Гана ја зголеми загарантираната откупна цена на какаото за земјоделците во земјата за повеќе од 63 отсто во обид да ги зголеми нивните приходи и да го спречи шверцот во соседните земји, каде што какаото се продава по повисоки цени. Претседателот на Гана Нана Акуфо-Адо рече дека земјата ќе купува какао од земјоделците по цена од околу 1.714 евра по тон за сезоната 2023/2024 година, која почнува во септември. Тоа е највисоката откупна цена платена ...

Стопанската комора (СКСМ) ќе бара пролонгирање на роковите за стандардите што македонските компании мора да ги имплементираат до пристапувањето во ЕУ. На скалата од еден до десет, македонската економија од технолошки апсект засега е рангирана на трето ниво. Само големите и средните претпријатија се подготвени да се соочат со конкуренцијата и со барањата на европскиот пазар. Другите, до членството на земјава во ЕУ, ќе мора да поработат на ...

АНА ЈЕЛИЧИЌ ќе биде една од говорничките на овогодинешниот 6 FMCG Summit 2020 што ќе се одржи онлајн на 26 ноември, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“. Таа ќе зборува на темата “Design Thinking како начин на делување“. Како партнер на DesignThinkers Academy, Ана Јеличиќ посветува најголем дел од своето време во помагање на разни обуки, кампови и работа на проекти кои бараат имплементација на методологијата за ...

Цакум-пакум Продавница што има два живота. Денски и ноќен. Свратилиште за минувачите што денот ќе ги однесе во околината на „Порта Буњаковец" и место во кое ќе најдат сè што ќе им затреба номадите во ноќниот живот во градот. Разговараше: „Капаел тобако" е една од најпрепознатливите компактни продавници во центарот на Скопје. Свратилиште за минувачите што денот ќе ги однесе во околината на „Порта Буњаковец" и место во кое ќе најдат сè што ќе им ...

Создавањето емоционална врска со потрошувачите останува доминантен фактор за дополнителна вредност и зголемена ангажираност. Извор: „Еуромонитор интернационал“, www.euromonitor.com Лојалноста е на раскрсница поради бизнисите кои ги преиспитуваат своите бренд-стратегии за да се приспособат на променливите преференции на потрошувачите, подемот на е-трговијата и динамичните економски услови. Еволуцијата на стратегиите за лојалност бара зголемен ...

„Кауфланд“ успеа да стави крај на спорот за цените со компанијата „Хенкел“. Купувачите на „Кауфланд“ повторно ќе можат да купуваат производи на „Хенкел“ од популарните брендови како Pril, Persil, Pervoll, Spee и Sidolin. Спорот почна на крајот од 2022 година и ескалира на почетокот од 2023 година, кога „Кауфланд“ престана да ги продава производите на „Хенкел“ поради неможноста да се договорат за цените. Конфликтот меѓу двете компании доведе до ...

Grand кафе почна со новата наградна игра „Стани Гранд милионер 2023“, која трае од 6 септември до 5 декември 2023 година. Со купување на кафињата Gold, Aroma или Strong од 200 грама, потрошувачите ќе најдат код на пакувањето што ќе треба да го внесат преку неколку различни канали: официјалната веб-страница на Grand, СМС-порака на 149 491 или на вајбер-каналот на Grand. Тројца среќни добитници ќе имаат можност да ги добијат главните награди од ...

Европската комисија им додели ознака за заштитено потекло на турските маслинки Milas yağlı zeytini (Милас јагли зејтини). Станува збор за трпезни маслинки со црно-виолетова боја од сортата мемеџик, одгледувани во реонот на Милас во Jугозападна Турција, ферментирани во саламура и конзервирани во маслиново масло произведено од истата сорта со свежи парчиња лимон. Специфичноста на маслинките е условена од климатските услови на регионот во кој ...

Трошоците за животот во август годинава во споредба со претходниот месец се зголемени за 1,2%, а цените на мало за 1,3%. Во споредба со ланскиот август трошоците за живот бележат пораст од 8,3%, а цените на мало од 5,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според статистичките податоци, пораст на индексите на трошоците за животот во август 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното ...

Од 1 декември 2021 година, откако на сила е забраната за употреба на пластични кеси за еднократна употреба, а во маркетите и на пазарите дозволени се само биоразградливи кеси кои се наплаќаат по 15 денари и одат во Фондот на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП,) до крајот на 2022 година се собрани речиси 2 милиони евра. Во согласност со годишната Програма за распределба на собраните средства за 2023 година, МЖСПП ...

Винарската визба „Тиквеш“ инвестира четири милиони евра за изградба на нов објект и набавка на современа опрема за прием и преработка на грозје. Новата постојка и вградената опрема му овозможуваат на „Тиквеш“ да го зголеми вкупниот капацитет за прием и примарна преработка на грозје во време на берба за дополнителни 1,25 милиони килограми за премиум вино. Како што соопштуваат од „Тиквеш“, македонската винарница со целокупното работење посветува ...

