По добиените информации од Светската здравствена организација (WHO) со кои е потврдена првата смрт на човек заразен со поттипот на птичји грип H5N2 во Мексико, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ќе продолжи на дневна основа да ја следи состојбата и доколку се процени дека има потреба, ќе преземе соодветни мерки. Како што изјави за медиумите директорот на АХВ, Николче Бабовски, засега е подигнато нивото на внимателност во државата, бидејќи ...

Првиот македонски фестивал со детски театарски претстави почнува денеска во Кавадарци, во организација на Здружението на детски театри -Национален центар „АСИТЕЖ“, во соработка со Домот на култура „Иван Мазов – Климе“. – На првиот Македонски „АСИТЕЖ“ фестивал – МАФ, ќе бидат одиграни пет детски театарски претстави во различна продукција од цела држава, појаснува режисерката Микица Илова. Фестивалот ќе трае до 11 јуни, а на програмата се детски ...

Позната слика на скопската меѓународна автобуска станица: Млади Македонци им мавтаат на своите семејства, качувајќи се во автобуси (побогатите со авиони) кон дестинации како Љубљана, Софија, Загреб…Трендот на студирање во странство постојано расте. Што ги тера овие млади умови да бараат образование надвор од својата татковина? Еден од клучните фактори е квалитетот на образованието. Според резултатите од PISA, Словенија постојано ја надминува ...

Пукната челична сајла од жичницата од Тетово до Попова Шапка може да биде опасна по луѓето, алармираа лани граѓаните, а речиси една година потоа, проблемот не е надминат. Лани во август медиумите информираа дека постои опасност оштетената сајла да се искине и да предизвика проблеми доколку падне на патот. Состојбата е иста и сега, сајлите се надвиснати и се забележителни кога се минува со возило под нив. – Уште малку фали до судниот ден кога ...

Македонскиот камерен оркестар Профундис вечерва (7 јуни) ќе настапи на престижниот фестивал „Софиски музички недели“ (Sofia Music Weeks) во Бугарија. Овој фестивал на класичната музика, со традиција од 55 години, е познат по својата извонредна програма и високи уметнички стандарди. По серијата успешни меѓународни гостувања на фестивалите Котор Арт, Раванелиус и гостувањата во Нови Сад, Белград и Италија, Профундис за првпат ќе има чест да се ...

Младиот македонски спортист Дамјан Марковски на 28. мај тргна пешки од Скопје до манастирот Острог во Црна Гора за да му одаде благодарност на Св. Василие Острошки за оздравувањето на член од неговото семејство. Станува збор за релација долга 400 километри. Дамјан на Фејсбук напиша: „Како млад човек кој го поминал поголемиот дел од своето детство и младост играјќи фудбал, решив да преземам еден исклучителен предизвик – пешачење од Скопје до ...

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, ја прекина седницата за измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа. По завршување на расправата на Законот и откако СДСМ и Левица истакнаа дека се против носење на Законот по скратена постапка, Гаши ја прекина седницата и соопшти дека гласањето ќе се одржи кога ќе се создадат деловнички услови за тоа. ВМРО-ДПМНЕ очигледно нема поддршка ниту од ...

Во 2023 година се регистрирани 14 деца од мајки на возраст помала од 15 години. Државниот завод за статистика ги објави податоците за наталитетот во 2023 година. Во Македонија лани се родиле 7.4 отсто помалку бебиња одтколку во 2022 година. Родени се 16.859 деца, од кои живородени се 16.737, а мртвородени 122. Од новороденчињата повеќето се машки, односно 50,9 отсто. Според месецот на раѓање, најголем број деца се родиле во август – 1558. Според ...

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против 28-годишен скопјанец за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. На 18 јануари, при вршење семејно насилство во семејниот дом на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Скопје, обвинетиот со умисла ја лишил од живот сопствената баба. Додека жртвата јадела, тој ја нападнал, започнал да ...

Ниту еден производ за кој е докажано дека е небезбеден, не завршил на рафтовите во домашните маркети или на пазарите. Или е вратен во земјата од каде што потекнува или завршил на депонија. Од АХВ сепак ги повикаа и граѓаните да се стават во улогата на инспектори, да ги проверуваат декларациите, да внимаваат на роковите, всушност да „се подготват за неочекуваното“, што се совпаѓа со годинешното мото на 7 јуни – Светскиот ден на безбедноста на ...

Јуни е интернационалниот месец за микрочипирање, и ѐ целосно во знакот на милениците и нивната сигурност, а сѐ со цел да ја зголеми свесноста и да ги поттикне сопствениците да си ја спроведат законската одредба за микрочипирање на нивните крзнени пријатели. Микрочипирањето на кучињата претставува значаен чекор во одговорното сопствеништво на милениците. Подразбира имплантација на мал пасивен уред со големина на зрно ориз под кожата на миленикот. ...

