причини, Стопанската комора очекува законот да биде повлечен. Би било несоодветно министерот да каже дека немаме право да го оспориме Законот на Уставен суд. Нашите правни тимови велат дека по неколку основи тој закон „лебди во воздух“ и има ...
Во посета на „Алма М“, компанија која дистрибуира производи по маркетите опфатени со мерката „гарантирана цена“, беа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши и в.д. директорот на Државен пазарен инспекторат, Горан Трајковски. Посетителите имаа можност да се сретнат со Муарем Муртезани, сопственик на „Алма М“ и со Ивица Петровиќ, генерален директор на ...
Американскиот е-гигант „Амазон“ соопшти дека ќе инвестира 4 милијарди долари во стартапот „Антропик“ (Anthropic), компанија што развива вештачка интелигенција. Со оваа инвестицитија, е-трговецот ќе има малцински удел во компанијата. Првичниот влог ќе изнесува 1,25 милијарди долари. Со овој потег, „Амазон“ го следи примерот на големите технолошки компании како „Гугл“, „Мајкрософт“ и „Епл“, кои инвестираат во генеративна вештачка интелигенција. ...
Новите „Хоризонтални насоки“ (Horizontal Guidelines), односно правила на ЕУ за заедничка набавка во малопродажбата, стапија во сила на 1 јули. Тие ја обезбедуваат правната рамка за алијансите на мало и големо во Европа. Ревидираните правила покажуваат дека Европската комисија генерално ги оценува меѓународните сојузи за малопродажба како дозволени и позитивни за благосостојбата на потрошувачите. Кристел Делберг, генерална директорка на ...
Мерката е престрога, драконска, непотребна, предизвикува штети и тоа треба да биде последното нешто кон кое ќе прибегнат институциите, смета Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора. Според него, многу е кратко времето за реализација на мерките во поглед на намалувањето на цените, особено затоа што се работи за речиси 1.200 артикли. Коментирајќи го затворањето на маркетите во Скопје, Струга и Кичево, тој истакна дека никому не носи ...
Низ цела Европа потрошувачите продолжуваат да се соочуваат со инфлацијата и со високите цени на прехранбените производи, што резултира со интервенција на владите во ценовните политики. Во обид да ја намали инфлацијата, унгарската влада воведе промени во економската регулатива. Од 1 август трговците со прехранбени производи се обврзани да понудат по еден производ во 20 категории со попуст од најмалку 15% за една недела. Трговците, исто така, ...
Пазарниот инспекторат изврши над 300 надзори по Одлуката на Владата на територија на цела Македонија. Констатирани се неправилности за што се издадени прекршочни платни налози во висина од над 4.500.000 денари. Трговците на мало имаат обврска да ги намалат цените за најмалку 10%, сметајќи ја цената на производите од Одлуката која се применувала на 1 август во тековната годината, како референтна цена, а сите намалени производите треба да имаат ...
Хард-дисконтерот „Лидл“ воведува нов концепт на продавница во Германија и во Белгија. Додека претходно со години трговецот ги модернизираше и надградуваше своите продавници, сега се движи во спротивна насока и се враќа на традиционалниот концепт без без непотребни додатоци, нудејќи ја само основната услуга. Како што соопштуваат од „Лидл“, новиот распоред во продавницата не само што има цел визуелно да им овозможи на потрошувачите да го ...
Во чест на деценискиот бизнис, изложбата насловена „Дијамант: Ви благодариме за децениската доверба“ беше претставена во Националниот музеј во Зрењанин, со цел посетителите одблиску да го погледнат развојот на компанијата во Србија. На свеченото отворање на изложбата присуствуваа голем број заинтересирани граѓани, како и поранешни и сегашни вработени во компанијата. Во оваа прилика Филипос Нанопулос, директор за маркетинг и развој на ...
На македонскиот пазар на труд постои вишок на работници кај професиите со повисоки квалификации, со исклучок на работниците од информатичко-телекомуникациски дејности. Се достигнува максимум во образовните (педагошките) занимања, каде на едно слободно работно место има до 71 невработено лице. Од друга страна, за шест од осум занимања со пониски квалификации недостигаат работници, што е особено изразено за услужните и основните работници. Ова се ...
Дел од домашните производители на минерална вода, сокови и пиво се приклучија кон владината кампања „Гарантирана цена“. Алкохолните и безалкохолните пијалаци од следната недела ќе се најдат на листата на производи за кои Владата одлучи дека до крајот на ноември ќе се продаваат по цени за 10 отсто пониски во однос на оние по кои се продавале на 1 август. Ова го потврди и министерот за економија, Крешник Бектеши. Согласно тоа, како што вели ...
Сојузот на стопански комори смета дека со Законот за солидарен данок се дава еден многу погрешен сигнал и уште еднаш ќе го разгледаат пред да одлучат дали ќе и се приклучат на Стопанската комора во негово оспорување пред Уставниот суд или ќе поединечно ќе реагираат. Уште еднаш ќе го разгледаме во кој правец ќе оди нивното оспорување, дали заедно со нив или поединечно, меѓутоа ние веќе во многу наврати дадовме изјави дека сметаме дека овој данок ...
M6 Едукативниот центар и швајцарскиот проект „Образование за вработување – Е4Е“, вчера, на настан во Кавадарци, го најавија партнерството со кое приватниот сектор ќе се ангажира за развој на кадарот во државата. Ваквата соработка ја рефлектира заедничката заложба за развој на иновации, одржлив развој, како и економски и социјален просперитет на земјата, соопштија од M6 Едукативниот центар Во сржта на ова партнерство, како што посочи Елена ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера ( 20.09.2023 година), преку апликацијата RASFF Window од Системот за предупредување за небезбедна храна на Европската унија (RASFF) доби нотификација за небезбеден производ од категоријата овошје и зеленчук извезен од нашава земја - свежи пиперки наменети за пазарот во Хрватска, потврдија од АХВ по објавите во хрватските медиуми за небезбедни пиперки од Македонија. При спроведена гранична контрола ...
Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска изјави дека се почитува владината одлука од страна на трговците во врска со поевтинувањето на основните прехранбени производи за најмалку десет отсто. Од следната недела треба да се намали и цената на пијалоците за минимум десет проценти.Инспекциски контроли ќе има до крајот на ноември, а секоја нерегуларност, граѓаните ќе можат да ја пријават во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Повеќе од ...
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2023 година, во однос на јули 2022 година, изнесува 114.1. Односно, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2023 година, изнесуваше 36 286 денари. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (19.5 %), ...
Стопанската комора ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд за оспорување на Законот за солидарен данок, најави синоќа претседателот на Комората, Бранко Азески, во гостување на ТВ Телма. Ова ќе биде трет закон за две години што Стопанската комора ќе го оспори пред Уставниот Суд. Бизнис секторот, како што вели првиот човек на Стопанската комора, направил се за да се продлабочи дијалогот меѓу нив и власта, но, во услови кога партиските интереси се ...