
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Стручни лица да изнајдат соодветно решение за покриениот дел од каналот за наводнување во Шеста зона во Гостивар, на начин да не се затвора протокот на вода до нивите. Ова е договорено на неодамнешниот состанок кој се одржа во општината меѓу засегнатите земјоделци, заменик-министерот за земјоделство, Фљакрон Беџети, градоначалникот Ваљбон Лимани, директорот на Водостопанство Филип Филиповски и раководителката на гостиварската подружница на ...
Секој родител сака да остане во добри односи со своите деца кога ќе пораснат. Иако нема гаранции, децата може да се воспитуваат на начин што го зголемува овој изглед. Најважно е да воспоставите цврста основа за односот со нив. А еве седум совети кои ќе ви помогнат во тоа. Направете го вашиот дом безбедно место Безбедноста не е само физичка туку и емоционална. Децата треба да се чувствуваат сакано и заштитено. Избегнувајте понижување и поттикнете ...
Членовите на мечувачкиот клуб „Витез“ од Гостивар успешно се претставија на Државното првенство во мечување 2025 и постигнаа добри резултати. Младите мечувалци ги покажаа своите вештини во оваа уникатна спортска боречка дисциплина и се закитија со награди во категориите во кои се натпреваруваа. Како што информираа од клубот во категоријата U12 женски: Сара Алексоска освои злато, Теодора Несторовска сребро, додека Миа Грујеска бронза. Со златни ...
Ричард Гренел, пратеникот на американскиот претседател за специјални мисии, изјави дека „милијарди долари се дадени на левичарски невладини организации“ за спроведување на политиките во други земји, пренесува Анадолија. Гренел на Х пренесе објава на локален медиуми за тоа колку пари наводно потрошила американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) во земјите од Западен Балкан, нарекувајќи го „непромислено трошење“. „Вредните Американци ...
Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) соопшти дека од петок, 7 февруари, во 23:59 часот, сите нејзини вработени ширум светот ќе бидат ставени на административно отсуство, со исклучок на одреден персонал одговорен за клучните функции и програми. Како што е наведено, основниот персонал кој се очекува да продолжи со работа ќе бидат известени од раководството на агенцијата најдоцна до четврток, 6 февруари, во 15:00 часот по локално ...
Судскиот совет денеска на седница донесе одлука за објавување оглас за избор на судии во основните судови. Ќе се избираат по шест судии во Основниот граѓански суд Скопје и Основниот кривичен суд Скопје шест, пет во Гостивар, по четири во основните судови во Прилеп, Битола, Куманово и Тетово, тројца во Штип, по двајца во Струмица, Гевгелија, Охрид, по еден во Велес, Кавадарци, Струга, Струмица, Крива Паланка, Свети Николе, Кочани, Кичево, ...
Советот на јавни обвинители објави оглас за избор на вкупно 47 јавно обвинителски места низ повеќе Основни јавни обвинителства на територија на целата држава. На огласите се очекува да се пријават кандидатите од осмата генерација на Академијата на судии и јавни обвинители, на кои вчера им беа доделени уверенија за успешно помината почетна обука. Претседателката на Советот на ЈО Душица Димитриеска, појасни дека се објавува оглас за избор на 14 ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски денеска соопшти дека амбицијата на Владата е во следниот период да пушти возови до Тетово, Гостивар, Штип и Кочани, како и да ја врати целосно линијата до Кичево. Како што изјави Николовски по денешната посета на „Железници Транспорт”, момнентно во земјава се активни пет возови за патнички сообраќај, пет локомотиви за товарен сообраќај и четири локомотиви кои се изнајмени. -Од нула ...
Растението киноа, потекнува од Андите во Јужна Америка и се користи како храна и лек уште од античко време. Често слушаме дека е „мајката на сите зрна“, неговото потекло е навистина античко, бидејќи покрај пченката, таа била основната храна во минатото. Киноата е всушност псевдожитарка, бидејќи се приготвува, консумира и ги содржи истите нутритивни вредности како и зрната, но всушност припаѓа на фамилијата треви. Тоа е семе на растение од исто ...
