
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Со радост и гордост ви го најавуваме веќе традиционалното трето издание на винскиот фестивал – „OHRID WINE FESTIVAL“ Оваа година фестивалот ќе се оддржи на 27, 28 и 29-ти јуни на улица „Кеј Македонија“ пред хотелот Палас во Охрид, а посетителите ќе имаат можност да дегустираат од најубавите македонски вина, вкусна храна и одлична културно – музичка програма со македонски музички артисти. На брегот на Охридското езеро посетителите ќе имаат ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на новата Влада, Христијан Мицкоски, вечерва ги соопшти 15-те предлози на коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ за министри во новата Влада. Претходно за нив добил едногласна поддршка од Извршниот и Централниот комитет на партијата, на седници одржани вечерва. Тој додаде дека идната влада ќе ја сочинуваат Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата ...
Викендов, повеќе од 60 волонтери обоиле околу 600м2 ѕидна површина на живеалиштата на бездомните кучиња во Јавното претпријатие (ЈП) Лајка. „Сакаме да ја искористиме оваа прилика јавно да им се заблагодариме на сите прекрасни луѓе и деца, од сите возрасти кои со нивната посветеност и труд беа навистина инспиративни и без нив немаше да успееме да направиме подобра средина за бездомните кучиња“, велат од ЈП Лајка. Оттаму додаваат дека покрај ...
Речиси во сите скопски населби овој викенд контејнерите беа преоплни, а околу нив имаше уште повеќе ѓубре. Дел од граѓаните се неодговорни но и Комунална хигиена не си ја заврши работата со навремено расчитување на контејнерите иако преку соопштение тврдат дека преку викендот собрале 40 метри кубни отпад. Во скопската општина Ѓорче Петров повторно се врати проблемот со ненавремено собирање на ѓубре и смет од контејнерите, слична беше состојбата ...
По повод шест годишнината од потпишувањето на Договорот од Преспа, поранешните премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас, преку „Фондацијата Заев“ и „Институтот Алексис Ципрас“ денеска и утре во Атина организираат дводневна Меѓународна конференција за мир и одржлив развој, на која воедно ќе му биде доделена и награда на медијаторот во разговорите за името Метју Нимиц, јави дописничката на МИА од Атина. Конференцијата ќе се одржи денеска и утре во ...
Центарот за управување со кризи, по барање на граѓани, поднесе иницијатива да се изгради кружен тек или итно да се постават семафори на крстосницата на бул. Васко Карангеловски во населбата Аеродром. За директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов оваа крстосница е „по малку збунувачка“ за учесниците во сообраќајот. „Повеќемина граѓани со повик на единствениот број 112 во ЦУК, преку медиумите и преку социјалните мрежи побараа итно поставување на семафори ...
Поскапува струјата. Според, неофицијални информации ЕСМ дале понуда нивната струја на универзалниот снабдувач да му ја продаваат за 5 отсто повеќе. Односно од сегашните 57 евра цената за мегават час да се зголеми на 60 евра. Но, какви ќе бидат сметките на граѓаните ќе се знае за неколку дена. На 20 месецот е аукцијата. А одлуката за новата цена ќе се донесе до крајот на јуни. Но ,досегашната пракса покажува дека на тендерот на Универзалниот ...
Претставата „Црна дупка“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски на Театарот „Антон Панов“ од Струмица ја освои наградата за уметничко остварување на претставата во целина, на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“. Наградите на македонските јазик на денешната прес-конференцијата ги соопшти меѓународното жири во состав Марина Миливојевиќ-Маѓарев, претседател, Марина Катниќ Бакаршиќ и Варја Ѓукиќ, членови. Струмичката претстава доби уште две награди – и тоа за ...
Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митрески од СДСМ и Весна Бендевска од ЗНАМ се предлозите за идните потпретседатели на Собранието. Претседателот на Собранието, Африм Гаши наместо прво планираните пет, ќе има тројца заменици потпретседатели кои треба да бидат избрани на утрешната собраниска седница откако претходно ќе бидат утврдени на Комисијата за избори и именувања, потврди пратеничката Бендевска. Тие треба да бидат избрани на утрешната ...
Екстремно високи температури биле регистрирани вчера во повеќе делови на Грција, а на островите Крит и Родос, на Пелопонез и во областа Атика, поширокиот регион на Атина термометарот покажал меѓу 43,3 и 44,5 степени Целзиусови, според податоците на Националната опсерваторија и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина. Највисоката максимална температура (44,5) била регистрирана во близина на Ханија на островот Крит, а просечната ...
