
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Депозитите на домаќинствата, од пандемијата досега, се зголемени за 20 проценти. Граѓаните имаат доверено 340 милијарди денари на банките, соопшти гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска по повод Светскиот ден на штедењето. Кај штедењето на населението се забележуваат поволни структурни промени, при што учеството на денарските во вкупните депозити на домаќинствата има нагорен тренд и изнесува околу 48%. Растат и долгорочните ...
Инфлацијата во Босна и Херцеговина веќе два месеци по ред е во пораст, што се одрази со зголемување на нивото на раст на цените. Ова го покажуваат податоците на Агенцијата за статистика на БиХ, во која се наведува дека инфлацијата во септември забележала пораст од 0,6 отсто во однос на август годинава, што е втор месец по ред на раст на индексот на потрошувачките цени. На годишно ниво е забележан просечен пораст на ценовните нивоа од 4,1 отсто. ...
Во 2022 година во земјите на ЕУ биле произведени 6,1 милиони тони тестенини во вредност од 7,8 милијарди евра. Тоа е еден милион тони повеќе од пред пет години. Како што објави „Евростат“, Италија е водечка членка на ЕУ во производството на тестенини со 4,2 милиони тони произведени минатата година, вредни 5,1 милијарди евра и учествуваат со 68 отсто од вкупното производство во ЕУ по обем и 66 отсто по вредност. Истовремено, Италија беше ...
Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – септември 2023 година продажбите достигнуваат 9.212.341.451 денари, што е за 13 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 12.483.936.387 денари, што е за 14 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година, соопштуваат од „Алкалоид“. Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар биле зголемени за 10 %, а ...
Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи, рече дека на 24 ноември ќе им бидат блокирани сметките на компаниите кои дотогаш не го платиле данокот на солидарност, кој оваа година беше воведен како еднократен и кризен. Согласно нашиот календар, на 6 ноември ќе ги доставиме опомените. Доколку и по тоа нема направено уплата, на 24 ноември ќе пристапиме кон блокирање на нивните сметки, рече Лукаревска. Директорката на УЈП нагласи ...
Во изминатите три и пол децении трговскиот синџир „Жито“ успеа да изгради силна позиција на пазарот, како една од најуспешните компании. Денес компанијата има речиси 80 маркети низ поголемиот дел од државата и тим од над 900 вработени. Имаме многу причини да бидеме горди на овој јубилеј. Со должна почит кон моите родители, кои ги поставија темелите, го продолжувам патот кон остварување на нашата заедничка визија, истакна Далибор Ѓошевски, ...
Компанијата „Баерсдорф“ објави раст на продажбата од 11,2% на годишно ниво до 7,3 милијарди евра во првите девет месеци од својата финансиска година. Од компанијата додаваат дека нивниот раст е поттикнат од добрите перформанси на брендот Nivea и Derma, кој ги вклучува брендовите Eucerin и Aquaphor, кои постигнаа раст на продажбата од 24,8% во овој период. Сите региони постигнаа двоцифрен раст, како и категориите за лична нега и нега на кожа, ...
Компанијата „Беирсдорф“ објави раст на продажбата од 11,2% на годишно ниво до 7,3 милијарди евра во првите девет месеци од својата финансиска година. Од компанијата додаваат дека нивниот раст е поттикнат од добрите перформанси на брендот Nivea и Derma, кој ги вклучува брендовите Eucerin и Aquaphor, кои постигнаа раст на продажбата од 24,8% во овој период. Сите региони постигнаа двоцифрен раст, како и категориите за лична нега и нега на кожа, ...
„Пепси“ како дел од прославата на 125-годишнината, отвори седумдневен ресторан наречен „The Pepsi 125 Diner“ во Њујорк. Во периодот од 22 до 29 октомври потрошувачите можеа да платат 50 долари за да добијат три оброци и неограничени безалкохолни пијалоци, како и да учествуваат во квизови и да добијат разни награди. Покрај оброците и пијалоците, потрошувачите имаа можност да прошетаат низ историјата на брендот и да се фотографираат покрај ...
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи е задоволен од одѕивот на компаниите по однос на Законот за солидарен данок. Собраните средства по овој основ, како што изјави денеска, ќе бидат наменети за антикризни мерки и ќе одат кај најранливите категории на граѓани. – Одѕивот е соодветен. Мислам дека според последните информации околу 70 проценти е собран данокот. Другите компании активно работат со Управата за јавни приходи за да видат ...
