
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги информира средношколците дека и оваа година за време на летниот распуст имаат право бесплатно да се возат во нивните автобуси доколку ги исполнуваат условите за користење бесплатен јавен превоз. -Правото на бесплатен превоз за време на летниот распуст е согласно со Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2024 година која, меѓудругото, вели „со почетокот на 2024 ...
Концертот носи наслов „Одисеја 2024“, кој е инспирација од неговиот револуционерен филм „2001: Вселенска одисеја“, но и кој ја најавува новата концертна сезона на Македонската филхармонија во јубилејот којшто годинава го слави оваа најстара национална институција – 80 години од постоењето. Македонската филхармонија и оваа година, ќе го реализира традиционалниот концерт „Филхармонија на отворено“, кој ќе донесе разновидност и секако, несомнен ...
Од Градот тврдат дека не издале согласност затоа што организаторите имале намера во зелен појас да постават 12 контејнери тешки по 1,5 тон, но според организаторите контејнерите се поставуваат на ногарки и не ја уништуваат тревата. Притоа, додаваат дека платиле комуналии за фестивалот по налог на Градот, но Арсовска ја стопирала дозволата. Фестивалот „Скопјард“ кој требаше да се случи од денеска до 16 јуни во Градски парк, сепак нема да се ...
Инфраструктура за селектирање отпад има, но експертите предупредуваат дека таа и понатаму треба да се гради. Она што е разочарувачко е што се зголемува бројот на оние што на последната анкета одговориле дека и да имаат до себе канти за селектирање отпад, нема одделно да фрлаат пластика, стакло и хартија. Македонија го извезува собраниот селектиран отпад. Свои капацитети за рециклирање нема. Искршени, ишарани канти за селектирање отпад, полни со ...
По тринаесетти пат во Тетово ќе се одржи филмскиот фестивал „Вач аут“ (Watch Out), најавија денес преку прес-конференција претставници на Центар за балканска соработка Лоја. Фестивалот почнува вечер со свечено отворање во дворот од Меморијалниот музеј на Комунистичката партија од 20 часот во текот на овие четири дена до 15 јуни. -Ова издание на филмскиот фестивал WatchOut ги слави животот и надежта, а истовремено истражувајќи ги неодамнешните ...
Сметам дека секој од нас мора во некој момент да размисли кон што каде и на кој начин оди цивилизацијата а тоа секако во денешно време е вештачката интелигенција, порача Џабир Дерала во интервју за Слободен печат, осврнувајќи се на неговата последна книга напишана со Валентин Нешовски „Човекот, роботот и дигиталниот бог“ Дерала смета дека вештачката интелигенција може да биде и последниот изум на човештвото. „Иако звучи малку помпезно, сметам ...
Осум пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие и сите се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Пожарникарите интервенирале за гаснење во Гази Баба кај депонија Вардариште (гореле гуми и ниска вегетација, а опожарена е површина од еден хектар), Битола кај Магленица, Прилеп во близина на армискиот гарнизон, Гевгелија с. Мрзенци, Богданци во атарот на Богданци (ниска вегетација), Кавадарци кај населба „Глишиќ“, на ...
Во текот на изминатите денови непознати сторители уништиле дел од урбаната опрема во Капиштец , Водно и Дебар Маало. Станува збор за клупа и дел од реквизити од детските игралишта „Партение Зоографски“, Славка Недиќ и новото игралиште близу т.ц Зебра. Искинати се кабли и уништени се лулашки и огради, а со тоа и оневозможена е детската игра за најмалите. Поради овој и слични вандалски однесувања градоначалникот на Општина Центар Горан ...
Постојат трикови кои можат да помогнат успешно да се елиминираат непријатните мириси од вашиот дом и облека. Од непријатниот мирис на чадот од цигарите е тешко да се ослободите, а проветрувањето на просторијата навистина не помага многу. Чадот влегува буквално во сè: мебел, теписи, ѕидови, облека итн. Но, постојат начини кои можат да помогнат успешно да ги елиминирате непријатните мириси од вашиот дом и облека. Есенцијални масла Есенцијалните ...
Во Германија, Австрија, Белгија и Малта, 16-годишниците првпат гласаа на изборите за Европскиот парламент, откако старосната граница за гласачите беше намалена за две години. Во Грција старосната граница е намалена на 17 години, а резултатите од изборите покажуваат промена во начинот на размислување на младите за избор на политички опции. На претходните европски избори пред пет години, тинејџерите ширум Европа масовно излегоа на улиците, ...
