Времето денеска (понеделник) ќе биде сончево со мала локална облачност, со можна појава на магла по одделни котлини во утринските часови. Како што информираат од УХМР, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи од 1 до 17 степени. Утре (вторник) наутро ќе владее студено време со услови за слаба магла по котлините. Во текот на денот времето ќе биде сончево со ...

Електродистрибуција информира дека екипи ќе работат на реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа и дека заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, ќе има прекини на струјата. Без електрична енергија на подрачје на Гостивар од 9 до 15 часот ќе бидат: Дел од ул.Сретко Крстески област спроти др.Гаши., дел од ул.Седек Костоски-област спроти техничко училиште, дел од ...

Гостиварско Чајле денес собра голем број верници на заедничко христијанско радување, по повод осветувањето и поставувањето на куполниот крст на црквата „Свети Атанасиј Велики“. Собрани од сите страни на регионот, од дечиња до баби и дедовци, со трепет и восхит во срцата станаа дел од свечениот чин на осветување на крстот, што го изврши Митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф, во сослужение на свештенослужители од гостиварското архиерејско ...

Зошто некои луѓе сакаат хорор филмови? Овој феномен е истражен во психологијата и е познат како „морбидна љубопитност“. Овој поим го опишува човековиот нагон и потреба да се истражуваат и набљудуваат опасноста, смртта, насилството и сѐ што е поврзано со тоа во уметноста и животот воопшто. Таа појава се објаснува со фасцинацијата и потреба да се разбере непознатото. Овој вид љубопитност не е нужно патолошки, но може да се смета за природен ...

Вчера (2.11.2024 година) во ОВР Гостивар, 45 годишниот гостиварец Ц.М. пријавил кражба на велосипед од страна на две малолетни лица. „По преземени мерки и активности во 17.10 часот поради основано сомнение за сторено кривично дело – „кражба“, полициски службеници од ОВР Гостивар во присуство на нивни родители, ги привеле двете две малолетни деца, кои ја извршиле кражбата на велосипедот.“, информира СВР. Украдениот велосипед бил пронајден и ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за 4 до 6 степени. Како што соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени. Во Гостивар ќе владее променливо облачно време со сончеви периоди и со значително пониска температура. Ќе дува ...

Управувањето со јавните служби и човечките ресурси останува недоволно, а одговорноста на администрацијата треба да се подобри, исто како и управувањето со јавните финансии и услугите за граѓаните и бизнисот, се дел од оценките изнесени од Европската комисија во Извештајот за напредокот на Северна Македонија за 2024 година. Се забележува и дека се уште не се усвоени долгоочекуваните ревидирани закони за административните службеници и вработените ...

Пакет од 10 билети за боксерскиот меч меѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол се продава за 2 милиони долари, пренесоа светските агенции. Првата борба на „Железниот Мајк“ по 19 години со јутјуберот кој стана боксер, Џејк Пол ќе се одржи на 15 ноември на стадионот на Далас Каубојс со 80.000 седишта во Арлингтон, Тексас. Најжестоките обожаватели на Тајсон, желни повторно да го видат во акција, ќе можат да седнат на помалку од два метри од јажињата покрај ...

Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите. Црквата пропишала посебни денови во годината – задушници, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, ...

Денеска е прогласен Ден на жалост во Србија, поради загинувањето на 14 лица врз кои се урна кровната конструкција на Железничката станица во Нови Сад. Меѓу загинатите е и еден македонски државјанин, идентификуван како Васко Саздовски – возраста не е позната, јавуваат српските медиуми. Бетонската конструкција на станицата се урна вчера пред пладне, усмртувајќи 14 лица и тешко повредувајќи уште тројца. Одлуката за прогласување Ден на жалост во ...

Вчеравечер (1 ноември) во 20.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово -Гостивар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило ,,Мерцедес” со скопски регистерски таблици, управувано од малолетничка од тетовска Голема Речица и патничко возило ,,Дациа” со турски национални ознаки, управувано од М.Б.(53) од Гостивар. „Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Б. додека малолетничката возач и сопатничката ...

