
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Корисниците на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм во ЕУ сега може да плаќаат околу десет евра месечно за користење на верзии без реклами на двете мрежи, плановите на нивната матична компанија Мета ги сумира американскиот весник The Wall Street Journal. Претплатата би била околу десет евра на персонални компјутери, а 13 на паметни уреди. Според планот, Мета ќе наплатува шест евра за секоја дополнителна поврзана сметка. На пример, ако некој ...
Вкупната надворешно-трговска размена на Црна Гора за првите осум месеци од годинава изнесува 2,95 милијарди евра, покажаа прелиминарните податоци на Монстат. Ова укажува на раст од 6,8% во однос на истиот период од претходната година. Извозот на стоки има вредност од 453,7 милиони евра, што е за 3,5% помалку во однос на истиот период лани. Увозот е зголемен за девет отсто и изнесува 2,49 милијарди. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 18,2 ...
„Кока кола ХБЦ“ инвестираше 12 милиони евра во нова линија за производство на повратни стаклени шишиња во рамките на својата фабрика во Еделстал. Инвестицијата на компанијата е поддржана со грант од 4 милиони евра од австриската Влада како дел од нејзиниот фонд за компаниите за пијалоци и трговците на мало за да се овозможи кружна економија за пакување, соопшти компанијата. „Кока кола ХБЦ Австрија“ е пионер во воведувањето нови одржливи ...
Трговскиот дефицит во Соединетите Американски Држави се намали за 7,3 отсто на 84,3 милијарди долари во август, покажуваат податоците објавени во петокот. Трговскиот дефицит, разликата меѓу увезените и извезените стоки, се намали за 6,6 милијарди долари од 90,9 милијарди долари во јули, се вели во извештајот на Бирото за попис на Министерството за трговија, јавува „Анадолу“. Таа бројка се очекуваше да биде 91,2 милијарди долари. Извозот на ...
„Нестле“ ќе инвестира 6,5 милиони евра во производство на бело чоколадо во фабриката Перуџина во Сан Систо. Со оваа инвестиција, објектот во Сан Систо ќе стане единствен производител на брендовите Галак и Милкибар за европскиот пазар. Според компанијата, овој потег ќе ја модернизира линијата за производство на бело чоколадо, која треба да започне со работа до средината на 2024 година. Конкретно, фазата на пакување ќе се зајакне, користејќи ...
За да овозможи поголема споредливост на надоместоците што ги наплаќаат одделните даватели на платежните услуги, во согласност со Законот за платежни услуги и платни системи, Народната банка објавува споредбени податоци на надоместоците поврзани со платежната сметка наведени во посебна листа на најрепрезентативни услуги. „Споредба на надоместоците помеѓу давателите на платежните услуги“ претставува алатка која им овозможува на потрошувачите ...
Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина донесе нова Одлука со која како мерка за директна контрола на цените на територијата на Федерацијата пропишува определување на максимален износ на маржи за одредени основни прехранбени и други производи. Одлуката стапува во сила осум дена по објавувањето во Службениот весник на Федерацијата Босна и Херцеговина, а ќе се применува до 31 декември годинава. Одлуката се однесува на следните производи: ...
Италијанскиот енергетски гигант „Ени“ објави дека открил наоѓалиште на природен гас во Индонезија, во близина на брегот на Источен Калимантан, пренесува француската новинска агенција АФП. Компанијата со тоа би можела да ја зајакне својата позиција во регионот каде што е присутна од 2001 година. Според прелиминарните студии спроведени од компанијата, вкупно 140 милијарди кубни метри природен гас би можеле да се испумпуваат од областа на бунарот ...
Во 2022 година бруто домашниот производ реално пораснал за 2,5 отсто, објави српскиот Републички завод за статистика, додека номиналниот раст на БДП изнесува 13,2 отсто. Номинално, БДП на Србија во 2022 година изнесувал 7.097 милијарди динари. Гледано по активности, лани најзначајно учество во формирањето на БДП има преработувачката индустрија со 13,5 отсто, трговијата на мало и големо и поправка на моторни возила со 12 отсто и бизнисот со ...
Индустриското производство во август годинава во споредба со август минатата година е намалено за 5,1 процент, а во периодот јануари – август годинава во однос на истиот период во 2022 година е зголемено за 0,3 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според статистичките податоци, во август годинава во споредба со ланскиот август, индустриското производство бележи опаѓање во секторите рударство и вадење камен (8,5%) и ...
