На Олимписките игри во Париз, коишто ќе се одржат од 26 јули до 11 август, ќе учествуваат повеќе од 15.000 спортисти од 206 земји. Тоа, земајќи ги предвид и целокупните национални тимови, е огромен готвачки предизвик, а организаторите најавија дека 80 отсто од сите јадења ќе бидат направени од намирници и состојки што виреат токму на тоа подрачје. Покрај тоа, нешто повеќе од 60 отсто од храната ќе биде без месо, а 33 отсто се предвидува да биде ...

Многу луѓе имаат проблеми со болки во долниот дел на грбот. Иако повеќето ќе изберат да се одморат и да избегнуваат ненадејни движења за да избегнат болка, неодамнешното истражување покажа дека физичкото движење, особено одењето, може да помогне со овој проблем. Како што известува Psychology Today, сè повеќе истражувања покажуваат дека останувањето физички активни и избегнувањето на седентарен начин на живот ја намалува фреквенцијата на ...

Минатата година беше година за соларна енергија, бидејќи глобално беа додадени 447 GW нови соларни електрани – речиси двојно повеќе од 239 GW додадени во 2022 година, соопшти здружението SolarPower Europe. Вкупниот соларен капацитет во светот достигна 1,6 TW во 2023 година, а SolarPower Europe предвидува дека светот ќе достигне два теравати соларна енергија до крајот на оваа година. Соларната енергија развива најбрзо од сите обновливи извори на ...

Деновиве низ медиумите кружи добра вест дека повторно заживува идејата за воспоставвување на градски железнички превоз во Скопје. Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“- Скопје ја поздравува оваа идеја, бидејќи железничкиот градски превоз е докажано еколошко транспортно решение во борбата против климатските промени. Преку него се намалува зависноста од приватните автомобили, потребата од широки булевари и огромни ...

Вчерашното отворање на изложбата на фотографии од настапи на гитарскиот маестро Влатко Стефановски во „Мала станица“ беше вистинско културно случување. На јубилејното 10-то издание на фестивалот „Скопје синема сити“, кој веќе една деценија негува музички документарни филмови и посветено работи на одржување на урбаната сцена во градот, се претставија фотографии на Стефан Рајхл, Ангел Ситновски-Бојс, Огнен Ацевски и Немања Ѓорѓевиќ, како и ...

Тромбозата е опасна состојба која се јавува кога крвните садови се блокирани од згрутчување на крвта. Тогаш постои опасност згрутчувањето на крвта да се откине и да го блокира протокот на крв до виталните органи. Сепак, постои навика која помага да се спречи формирање на згрутчување на крвта. Според кардиологот Дарина Курбанова, важно е да пиете најмалку литар и половина вода дневно и да се движите. „На секои 40 до 50 минути правете кратки вежби ...

Фестивалот на европската литература „BookStar“ 2024 денеска го објави визуелниот идентитет на своето 10-то издание, што годинава ќе се одржи од 30 септември до 3 октомври на повеќе локации во Скопје. Фестивалскиот слоган, кој секоја година креативно предизвикува на ангажман и размислување, е „Преобразба“ (The Metamorphosis), и е инспириран од делата на Франц Кафка. – Во годината кога се навршуваат сто години од смртта на еден од најголемите ...

Кинотеката на Северна Македонија соопшти дека во месец јули ќе бидат прикажани остварувања од нашата национална кинематографија, со постар, но и со понов датум на реализација. Како што најавија, ќе биде прикажан филмот „Жед“ на филмскиот и театарски режисер Димитрие Османли. Станува збор за втор долгометражен игран филм во продукција на Филмско студио – Скопје и на дистрибутерската куќа „Македонија филм“. Меѓу другото, во Кинотеката во јули ќе ...

ОРегулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) ја информира јавноста дека универзалниот снабдувач ЕВН Хоме соодветно го применил тарифниот систем при изготвување на одлука за нови цени, распоредувајќи ги трошоците по блокови на начин што цената на електрична енергија за 88% од домаќинствата кои се во прв и втор блок се зголемува за 0,4%. „За 88% од домаќинствата ...

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска ќе го одржи вториот јавен состанок на кој ќе го презентира истражувањето за медиумската писменост кај учениците во прва и втора година средно образование. Воведни обраќања ќе имаат директорот на АВМУ Зоран Трајчевски и Дејан Докузовски од Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“, а истражувањето ќе го презентира Софија Ристова од Агенцијата Рејтинг. На ...

Во Американското катче во зградата на Економскиот факултет при УКИМ, денеска ќе биде промовиран Речникот на поими од медиумска писменост со игровни активности за усвојување, утврдување и примена на поимите од речникот. На настанот се поканети новинари со кои ќе се дискутира за важноста на медиумската писменост и користењето на македонскиот јазик во медиумите. Во Речникот e презентиран соодветен превод на дел од поимите од медиумска писменост што ...

