
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Завршната сесија со која вечерва завршува првата Меѓународна конференција за мир и одржлив развој во по повод 6 години од Преспанскиот договор, во организација на Институтт Алексис Ципрас и Фондацијата Заев, ги вклучува и учеството на повеќемина актуелни, поранешни шефови на држави и влади од Европа и светот, како и десеттици актуелни и поранешни претседатели и еврокомесари на ЕУ и на други меѓународни организации. Вечерва во атинскиот ...
Класичната музика го вивна Кјубрик или Кјубрик им ја доближи класичната музика на неговите следбеници? И едното и другото, но сосема небитно ако го земеме предвид целокупното филмско творештво на големиот визионер кој ги помести границите на поимање на филмот и начинот или умешноста на соединување на овие две уметности. Мошне е значаен моментот што токму изборот на Кјубрик на кое музичко дело, која сцена да му ја даде (или обратно), го вивна ...
Годишната стапка на инфлација во Еврозоната минатиот месец изнесуваше 2,6 отсто, што претставува раст за 0,2 процентни поени во однос во однос на априлските 2,4 проценти, додека на ниво на цела ЕУ таа достигна 2,7 отсто или за 0,1 процентен поен повеќе во однос на април 2024 кога изнесуваше 2,6 проценти, соопшти денеска Европската статистичка агенција – Евростат. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, лани во мај стапката на инфлација во ...
Во најновиот извештај на непрофитната организацијата „Клајмат централ“ (Climate Central) и 11 олимпијци се предупредува на опасностите од екстремните високи температури на овогодишните Олимписки игри во Париз. Во извештајот под наслов „Огнени прстени“ се истакнува дека условите во Париз би можеле да бидат полоши од последните Олимписки игри во Токио во 2021 година. Интензивните горештини на Олимписките игри во Париз во јули-август 2024 година би ...
Во јули 2021 година, Генералното собрание на ОН ја истакна глобалната загриженост за ширење на говорот на омраза низ целиот свет и усвои резолуција за „промовирање на меѓурелигиски и меѓукултурен дијалог и толеранција во борбата против говорот на омраза“. Резолуцијата ја препознава потребата за спротивставување на дискриминацијата, ксенофобијата и говорот на омраза и ги повикува сите релевантни актери, вклучително и државите, да ги зголемат ...
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на влада, Христијан Мицкоски, попладнево во Собранието ја поднесе програмата за работа на владиниот кабинет што го предлага, како и списокот на членовите што ќе ја сочинуваат со нивните биографии и очекува да биде изгласана до недела, а да започне со работа од понеделник. Мицкоски не се согласува со критиките на дел од партиите дека идниот вицепремиер за односи меѓу заедниците, Иван Стоиљковиќ, е ...
По повод 100 години од раѓањето на Марлон Брандо, Кинотеката денеска, утре и на 22 јуни со почеток во 20 часот, ќе прикаже три филма во кои великанот на филмот е во главната улога. Филмовите ќе бидат во оригинален формат, на 35 мм лента, како и во времето на премиерните прикажувања. Вечер ќе биде прикажан вестернот „Да живее Запата!“ во режија на Елија Казан од 1952 година, утре на програмата е „Квемада – Островот во пламен“ на режисерот Џило ...
Во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ), од денеска до 20 јуни ќе се одржи шестото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ). Во рамки на тридневната фестивалска програма, почесни награди „Златна Рамка“ ќе им бидат доделени на тројца истакнати филмски професионалци од македонската филмска индустрија: актерот Тони Михајловски, продуцентот ...
„Алхемија на дивината“ е мултимедијален и локациски специфиен перфоманс што премиерно ќе биде изведен на 26 овој месец во Вевчани, во рамките на проектот „Сиот свет е сцена – имерзивен и партиципативен театар како алатка за адресирање на општествени прашања и предизвици” на Здружението на уметници културен центар Медиа артес во Охрид. Перформансот „Алхемија на дивината“, како што соопшти Медиа артес, ќе се изведува на различни локации на ...
Дигиталното управување, приватноста и заштитата на податоците, онлајн дезинформациите, насилниот екстремизам и одговорната употреба на вештачка интелигенција се во фокусот на Регионалната конференција за интернет-слобода што се одржува во Скопје од денеска до 20 јуни во организација на Балканска истражувачка репортерска мрежа (БИРН). На конференцијата на која ќе присуствуваат експерти од областа на дигиталните права и слободи од сите релевантни ...