Ракометната репрезентација на Данска триумфираше на Светското првенство, откако во финалето во Осло ја совлада селекцијата на Хрватска со 32:26. Со оваа победа, Данците ја потврдија својата доминација на светската ракометна сцена, освојувајќи ја титулата по четврти пат во низа. Данска го освои златото на импресивен начин, без ниту еден пораз, победувајќи на сите девет натпревари. Оваа генерација покажа неверојатна доминација, а уште минатото ...
Американецот Винсент Лемарк Бурел е осуден на 475 години затвор за организирање борби со кучиња, што е најдолгата евидентирана казна некогаш изречена за злосторство за суровост кон животните, потврдија обвинителите. Судијата на Врховниот суд во јужната американска држава Џорџија, Дин Ц. Бучи го осуди Бурел (57) по 93 точки од обвинението за борби со кучиња и десет точки за суровост кон животните, објави Ен-Би-Си Њуз. Бурел ги негираше ...
Гостиварската локална самоуправа на вториот повик за Владата за поддршка на општините ќе аплицира со над 40 проекти. Како што вели градоначалникот Ваљбон Лимани тие се разнолики од сите области и опфаќаат различни потреби на граѓаните. „Има едно шаренило, инфраструктурни проекти, асфалтирање, фекална канализација но и неколку спортски терени, детски катчиња и школски базен во ОУ „Гоце Делчев“, потоа ревитализација на еден подогл пат и други. ...
Секој поединец да даде своја поддршка и емпатија кон луѓето заболени од канцер. Да го добиваат вниманието на околината и грижата која им е неопходна, додека ја водат најтешката животна битка. Ова беа дел од пораките упатени на вечерашната панел дискусија која се одржа во Гостивар, по повод 4 Февруари, Светскиот ден на борбата против ракот. Настанот го организираше Здружението When in Trouble, а говорници беа лекари специјалисти. „Нашето ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец Јануари 2025 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 05 Февруари 2025 ...
Во средното општинско училиште гимназија во Гостивар, најновата инвестиција која е направена е реновирање на шест училници. По тој повод денес во посета на училиштето беше градоначалникот на Гостивар, Ваљбон Лимани, кој заедно со училишната управа направија обиколка низ просториите. „Увидовме дека овие шест училници се наоѓаат во многу лоша состојба и дека е неопохдно да се реновираат. Во соработка со градоначалникот заедно успеавме да ги ...
Полициски службеници од ОВР Гостивар, вчера на 04.02.2025, во 09.30 часот го лишиле од слобода 25-годишниот Ш.Ш. од Гостивар, по пријава дека во заедничката семејна куќа, поради нарушени односи, истурил запалива течност и се обидел да ја запали, но бил спречен од неговиот брат Н.Ш.(26). Ш.Ш. е приведен и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Увид на местото извршила ...
Според официјалната статистика објавена од државната Агенција за вработување, на листата на невработени на гостиварското подрачје заклучно со декември минатата година, регистрирани се се вкупно 7.386 граѓани. Во однос на образованието на лицата, евиденцијата на невработени е разнолика, односно има граѓани кои немаат никакво образование, но и високообразовани со факултетски дипломи и магистерски титули. На списокот невработени евидентирани се ...
Во светот на модерната технологија, квантните компјутери претставуваат револуционерен чекор напред. Овие уреди ветуваат дека ќе го трансформираат начинот на кој ги решаваме најсложените проблеми, отворајќи нови можности во областа на науката, безбедноста и индустријата. Како работат квантните компјутери? Традиционалните компјутери користат битови, кои можат да бидат во состојба 0 или 1. Квантните компјутери, пак, работат со кубити – квантни ...
На Клиниката за трауматологија при ТОАРИЛУЦ за првпат во државата е изведена сложена интервенција кај пациент со скршен лакт и фрактура на главата на радиус во лакотниот зглоб. Со успешната процедура е постигната стабилизација на зглобот и враќање на целосните движења. Оперативниот тим го предводеше трауматологот д-р Игор Мерџаноски, заедно со д-р Александра Танеска и д-р Александра Горѓоска. Анестезиолошката поддршка ја обезбеди д-р Александар ...
