
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Позната слика на скопската меѓународна автобуска станица: Млади Македонци им мавтаат на своите семејства, качувајќи се во автобуси (побогатите со авиони) кон дестинации како Љубљана, Софија, Загреб…Трендот на студирање во странство постојано расте. Што ги тера овие млади умови да бараат образование надвор од својата татковина? Еден од клучните фактори е квалитетот на образованието. Според резултатите од PISA, Словенија постојано ја надминува ...
Пеколни горештини и суша нè чекаат и ова лето, а климатските промени го наплатуваат данокот на невнимателност на човекот, како најодговорен за емисиите на стакленички гасови. Иако само што календарски започна, летото веќе го чувствуваме во полн замав, а заради високите температури во земјава веќе е прогласена и портокалова фаза на опасност. Жештините ќе се задржат и во следните денови, заради што Институтот за јавно здравје веќе излезе со ...
Итната медицинска помош во Скопје го евидентираше првиот случај на каснување од змија. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) редовно информираат за пријави за змии во населени места, а надлежните апелираат да се внимава во текот на летото, со цел граѓаните да се заштитат од влекачите. Доктор Драган Панов од Итната медицинска помош во Скопје во изјава за МИА открива дека во вторникот имале пријавен случај на каснување од змија. Станува збор за ...
Во следните денови нашето подрачје и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ поради што времето ќе биде претежно сончево и натпросечно топло, најавуваат од УХМР. Утринската температура наместа нема да се спушта под 20 степени, максималната дневна насекаде ќе биде над 30, а наместа и 40 степени. Денеска ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер, а во недела попладне ќе има локална појава ...
На бројот 112 беше пријавена опасност од парчиња фасада што паѓаат од зграда во општина Центар. Од локалната самоуправа информираат дека се излегло на терен, се решил случајот и опасноста е отстранета, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи. – Настанатата ситуација, со фасадата во распаѓање, претставуваше потенцијална опасност за граѓаните кои поминуваат на тој потег од улицата „Мито Хаџи Василев – Јасмин“ број 24, зад новата ...
По повод 65-годишнината од основањето на Технолошко – металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, денеска во просториите на Факултетот, со почеток во 18 часот ќе се одржи свечено одбележување. На настанот ќе бидат доделени дипломи за студентите кои магистрирале и дипломирале во учебната 2022/2023 година, плакети на истакнатите личности кои дипломирале на ТМФ, како и на вработените кои навршиле 35 години стаж во ...
Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ и годинава ги собра најдобрите раскажувачи од основните училишта во земјава на супер финален натпревар кој, вчера се одржа на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје. На натпреварот во раскажување приказни учествуваа ученици во две категории – од 3 до 5 одделение и од 6 до 9 одделение. Секој пријавен натпреварувач имаше на располагање бесплатна онлајн обука за јавен говор. Со учество во натпреварувањето, децата ...
„За убави маалски дружби”, Општина Центар доби нов сквер како донација од Стопанска банка – АД Скопје. Скверот е пред платото на Општина Центар на аголот од ул. „Михаил Цоков ” и ул. „Орце Николов” и вклучува футуристичка инсталација т.н. „урбан атрактор”. Оваа урбана инсталација на платформи со неправилни облици, клупи, декоративно зеленило и паркинг за велосипеди се протега на површина од 56 метри квадратни. Градоначалникот на Општина Центар, ...
Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија со жалење и длабоко сочувство кон фамилијата, ја известува јавноста дека на 19ти јуни, околу 23.15 часот, во Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување-Карил почина припадник на Армијата, професионален војник со иницијали А.Ј, на 25 годишна возраст. Професионалниот војник е еден од кандидатите кои го посетуваа селективниот курс за баталјонот за специјални сили кој се ...
Група советници во градот Скопје поднесоа Иницијатива за воспоставување 24-часовен мониторинг видео-надзор во возилата под надлежност на ЈСП Скопје, а Советот на денешната седница ја прифати иницијативата. Со неа се задолжува градоначалничката да се произнесе по оваа иницијатива до соодветните ресори и надлежните во јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ и на следна седница да биде ставена како точка на дневен ред и да може да се изгласа, ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за предадени градинарски култури во преработувачки капацитети. Кон околу 4.030 производители на градинарски култури исплатена е финансиска поддршка од близу 298 милиони денари. Како корисници на оваа поддршка се јавуваат земјоделски стопанства кои имаат засадени површини со ...