Италијанската премиерка, Џорџa Мелони, најави договор со домашната индустрија, чија цел е да се задржат ниските цени на основните производи, како што се храната, производите за лична нега и бебешките производи, кои, според застапниците на потрошувачите, ќе донесе огромни заштеди на семејствата. Експерименталната програма трае од 1 октомври до 31 декември и вклучува 32 деловни здруженија кои се договориле да ја намалат или задржат горната граница ...
Почнува намалувањето на цените за дата податоци во роаминг на Македонија со земјите од ЕУ. Граѓаните и бизнисите во Северна Македонијa, како што соопшти Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), ќе плаќаат во просек една третина помалку од цената која сега ја плаќаат за дата податоци преку роаминг, кога патуваат во европските земји. „Намалувањето на цените за дата податоци во роаминг, важат и за граѓаните од дијаспората ...
Базичната инфлација во еврозоната се намали до најбавното темпо во една година, поддржувајќи ги очекувањата дека Европската централна банка (ЕЦБ) ќе ги задржи каматните стапки на чекање за да го процени влијанието на нејзината кампања за зголемување на стапките. Растот на основните цени, без трошоци за енергија и храна, во септември достигна 4,5 отсто, објави во петокот Евростат. Тоа е помалку од 5,3 отсто во август и далеку под просечната ...
Почнете да се насочувате кон вистинските и проверени рецепти за успех. Неколку од нив (еден мал дел) напишав во овие неколку редови и лично ги искусив. Верувајте дека се ефикасни – од донесување вистински одлуки до работа на себе... И што сега?! Автор: Емир Ганибеговиќ, emirgany@gmail.com Драги мои, Од големите корпорации за кои работев научив дека сè што е важно треба да се поедностави... На пример, од „Проктер & Гембл“ научив како ...
Во Германија има се помалку тутунари. Сега работат околу 60 компании, додека пред 10 години ги имало речиси двојно повеќе, вели Фолке Рега, директор на Германското здружение на тутунари. „Останува само најтешкото јадро“, вели Рега. Минатата година, додаде, на 1.600 хектари се собрани околу 3.700 тони тутун, а не може да даде прогноза за годинешната реколта која се уште трае до октомври. Тој оцени дека засега се чини дека и квалитетот и ...
Царините за гориво, кафе, алкохол, тутунски производи и нафтени деривати се поскапени од недела, 1 октомври. Акцизите за овие производи ќе се зголемат за осум проценти. Алкохолот е еден од производите кои спаѓаат под акцизна стока, а законот признава неколку категории на алкохолни пијалоци, па затоа и наплатите се различни. Во законот за акцизи е наведено дека за нискоалкохолните пијалоци кои содржат од 1,2 до 15 отсто алкохол, како што е ...
Американската Федерална трговска комисија во вторникот поднесе антимонополска тужба против „Амазон“, тврдејќи дека онлајн трговецот на мало им штети на потрошувачите со вештачко одржување на високи цени. Ова е најновата правна акција на американската Влада чија цел е да ја прекине доминацијата на големите технолошки компании и доаѓа по повеќегодишни жалби дека „Амазон“ и другите технолошки гиганти ја злоупотребиле својата доминација во ...
Во трговијата на мало, во август годинава во споредба со август минатата година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано само кај номиналната стапка во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво за 3.9 проценти. Како што објави Државниот завод за статистика, кај останатите групи е забележан пад и на номиналната и на реалната стапка и во: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 4,7 ...
Компанијата „dm дрогерие маркт“ во пресрет на 20-годишнината од своето работење во Србија, кое ќе се одбележи во текот на 2024 година, обезбеди јубилејни парични награди за своите вработени. Секој вработен кој поминал 20 години во dm, ќе добие една цела дополнителна плата, додека сите останати вработени ќе бидат наградени сразмерно со стажот во команијата, со не помалку од 25.000 динари. Освен тоа, на вработените во dm им следуваат и редовна ...
„Потрошувачките навики и прифаќањето на нови производи во време на инфлација“ е темата на која ќе се осврне Калина Медаровска-Михајловска, управител на истражувачката агенција БРИМА, на 9 FMCG Summit Skopje, кој ќе се одржи на 26 октомври во „Александар палас“ во Скопје, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“. Калина Медаровска-Михајловска ги бележи почетоците во своето работно искуство уште во 2008 година како ...