„Преспанскиот договор и улогата на Алексис Ципрас и Зоран Заев и неговите тимови се историски. Решија проблем кој на граѓаните им обезбеди мирно решение и отворија просперитет за идните генерации, но ЕУ не испорача почеток на преговори со Северна Македонија заради политичкото предавство на Франција“, истакна Мартин Шулц, претседател на Фондацијата Фридрих Еберт и поранешен претседател на Европскиот Парламент во видео обраќање на Меѓународната ...
Со ревијален кајакарски маратон в сабота ќе почне одбележувањето на Денот на Охридското Езеро и биолошката разновидност – 22 јуни под слоганот „Гласот на крајбрежјето“ во организација на Европската куќа Струга. Стартот на маратонот, како што информира организаторот, е закажан за во 10 часот на Женска плажа, а ќе се рализира во соработка со спортскиот клуб „Соларис“ Струга. – Веслањето со кајак не е само вежбање, туку може да биде вистинско ...
Околу 23 милиони евра потрошила Агенцијата за вработување за реализација на 14 програми и мерки за вработување во 2022 година, покажува последниот извештај на Државниот завод за ревизија. Овие пари претставувале 43 отсто од вкупните трошоци на агенцијата. Најмногу средства биле издвоени за поддршка за самовработување речиси 10 милиони евра, потоа за субвенционирање на плати речиси 5 милиони и 800 илјади евра. Ревизорите притоа нотираат дека не ...
„Како држава кандидат којашто долго време чека, го немаме луксузот да не ги одржуваме односите со државите членки или пак со оние држави членки коишто ни се соседи. Тоа апсолутно нема никому да помогне во контекст на европската интеграција“, рече директорката на Институтот за европска политика – ЕПИ, Симонида Кацарска во утринската програма на Слободен печат. Таа додаде дека за нашата земја е важно комисијата низ директоратот да не гледа низ ...
Четворица од десет Грци (43 отсто) имаат неутрално мислење за Северна Македонија, 37,5 негативно, а само 18 отсто позитивно; речиси поделено е мислењето за поддршката на ЕУ перспективата на земјава, а Договорот од Преспа за 38,5 отсто од анкетираните е штетен, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење на грчката фондација за надворешна политика ЕЛИАМЕП, во соработка со солунскиот Универзитет Македонија и Фондацијата Конрад ...
Најдобро органско вино на Балканот за 2024 година е „вранец“ на винарницата „Брзанов“ од Скопје. Трофејот го доби во конкуренција на повеќе од 1.200 вина од Турција, Грција, Бугарија, Романија, Молдавија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Хрватска, Грузија и од Украина на 13. балкански меѓународен вински натпревар и фестивал, кој се одржа во Турција и Бугарија. „Среќен сум што објавувам дека ‘вранец органски еликсир 2020’, без сулфурен ...
Жената пристигнала со гумен чамец на брегот на Спиаџа Роса, плажа позната по розовиот песок на малиот остров Будели на Сардинија, наводно игнорирајќи ги сите знаци за забрана, пишува италијанскиот печат. На туристите од 1990-тите им е забрането да пешачат по плажата, од која често се краде песок, и да пливаат во морето, но тие можат да го посетат островот преку ден со брод и им е дозволено да пешачат по патеката зад плажата. Жената со бразилско ...
На 17 јуни на 77 годишна возраст ненадејно почина новинарот Иван Андреевски – Маче. Роден е во 1947 година во Доленци, Демирхисарско. Андреевски својата кариера ја почнува во Радио Телевизија Скопје, веднаш по завршувањето на факултетот за политички науки во Белград во 1971 година, како новинар во документарната редакција, работејќи на репортажи, документарни филмови и фељтони. Бил директор и одговорен уредник во Радио Телевизија Скопје од 1986 ...
Северна Македонија во државниот Буџет за 2024 година за потребите на одбраната има предвидено 263 милиони долари, што претставува 2,22 отсто од БДП на земјата, се посочува во најновиот извештај на НАТО за одбранбените трошоци на земјите членки. Согласно дефинициите на НАТО, како трошоци за одбраната се сметаат исплатите направени од страна на националните влади за потребите на своите вооружени сили, на сојузниците или на Алијансата. Во расходите ...
