
Скопје
30ᴼ /
30ᴼ



Времето денеска (понеделник) ќе биде променливо облачно и потопло со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 7 до 17 степени. Во следните денови од новата работна седмица ќе владее променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Поинтензивни процеси се очекуваат од средината на неделата кога наместа врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе бидат ...
Локалните самоуправи треба да утврдат дали сите училишта на нивна територија имаат изработено Проценка на загрозеност од природни непогоди и други несреќи, План за заштита и спасување во кризни ситуации потврден од Дирекција за заштита и спасување и Правилник за заштита од пожари и експлозии, кој исто така треба да биде одобрен од Дирекцијата за заштита и спасување, соопшти Министерството за образование и наука. МОН на 20 март се обратило до ...
Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) ги предупредува граѓаните за сериозна фишинг измама која се одвива преку лажна веб-страница со адреса fzom.net. Оваа веб-страница се претставува како официјална страница на ФЗОМ (fzo.org.mk) и има за цел да украде лични и финансиски податоци на граѓаните. Измамниците преку fzom.net се обидуваат да ги измамат граѓаните да ги внесат своите: лични податоци (име, презиме, матичен број, адреса); ...
Од денеска ќе се исплаќа финансиската поддршка од собраните донации на семејствата на загинатите и повредените во пожарот во Кочани преку Црвениот крст, во износ од по 150 000 денари. Заклучно со 22 март собрани се 51.822.579 денари преку Црвениот крст од каде денеска ќе ги соопштат преземаните активности и начинот на исплатата. Според последните информации од Министерството за здравство, од околу 200 повредени во трагедијата што се случи пред ...
Сите општини координирани преку ЗЕЛС започнаа се вонредни инспекциски контроли во сите објекти од јавен карактер низ државата. Во голем број од општините детално се проверуваат училиштата, градинките, спортските сали, културните домови, но и сите угостителски објекти и други места каде секојдневно се собираат наши граѓани. Ова денеска го потенцираше претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски на заедничката ...
Турскиот опозициски политичар Екрем Имамоглу е „привремено“ суспендиран од функцијата градоначалник на Истанбул, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Турција. Тој беше приведен во средата, неколку дена пред да биде номиниран за претседателски кандидат на најголемата турска опозициска Републиканска народна партија, пренесува ДПА. Имамоглу, водечка опозициска фигура и главен предизвикувач на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на ...
Илјадници Турци излегоа синоќа на улиците во поголемите градови Турција трета ноќ по ред, барајќи од властите да го укинат притворот на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, пренесува ДПА. Протести имаше во Истанбул, Анкара и Измир и покрај забраната за јавни собири, објавија локалните медиуми. Во Истанбул луѓето извикуваа пароли како „Влада, оставка!“ Полицајците употребиле солзавец против демонстрантите кои сакале да ја пробијат ...
Во полициска контрола извршена вчера во периодот од 10 до 15 часот на подрачјето на Тетово и Гостивар, во 16 угостителски објекти (ТЕ-6 и ГВ-10), биле констатирани низа неправилности и од страна на ДПИ, ДЗС и УЈП ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, додека од страна на ДПИ биле затворени два угостителски објекти во Тетово и еден во Гостивар. МВР денеска соопшти дека полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар во содејство со ...
Од 138 контроли за вршење превоз на патници и стоки кои во претходните три дена ги направиле инспектори за патен сообраќај, неправилности се утврдени кај 21 правно и физичко лице и им се изречени соодветни казни. Министерство за транспорт –Државен инспекторат за транспорт денеска информира дека инспекциските надзори биле спроведени согласно нивниот Акциски план и дека за утврдените неправилности ќе бидат информирани Министерството за внатрешни ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираше утрово Автомото Сојузот на Македонија. На експресниот пат А1, делница Градско – Дреново, од 17.03.2025 г. до 04.04.2025 г., поради монтажа на дилатација на еластичната одбојна ограда на ...