Во Очното одделение во општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар се воведува втора смена. Од установата информираа дека овој чекор е преземен имајќи ги предвид барањата на пациентите за офталмолошки услуги и доволниот број медицински персонал. „Од денеска директорот на болницата д-р Бесник Зеќири, во соработка со персоналот на амбулантата за офталмологија, донесоа одлука оваа амбуланта да биде на располагање на пациентите и за време на втора ...
Следната недела ќе биде објавен втор повик со кој ќе бидат поддржани капитални инфраструктурни проекти на општините, откако Владата денеска на седница ја почна постапката за повикот со којшто ќе бидат на располагање средства во износ до 15 милијарди денари. – Критериумите за учество во најголем дел ќе бидат исти како и за првиот, но и олеснети во поглед на рокот за поднесување документи и за почнување на постапката за јавна набавка. Ќе се ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека во измените на Законот за електронски комуникации кои се влезени во собраниска процедура, предвидено е да се забранат нелегалните онлајн игри на среќа. -Во Законот за електронски комуникации предвидуваме една измена каде што со закон ги забрануваме нелегалните онлајн игри на среќа, или онлајн коцкарници. Во Македонија лиценци за приредување онлјан игри на среќа нема ниту една ...
Бараме итно вработување на медицинските лица кои со години работат без здравствено и пензиско осигурување, изјави денеска на прес-конференција, Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата што ја предводи Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“. Бешлиовска информираше дека Унијата имала реакции од медицински сестри од целата држава, на кои им биле прекинати договорите за работа на дело. Не им било ...
Управата за јавни приходи информира дека согласно Законот, исплатата на средства за скенираните сметки во периодот октомври – декември 2024 година ќе се реализира во тек на месец февруари. Од УЈП укажуваат на најчести грешки кои го одложуваат процесот на исплата, со цел граѓаните навремено да реагираат доколку има потреба. Како најчести грешки се наведени: погрешно внесена трансакциска сметка, внесена трансакциска сметка на друго лице, наместо ...
Во земјава денеска се одбележуваат 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите. Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на ...
Намалена видливост од 70 до 100 метри поради појава на магла има на патниот правец село Гајре – Попова Шапка и Маврово, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...
Со одлука на Министерот за здравство Арбен Таравари, за нов директор на Општата болница Гостивар е именуван д-р Бесник Зеќири. Денеска во присуство на раководителите на одделенија и сектори на болницата беше извршено официјалното примопредавање на функцијата од страна на поранешниот директор, д-р Арѓент Муча. Тој им се заблагодари на сите присутни за досегашната соработка и му посака успех на новоименуваниот директор во управувањето со оваа ...
Илјадници граѓани пред сè млади луѓе и студенти, синоќа во Скопје се собраа на мирен протест изразувајќи ја својата поддршка за Фросина Кулакова и сите жртви од сообраќајни незгоди. Извикувајќи во еден глас граѓаните, меѓу другото, побараа „правда за Фросина“, „правда за жртвите“, „оставка“ и „затвор за Васил“. Протестот започна на булеварот „Партизански одреди“, на местото каде што беше прегазена Фросина кај Универзална Сала, продолжи преку ...
Адвокатите во Србија од денеска стапуваат во еденмесечен прекин на работата, што ќе трае до 4 март, одлучи Адвокатската комора на Србија (АКС) на вонредно собрание. Секретарот на комората, Немања Јоловиќ. потврди дека Адвокатската комора на Србија (АКС) на своето вонредно собрание го усвои предлогот за едномесечен прекин на работата, почнувајќи.од 3 февруари. Адвокатите од Шабац предложија да се воспостави минимален работен процес неопходен за ...
Поголеми ингеренции на комуналниот надзор во општините, комунална полиција и можност да се отповикуваат градоначалниците со референдум. Ова се дел од новините предвидени со измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа за кои денес се дебатираше во Гостивар. Во настанот учествуваа министерот за локална самоуправа Златко Перински, градоначалникот на Гостивар Ваљбон Лимани, претставници на други полошки општини, невладин сектор и ...