Стапката на инфлација во Германија во октомври изнесувала 3,8 отсто на годишна основа, што го продолжи трендот на забавување на инфлацијата во најголемата европска економија. Тоа е најниската стапка на инфлација од август 2021 година, пренесува германската агенција „ДПА.“ Германските државни статистичари го објаснуваат забавувањето на инфлацијата со пониските цени на енергијата. Споредено со ланскиот октомври овие се намалени за 3,2 отсто. ...
Во Италија годинава поради неповолните временски услови за Ноќта на вештерките ќе има околу 20 отсто помалку тикви во однос на минатата година, објави италијанскиот Сојуз на мали земјоделски производители „Колдирети.“ Според „Колдриети“ тиквите за „Ноќта на вештерките“ ќе се продаваат по цена од 1,5 до 2 евра за килограм. Градот и високите горештини го намалија овогодишниот род на тиква во Италија, каде што се одгледуваат вкупно околу 2.000 ...
Во чест на својот 56-ти роденден, компанијата „Бамби“ претстави два нов производ. Зимската плазна е инспирирана од божиќните и новогодишните празници, соопшти компанијата на својот профил на LinkedIn. Новиот бисквит доаѓа во две различни комбинации на вкусови: ванила и цимет и ванила и цимет со прелив од млечно чоколадо. Низ годините имавме многу желби и се трудевме сите да ги оствариме, од година во година да се надминеме себеси и повторно и ...
„Макпрогрес“ како општествено одговорна фирма учествуваше на меѓународната конференција „Креирај го твоето место на растење“. Целта на конференцијата беше да се промовираат инклузивни и поддржувачки средини за децата, овозможувајќи увид во знаењето, искуствата и најдобрите практики во спроведувањето на иницијативи насочени кон децата низ Европа. На Меѓународната конференција присуствуваа градоначалникот на Општина Виница Миле Петков, ...
Вработените во Лидл во Германија повторно ќе добијат инфлациски бонус. Исплатата на бонусот е поврзана со 50-годишнината од овој малопродажен синџир, пренесуваат германските медиуми. Надоместокот е поврзан со 50-годишнината од постоењето на компанијата, а вработените со полно работно време добиваат 500 евра. Оние кои се вработени вонредно, како и студенти ќе добијат по 150 евра, пренесува магазинот „Феникс“. Согласно германските прописи, ...
По вчерашната панел-дискусија на 9 FMCG Summit, на предлог на Министерството за економија, денеска е укината Одлуката во делот на акциите. До крајот на годинава ќе важи мерката за намалени цени на основните прехранбени производи и алкохолните и безалкохолните пијалаци што од 20 септември се продаваат со ознаката „гарантирана цена“, а укината е одлуката за забрана на акции и промоции од страна на производителите и дистрибутерите, одлучи денеска ...
Во конференциската сала на хотелот „Александар Палас“, над 350 претставници од најголемите компании од секторот трговија за стока со широка потрошувачка од Македонија и регионот учествуваа на 9 FMCG Summit, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“. Ви благодарам на сите што успеавте да одвоите време и да дојдете во овој малку хаотичен период за секторот, кога знам дека сите се соочувате со различни ваши предизвици. ...
Одговорот кој што го доби FMCG секторот на годинешниот самит е дека сепак се дозволени промотивните акции на нивните производи. Министерот за економија Крешник Бектеши ги увери присустните претставници на FMCG секторот дека е дозволено да се продолжи со постојните маркетиншки алатки за продажба од типот на промотивни акции на производите. Публиката составена од вработени и сопственици на бизниси од секторот, беше петтиот учесник на панел ...
Во рамките на 9 FMCG Summit се одржува панел дискусија помеѓу Владата и секторот на тема: Кој добива, а кој губи со актуелните мерки? Модератор на дискусијата е Горан Теменугов, а дискутираат, министерот за економија, Крешник Бектеши, претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, комерцијалниот директор на „Лион“, Икица Павлоски и извршнитит директор на „Еуро табак“, Климе Булоски. Павлоски и Булоски посочуваат дека мерките за забрана на ...
Над 350 учесници денeска конференциска сала на „Хотелот Александар Палас“ учествуваа на 9 FMCG Summit, во организација на магазинот InStore и маркетинг агенцијата „Кликер маркетинг“. На самиот учествуваат сопственици на компании и извршни директори од Македонија и регионот, менаџери, продажни агенти, раководство и членови од стопанските комори, производители, трговци, дистрибутери, претставници од најголемите компании од секторот за трговија за ...
