
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



„Владата веќе го честиташе изборот на претседател на САД, и би било несоодветно јас да шпекулирам за политиките на друга Влада кон оваа земја. Но, секако што се однесува до соработката со Амбасадата на САД овде, имаме одлична соработка на многу проекти, вклучувајќи и проекти кои се однесуваат на превенција на насилство врз девојчиња и жени“, ова беше краткиот и дипломатски одговор што Британскиот Амбасадор, Метју Лосон го даде на прашањето на ...
Нашиот имунолошки систем е првата линија на одбрана од штетните патогени кои можат да придонесат за развој на акутни и хронични болести. Тоа е широка мрежа на органи, клетки и протеини кои работат заедно за да го заштитат телото од вируси, бактерии, габи и други микроорганизми. А доколку „напаѓачите“ навлезат во телото и предизвикаат штета, имунолошкиот систем е одговорен да ја залечи таа штета и да се прилагоди на идните зaкани. Постојат многу ...
Да се укине „недела неработен ден“ и да им се овозможи на ИТ инженерите работа од дома, како и скратено работно време, бара Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ). Ова, како што му беше предочено денеска на премиерот Христијан Мицкоски, се поволности кои во светот се применуваат со години. Како што изјави претседателката на МАСИТ, Анета Антова Пешева по средбата со Мицкоски, ИТ индустријата се надева дека ...
Министерот Борко Ристовски во име на Министерството за спорт и генералниот директор на Државната Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија ДОО Скопје, Костадин Каракабаков, денеска потпишаа меморандум за соработка во дејноста спорт. Според меморандумот, во иднина нема да има спортски ликови на рекламите за обложување. Државната Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија ДОО Скопје, се обврзува да се воздржи од ангажирање на општествено ...
Амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон денешниот ден го поминува во Гостивар на настани од проекти за кои Амбасадата дава поддршка и средби со претставници на организации и здруженија. Проектите се фокусирани на родовата еднаквост и борбата против насилството врз девојчиња и жени. „Многу сум среќен да бидам тука во Гостивар, да бидам дел од настани на организации со кои соработуваме на проекти за родова еднаквост и борба против ...
Судскиот совет на денешната 504-та седница ги избра Јетмир Хамзаи и Абдула Азари за судии на Апелационен суд Гостивар за граѓанска област и Сузана Милевска, Анита Јовановска и Љупчо Спировски за судии на Апелационен суд Штип за граѓанска област. Членот на Судскиот совет, Ханиф Зендели информираше дека сите петмина кандидати на кандидатската листа за избор на судии во Апелациониот суд Гостивар ги исполнуваат условите согласно закон. Прв на ...
Мото клубот “GO BIKERS GOSTIVAR” со задоволство најавува дека на 11 ноември ќе се одржи нивната прва крводарителска акција. Овој хуманитарен настан има за цел да ја поттикне свеста за важноста на крводарителството и да помогне на оние кои имаат потреба од трансфузија. Сите заинтересирани се поканети да се придружат на акцијата, која ќе се одржи од 09:00 до 13:00 часот во просториите на Трансфузиологија Гостивар. “Вашата хуманост може да спаси ...
Ќе и помогнеме на нашата земја да заздрави, изјави денеска републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп. Тој им се обрати на своите поддржувачи во Палм Бич на кои им вети дека „ќе ги поправи границите“, додавајќи дека тој и неговата партија испишале историја со причина. Тој му се заблагодари на американскиот народ за „извонредната чест да биде избран за 47-ми претседател и 45-ти претседател“. Тој истакна дека „Бог со причина го поштедил ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини утре почнува со доделување вредносни ваучери на домаќинства за купување и поставување инвертер клими. Како што соопшти, мерката е во насока на остварување на целите на Владата за поддршка на животниот стандард на граѓаните и намалување на аерозагадувањето. Според Министерството, вкупно 6 182 домаќинства ќе добијат ваучери. Преку Програмата за енергетска ефикасност во домаќинствата ...