Дваесет и два концерти, девет театарски претстави од кои три се за деца, седум изложби, како и две промоции на книги ќе бидат дел од годинешното јубилејно 45 издание на фестивалот Скопско лето што ќе се одржи од 21 јуни до 31 јули. Фестивалот ќе биде отворен во петок со настапот на хрватски пијанист и композитор Звјездан Ружиќ во Куршумли ан. Директорот на Дирекцијата за култура и уметност Никола Глигоров на денешната прес-конференција посочи ...
Македонската филхармонија вечер во Градскиот парк во Скопје ќе го реализира традиционалниот концерт „Филхармонија на отворено“. Концертот насловен „Одисеја 2024“ е инспиран од филмот „2001: Вселенска одисеја“ на режисерот Стенли Кјубрик и ја најавува и новата концертна сезона. Под диригентската палка на маестра Дијана Имери Илкоска, ќе бидат изведени музички теми од големите композиторски имиња од светот на класичната музика: Моцарт, Бетовен, ...
Жирито на 51. Интернационален фестивал на алтернативниот и нов театар-ИНФАНТ во Нови Сад, составено од актерката Јована Балашевиќ, сценографот Јелена Радовиќ и актерот Милован Филиповиќ, едногласно ја прогласи претставата „Хамлет -денот на убиството“ во изведба на Народниот театар од Битола, за најдобра претставана 51. ИНФАНТ фестивал, јави дописникот на МИА од Белград. Својата едногласна одлука жирито при доделувањето на наградата – статуетка ...
Во извештајот недостасуваат препораки за надминување на состојбата на блокирани исплати Работна група на Министерството за култура во текот на месец април и мај 2024 година извршила увид во работата на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија. Во извештајот објавен овој месец се идентификувани критични недостатоци во примена на законската регулатива, утврдени се слабости во работата на Агенцијата за филм, дефинирани се и активности кои ...
Поради најавените горештини, Црвениот крст на град Скопје информира дека подготвил акционен план што опфаќа теренски активности во насока на справување со топлинските бранови. – Согласно искуствата од претходните години, мобилни екипи составени од лекар или парамедик ќе патролираат низ градот Скопје, ќе се дистрибуира вода, флаери со совети, ќе се мери притисок на граѓани кои ќе се пожалат на тегоби, а за потешките случаи, ќе биде обезбеден и ...
Минатата недела во Варшава се одржа 11. издание на Глобалниот форум за никотин. Тутунските и никотински производи никогаш не треба да бидат достапни за малолетниците и мора да има ограничувања за возраста, но забраните наметнати на сите полнолетни пушачи кога станува збор за алтернативите на цигарите без чад, ниту ќе им помогнат на пушачите да направат подобар избор, ниту ќе ги спречат малолетниците да ги набавуваат“, стои во заклучокот на ...
Претседателката на Асоцијација за е-трговија на Македонија – АЕТМ, д-р Нина Ангеловска Станков и директорот на Агенција за пошти д-р Сретен Миладиноски, потпишаа Меморандум за соработка, преку кој двете страни заеднички ќе се залагаат и ќе придонесуваат кон намалување на сивата економија во е-трговијата и нерегистрираните онлајн продавачи во Македонија. Сивата економија во е-трговијата и нерегистрираните онлајн продавачи (кои најчесто ги ...
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, коментирајќи го ставот од претставници од пекарската индустрија дека тие во голем дел зависеле од домашното производство и оти со растот на цената на струјата ќе се зголеми и цената на лебот, порача дека големите пекарски компании се законски обврзани да обезбедуваат електрична енергија на слободниот пазар и оти не смеат да бидат снабдувани од ЕВН Хоум. -Големите пекарски ...
Загубите на вода низ Македонија се доста високи со децении, некаде над 60 отсто, но никакво подобрување на системите и цевководите, не ја сменило сликата. – Во Македонија загубите на вода се некаде на ниво на цела држава 62-63 проценти. Тоа пред сѐ се должи на голем број импровизации во овој сектор и на неинвестирање во инфраструктура и подобрување на таа инфраструктура. Ние како РКЕ во повеќе наврати кажавме дека не бегаме од одговорност и сме ...