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година, индивидуални сопственици извршиле градежни работи во вредност од 13 763 912 илјади денари. Градени се вкупно 2 020 објекти и завршен е вкупно 2 331 стан со вкупна површина од 299 224 м2, од кои 67 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 7 196 м2. Просечната корисна површина на завршените станови е 128.4 м2. По региони, најмногу се градело во Полошкиот регион, потоа во ...
Приведена е 36-годишна жена која е осомничена дека доцна синоќа во семејната куќа во Кратово со остар предмет ги нападнала нејзиниот сопруг и неговиот татко, кои починале од здобиените повреди, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Според информациите од полицијата, жената е приведена и задржана во полициска станица. „На 13 јуни 2024 година во 22:08 часот, полициски службеници на ОВР Кратово ја лишиле од слобода В.И. (36) од ...
Оперативниот план на службата за заеднички работи за изградба на нова компресорска станица во клиничкиот центар денеска се најде на дневен ред на Владата. Како што соопштија оттаму, планот бил разгледан на вчерашната седница и Владата препорачува сите надлежни институции да постапат согласно своите надлежности за да се започне со работа на терен и да се санира проблемот со оперативните сали. „Владата го разгледа предложениот Оперативен план и со ...
Хаосот во градскиот јавен превоз во Скопје никако да се среди, но по се изгледа моменталната ситуација е полоша од било кога. Граѓаните кои ги анкетираше екипата на 24Инфо велат дека автобус на ЈСП понекогаш се чека дури 30 до 40 минути, а иако поретко, понекогаш се случува истиот и воопшто да не дојде. Повеќето од нив се револтирани и велат ситуацијата е катастрофална. Релациите се долги, а автобуси има се помалку, па тие се приморани долг ...
Пред советниците на ВМРО ДПМНЕ кои се власт во Советот на Град Скопје и мнозинство, по 20 пат за гласање на следната седница е доставена предлог одлука со која треба да се обезбедат нови еколошки автобуси за скопјани. Јавниот превоз е во незавидна состојба, откако автобусите за кои целокупната јавност гледа и реагира дека се децениски дотрајани треба да се заменат со нови, а советниците на ВМРО ДПМНЕ кои ветуваа нови еко автобуси пред скопјани ...
Од 8 до 15 часот денеска без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул. „Македонија“ – зградата на „Вардар технометал“, хотелот „Турист“, ЈП за државни патишта, зградата ВМРО и околината во општина Центар, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од ЕВН Македонија а.д. Од 9 до 15 часот електрична енергија ќе немаат и корисниците од селата Орман и Никиштани во општина Ѓорче Петров, од 9 до 10 часот – ...
Се ближи ли крајот на сообраќајното дивеење во Скопје? … Дел од булеварите и улиците во метрополата веќе добиваат „нови очи“ кои ќе ги ловат несовесните возачи, ноќните тркачи по улиците и сите оние кои го загрозуваат својот и животот на околината на било каков начин… Речиси нема раскрсница во Скопје каде што не се работи на инфраструктурата за новите камери-радари кои конечно треба да стават ред во хаотичниот и небезбеден сообраќај во главниот ...
Денеска се одбележуваат 81 година од загинување на македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин. Рацин загина на 13 јуни 1943 година во месноста Лопушник, кичевско, во близина на партизанската печатница. Сè уште не се разјаснети сите подробности околу неговата смрт, поради што постојат сомневања дека бил убиен. Телото на Рацин било погребано во близина на печатницата во Лопушник, од каде што, по ослободувањето, неговите посмртни останки биле ...
Лебот на одредени компании поскапи за 10 отсто. Ваквата информација ја потврдија и мелничарите кои велат дека станува збор за импликација на зголемените цени на пченицата на светските берзи и регионалните пазари во мај за исто толку проценти. Според претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора Горан Малишиќ, во наредниот период, со почетокот на жетвата, се очекува цената да се стабилизира и да се намали, ...
Двата огласи за добивање ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима-уреди во домаќинствата, како и за лицата што спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија за 2024 година беа затворени во февруари, но комисиите при Министерството за економија поради големиот број пристигнати апликации уште вршат проверки на документацијата, по што ќе бидат јавно објавени добитниците. -Во моментот, комисиите за реализација на ...