Честопати ни доаѓаат солзите сами – без разлика дали сме тажни, под стрес, трогнати од некоја сцена од филм или настан па дури и толку среќни што не можеме да ги задржиме. Плачењето е сосема природен одговор на силните чувства, а многу луѓе чувствуваат големо олеснување по плачењето – но зошто е тоа така? Што точно се случува во нашето тело и мозок кога плачеме и зошто солзите можат да имаат толку лековито дејство? Плачењето не е само изразување ...
Определен e 30 дневен притвор за сите 24 лица за кои основното Јавно обвинителството во рамки на истрагата бараше изрекување на мерката за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животите ги загубија 59 лица, а речиси 200 се повредени. Меѓу лицата за кои е одреден притвор се и тројцата градоначалници на Кочани и тоа градоначалникот во заминување Љупчо Папазов, како и поранешните Ратко Димитровски и Николчо Илијев. Со досегашната ...
Под влијание на влажни воздушни маси од југ, од утре (недела) следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер од над 60 километри на час. УХМР денеска најави дека поинтензивни процеси се очекуваат од средината на следната седмица кога наместа ќе наврне поголема количина на дожд од над ...
Македонската машка кошаркарска репрезентација ќе игра во групата Б со селекциите на Унгарија и Романија во второто коло од европските претквалификации за Светското првенство во 2027 година, одлучи денешната жрепката одржана седиштето на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) швајцарски Миес. Во жрепката беа вклучени осум репрезентации кои не успеаја да се пласираат на овогодишниот Евробаскет, како и четирите најдобри репрезентации од првото ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потврди дека истрагата за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе се прошири ако се обезбедат докази за инволвираност на други лица во случајот. „Апсолутно ќе се шири оваа бројка доколку се обезбедат докази за оние кои имаат директна или индиректна инволвираност во кривично-правниот настан“, изјави Тошковски на прес-конференцијата во Министерството за внатрешни работи. Тој ...
Илјадници луѓе ги преплавија улиците во центарот на Белград, на протест што најверојатно ќе биде најголем откако студентите-во-блокада повикаа за првпат пред повеќе од 3,5 месеци по загинувањето на 15 луѓе при уривање на настрешница на железничка станица во Нови Сад, јави МИА од Белград. Митингот официјално почна во 16:00 часот и ќе трае до 21:00 часот, но илјадници веќе се собраа неколку часа однапред. Катастрофата на железничката станица стана ...
Методот „4-7-8“, којшто се заснова на древноиндиските техники на дишење – е новото популарно „оружје“ против несоница. Имено, стручњаците ветуваат дека тоа ќе Ве заспие за само 60 секунди. Истражувањата посочуваат дека бавното дишење, хигиената на спиењето и вежбите за опуштање може да бидат покорисни во лекувањето несоница, отколку некои вообичаени фармаколошки третмани. „Методот на дишење 4-7-8“ е развиен од д-р Ендрју Вејл, лекар во Центарот ...
На 20.03.2025 во 23.15 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.Т.(54) од Кавадарци, со живеалиште во Гостивар. Тој се сомничи дека во периодот од 12.00 до 13.00 часот во помошна просторија од куќа на 71 годишниот Р.Н. од Гостивар извршил кражба, при што одзел околу 7.000 евра во разни апоени, информира СВР Тетово. Кај него биле пронајдени и одземени дел од парите. Тој бил задржан во полициска станица и по ...
Министерството за транспорт и врски изврши контрола на 643 од над 1.100 издадени лиценци за работа согласно Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање. При контролата било утврдено дека 97 правни лица повеќе не ги исполнуваат законските услови за поседување на лиценците, информира денеска министерот за транспорт Александар Николоски. Како што соопшти на прес-конференција, досега се донесени решенија за одземање на: – Министерството ...
Ноќеска, на 21.03.2025 во 02.00 часот по полноќ на улица „Панче Попоски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги привеле Р.Х.(29), Н.Х.(54) и А.Х.(53), сите од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека околу 01.00 часот на паркинг простор од нивната зграда, по кратка расправија околу паркирање на возила, физички го нападнале од А.Т.(33) од Гостивар. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање н случајот ќе им ...