Од општина Карпош информираат дека во тек е акција на службите за поставување „Репелент“ – средство за превенција, односно заштита од змиите. – Стручните лица го поставија ова наменско средство околу основните училишта и детските градинки на територија на локалната самоуправа. Станува збор за природен производ кој е безопасен за луѓето, животните и околината, којшто придонесува за намалување на појавата на влекачи, велат од локалната смапуправа. ...
Феминативите полека, но сигурно си го добиваат своето место во македонскиот јазик. Па, често, речиси секојдневно, забележуваме именки, кои означуваат професија/функција и се употребуваат во женски род. Така, освојувајќи функции, жените полека го освојуваат и јазичниот простор преку сè поголемата употреба на феминативите, а со тоа се привлекува и вниманието и на јавноста, но и на научната фела. Темата за употребата на феминативите, проследена со ...
На 89 годишна возраст почина првиот претседател на Собранието на самостојна и суверена Република Македонија, Стојан Андов. Андов е роден во Кавадарци на 30 ноември 1935 година. Основно образование и гимназија завршил во родниот град, а дипломирал на Економскиот факултет во Скопје и магистрирал на Факултетот за политички науки во Белград во 1972 година. Бил потпретседател на Републичкиот извршен совет, член на македонската делегација во Соборот ...
Им испратив јасна порака на премиерите на Грција и Северна Македонија, Мицотакис и Мицкоски да ја преземат одговорноста за целосно спроведување и почитување на Преспанскиот договор, вели поранешниот премиер Зоран Заев по вчера одржаниот прв дел од Меѓународна конференција за мир и одржлив развој во Атина во организација на „Институтот Алексис Ципрас“ и „Фондацијата Заев“. Истата порака ја искажа и поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, кој со ...
До крајот на неделава времето во земјава ќе биде многу топло со натпросечни температури, велат од УХМР. Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне од 30 до 38 степени. UV=8 Во Скопје сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 37 степени. ...
Амбасадорот Метју Нимиц кој повеќе од две децении посвети на решавање на спорот за името помеѓу Северна Македонија и Грција е првиот добитник на Наградата за мир Преспа од поранешните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас. На Меѓународната конференција за мир и одржлив развој во Атина, тој порача дека треба да го чуваме и негуваме Преспанскиот договор и целосно да го имплементираме. Заев на социјалните мрежи порача дека со поддршката и ...
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови, претежно во планинските подрачја, ќе има услови за изолирана локална појава на пороен дожд и грмежи. Температурата ќе достигне до 38 степен. Потоа се очекува стабилно и многу топло време. Најтопло ќе биде особено на југоистокот во четврток, петок и сабота за кога е најавено дека температурата ќе достигне до 39 степен. Во четврток преку денот ...
Превентивните гинеколошки прегледи се клучни за женското репродуктивно здравје. Но, податоци од здравствени институции и здруженија покажуваат дека не е мал бројот на жени во нашава држава кои немаат избрано матичен гинеколог и на оние, кои подолг период не посетиле гинеколог. Здравствените работници во државава се едногласни дека е потребно да се подигне свеста по ова прашање и да се зголеми бројот на работилници и едукации во училиштата, кога ...
Во ера на хаос и конфликти во светот и во 2018 година, кога беше потпишан, и овие денови во пресрет на одбележувањето 6 години од неговото постигнување, на Преспанскиот договор се гледа како на „модел за мирно решавање на транснационалните спорови“. Оттаму и повикот на највисоките претставници на меѓународната заедница, која под покровителство на Обединетите нации активно учествуваше во неговото оставрување, Преспанскиот договор максимално да се ...
Месојадни црви долги од 20 до 30 сантиметри се забележани на плажите во Будва, Црна Гора и во италијанските региони Сицилија, Калабрија и Апулија. За туристите и за жителите од овие региони издаден е црвен аларм за инвазија од месојадните црви, пишуваат денес српските и црногорските медиуми. Во текот на минатиот месец истите црви се појавија на плажата во Будва. На една група на Фејсбук е објавена фотографија од црв со прашање за каков вид ...
Дворовите на двата објект на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ и три освновни училишта во Тетово од вторник ќе служат за паркирање возила, информира Општина Тетово. Бесплатното паркирање во училишните дворови кое е пракса на сегашната и претходната локална власт, се овозможува, како што велат оттаму, со цел да се олесни сообраќајот кој се зголемува во текот на летото. „Општина Тетово ги известува сите граѓани дека, почнувајќи од 18 јуни (вторник), ...