Со ваквите постапки на Ангелов направен е преседан во работата и управувањето на Агенцијата за филм, со што сериозно се отвора прашањето зошто директорот постапил на ваков начин во случајот со „Банана филм“ на Манчевски. За предметот за финансиското работење на „Банана филм“, што се однесува на потрошени 950.000 евра за кои не е доставен извештај во Агенцијата за филм, како и трансакциите на оваа продукција кои ги насочувала кон Њујорк, САД, ...

Голем интерес владее за влезниците за речиси сите 11 претстави што се селектирани на програмата на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, што ќе биде отворен вечерва. Редици прилепчани од првиот ден кога беа пуштени влезниците во продажба, покажаа голем интерес за својот фестивал и можноста да ја видат најновата продукција. Поголемиот дел од претставите од програмата на 58. издание се продадени пред да започне фестивалот, што покажува колкав е ...

Топло лето во Грција со силни и редовни топлотни бранови, најавуваат метеоролозите. Топлотниот бран од минатата година стана најдолгиот во историјата на земјата, според висок претставник на Националната опсерваторија. -Според податоците, веројатно ќе поминеме низ 16-17 дена топлотен бран, каков што досега не се случил во нашата земја, изјави за телевизијата ЕРТ Костас Лагувардос, директор за истражување во Националната опсерваторија. Грција се ...

Езерото „Треска“, едно од најпопуларните и најпосетувани рекреативни места за скопјани особено во летните жешки месеци, речиси три децении е оставено да пропаѓа. Изградено беше во 1978 година со самопридонес од жителите на главниот град, со капацитет за 10 000 капачи, а само 20 години потоа, поради негрижата и неможноста да се најде начин за негово одржување и поради бактериолошки загадена вода, е затворено за капење. Оттогаш започна неговото ...

Европската централна банка (ЕЦБ) се очекува да ги намали каматните стапки за прв пат по пет години. Овој потег има за цел да и даде на еврозоната многу неопходен економски поттик преку стимулирање на пазарот на недвижности, инвестициите и потрошувачката додека блокот се бори да излезе од стагнација, пренесува Белга, објави Кликс.ба. Слабиот раст на продуктивноста, забавувањето на инвестициите, индустријализацијата предводена од државата во Кина ...

Македонската филхармонија вечерва ќе го одржи традиционалниот концерт насловен „Младите доаѓаат“, посветен на новите музички таленти од земјава. Под диригентство на маестро Ангел Спироски, како што соопштија од македонската филхармонија, на концертот ќе настапат ученици од музичките училишта од Скопје, Струга, Охрид и Битола. На програмата се инспиративни и комплексни дела од Ј. С. Бах (Двоен виолински концерт во d-moll), К. Дитерсдорф (Концерт ...

Евроамбасадорот Дејвид Гир смета дека Преспанскиот договор, Охридскиот рамковен договор и Договорот за добрососедски односи со Република Бугарија, секој на различен начин, имаат донесено значителни придобивки за земјава и вели дека затоа за Европската Унија е од огромно значење да се работи на целосна имплементација на трите договори. -Преспанскиот договор за којшто се води толку жешка дебата во овој момент има донесено енормни придобивки за ...

Избрани се првите десет финалисти за Наградата за креатори на вештачка интелигенција, чии вештачки генерирани слики и инфлуенсери се натпреваруваат за првото место и 20.000 долари, пишува „Еуроњус“. „Наградите покажуваат колку се ангажирани креаторите во сферата на вештачката интелигенција, а потесниот избор е неверојатен“, вели Вил Монанж, еден од основачите на „Фенвју“, моментално водечката социјална платформа за креатори на содржина базирана ...

Завршна конференција се одржа денеска за проектот „Регионална мрежа за културна разновидност“ – РЕАД, финансиран од Европската Унија, чија цел беше преку културна размена во областа на книжевноста да поврзе пет земји: Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија и Турција. Проектот РЕАД траеше четири години во кои биле доделени 92 грантови на регионални граѓански организации, одржани се 13 изданија на литературни фестивали на кои присуствувале ...

На иницијатива на Ротари клубот „Камен мост-Скопје“, потпомогната од Данскиот и Норвешкиот конзулат во Скопје, ќе се донираат 377 книги на македонски јазик на Националната библиотека во Осло. Проф. Д-р Радмила Димовска, при нејзината посета на Националната библиотека во Осло, која е една од најпрестижните во Европа, констатирала дека не постои катче на македонски јазик: „При вообичаена посета на библиотеката, утврдив дека на нејзините полици ...

