Народната банка на Република Северна Македонија и Државниот архив потпишаа меморандум за соработка. Како што соопштуваат од Народната банка, еден од резултатите од Меморандумот за сорабтока ќе биде истражувањето на архивските фондови во Државниот архив коишто се однесуваат на банките и банкарските организации значајни за стопанскиот развој на нашата држава низ историјата. „Со Меморандумот се обезбедува натамошно зацврстување и проширување на ...

Во 2021 година, секој жител на ЕУ создавал просечно 188,7 килограми отпад од амбалажа, што е за 10,8 килограми повеќе од претходната година и е најголем пораст во последните 10 години, покажуваат податоците на европската статистичка служба „Еуростат.“ Во споредба со 2011 година, количината на отпад од амбалажа создадена од просечен жител на ЕУ е зголемена за 32 килограми. Во 2021 година во ЕУ биле произведени 84 милиони тони отпад од амбалажа, ...

„Шпар Словенија“ есенва ќе постави соларни панели на покривите на своите продавници во Мозир, Лашко и Иванчна Горица. Соларните панели ќе задоволат помеѓу 8 и 20 проценти од потребите за зелена електрична енергија на продавниците и ќе придонесат за намалување на јаглеродот за 183 тони годишно. Минатата година, компанијата ги постави првите соларни панели на покривот на својот дистрибутивен центар во Љубљана, кои произведуваат речиси 16 отсто ...

Ланецот продавници „Акешн“ го отвори својата 500-та продавница во Германија, пазар каде што е присутен од 2009 година. „Лоцирана во Дизелдорф, продавницата од 780 квадратни метри нуди повеќе од 6.000 артикли во 14 категории на производи по пристапни цени, се вели во соопштението на компанијата. Палетата вклучува низа секојдневни предмети, од производи за чистење и предмети за лична нега до производи за подобрување на домот. „500-та продавница е ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во земјава, во август година, изнесува 36 390 денари, што е за 14.2 отсто повеќе во оснос на истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (21.6 %), Образование (17.5 %) и Градежништво (16.5 %). Зголемување на ...

Интензивниот период на нови, големи инвестиции за 2023 година Веро го заокружува денеска со свечено отворање на нов Веро маркет во трговскиот центар „Дајмонд“ во строгиот центар на Скопје. Станува збор за современ Веро маркет, изграден и опремен според највисоките светски стандарди и трендови во малопродажбата кој нуди ново потрошувачко искуство за сите генерации. Маркетот се простира на површина од 2.000 метри квадратни, лоциран на атрактивна ...

За осум месеци од 2023 година Србија извезла 964 тони мед за 4,5 милиони евра, што е за 31 отсто помалку од 2022 година. Најголем дел од медот бил пласиран на пазарите во Норвешка, Италија и Црна Гора. Во тој период биле увезени 219 тони за 600.000 евра, 54 отсто помалку од истиот период лани. Најмногу мед бил увезен од Русија, Нов Зеланд и Грција. Лани, според податоците на Републичкиот завод за статистика (РЗС), Србија имала 977.000 пчелни ...

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени 8,9 % како резултат на зголемувањето на депозитите на двата сектора, со малку поголем придонес на секторот домаќинства, известува Народната банка. Годишниот пораст на кредитите од 5,8 % произлегува од повисокото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес на секторот домаќинства, велат од НБ. Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на веб сајтот на Народната ...

Компанијата „Меркатор-С“ соопшти дека воведува услуга пакетомат во продавниците на „Идеа“, „Рода“ и „Меркатор“. Целиот процес од нарачка до подигнување на пратката е автоматизиран, освен испораката на пратката со курирски услуги, соопштија од компанијата. Услугата работи по принципот на креирање онлајн нарачка од страна на корисникот и регистрација на веб-страницата epaket.rs, каде што корисникот го избира местото и времето на испорака на ...

„Е.Леклер“ е најголемиот трговец со храна во Франција за месец септември, зголемувајќи го својот удел на пазарот од 1,4 процентни поени на 24,1%, покажуваат новите податоци на „Кантар“. На второто место е „Ле групмен ле мускетар“ со 16,2% од пазарниот удел, додека на трето место е „Групмен У“ со 11,9% од пазарниот удел. Овие три трговски ланци, заедно учествувале со 52, 2% од вкупната продажба во септември. Потрошувачката во Франција во ...

Германскиот ланец маркети „Лидл“ објави огласи за вработување во Македонија. Се бараат работници на неколку работни позиции. Меѓу многуте огласи се бара и работник како регионален менаџер за продажба, виш регрутер, административен асистент и многу други работни места. Инаку, компанијата конечно покажа и како изгледаат канцелариите на седиштето во земјава. Од компанијата ги охрабруваат сите кои сакаат да работат кај нив да аплицираат и да станат ...