Чести самопрегледи и заштита од сонце, се клучните совети на кумановските дерматолози за превенција и заштита од малигни меланоми. Од Болницата во Куманово наредната недела организираат бесплатни прегледи за сите пациенти како еден од начините да се зајакне свеста за превенција од меланом. – Пациентите можат самите да се прегледаат, особено да посветат внимание на експонираните делови – лице, глава, ушни школки, раце, нозе, грб. Тоа е првиот ...

По неколкумесечни тешки преговори, данската влада се договори со фармерите, производителите и еколошките групи да ги оданочува емисиите на метан произведени од домашни животни како крави и свињи од 2030 година. „Ќе бидеме првата земја во светот што ќе воведе реален данок на CO 2 во земјоделството. Другите земји ќе бидат инспирирани“, рече Џепе Брус, министер за даноци, пренесува Фигаро. Данска, која има за цел дотогаш да ги намали емисиите на ...

Љубителите на пиво ќе имаат можност да пробаат уникатни пивски вкусови произведени од локалните домашни производители на пиво. Од 28 до 30 јуни во Diamond Mall ќе се одржи Фестивал на домашни пива. На тридневниот фестивал малите локални производители ќе ги презентираат своите оригинални пива, а пивските ентузијасти покрај дегустацијата, за време на фестивалот ќе можат да се запознаат и со процесот на нивно создавање. На фестивалот своите пивски ...

Напуштањето на домашните миленици е суровост и злоупотреба која мора соодветно да се превенира, а доколку се случи најстрого да се санкционира неодговорниот сопственик, согласно закон. Улицата е сурова за секое животно. Животните кои не се растени на улица, туку исфрлени немаат стекнати основни животни вештини за преживување, се плашат, запаѓаат во депресија поради напуштеноста од семејството кое го познаваат и сакаат, па така исходот е неретко ...

Битола, град познат по бројни автентични културни настани, повторно е домаќин на фестивалот „Битола отворен град“. Сега во својата 23-та година, овој фестивал продолжува да биде промотор на урбаната култура, славејќи ја креативноста, музиката и духот на заедницата. Фестивалот вчера беше отворен со изложба на женски стрипови во соработка со Стрип центарот од Велес на локацијата Училница. На оваа изложба беа претставени дела од новата генерација ...

Во Скопје интензивно се поставуваат камери на најфреквентните крстосници, улици и булевари со кои МВР ќе лови сообраќајни прекршоци. Вчера доцна попладне такви камери се поставуваа на улицата „Васил Чакаларов“, која ја поврзува населбата Тафталиџе со населбите Влае и Ѓорче Петров. Станува збор за надградување на проектот „Безбеден град“, кој има за цел да ја зголеми безбедноста во сообраќајот. За ова да профункционира потребни ќе бидат законски ...

Додека граѓаните нервозни и револтирани чекаат и по повеќе од половина час дури и на +40 степени, од ЈСП не сакаат да одговорат на нашите прашања на што се должи нередовноста на автобусите, ниту пак да одговорат на прашањето колку возачи си заминале од претпријатието од почетокот на годинава до сега. Како што веќе објавивме, граѓаните кои ги анкетираше екипата на 24Инфо велат дека автобус на ЈСП понекогаш се чека дури 30 до 40 минути, а иако ...

Министерот за транспорт Александар Николовски најави дека ќе иницира новите раководства на јавните претпријатија Железници Транспорт и Железници Инфраструктура да направат детална физибилити студија за идејата за градски железнички превоз во Скопје што тој ја претстави неодамна. -Она што ќе биде потребно и тоа ќе го иницирам со новото раководство на ЈП Железници Инфраструктура, но и новото раководство на ЈП Железници Транспорт е да се направи ...

Град Скопје назначи нови директори на јавните претпријатија Јавен сообраќаен превоз (ЈСП), ЈП Паркови и зеленило и ЈП Улици и патишта. Како што информираат од Град Скопје, новиот директор на ЈСП е Драги Кушовски, на директорското место на ЈП Паркови и зеленило ќе седне Мартин Ангеловски, додека на ЈП Улици и патишта за нов директор е назначен Ванчо Умленски. Од Град Скопје велат дека тројцата доаѓаат на позициите како професионалци од приватниот ...

Со изложба на концертни фотографии како и архивски материјали, насловена „The Vlatko Stefanovski Experience“ која ќе се отвори на 26-ти јуни во 21 часот во галерискиот простор на Мала станица, ќе биде означен почетокот на јубилејното, десетто издание на фестивалот Скопје Синема Сити. Како куриозитет ќе бидат изложени и звучниците Legendary на Теохаров аудио, кои се дизајнирани заедно со Влатко. Програмата на фестивалот е организирана во два ...