Вредноста на минималната потрошувачка кошничка во Црна Гора за септември, според податоците на „Монстат,“ изнесува 847,4 евра, што е за 8,4 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Од нив, 397,5 евра се однесуваат на расходи за храна и безалкохолни пијалоци, а 449,9 евра за непрехранбени производи и услуги, пренесува „Мина.“ Расходите за храна и безалкохолни пијалоци и расходите за непрехранбени производи и услуги во септември се ...
Инфлацијата во домашната економија и натаму забавува кај сите нејзини компоненти, и тоа посилно во однос на забавувањето на просечната инфлација во ЕУ, со што и јазот помеѓу стапката на инфлација кај нас и во еврозоната се стесни од 9 процентни поени минатата година на околу 2 процентни поени, истакна денеска гувернерката на Народната Банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Сепак, новото глобално окружување и натаму е придружено од многу предизвици за ...
По повод Светскиот ден на тестенините, „Глово“, платформата со повеќе категории која на корисниците им овозможува пристап до различни видови производи и јадења, презентираше интересни податоци за популарноста на тестенините во Хрватска. Овие податоци ја сместија Хрватска на 9-то место во светот според потрошувачката на тестенини, од сите 25 пазари каде што работи „Глово“, а на 3-то место во Југоисточна Европа, по Романија и Србија. Во ...
Британската влада го претстави планот за борба против кражбите во продавници. Планот е објавен од Националниот совет на началниците на полицијата и тој одредува како полицијата треба да реагира и да ја врши истрагата во продавниците и другите малопродажни бизниси. Упатството за полициските службеници се фокусира на области, вклучувајќи приоритет на присуството на местото на насилен криминал, како трговците на мало треба да го пријават криминалот ...
Од април има реален раст на платите. Ефектите од кризите не ги чувствуваат само нашите граѓани, туку се чувствуваат и во Европа и светот. Предизвиците и понатаму остануваат бидејќи има геополитички движења кои влијаат и врз пазарите, истакна денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. Одговарајќи на новинарски прашања, Бесими рече дека од април платите не растат само номинално, туку реално затоа што инфлацијата се намалува. Она што е поважно, ...
На посетителите во Амстердам од 2024 година ќе им се наплаќа највисоката туристичка такса во Европа, во обид да се намали хаосот во градот и ефектите од масовниот туризам. Зголемувањето на цената ќе биде до 12,5 отсто, што значи дека со просечна цена за ноќевање од 175 евра по лице, данокот за престој ќе порасне од 15,25 на 21,80 евра за ноќ. За споредба, туристичките такси во Барселона во просек се околу 2,25 евра по лице на ден, додека во ...
„Атлантик Група“ во првите девет месеци од 2023 година забележува приход од продажба во износ од 721,6 милиони евра, што во однос на истиот период од минатата година претставува раст од 15,5%. Добивката пред камати, даноци и амортизација (EBITDA) порасна за 3,5% во однос на истиот период од минатата година и изнесува 73,1 милиони евра, додека нето добивката порасна за 1,7% и изнесува 36,5 милиони евра. „Во сѐ уште нестабилното и предизвикувачко ...
Компании, меѓу кои и „Нестле“, „Унилевер“, „Махиндра Груп“ и „Волво карс“ ги повикуваат светските политички лидери да се договорат за рокови за постепено укинување на фосилните горива на престојниот самит на ООН на кој главна тема ќе биде климата. 131 компанија, кои имаат речиси 1 трилион долари глобален годишен приход, напишаа во писмото објавено во понеделникот дека учесниците на самитот COP28 мора да се обврзат да постигнат 100% ...
Наместо да купат ново шише со детергент, купувачите во „Лидл“ сега ќе можат само да го наполнат старото шише. Познатиот ланец супермаркети со цел да се намали пластичниот отпад оваа новина ќе ја спроведе во десет холандски супермаркети. Kупувачите во овие супермаркети ќе можат да најдат пумпи за детергенти и омекнувачи од кои, во специјални шишиња за повеќекратна употреба ќе можат да наполнат три различни видови на течни детергенти и омекнувачи, ...
Германија го укинува рокот на траење на одредени намирници, јавуваат германските медиуми. Според написите, на овој потег се одлучил германскиот министер за земјоделство Џем Оздемир, бидејќи сака да ја намали количината на храна што се фрла. „Најдобро да се употреби до“ ова според анализите ги збунува најголем дел од луѓето. Поради ова, многу храна се фрла иако се уште може да се јаде. Џем Оздемир, германскиот министер за храна и земјоделство, ...