Вредноста на синдикалната кошница во август годинава изнесува 49.345 денари, соопштија од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Како што се наведува од ССМ, иако инфлацијата се намалува од месец за месец и за јули изнесува 8,3 отсто, сепак минималната кошница е зголемена за разлика од претходниот месец за 725 денари. Тоа зголемување го трпат работниците и граѓаните во оваа држава. Најголемо зголемување има кај исхраната и пијалаците за ...

„Максима“ најави дека значително ќе ја зголеми достапноста на вегански производи во својата мрежа на продавници во Латвија. Како што информираат од компанијата, веганските производи отсега ќе бидат достапни и во продавниците од формат „Максима X“. Дополнително, асортиманот на производи од растително потекло во продавниците „Максима XX“ и „Максима XXX“ е зголемен за речиси 50%. Сè повеќе забележуваме дека потрошувачите имаат тенденција да ...

Млекарницата „Бимилк“, во соработка со четири невладини организации, донира училишни ранци и млечни производи на првачињата од социјално загрозените семејства. Донацијата е доставена преку здруженијата на граѓани „Надеж“, „Амбрела“, „Љубезност“ и СОС Детско село, кои работат со луѓе и семејства во социјален ризик. Од здруженијата велат дека донацијата има многу поголема вредност поради поводот и намената. Кога имате секојдневие во кое ...

Млекарницата „Бимилк“, во соработка со четири невладини организации, донира училишни ранци и млечни производи на првачињата од социјално загрозените семејства. Донацијата до семејствата е доставена преку здруженијата на граѓани „Надеж“, „Амбрела“, „Љубезност“ и СОС Детско село, кои работат со луѓе и семејства во социјален ризик. Од здруженијата велат дека донацијата има многу поголема вредност поради поводот и намената. Кога имате секојдневие ...

Цената на свинското месо е зголемена за 40 денари, потврди за МИА Гоце Сарафимов, потпретседател на Асоцијацијата на земјоделци. Тој посочи дека цената на свинското месо е зголемена од пред пет дена, а причина за тоа е зголемувањето на цената на месото на светските берзи и во Србија, но удел има и појавата на афринската свинска чума на фарма во Општина Карбинци, каде што во тек е угинување и закопување на околу 9.000 свињи. Цената е покачена за ...

Пиварницата „Карлсберг“ објави зголемување на приходите за 11,2% во првата половина од финансиската година. Пораст на приходите е забележан во сите региони: Западна Европа (9,2%), Азија (11,7%) и Централна и Источна Европа (16,3%), додека органскиот пораст на оперативната добивка изнесува 5,2%. Сепак, финансиските резултати на „Карлсберг“ покажуваат дека волуменот на продажба е намален на пазарите во Западна Европа (-2,1%) и во Централна и ...

Кога тогашниот градоначалник на Подгорица, Иван Вуковиќ, во јули минатата година објави дека популарниот синџир на кафе „Старбакс“ ќе отвори свој објект во Подгорица, тоа предизвика бурни реакции во јавноста. Како што беше кажано тогаш, „Старбакс“ требаше да ја отвори својата кафетерија до крајот на 2022 година, како дел од инвестицијата од пет милиони евра. Компанијата „Зерен холдинг“, која го носи „Старбакс“ во Црна Гора, соработува со ...

Лојалноста на купувачите треба да биде клучен дел од секоја бизнис-стратегија. Извор: influencermarketinghub.com Стекнувањето нови купувачи чини петпати повеќе отколку задржувањето на постојните – оттука, зголемувањето на лојалноста и задржувањето на купувачите е од суштинско значење и за намалување на трошоците на компаниите. Многу бизниси го прават тоа преку програми за лојалност, можности за партнерски маркетинг, понуда на попусти за ...

Прашање од милион долари: Кога е најдобро настаните да се одржат виртуелно, а кога да се одлучиме да ги одржиме физички? Автор: Емир Ганибеговиќ, emirgany@gmail.com Драги мои, Како сте? Како се чувствувате ова жешко лето? Дали ќе успеете да поминете една или (за оние поуспешните) две недели на морски брег, исклучени од сè? Или (сепак) понекогаш ќе мора да бидете онлајн, проверувајќи дали стигнала некоја важна е-порака на која мора да ...

Трговскиот синџир „Континенте“ ги отстрани пластичните капачиња од пакувањата со течен јогурт. Како што наведуваат од компанијата, оваа мерка има цел да спречи пластиката да стигне до морските екосистеми, бидејќи е една од главните причини за загадување. Со промената, која веќе се спроведува во продавниците, се очекува да се заштедат околу 100 тони пластика годишно. На тој начин за 15 отсто ќе се намали количеството пластика во проценетите 69 ...