Играчот од средниот ред на Шпанија и Манчестер Сити, Родриго Хернандез Касканте ја доби „Златната топка“ за 2024 година. Се доделува на најдобриот фудбалер за периодот 01.08.2023 – 31.07.2024 година во кој е вклучено и Европското првенство. Најблиску до Родриго Ернандез беше триото на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, Џуд Белингам и Даниел Карвахал. Во кампањата 2023/24, Родри стана европски шампион со Шпанија и ја освои титулата во Англија со ...

Од Министерството за внатрешни информираат дека е зголемен бројот на измами што годинава биле забележани а кои опфаќаат фишинг-напади и случаи на лажно претставување во име на министерот за внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност. Од Секторот за компјутерски криминал при МВР известуваат дека главната цел на фишинг-измамите е да се приберат личните податоци на примателот или да се натера да посети лажна веб-страница. -Обидите ...

Општинската зграда на Гостивар следната година ќе добие целосно нов лик и ќе стане енергетски ефикасен објект. Зафатот за реконструкција е дел од проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, кој се реализира од проектната единица при Министерството за финансии, со финансиска поддршка од Светска Банка. Предвидено е обнова на фасадата, замена на прозорците, како и наместо котелот на нафта, да се постави топлинска пумпа со сите дополнителни ...

Со доаѓањето на есента, постуденото време, пократките денови и промената на часовникот, многумина забележуваат дека нивниот сон се пореметува. За некои луѓе адаптацијата на овие сезонски промени оди лесно, но за други тоа може да биде предизвик кој го нарушува квалитетот на сонот. За среќа, постојат неколку начини на кои можете да се прилагодите и да обезбедите подобар и поцврст сон во овој период. Прилагодете го времето на будење Редовното ...

Министерството за образование и наука потсетува дека од 1 до 5 ноември е отворен рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024-2025 година. Сите студенти кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале до сега, може да се пријават електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/. Финансиската поддршка изнесува 140 денари и е наменета за купување храна, која студентите може да ја користат од понеделник ...

Во Словенија од денеска важат нови одредби од Законот за странци кои предвидуваат познавање на словенечкиот јазик на основно и на егзистенцијално ниво. Според Законот услов за добивање дозвола за постојан престој, во Словенија ќе биде потребно основно познавање на словенечкиот јазик, додека за продолжување на привремениот престој поради обединување на семејството, условот ќе да биде познавање на јазикот на егзистенцијално ниво. Основно знаење ...

На хируршките клиники во текот на вчерашниот ден e изведена уште една трансплантација на органи од починат донор. Благодарение на хуманиот чин, храброста и емпатијата на едно семејство кое одлучи да даде согласност за донирање на органите од свој близок, двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрег и ќе продолжат да живеат нормален живот, без потреба од дијализа, информираат денеска од Министерството за здравство. -Во тек на изминатото ...

Министерството за образование и наука информира дека e објавен конкурсот за доделување 3000 студентски стипендии за академската 2024/2025 година. Аплицирањето е исклучиво електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а рокот е заклучно со 15 ноември 2024. За редовни студенти од социјалните категории се наменети 1470 стипендии. За студентите од научните подрачја на техничко-технолошките науки, биотехничките, општествените и хуманистичките ...

До 1 360 денари заштеда по семејство овозможи есенската кошничка. Мерката беше спроведена успешно и ги даде очекуваните резултати, рече денеска министерот за економија Бесар Дурмиши. -Очекувам од ноември дополнително намалување на цените зашто почна примената на Законот за трговски практики. Есенската кошничка од вчера веќе не е на сила, но ако дојде до покачување на цените ќе се преземат поригорозни мерки, истакна министерот. Според него, со ...

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека брзата пруга на делницата Нови Сад – Суботица ќе биде пуштена во сообраќај на 24 ноември, а ден претходно Унгарија, Србија, Северна Македонија и Грција ќе потпишат заеднички изјава за изградба на брза пруга од Будимпешта до Атина (Патра) преку Скопје, јави дописникот на МИА од Белград. -Брзата пруга низ Србија, како дел од идната брза пруга од Унгарија до Грција, се ...