Тројца од екипата на Итната медицинска помош се жалат на повреди откако лифтот во кој се возеле во зграда во Кислеа Вода паднал од втор кат во подрум. Екипата се движела кон шетиот кат во стан во кој била повикана за констатиација на смрт. Луѓето се извлечени соопшти ЦУК. Претходно ЦУК соопшти дека во 11:22 часот на 112 била добиена пријава за заглавена екипа на Итната медицинска помош од Скопје, во лифт во подрумски дел од зграда на ул. Христо ...

Во интервју за Слободен печат, досегашниот национален координатор за Отворен Балкан и регионални иницијативи, Марјан Забрчанец, со осврна на можниот иден однос на новата Влада кон иницијативата Отворен Балкан. „Во програмата за работа на новата Влада, поимот Отворен Балкан не се спомнува, а еден од коалициските партнери, односно Арбен Таравари во претседателската кампања, експлицитно најавуваше излегување на државата од Отворен Балкан. Јас не ...

Светски познатата платформа за патувања, „Лонли планет“ (Lonely Planet) објави топ-листа на некои од најубавите езера во Европа. Од нив, четири се на Балканот – по две во Хрватска и Словенија. „Морските брегови и прекрасните плажи во Европа привлекуваат големо внимание налето, но не треба да се занемарат ниту езерата на континентот. Италија може да се пофали со прекрасни езера опкружени со планини, а и езерата во Хрватска и Англија се вистинска ...

Екипа на брзата помош заглави во лифт во зграда во скопската општина Кисела Вода, а со помош на Центарот за управување со кризи тие се ослободуваат. Јавено е на екипи на противпожарната и на полицијата. Како што соопшти директорт на ЦУК, Стојанче Ангелов, денеска во 11.22 часот на 112 добиле пријава за заглавена екипа на Итната медицинска помош од Скопје заедно со пациент, во лифт во подрумски дел од зграда на ул. „Христо Татарчев“ бр.47, Кисела ...

Поради недоволна физичка активност речиси 1,8 милијарди возрасни луѓе ширум светот се изложени на опасност од болести, како што се рак, срцев и мозочен удар, а оваа состојба и натаму се влошува. Според ново истражување на Светската здравствена организација (СЗО), параметарот за недостаток на физичка активност на светско ниво се зголемил за пет отсто меѓу 2010 и 2022 година. – Новите откритија ја истакнуваат пропуштената можност за намалување на ...

Според Извештајот на Државниот завод за ревизија во извештајот „Реализација на капитални инвестиции финансирани преку буџетот на РСМ, ЕУ фондовите и средства од други меѓународни финансиски институции во надлежност на централната власт и локалната самоуправа“, големена е вредноста на проектите за изградба на првата и втората фаза од железничката инфраструкрура на Коридор 8 кон исток започнати во 1996 година и кои се уште не се завршени и платени ...

Познат е исходот од овогодинешното повеќемесечно тестирање на четиридневната работна недела во 45 германски компании со различни дејности. Некои од бизнисите кои ја тестираа четиридневната работна недела се компанија за чистење теписи, градежна компанија и маркетинг агенција. Ова беше најголемиот тест на четиридневната работна недела во Германија досега. Остануваше на самите компании како ќе го скратат работното време. Некои го примениле ...

НАТО официјално го именува холандскиот премиер во заминување Марк Руте за нов шеф на Алијансата откако амбасадорите од сите 32 земји-членки го одобрија неговото назначување. „Северноатлантскиот совет одлучи да го назначи Холанѓанецот Марк Руте за иден генерален секретар на НАТО, кој ќе го наследи Јенс Столтенберг“, се вели во соопштението на НАТО. Долгогодишниот холандски премиер ќе ја преземе функцијата на 1 октомври годинава, кога му истекува ...

Полицијата извести дека вчера во 3.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода во Скопје настанал пожар во возило „киа“ сопственост на П.В.(77) од Скопје. Видео: Градска.мк Од пожарот биле зафатени и две други патнички возила, „шевролет“ сопственост на М.С.(40) и „пежо“ сопственост на М.О.(49), двете од Скопје. Повредени лица нема. Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
78%
1017
weather icon

Белград

25ᴼ / 23ᴼ
4.12
43%
1020
weather icon

Загреб

25ᴼ / 23ᴼ
3.6
40%
1022
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
6.17
44%
1017
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
9.28
26%
1014
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
0.89
50%
1023
weather icon

Атина

34ᴼ / 30ᴼ
4.12
39%
1013
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
1.54
45%
1016
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
3.09
37%
1017
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
8.94
47%
1016
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
3.09
36%
1022
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.6
69%
1013
Currency

61.535

Currency

53.6163

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.56

Иридиум

142633.96

Кобалт

42.99

Никел

14785.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.35

Сребро

1169.00

Злато

108316.04

Бакар

9.69

Паладиум

3343.68

Платина

40695.48

Родиум

176025.34

Цинк

2.60