Компанијата dm дрогерие маркт остварува нови рекордни деловни резултати во својата 11-та година на македонскиот пазар. Скопје, 19 октомври 2023. Компанијата dm дрогерие маркт со промет од 2,45 милијарди денари и раст од 36,6% одбележува 11 години деловно работење на македонскиот пазар. Во изминатата деловна година, најголемиот дрогериски ланец во Европа лансира нов ценовен концепт „Секогаш поволно“ на македонскиот пазар со кој се гарантира ...

„Спар Словенија“ есенва ќе постави соларни панели на покривите на своите продавници во Мозир, Лашко и Иванчна Горица. Соларните панели ќе задоволат помеѓу 8 и 20 проценти од потребите за зелена електрична енергија на продавниците и ќе придонесат за намалување на јаглеродот за 183 тони годишно. Минатата година, компанијата ги постави првите соларни панели на покривот на својот дистрибутивен центар во Љубљана, кои произведуваат речиси 16 отсто ...

Вчера (18 октомври) трговскиот синџир „Жито“ ги отвори вратите на три нови маркета, лоцирани во Штип и во Гевгелија. Со овој потег, велешката компанија ја збогати својата мрежа, која сега брои 75 маркети низ целата земја. Како што соопштуваат од „Жито“, штипјани отсега ќе можат да пазаруваат на две локации – во центарот на градот, на улицата „Кеј Маршал Тито“, бр. 37, и на улицата Партизанска, бр. 35. Гевгеличани добиваат поголема понуда на ...

„ДХЛ Суплај Чејн“, логистичката подружница на германската „Дојче Пост,“ планира да инвестира 350 милиони евра во Југоисточна Азија во следните пет години, пренесува „Бонитет“ Целта е да ги прошири своите магацински капацитети, работната сила и иницијативите за одржливост. Со тоа, „ДХЛ Суплај Чејн“, планира да го зголеми својот сегашен 1,6 милиони квадратни метри магацински простор во Југоисточна Азија за 25% или 400.000 квадратни метри, ...

Дополнителните антикризни мерки може да се очекуваат од ноември, а до крајот на овој месец би требало да бидат и дефинирани, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Како што информира Бектеши, на креирање на мерките се работело интензивно. Тој бил запознаен, со некои од предлозите, но кои мерки ќе се донесат, ќе било договорено во рамки на разговорите, заедно со стопанските комори и со сите останати засегнати страни. Министерот ...

Од „Теско“ планираат да привремено да вработат 30.000 работници низ Велика Британија за празничната сезона, додека од „Маркс & Спенсер„ планираат да вработат 10.000 привремени работници. Во„Теско“, работните места генерално ќе вклучуваат работа во продавниците „Суперстор“ и „Екстра“ во раните утрински, дневни или вечерни смени. „Дополнитените вработувања на луѓе ќе помогне да се пополни големата побарувачка во текот на Божиќниот период, ...

Финскиот телекомуникацики гигант „Нокиа“ соопшти дека планира да отпушти меѓу 9.000 и 14.000 вработени со цел да ги намали трошоците и да ја зголеми оперативната ефикасност. Компанијата го објави потегот како дел од поширокото реструктуирање со кое организација ќе се намали на 72.000 до 77.000 вработени од сегашните 86.000. Одлуката е дел од стратешкиот и оперативниот план кој има за цел да ја репозиционира компанијата во иднина и да и го ...

„Тетра Пак“ и Универзитетот Лунд го лансираа „Биотек Хејтс“, нов истражувачки центар, кој ќе го истражува производството на храна и материјалите, користејќи биопроцеси. „Биотек Хејтс“ има за цел да ја истражи употребата на биопроцесирањето за создавање производи од живи клетки или клеточни компоненти. Еден од клучните фокуси на објектот ќе биде на развивање решенија за задоволување на потребите за храна на идните генерации без зголемен притисок ...

„Амазон“ потврди дека од идната година ќе ги потребува своите дронови за испорака за во Велика Британија. Од Интернет гигантот соопштија дека ќе започнат да употребуваат дронови за дистрибуирање на стоки, од некоја од нивните локации, вклучително и една во Обединетото кралство, иако локацијата сè уште не е откриена. Овој потег е дел од проширувањето на употребата на беспилотните летала во делот на малопродажбата на бизнисот, кој исто така ќе ...

Годишната стапка на инфлација во Австрија во септември достигнала шест отсто, додека во август таа запрела на 7,4 отсто. Ова е најниската инфлација во последните 19 месеци. Главната причина за намалувањето се значително поевтините енергетски производи, објави германската прес-агенција „ДПА“, објави вчера австрискиот завод за статистика. „Цените на енергенсите беа еден од главните фактори на инфлацијата во изминатите месеци, но сега ја ...

Министерката за земјоделство во Владата на Србија Јелена Танасковиќ вчера во Пекинг изјави дека е потпишан договор со Кина за усогласување на извозот на јаболка од Србија и посочи дека за него се преговарало шест години. „Тоа е трет договор оваа година. Во мај потпишавме и договоривме сертификати за извоз на мед и храна за домашни миленици. Јаболкото е исклучително важно... Фактот што за тоа преговараме шест години покажува колку е важно и ...