СВР Тетово извести дека вчера (31.10.2024 година) во 20:25 часот на улица ,,Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(45) од Тетово, кој околу 19:30 часот бил пријавен од А.М.(46) од Гостивар со која живееле во вонбрачна заедница, дека во угостителски објект во Тетово каде што таа работела, истиот физички ја нападнал. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува ...

Времето денес (петок) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи од 5 до 20 степени. Утре (сабота), според метеоролошките прогнози ќе владее сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, особено изразен преку ноќта. Максималната дневна температура ќе ...

Од утрово во 7 часот цел град Гостивар и дел од населба Циглана и село Долна Бањица се без струја. Прекинот е во рамки на планираните и најавен во Центарот за управување со кризи, известија од Електродистрибуција. Во листата на планирани прекини е наведено дека електрична енергија во Гостивар ќе нема до 9 часот, а прекинот е заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија. Во селата ...

Има многу работи коишто пречат и нервираат при возење автомобил, а можеби и ние несвесно ги правиме во сообраќајот. „Скрапкаркомпаризон“ (ScrapCarComparison) спроведе анкета на повеќе од 2.000 луѓе, со прашањето: Кои се најиритирачки навики при возење и што најмногу ги излудува возачите? Така, речиси половина од возачите (45 отсто) изјавиле дека им пречи возење по какво било консумирање алкохол и брзото возење (42 отсто), а повеќе од една ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади известува дека во тек е исплатата на образовен додаток – дополнителна исплата за учебна година 2023/2024 година. Како што информира, дополнителната исплата се врши согласно Законот за заштита на децата во случај ако има позитивно решени жалби и задоцнето известување од страна на училиштата. -Во овие случаи исплатата за правото на додаток за образование се врши до 31 октомври во тековната ...

Во тек е оглас за доделување на субвенции за микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации кои сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис, со отворање на нови работни места. Висината на грантот за вработување на едно лице до 29 години, за лица корисници на гарантирана минимална помош, Роми, за лица со попреченост и за жени Ромки со завршено средно или високо образование изнесува 220.000 денари. За ...

Министерството за култура и туризам денеска информира дека поради техничките проблеми кои настанале поради преоптоварување на системот, рокот за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности во културата за 2025 година се продолжува до 5 ноември (вторник), до 16:00 часот. „Потенцираме сите заинтересирани апликанти да обрнат особено внимание и да аплицираат во соодветните пријави и ...

Од 21 до 27 октомври во државава пријавени се 42 нови случаи на грип што е за 16 проценти помалку во споредба со претходната недела, соопштија од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Заболени лица се регистрирани во Гостивар (13), Куманово (12), Тетово (осум), Неготино и Свети Николе по три и Скопје, Кавадарци и Струмица по едно лице. Во однос на возраста, од 15 до 64 години регистрирани се 23 лица, 11 деца се возраст од пет до 14 години и ...

Доколку се прашувате како да се ослободите од непријатните мириси од крпите, облеката или алиштата, постои едноставно решение кое може да ви помогне. Се што ви треба е евтино шише вотка и вашата облека како и кујнските крпи ќе мирисаат посвежо од кога било. Овој пијалак делува како средство за дезинфекција кое ги убива бактериите и ги неутрализира непријатните мириси. За да го испробате овој метод, едноставно додадете околу една чаша вотка (250 ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
4.12
68%
1011
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
1.54
73%
1013
weather icon

Загреб

15ᴼ / 14ᴼ
2.06
65%
1013
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
72%
1012
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
2.83
73%
1011
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
2.06
89%
1013
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
1.54
56%
1011
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
56%
1013
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
82%
1012
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
4.63
83%
1012
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 10ᴼ
2.57
89%
1014
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
5.14
36%
1012
Currency

61.535

Currency

54.1257

Currency

72.3635

Currency

35.2035

Currency

39.4153

Currency

65.6886

Currency

7.52137

Currency

0.66604

Currency

0.37967

Currency

0.52626

Currency

1.4049

Currency

0.64114

Алуминиум

2.43

Кобалт

0.53

Никел

0.48

Рутениум

19869.16

Калај

31.97

Сребро

1049.50

Злато

108919.31

Бакар

9.35

Паладиум

31523.81

Платина

31329.64

Родиум

172810.26

Цинк

2.58

Иридиум

134266.78