Шефот на ОН вели дека светот е на „автопат кон климатскиот пекол“ бидејќи планетата трпи 12 последователни месеци на невидена топлина Планетата штотуку означи „шокантна“ нова пресвртница, издржувајќи 12 последователни месеци на невидена топлина, според новите податоци од Коперник, службата за мониторинг на климата на Европската унија. Секој месец од јуни 2023 година до мај 2024 година бил најтоплиот таков месец во светот досега, покажаа ...

Со концерт на хрватскиот уметник, пијанист и композитор Звјездан Ружиќ во Куршумли Ан, на 21 јуни ќе биде отворено 45 издание на фестивалот Скопско лето. Звјездан Ружиќ доаѓа во Скопје со својот уникатен проект „Пијанотрон“. -„Пијанотрон“ е комбинација од пијано, мелотрон и педали на кои Звјездан свири со нозете. Накратко – Звјездан е човек – оркестар! Иако Звјездан е академски џез пијанист, тој го опишува Пианотрон како филмска музика, украсена ...

На иницијатива на Ротари клубот „Камен мост-Скопје“, потпомогната од Данскиот и Норвешкиот конзулат во Скопје, ќе се донираат 377 книги на македонски јазик на Националната библиотека во Осло. Проф. Д-р Радмила Димовска, при нејзината посета на Националната библиотека во Осло, која е една од најпрестижните во Европа, констатирала дека не постои катче на македонски јазик: „При вообичаена посета на библиотеката, утврдив дека на нејзините полици ...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од денеска може да составува влада, откако го доби мандатот од претседателката Гордана Силјановска Давкова. Претседателката рече дека е убедена во можноста Мицксоки да состави влада, затоа што новиот претседател на Собранието, Африм Гаши, бил изгласан со 76 пратенички гласа. Мицкоски веќе рече дека ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ веќе начелно ја договориле распределбата на ешалоните. Тој вчера ги поднесе и ...

Американската туристичка агенција Флорида Панхендл анализирала мислења од не помалку од 2,4 милиони туристи. Тие ја избраа плажата со најпроѕирна вода на светот врз основа на нивните наоди. Вистински рај се наоѓа во Европа. Според рангирањето на Флорида Панхендл, победничката титула ја освои плажата Праса на Кимолос, дел од архипелагот Киклади, како што пренесува порталот „Грик репортер“. Како што пренесуваат грчките медиуми, плажата со ...

Синот на еден од уапсените косовци за шпионажа за Српската разузнавачка агенција БИА е новинарот Зекирја Шабани. Тој како што објави порталот Воксњуз.ал (VOX News Albania) е сопственик на порталот „Факте плус“, а додека до минатата година беше уредник и во телевизијата АТВ. Зекирја Шабани беше многу активен во изборната кампања на Северна Македонија, за поддршка на ВЛЕН. Тој ја подготвил изборната кампања за Африм Гаши, кој е избран за ...

Единствениот услов што денес стои пред нас и пред отворањето на втората фаза од преговорите е внесувањето на Бугарите во Уставот и уште утре ќе видиме дали имаат 80 пратеници за некои прашања, истакна деканот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски во интервју за Слободен печат. „Доколку идниот премиер предложи во Собранието да се промени Уставот, Уставот ќе биде променет со внесување на Бугарите во Уставот. Дали тоа ќе биде со клаузула што ...

ЈП Комунална хигиена-Скопје се соочува со енормно зголемено количество градинарски отпад што се одложува на јавни површини во скопската општина Карпош, најчесто во непосредна близина на контејнерите со зафатнина од 1,1 м3 и 3,2 м3, што резултира со секојдневно создавање диви депонии коишто директно влијаат врз загадувањето на животната околина во општината. Само во текот на месецот мај, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстраниле вкупно ...

Наставниците од средното образование ангажирани како тестатори во државната матура изразуваат РЕВОЛТ, зашто оваа дополнителна обврска во два викенди не им се плаќа. Според професорите, поради ваквата негрижа се губи волјата да се заврши задачата. Билјана Михајловка, директорка на ДИЦ, рече дека учеството на професорите во државната матура во улога на тестатори е законска обврска, но, како што додава, тоа не значи дека не треба да бидат платени. ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
5.66
32%
1017
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
4.63
35%
1018
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
3.09
44%
1019
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
5.14
29%
1016
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
6.93
55%
1015
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 26ᴼ
4.12
50%
1020
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
3.13
46%
1012
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.6
51%
1016
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
8.75
33%
1015
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
4.12
49%
1016
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
7.2
34%
1020
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
9.77
69%
1014
Currency

61.535

Currency

53.3801

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60