„Лидл Северна Македонија“ купи објект во скопската општина Гази Баба од компанијата „Скопски пазар“ за 9,5 милиони евра. Станува збор за објектот каде што до неодамна беше сместен продажниот салон на „Бриколаж“, и за кој подолго време се зборува дека ќе биде еден од маркетите на „Лидл“ во Скопје. За зделката денеска преку Македонската берза информираше „Скопски пазар“, при што во објавата се вели дека станува збор за голема зделка за која ...
Македонија2025 објавува повик за апликации од македонски компании за Битов – Програмата за претприемачи. Битов – Програмата за претприемачи е основана во соработка со Catalyste+ (поранешна CESO – Canadian Executive Service Organization). Catalyste+ е канадска организација со 50 годишнo искуство во меѓународниот економски развој. Организацијата работи на развој на приватниот сектор односно бизниси кои ќе просперираат на национално и меѓународно ...
На 10 јуни, во скопскиот локал „Лабораториум“ се одржа промоција на новата песна на Young Dadi, Matej Foltz и Zee Bomb наречена „Место“. Настанот привлече огромно внимание кај младата публика, којашто имаше можност да ги види омилените артисти и да ја прослави пораката којашто ја испраќа нивната нова заедничка песна. „Место“ е продолжение на иницијативата #НаправиМесто на Македонски Телеком и се надоврзува на главната идеја на оваа иницијатива, ...
Тетовската полиција соопшти дека уапсиле наставник кој малтретирал ученик во основното училиште „Абдил Фрашери“ во селото Боговиње. -На 08.06.2024 година во 20.30 часот, припадници на Полициското одделение Камењане во тетовско Боговиње го лишиле лицето С.А. (42) по претходна пријава од лицето А.А.(45) од истото село, дека на 05.06.2024 година во училишниот двор во селото, физички го нападнал неговиот малолетен син. Истиот е задржан во полициска ...
Општина Центар остро ги демантира наводите и шпекулациите дека санацијата на потпорниот ѕид на Клинички Центар и улица Белградска се во надлежност на општината. Претходно Град Скопје „топката“ за урнатиот ѕид ја префрли на Министерството за здравство, а улицата дека е под надлежност на Општина Центар. „За тоа постојат законски акти и одлуки. Со одлука на Совет и Договорот, склучен меѓу Град Скопје и Општина Центар, на 5.8.2019 година, градските ...
Лекарите од Клиниката за трауматологија соопштија дека мажот се здобил со изгореници од четврти степен речиси по целото тело и дека неговиот живот е во животна опасност и моментално е без свест. -Вакви изгореници одамна немаме видено, ќе се обидеме да го спасиме, рекоа лекарите, додавајќи дека прогнозата е лоша. – Но, да му дадеме шанса на човекот, додадоа и потврдија дека се работи за човек кој има 67 години. Истражната екипа на ...
Модули за мировно образование во средното образование се содржани во публикација на седум јазици која беше промовирана денеска во организација на Детската амбасада „Меѓаши“. Модулите се резултат на повеќегодишна соработка со граѓански организации и со Министерството за образование и наука, а целта на нивното креирање е градење мир, ненасилство и унапредување на процесот на учење за мир. Очекуван резултат е дека соодветната употреба на овој ...
Во Берлин денеска и утре се одржува важната Конференција за Обнова на Украина, на која присуствуваа многу значајни политички фигури од целиот свет, меѓу кои и македонската претседателка, Гордана Сиљановска Давкова, која се обрати на главниот панел за шефови на држави и влади на кои говореа и домаќините на конференцијата, германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски, а свое обраќање имаше и претседателката на ...
Барањето мито, сексуални услуги, „купувањето“ магистерски и докторски тези, но и задолжителното купувањето учебници за да се положи испит или за да се добие потпис се дел од лепезата коруптивни однесувања со кои можат да се соочат студентите во високо образовните институции. По одекнувањето на случајот „Еразмус“ во 2016 година, кој епилог доби по повтореното судење лани, до јавноста не допреа гласови за други вакви појави во високообразовните ...
Од „Анима Мунди“ нагласуваат дека ниту АХВ ниту МВР не увиделе потреба ниту за одземање на животните, ниту за мандаторна стерилизација. Иако кучињата кои се чуваат на јавна површина имаат сила со еден загриз да убијат животно и човек, инспекторите не препознале елементи на јавна опасност, ниту индиции за постоење дива одгледувачница. Неколку опасни кучиња, питбули и кангал, кои во Македонија се користат за незаконски борби до смрт, биле ...