Последните неколку дена, особено во утринските и доцните вечерни часови, во тетовско-гостиварскиот регион има релативно ниски температури, кои ја интензивираа грејната сезона, не само во домовите, туку и во стопанските, јавните и други објекти. Поради ова, значително се зголемува можноста за пожари, пред се како резултат на човечко невнимание, застарени и дотраени електрични инсталации во зградите, неисправни печки и навреме неисчистени оџаци во ...
Американците избираат претседател по 60-ти пат во историјата, а целиот свет го чека исходот кој ќе влијае на голем број глобални конфликти и кризи. Во исто време се избира и нов состав на Конгресот и третина од Сенатот. Резултатите главно се во согласност со очекувањата. Трамп ја задржа контролата врз традиционално републиканските држави, додека Харис ги освои демократските упоришта. Трамп, кој според проекциите на Си-Ен-Ен досега освои 246 ...
Мозочните игри и вежбите за помнење ги стимулираат нервните патишта и поттикнуваат тн. „невропластицитет“, т.е. способност на мозокот да учи и да се менува. Ова помага во зајакнувањето на нервните врски, што пак, ги зацврстува мозочните и умствените вештини. Дакари Квимби, клинички доцент по психијатрија на Медицинскиот факултет УСЦ во Лос Анџелес, САД, смета дека овие когнитивни предизвици ги подобруваат когнитивните функции и потенцијално го ...
Катедра на ромски јазик на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, културни центри во Скопје и во четири други поважни градови, 30.000 граматики, буквари и исто толку речници на ромски јазик, се само дел од барањата што денеска ги соопшти министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, Шабан Салиу, по повод Меѓународниот ден на ромскиот јазик. Во изјава за медиумите, Салиу рече дека ...
Денеска (5-ноември) во 14.05 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Гостивар-Тетово, во близина на надвозникот за тетовска Брвеница, патничко возило ,,сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.М.(22) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.П.(22) од Скопје, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово, информира ...
Брусницата е позната по својата живописна црвена боја и слатко-кисел вкус. Овие рубин-црвени чуда на природата имаат остар, кисел вкус, па затоа ретко се јадат сирови и најчесто се консумираат сушени или цедени. Преполни со хранливи материи како витамините Ц и А, како и антиоксиданси како флавоноиди и фенолни киселини, брусницата може да се пофали и со импресивна низа на здравствени придобивки. Од спречување на инфекции на уринарниот тракт до ...
СВР Тетово информира дека вчера (4.11.2024) во 18.00 часот на булевар „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ф.И.(34) од Вруток, гостиварско, поради основано сомнение дека извршил кражба на велосипед. Кај него бил пронајден велосипедот и бил вратен на сопственикот. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, извести ...
Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, повторно постави лажни очекувања во врска со пребројувањето на гласовите за американските избори, инсистирајќи на резултат во изборната ноќ, јави ДПА. Трамп веќе ги разбранува своите поддржувачи во претходните денови со неосновани наводи за изборна измама. Републиканецот се кандидира против демократката Камала Харис и засега изгледа дека трката ќе биде тесна. Се смета дека е малку ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за октомври 2024 година. -Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе може да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 5 ноември 2024 година, соопшти ...
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски рече дека се откочени одредени процеси и дека во наредните четири години ќе бидат завршени автопатите од коридорите 8 и 10-д. „Откако успеавме одредени процеси да ги откочиме, одредени неопходни работи да почнат да работат, веќе сме во предност. Прилеп – Битола некаде би требало да биде две до две и пол години, да речеме за три максимум да биде завршен. Слична е ситуацијата ...
Вечерната глад е чест проблем за сите оние кои внимаваат на својата фигура. Многумина веруваат дека јадењето доцна во ноќта може да и наштети на вашата фигура или здравје, но не секоја храна го прави тоа. Постојат намирници кои можете безбедно да ги консумирате пред спиење, без да ги загрозите вашите цели за одржување на здрава телесна тежина. Ви продолжение пет намирници кои можете да ги јадете навечер, а кои нема да ви го оптоварат варењето ...