Марта Димитриевиќ, чудо од дете, осмооделенка, одлична ученичка во ООУ „Мирче Ацев“ – Скопје, со својот коњ Калатус, откако по ред ги сруши сите рекорди и ги освои сите медали во Македонија, пред неколку недели во Ковилово (Белград), го освои прво место во дисциплината прескокнување пречки од 100 сантиметри, победувајќи ги сите 18 натпреварувачи од Србија, Хрватска и Македонија и тоа со предност од 13 секунди пред второпласираниот. Во 2023 Марта ...
Поранешните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас во заедничката колумна за „Еуроактив“ ја повикуваат Европската Унија и меѓународната заедница јасно да стават до знаење оти почитувањето на Преспанскиот договор е единствениот пат на земјава до пристапниот процес во ЕУ, претпристапната поддршка и економската мобилизација. Заев и Ципрас, во чие време беше постигнат Преспанскиот договор, во заедничката колумна порачуваат дека „по неодамнешните ...
Ново истражување од „Лантана рикавери“ – установа за рехабилитација од Чарлстон, Јужна Каролина, САД, го испитува бројот безалкохолни активности, потрошувачката на алкохол по глава на жител, севкупните здравствени оценки, јавната безбедност и законите за алкохол во повеќе земји ширум светот. Секоја дестинација потоа добивала оценка од 1 до 100, што го обликувало конечниот ранг. Причина за ова истражување се групните тури без алкохол и ноќевањата ...
Од пазарот во Данска повлечени се три луто зачинети производи од јужнокорејската компанија „Самијанг“. Властите на оваа северноевропска земја тврдат дека нивото на состојката капсаицин во тестенините со луто пилешко „може да ги отруе потрошувачите“, пренесе „Би-би-си“. „Самијанг“, од своја страна, вели дека нема проблем со квалитетот на храната. „Разбираме дека данската Управа за храна ги повлече производите, но тоа не е поради проблеми со ...
Во Центарот за управување со кризи на нивниот повикувачки број за итни случаи 112, имало пријавен напад извршен од мечка врз овци во Гостиварско. „Вчера, во 20:45 часот е добиена пријава за убиени и изедени овци во с.Равен (Општина Гостивар)“, соопшти ЦУК. Пријавителот информирал дека пред два дена, на 11 јуни во вторникот, мечка му убила и изела шест овци. Трлото, каде што го чувал стадото, било на периферија на село Равен. По пријавата во ЦУК, ...
Меѓу гостите во Скопје се претседателите на Албанија, Косово, Црна Гора, но и шефот на грчката дипломатија што е прва посета на висок грчки претставник по реакциите на Грција кон новата власт околу Преспанскиот договор. Со состанок на министрите за надворешни работи во претпладневните часови и Самит на шефови на држави и влади попладне на 13 јуни во Скопје, Северна Македонија го заокружува едногодишното претседавање со Процесот за соработка во ...
Министерството за образование нема да ја заврши порано наставата во основните училишта поради топлотниот бран како што бараат родителите, затоа што по закон школската година мора да се одработи до 17 јуни понеделник. „Учебната година во основните училишта е регулирана со закон и трае до 17 јуни со што ќе се исполни законскиот услов годината да има 180 работни или училишни денови. Не може МОН да носи одлука за прекин на настава затоа што ќе го ...
Растот на градовите и загадувањето на воздухот, водата и почвата се најголемите притисоци врз природниот екосистем. Урбаните средини се особено погодени од последиците и влијанието на климатските промени, особено што овие ефекти ќе се интензивираат во летните месеци. Градот Скопје во 2017 со поддршка од Програмата за развој на Обединетите нации во Македонија (УНДП) има изработено стратегија за прилагодување на климатските промени „Отпорно ...
Кратко време откако САД четирикратно ги зголемија давачките на повеќе од 100%, европската комисија одлучи од наредниот месец покрај редовните 10 отсто да воведе дополнителни царини за кинеските електрични возила. Со повисоки давачки ќе се соочат сите производители на возила кои извезуваат во Европа но сумата што ќе треба да ја платат ќе биде различна. Главно образложение за ваквиот селективен пристап е дали производителите соработувале со ...
Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги информира средношколците дека и оваа година за време на летниот распуст имаат право бесплатно да се возат во нивните автобуси доколку ги исполнуваат условите за користење бесплатен јавен превоз. -Правото на бесплатен превоз за време на летниот распуст е согласно со Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2024 година која, меѓудругото, вели „со почетокот на 2024 ...