Од буџетот на Општина Гостивар ќе бидат издвоени 1 милион денари како помош за семејствата на загинатите и повредените во трагичниот пожар што се случи во дискотека во Кочани. Одлуката беше донесена денеска, на вонредна седница на Советот на општината. Градоначалникот Ваљбон Лимани истакна дека иницијативата за седницата е преземена со поддршка од сите советници: „По настанот во Кочани, презедов иницијатива знаејќи дека ќе ја имам поддршката од ...
Основниот суд во Кочани донесе решение со кое се определува 30 дневен притвор за 13 лица опфатени во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“, меѓу кои и за поранешниот министер за економија Крешник Бектеши. За уште шест осомничени, на кои претходно исто така им беше определен краткотраен притвор од 48 часа, судот ќе одлучува во текот на денот. Засега до ОС Кочани нема пристигнато барање за вчера приведените поранешни градоначалници на Кочани, ...
Во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани во врска со постапката за пожарот во клубот „Пулс”. Според првичните информации, приведени се поранешните градоначалници на Кочани, Николчо Илиев и Ратко Димитровски и градоначалникот во оставка Љупчо Папазов. Од Јавното обвинителство вечерва соопштија дека акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе ...
Времето денеска (петок) наутро ќе биде студено, а преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Максималната температура во гостиварскиот регион ќе достигне до 19 степени. Како што информираат од УХМР, утре (сабота) облачноста ќе се зголеми, а во недела ќе владее променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ...
Општина Маврово и Ростуше преку Фејсбук реагираше на информацијата од МВР објавена во медиумите за побаран и примен поткуп од страна на Раководителот на одделението за урбанизам при општината. Од локалната самоуправа велат дека се вчудоневидени и изненадени од ваквите наводи. „Вчудоневидени и изненадени сме од информацијата која беше објавена во медиумите во врска со побаран и примен поткуп од страна на Раководителот на одделението за урбанизам ...
Републичкиот Црвен крст соопшти дека досега се собрани околу 42,7 милиони денари хуманитарна помош за настраданите во пожарот во Кочани и нивните семејства и оти продолжуваат и понатаму со сите механизми за прибирање хуманитарна помош. Помошта може да се даде преку: Сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во пожарот во ...
Вчера (19.03.2025) во период од 10 до 15 часот, полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар во содејство со претставници од Управата за финансиска полиција, Државен пазарен инспекторат и Дирекцијата за заштита и спасување, извршија акциска контрола и презедоа координирани мерки и активности насочени кон сузбивање на недозволени криминални активности кои се вршат во угостителски објекти на подрачјето на Тетово и Гостивар, информира МВР. ...
ЗНМ потсетува дека известувањето од денешниот погреб мора да биде во согласност со претходно утврдениот протокол и со основните принципи на професионалната етика. Објавувањето на фотографии и видеа со гробни места, блиски членови на семејствата и приватни моменти претставува директно кршење на препораките за етичко известување и нарушување на достоинството на засегнатите лица, наведува ЗНМ. „Ги повикуваме оние неколку медиумски работници и ...
Членките на здружението Онлајнмедиа, меѓу кои е и Gostivarpress.mk, донесоа одлука нивните редакции да не снимаат и фотографираат погребите на загинатите во трагичниот пожар во Кочани, кој ќе се одржи денеска. Во овој период на жалост, кога болката од згаснувањето на 59 животи е неизмерна, веруваме дека треба да се почитува приватноста на семејствата. Медиумите имаат обврска да известуваат одговорно, етички и професионално. Загубата на овие ...
На Градските гробишта во Кочани денеска ќе бидат погребани триесетина загинати од пожарот во дискотеката „Пулс“ што се случи во неделата рано наутро. Погреби ќе има и во Скопје, во Штип и во Облешево. Погребот во Кочани е закажан за 12.00 часот а на него ќе чинонаначaлствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан во сослужение со повеќе архиереи од МПЦ-OA. Од МПЦ – ОА замолуваат за достоинствено и христијанско ...