На 1 и 2 ноември 2024 година во Југословенската кинотека во Белград, Србија се одржа Brave New Media Forum 2024 (BNMF), значаен собир во медиумската сфера кој ги обединува новинарите, активистите и експертите од регионот и Европа. Настанот годинава се фокусираше на клучни теми за медиумската индустрија во иднина, како што се иновациите во медиумите, етиката и безбедноста на новинарите, како и употребата на вештачка интелигенција (ВИ) во ...
Што точно ќе се случи ако ниту Камала Харис или Доналд Трамп не го постигнат мнозинството од Изборниот колеџ потребно за победа на американските избори? Иако не е многу веројатен, таков исход останува можен, и тоа ќе ги измачи Американците. Според американскиот систем, не е националното народно гласање кое одлучува кој ќе стане претседател, туку „Изборен колеџ“ од 538 членови, во кој секоја држава добива онолку „електори“ колку што е нивното ...
Денеска е последниот ден од претседателските кампањи на двајцата кандидати за претседателските избори во САД, кој и двајцата ќе го искористат за одржување неколку собири на места што ги сметаат за клучни за победата на изборите во вторник. Американските гласачи сè уште се поделени во изборот меѓу републиканецот Доналд Трамп и демократката Камала Харис, а анкетите покажуваат неизвесна трка, особено во седум клучни сојузни држави за кои се очекува ...
Месецот ноември е идеално време за подготовка на топли и меки пецива, кои одлично се комбинираат со кафе, чај или топло млеко за било кој период од денот. Во продолжение рецепт за полжави со мак, кои треба да се најдат на вашата трбеза уште утре. Состојки: За тестото: За пополнување: Подготовка: Во сад ставете ги брашното, квасецот, шеќерот, сол и циметот. Потоа подгответе топло млеко и додадете путер во него. Измешајте ги сувите состојки и ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека е почнато доделувањето ваучери за купување и вградување високоефикасни инвертер клима-уреди, наменети за домаќинствата кои ги исполнуваат критериумите на јавниот повик, објавен на веб-страницата на Министерството за економија на 1 февруари 2024. Согласно Програмата за поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата за 2024 година, се доделуваат над 6000 ваучери ...
Есенските култури да се залеваат за да не претрпат штети од ниските зимски температури поради недоволно врнежи, велат агрометеоролозите. Тие препорачуваат и полевање на зеленчуковите насади, бидејќи, како што објаснуваат, може да дојде до засушување во раните етапи од развојот. Останува препораката да се применуваат правилни агротехнички мерки: наводнување, обезбедување на потребните количества хранливи материи за поголема отпорност кон зимски ...
Со одлука на Регулаторна од полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,64%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 0,50 ден/лит, ...
Почина Оливера Николова, една од најплодните и најзначајни македонски писателки. Таа е родена во 1936 година, во Скопје. Учела во Струга и Велес, а завршила Филозофски факултет во Скопје. Работела како драматург на радио и телевизија. Таа е член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година. Попознати нејзини дела за деца се: „Зоки Поки“, „Земја во која не се стигнува“ (Награда на РТВ и Струшки вечери,1966), „Пријателите Бон и Бона“ ...
Десетици помали земјотреси, беа регистрирани во близина на првиот крак на Халкидики по вчерашниот со јачина од 5,2 степени, а грчките сеизмолози велат дека сè уште е рано да се каже со сигурност дека беше главниот земјотрес, додека последователните се во нормална рамка, јави дописничката на МИА од Атина. Големиот земјотрес што не предизвика никакви проблеми, беше регистриран кусо по 19 часот по локално време во морскиот дел на 12 километри ...
На 3 ноември 2024 година, околу 10:00 часот, на планинарска патека во планинскиот предел над селото Грекај, Oпштина Маврово и Ростуше, полициски службеници од ОВР Гостивар при извршување на службени задачи пронашле две неексплодирани рачни бомби тип кашикара. По извршениот увид, бомбите биле безбедно подигнати и демонтирани од страна на специјализирана екипа од Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при ...