Посилни сме ако се здружиме Расположени за разговор и секогаш подготвени да понудат свежи производи по достапни цени - е описот што го добивме за продавницата „Шака лака“ од Делчево. Разговараше: Алма Растодер, alma@instore.mk Сопственикот на продавницата „Шака лака“, која се наоѓа на ул. Острец бр. 52 во Делчево, Маријанчо Георгиевски, поради наоѓање начин за самовработување дошол до идејата да отвори маалска продавница. Тешко можеше да се ...
Подружница на „Лакталис груп“ во Канада потпиша договор за долгорочен закуп за нов дистрибутивен центар во Ошава, Онтарио. Отворањето на дистрибутивниот центар, кој ќе се простира на површина од 115.500 квадратни метри, е закажано за четвртиот квартал од 2024 година. Новиот капацитет во Ошава ќе биде најголемиот дистрибутивен центар на „Лакталис груп“ на глобално ниво. Овој храбар чекор ги илустрира амбициите на „Лакталис“ да се развие во лидер ...
Прехранбената индустрија „Витаминка“ ја поддржа реализацијата на проектот „Екологија преку иновативна технологија“ на „Ротари клубот“ од Прилеп и на „Пакомак“. Со поддршка од „Витаминка“, за проектот беа набавени и поставени две повратни вендинг-машини за пластична ПЕТ-амбалажа и лименки во два локални маркети на „Футура“ во Прилеп. Станува збор за селектирање амбалажен отпад, така што граѓаните што ќе го селектираат отпадот за возврат ќе ...
Министерството за економски развој и туризам, во соработка со претставници на трговските синџири, продавници на мало и големо, дистрибутери, како и други заинтересирани субјекти, договорија продолжување на акцијата „Стоп за инфлацијата“ под името „Стоп за инфлацијата 100+“. , која има за цел да го заштити животниот стандард на граѓаните и да ја намали инфлацијата. Претходната акција „Стоп за инфлацијата“, која траеше од крајот на март до крајот ...
Како дел од инвестицијата вредна повеќе од 900.000 евра, „Шпар“ – Словенија отвори нов маркет во Целје, на улица Прешернова бр. 10. Во новата продавница, која се простира на површина од 580 квадратни метри и има три наплатни каси, вработени се 17 луѓе. Како што соопштуваат од компанијата, од богатиот асортиман, акцентот е ставен на свежата храна и на подготвените оброци од линијата Spar To Go. Сакавме на жителите на Целје да им понудиме ...
„Мигрос“ и неговите партнери се согласија да ги зголемат платите на вработените до 2,5 отсто во 2024 година. Како што се наведува во соопштението на компанијата, швајцарскиот трговец одредил опсег од 2,1% до 2,5% за зголемување на платите во 2024 година. Притоа, главната цел на „Мигрос“ е да ја компензира инфлацијата за своите вработени како резултат на забавувањето на швајцарската економија. Почнувајќи од годинава, компанијата стартува и ...
Во Спортско-рекреативниот комплекс во Куманово денеска ќе бидат отворени шестиот меѓународен саем на органски и традиционални производи „Органска трпеза“ и вториот меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки „АгроМак“. На саемот активно учество ќе земат околу 10.000 луѓе од кои 250 до 300 излагачи од Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Словенија, Република Српска, Босна и Херцеговина, Словачка, Унгарија, Црна Гора, ...
Компанијата објави дека ќе ја спои својата деловна единица „подготвена храна“ со цел комбинираните единици да продолжат да се фокусираат на „градење на брендот, оперативната извонредност и на проширување на пазарот“. Во исто време, заедничката единица ќе се фокусира на подобрување на брзината и агилноста на работењето на компанијата. Мелани Боулден, која моментално ја извршува функцијата генерален менаџер за развој во „Тајсон фудс“, ја презема ...
Пивскиот гигант „Хајнекен“ планира да инвестира 430 милиони евра во отворање на нова пиварница во Јукатан, полуостров на југоистокот на Мексико. Од компанијата соопштија дека новата пиварница ќе биде опремена со најсовремена технологија и има цел да одговори на растечката побарувачка во овој дел на земјата. Во согласност со глобалната стратегија за одржливост на „Хајнекен“, пиварницата ќе ги интегрира практиките на циркуларната економија за да ...
Компанијата „Даути комерц“ го постави камен-темелникот на Извозниот Центар во Сарај, Скопје. Просторот на Извозниот центар ќе биде со површина од 30.000 метри квадратни, со капацитет од 50.000 тони стока и ќе биде изграден според најсовремените трендови. Како што соопштуваат од „Даути комерц“, компанијата континуирано реализира капитални инвестиции во зголемување на логистичките капацитети. Генералниот директор на компанијата, Џемаил Даути, ...