На сцената на сајбер криминалот се појави нов вид на малициозен софтвер кој ги таргетира европските банкомати – EU ATM Malware, а неговата ефикасност е 99 проценти. Продавачот тврди дека ефективноста е 99% на европските банкомати и до 60% на банкоматите во други земји. Според извештаите на медиумите, продавачот тврди дека малициозниот софтвер може да генерира до 30.000 долари по банкомат. Злонамерниот софтвер се нуди со месечна претплата и ...
Амбасадорката на САД, Анџела Агелер во своето обраќање на Македонскиот енергетски форум посочи дека „енергетската сигурност и зелената енергија се два суштински приоритети, кои треба да ги надминат партиските политики“. Завршувањето на грчко-македонскиот гасовод ќе ги елиминира зависноста од Русија, како и заканите за одредени прекини во снабдувањето со природен гас, нагласи денеска американската амбасадорка Анџела Агелер, обраќајќи се на ...
До четврток ќе се задржи сончево и многу топло време, особено утре кога дневната температура наместа ќе достигнува до 40 степени. Во четврток, како што најавуваат од УХМР кон крајот на денот ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи. Поголема промена на времето со локален пороен дожд, грмежи и значителен пад на температурата се очекува во петок. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со благ пораст на дневната температура. Со голема ...
Звуци на виолините на млади исклучителни таленти од светот ќе го исполнат воздухот на 10-тото издание на престижниот Виолин Фест, кој на 12 јуни ќе се случи во Камерната сала на Македонската филхармонија. Позади овој настан цели десет години стои познатиот македонски виолинист Владимир Костов – концерт мајстор во Филхармонија и редовен професор по виолина на ФМУ. Овој настан ветува дека ќе биде прослава на музичката извонредност на новите ...
Кандидатот за претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија проф. д-р Венко Филипче, вчера од Охрид и Струга ја започна кампањата за внатрепартиските избори. Филипче пред членовите на партијата ја претстави програмата за претседател преку која ветува дека СДСМ ќе биде ефикасна и функционална партиска организација која работи во интерес на членовите и граѓаните. На вчерашните средби, проф. д-р Филипче, ја презентираше првата поголема ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) превентивно потсетува дека при прошетки во природа граѓаните може да се сретнат со змии кои, како што наведуваат, најчесто бегаат од луѓето. Ако змиите бидат вознемирувани намерно или ако случајно бидат нагазени или наседнати, иако во ретки случаи, граѓаните можат да бидат гризнати од влекачите. – Во таков случај и по прва самопомош е корисно да се јават на 112 во ЦУК, при што ќе бидат поврзани со Итната ...
Jazz Inn е еден од последните бастиони на џез музиката во земјава. Култно место во Охрид и клуб кој цели 35 години успева не само да се одржи на охридската сцена, туку и да ја одржува во континуитет џез културата во градот и да донесе вредности на секоја нова генерација. Локал што нуди дружење, пријателство и чувство на припадност. Семеен бизнис и стил на живот. Собиралиште на публика која бара задоволство и уживање во добра музика. Место каде ...
Откако градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети доби пратенички мандат, на неговото место до следните локални избори ќе биде Иљас Весели, советник во оваа општина. -Изразив честитки за мисијата што ја презеде г. Иљас Весели. Исто така, изразив подготвеност за безрезервна поддршка, со единствена цел Општина Сарај да ја одржи динамиката на реализација на проектите кои се од интерес за сите жители на нашата општина, информира Беџети со ...
Од претпоследниот кат на бизнис центарот Соравија попладнево испадна прозорско стакло кое се скрши на тротоарот и на улицата која минува меѓу ГТЦ и Работничкиот дом, објави Телма. Дел од улицата беше затворен додека вработени го чистеа стаклото. Нема информации за повредени. Лани во септември, во управителската структура на Соравиа влезе Дрин Ахмети, внукот на претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Тој планираше преземање на овој бизнис деловен ...
Jazz Inn е еден од последните бастиони на џез музиката во земјава. Култно место во Охрид и клуб кој цели 35 години успева не само да се одржи на охридската сцена, туку и да ја одржува во континуитет џез културата во градот и да донесе вредности на секоја нова генерација. Локал што нуди дружење, пријателство и чувство на припадност. Семеен бизнис и стил на живот. Собиралиште на публика која бара задоволство и уживање во добра музика. Место каде ...