Показателот за економското расположение на еврозоната, во август падна на ниво од 93,3 во август, четврти месец по ред. Ова е помалку од очекувањата на пазарот, а воедно е и најниското ниво од ноември 2020 година. Економијата на еврозоната е под влијание на монетарното попуштање на Европската централна банка заедно со постојаната инфлација. Песимизмот е особено забележлив во индустријата, но полоши очекувања имаа и претставниците на услужниот ...

Рускиот трговски синџир „Питерочка“ почна програма за вработување луѓе со посебни потреби во продавниците. Компанијата организира прошетки низ продавниците „Еден ден во Питерочка“, при што заинтересираните можат да се обидат да работат. Во соработка со организацијата „Еверленд“, обезбедено е психолошко советување и средба со експерти за човечки ресурси за сите заинтересирани, со цел да се обезбедат оптимални услови за интеграција и обука на ...

Владата на Србија го усвои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за акцизи, со кој се предлага зголемување на специфичните износи на акцизата за нафтените деривати, тутунските производи и алкохолните пијалоци, кафето и електронските цигари за 8% во однос на сегашните износи. Овој закон ќе се применува од 1 октомври, па по тој датум следуваат поскапувања, со тоа што е предвидено дел од одредбите да се применуваат подоцна. ...

Повеќе од 300 деца на вработени во „Витаминка“ го обележаа почетокот на новата школска година и роденденот на Stobi Flips во кругот на компанијата. Првиот Stobi Flips беше направен пред 45 години. Флипсот и денес е омилен на повеќе генерации, а особено на децата, како верен придружник низ школските години. Stobi Flips преку слоганот „Back to school“ го одбележува секој септември со различни мотивациски активности, со кои ги поттикнува учениците ...

„Алди Зид“ лансира сопствена услуга за испорака на намирници. Отсега услугата, која досега беше достапна само за вработените во „Алди“, ќе се прошири и на останатите корисници под името „Mein Aldi“. Сепак, тестирањето првично ќе се спроведува само во три продавници. Нарачаната роба нема да се испорачува од продавнициte, туку од мало складиште, т.н. dark store. На потрошувачите им се нуди избор од околу 1.300 производи преку веб-страницата или ...

По отворањето на првата поп-ап продавница на почетокот од август минатата година во Новиград, „Студенац“ отвори уште 9 продавници од овој формат. Минатогодишниот пилот-проект се покажа како полн погодок. Уникатниот малопродажен модел годинава беше проширен во камповите и на плажите, а планираме да поставиме поп-ап продавници и во урбаните средини и во континенталниот дел од државата. Концептот ќе го надградуваме следејќи го развојот на ...

Шпанската подружница на „Ошан“ претстави производи за лична нега и хигиена што не создаваат отпад под приватната марка Cosmia. Како што соопштија од „Алкампо“, блазниците за отстранување шминка отсега ќе можат да се перат, што ќе овозможи повеќекратна употреба и намалување на секојдневното создавање отпад. Достапни се во пакувања од шест парчиња во памучна кеса, која е дизајнирана за да го поедностави нивното машинско перење. „Алкампо“ воведе и ...

Трговскиот синџир „Едека“, во соработка со непрофитната организација ДКМС (Deutsche Knochenmarkspenderdatei), лансира ограничена линија на смути во рамките на асортиманот „All in Fruits“. На овошните пијалаци има QR-код, кој потрошувачите ги води до формулар за пријава за донирање матични клетки, по што ДКМС им испраќа инструкции за аплицирање и испраќање на примерокот. Од секоја продажба на ова смути „Едека“ ѝ доделува по 10 центи на ...

„Магнит“ ги објави деловните и финансиските резултати за вториот квартал од 2023 година. Во вториот квартал од 2023 година, компанијата ја зголеми нето-добивката за 3,7% во споредба со истиот период минатата година - на 209,8 милиони евра. Вкупниот приход на компанијата се зголеми за 7,5%, додека продажбата на мало се зголеми за 7,2%. EBITDA се зголеми за 9,7%. Во вториот квартал компанијата отвори 400 продавници, па така во јуни бројот на ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
48%
1017
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
71%
1016
weather icon

Загреб

15ᴼ / 10ᴼ
1.54
64%
1017
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1017
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
2.15
69%
1017
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
1.03
80%
1016
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
5.66
58%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
59%
1015
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
48%
1015
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
4.12
71%
1016
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 12ᴼ
1.79
62%
1015
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
4.63
67%
1017
Currency

61.535

Currency

54.6759

Currency

72.7407

Currency

35.122

Currency

39.2104

Currency

65.742

Currency

7.55433

Currency

0.66306

Currency

0.37711

Currency

0.52478

Currency

1.41051

Currency

0.64001

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.41

Кобалт

42.99

Никел

15460.00

Рутениум

19869.16

Калај

31.89

Сребро

1052.39

Злато

106959.53

Бакар

9.35

Паладиум

30929.02

Платина

31733.76

Родиум

172810.26

Цинк

2.62