Компанијата „Вивакс“ денеска беше посетена од премиерот Димитар Ковачевски, Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и евроамбасадорот во земајва, Дејвид Гир. Во своето обраќање вицепремиерот Маричиќ рече дека успешноста на компанијата „Вивакс“ е пример за важноста и придобивките од спроведувањето на ИПАРД програмата на терен. – Резултатите се видливи дека со поддршка на оваа европска програма, преку инвестиции во опрема, машини и уреди ...

„Перно Рикард“ и „Кока Кола“ објавија дека планираат да лансираат коктел кој ги комбинира вкусовите на сокот Sprite и вотката Absolut. Коктелот во лименка ќе биде лансиран на одредени европски пазари, вклучувајќи ги Велика Британија, Холандија и Шпанија, од почетокот на 2024 година. „Ние ги држиме потрошувачите во центарот на сè што правиме додека продолжуваме да го развиваме нашето портфолио како компанија за пијалоци. Се шириме во ...

Меркатор повторно го започнува проектот „Бела амбалажа“ со нови партнери и производи. Lumpi, брендот за детски производи на „Меркатор,“ ги покани најмладите да се натпреваруваат во дизајнот на заштитното лице на амбалажата Бела. Белата амбалажа претставува пакување на познати брендови, кои заради креативноста на најмладите се откажуваат од класичниот имиџ и на децата им нудат „плаќање“ за креација и им овозможуваат преку игра да научат за ...

Според Министерството за трговија на САД. малопродажбата во септември се зголемила за 0,7 отсто. Министерството ги коригира податоците за август од 0,5 на 0,8 отсто раст. Министерството за трговија води статистика за продажбата на мало врз основа на продажната вредност, а не на обемот. Продажбата на пумпи се зголеми за 0,9 отсто во септември, што е директна последица на поскапувањето на бензините. „Продажбата на мало, која ги исклучува ...

Како новата мерка „гарантирана цена“ ќе влијае врз македонските компании и врз нивното работење? Што значат интервенциите на Владата за слободната пазарна економија? Приреди: Данче Драгинова, danche@instore.mk Владината одлука за намалување на цените на одредени категории производи стапи во сила на 20 септември. Повеќе од 50 прехранбени производи од 24 категории од пекарската, месната, млечната и кондиторската индустрија до 30 ноември имаат ...

„Кока кола Еуропацифик партнерс“ (ККЕП) официјално отвори нова линија за конзервирање во својот објект во Сидкап, Лондон, Велика Британија. Новата линија може да произведе 2.000 лименки во минута и е дел од инвестицијата во фабриката од 28 милиони фунти. Ќе го поддржи производството на одржливо пакување за брендовите на „ККЕП“ вклучително и Coca-Cola, Diet Coke, Coca-Cola Zero Sugar, Fanta, Dr Pepper, Sprite и Schweppes. „Нашата посветена ...

Разговараше: Алма Растодер, alma@instore.mk Во октомврискиот број на InStore имавме можност да дознаеме повеќе за „Пјур лајф козметик“, компанија која на македонскиот пазар работи речиси 20 години. Дистрибуира повеќе од 20 светски брендови во ритеил и хорека-секторот. За работењето во компанијата поразговаравме со Александра Петрова-Стојчевска, менаџер за финансии. Со своето образование на Економскиот факултет, на отсекот надворешна економија, ...

Соработката на Сојузот на Стопански Комори на Македонија (ССК) и Кинескиот национален истражувачки институт за храна и ферментирачки индустрии (China national Research Institute of Food and fermentation industries) е надградена со посета на бизнис делегација од ССК на повеќе индустриски градови во Народна Република Кина. „Делегацијата е составена од : г-ѓа Загорка Блажевска- директор и сопственик на Вита Нова, фирма за суровини за прехрана, ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
66%
1018
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
1.54
71%
1018
weather icon

Загреб

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
76%
1019
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
76%
1019
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.56
84%
1019
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
0.51
84%
1019
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
6.17
66%
1015
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
72%
1016
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1017
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 7ᴼ
3.09
80%
1018
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 9ᴼ
1.79
53%
1017
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
6.69
87%
1018
Currency

61.535

Currency

54.6759

Currency

72.7407

Currency

35.122

Currency

39.2104

Currency

65.742

Currency

7.55433

Currency

0.66306

Currency

0.37711

Currency

0.52478

Currency

1.41051

Currency

0.64001

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.41

Кобалт

42.99

Никел

15460.00

Рутениум

19869.16

Калај

31.89

Сребро

1052.39

Злато

106959.53

Бакар

9.35

Паладиум

30929.02

Платина

31733.76

Родиум

172810.26

Цинк

2.62