„Градоначалничката на Град Скопје за седницата на Совет на 19.06.2024 по 20ти пат достави предлог одлука за нови еко автобуси до советниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои повеќе од две години не гласаат за нови автобуси иако имаат мнозинство во Советот на Град Скопје“, велат од Град Скопје. „Бидејќи согласно закон градоначалник не може да донесе одлука за набавка на нови автобуси, единствена одговорност по повеќе од две години за недостатокот на автобуси ...
Нема да има отстрел на мечки: проблемот ќе се решава преку чистење на ѓубрето, посебни хранилишта, обезбедување на имотите Регионалниот ЦУК Тетово известува, дека на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за сообраќајна несреќа, при што возило удрило во мечка – утрово во 05.37 часот. Повредени во патничкото возило нема, додека мечката починала на лице место. Настанот се случил на патниот правец Гостивар-Охрид, ...
Стружани го знаат како професор по биологија, учениците како квалитетен наставник, кој освен што стручно го пренесува своето знаење, успешен е и во правење филигрански накит. Нестор Јаулески образовната мисија ја остварува правејќи комбинација на професионалност и креативност, човек, кој ненаметливо со своите вешти раце, создава уникатни прстени, ланчиња, обетки, белегзии… Годините не се пречка за учење и остварување на желбите Иако е професор ...
Од Центтарот за управување со кризи информираат дека во последно време често добиваат повици од населени места со барање за отстранување на змии. За жал, не постои специјализирана служба, а тоа не е работа на пожарникарите, велат од ЦУК и посочуваат дека имаат контакти од лица кои отстрануваат змии, но услугата се наплаќа. Директорот на ЦУК во телевизиско гостување укажа дека на голем број површини во градовите, тревата е висока и густа и дека е ...
Јас и Зоран се боревме во тешки времиња за нешто за што верувавме и уште веруваме дека беше неопходно во тоа време, иако сите ни велеа дека не е возможно. Сакавме да промовираме мир, а истовремено заштитувајќи ги националните интереси на нашите земји, стабилноста и соработката на регионот, рече поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас на Меѓународната конференција за мир и одрлжив развој во Атина, на која учествуваа околу 40 говорници од цела ...
Младите Германци се акутно ранливи на чувството на осаменост во современото општество, штотуку беше објавено ново истражување, а германската влада започна кампања оваа недела за да го истакне проблемот. „Кој знаеше дека помладите се меѓу најосамените по коронавирусот, ова конечно заслужува внимание“, рече по тој повод министерката за семејни прашања Лиза Паус. „Треба сериозно да ја сфатиме осаменоста, вклучително и онаа на младите, и да ...
Вештачката интелигенција (ВИ) го револуционизира начинот на кој луѓето учат странски јазици. Преку апликации како „Дуолинго“ и „Бабел“, учењето станува попристапно, ефикасно и пријатно. Со помош на овие персонализирани програми, кои се прилагодуваат на нашиот ритам, ниво на знаење и интереси, секој може да изучува некој од странските јазици преку своите електронски уреди. Но, иако практичен, овој начин на учење има свои недостатоци, како што се ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, кои се осомничени дека заедно сториле кривично дело – Насилство според член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. На 18 јуни, пред Ургентниот центар при комплексот клиники “Мајка Тереза”, осомничените во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз едно лице. По претходна физичка пресметка помеѓу членови ...
Државниот завод за ревизија (ДЗР) го објави конечниот ревизорски извештај на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). Меѓу другото, се укажува на слабостите во функционирањето на ИТ системот на Фондот поради неколку причини, а имало слабости и неправилности и кога е во прашање постапката за упатување за лекување во странство. – Изразено е мислење со резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на ...
„Наште општества и нашите луѓе, Македонците и Грција, се дел од заедничкиот, европски систем на вредности на мир, демократија, владеење на право, слобода во сите форми, еднаквост меѓу нациите, човечко достоинство и солидарност. Европското семејство не знае за затоврање граници и градење ѕидови. Европа е противник на ксенофобијата“ рече поранешниот премиер Зоран Заев на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој во Атина. Тој додаде дека ...