Регулаторната комисија за енергетика да изврши измена на Правилата за снабдување со електрична енергија и да воведе задолжително месечно отчитување на броилата, бара Инженери на Република Македонија (ИНРМ). Како што сооопшти денеска ИНРМ, со воведувањето на блок-тарифите на 1 јули 2022 година РКЕ изврши измена на Правилата за снабдување со електрична енергија, предвидувајќи квартално наместо годишно отчитување на броилата. Оваа измена, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп привремено ја суспендира воената помош за Украина по неговиот судир со украинскиот претседател Володимир Зеленски, јавија американски медиуми, цитирајќи претставник на Белата куќа. „Претседателот јасно стави до знаење дека е фокусиран на мирот. Неопходно е и нашите партнери да бидат посветени на оваа цел. Ја прекинуваме и ја разгледуваме нашата помош за да се увериме дека ќе придонесе за изнаоѓање решение“, ...

-Поради добиен лабораториски наод позитивен на колиформни бактерии кај изворска минерална вода по потекло од Република Косово, спротивно на одредбите од Правилникот за посебните барања за безбедност на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода („Службен весник на РМ“ бр. 184/20218), под засилен инспекциски надзор ставен е увозот на сите пратки со изворска минерална вода од оваа земја, посочи Агенцијата за храна и ...

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред ...

Дополнително зголемување на минималната плата за 6 000 денари, бара Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Ваквиот предлог денеска ќе биде доставен до Владата, Организацијата на работодавачите и пратениците, а ќе значи, како што беше речено на прес-конференција, дополнително зголемување на сите останати плати на работниците во земјава. ССМ бара и за дополнителното зголемување на нето платата од 6 000 денари работодавачите од приватниот ...

Microsoft планира да ја затвори некогаш доминантната апликација за видео повици Skype. Оваа апликација беше исклучително популарна меѓу корисниците на интернет во раните 2000-ти, но во последниве години беше постојано запоставена од Microsoft, кој го префрли својот фокус на Teams како примарна платформа за пораки и тимска соработка. Според информациите пронајдени во најновата верзија за преглед на Skype за Windows, Microsoft планира да го ...

Американската Академија за филмски уметности и науки утрово ги додели „Оскарите“ на свеченоста што се одржа во „Долби театарот“ во Лос Анџелес. Филмот „Анора” (Anora) триумфираше со пет освоени одличија, од вкупно шест номинации. Емисијата ја водеше Конан О’Брајен. На годинашното, 97-то доделување „Оскари“, независниот филм „Анора” ги доби признанијата за најдобар филм, женска главна улога (Мајки Медисон), монтажа, како и наградите за најдобра ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во однос на утврдените цени од 24.02.2025 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 ден/литар. Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува – 77,50 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе ...

По 12 години пауза, Скопје се поврза по воздушен пат со Амстердам, откако холандската нискобуџетна авиокомпанија Трансавија го реализираше првиот лет синоќа во 21 часот на Меѓународниот аеродром Скопје. Холандската авиокомпанија ќе лета на релација Амстердам-Скопје-Амстердам двапати неделно, во четврток и во недела. Во четврток, авионите на холандската авиокомпанија ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром во 9:35 часот, а ќе полетуваат кон ...

Врнежите од дожд и снег на повисоките места што деновиве ја зафатија земјава, се од големо значење за земјоделските култури. Како што велат агрометеоролозите од УХМР, побарувањата од вода се големи, влагата е потребна за пролетна подготовка на почвата за садење одредени култури, како и за успешно навлегување на посевите во период на пролетен развој. Ниските утрински температури беа во границите на издржливост за културите. -Ова е период кога ...

По три дена без сон, човекот, обично, не може јасно да зборува или да оди нормално. После уште два дена, тој или таа најверојатно ќе почне да халуцинира и ќе биде на работ на ментален слом. Со други зборови, науката потврдува дека недостатокот од сон е лош за здравјето. Дури и без да се изложувате на екстремна будност со денови, зачестените ноќи без препорачаните 7-8 часа спиење може да доведат до сериозни здравствени последици. Тим лекари и ...

За православните верници од денеска Чист Понеделник започнува Велигденскиот пост што ќе трае седум недели до празникот Воскресение Христово – Велигден, кој годинава се прославува на 20 април. Имиња на постот Тоа е пост со повеќе имиња – повеќеимен пост. Се нарекува: Велигденски пост – затоа што завршува на Велигден и значи подготовка за празникот. Воскресенски пост – заради празникот на Христовото воскресение. Пасхален пост – бидејќи е пост пред ...

МВР информира дека вчера (2.03.2025) во 14.30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 25 годишниот Г.П. од Република Албанија. „Тој се сомничи дека претходно во верски објект во Гостивар одзел мобилен телефон и пари од Б.Т.(29), од Долна Бањица, гостиварско. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Г.П. бил задржан во полициска станица.“, извести МВР. Полицијата најавува дека по целосно ...

Православните христијани денес го слават празникот Прочка, кога луѓето си проштеваат едни на други, за да ги остават и гревовите со оставањето на мрсната храна, а во постот да се воздржуваат и од гревовноста. Прочка – Верниците меѓусебно си простуваат пред почетокот на Велигденскиот пост. Зборот „Прочка“ доаѓа од старомакедонскиот словенски збор „проштение“ = простување или од „проштати“ = проштева. Прочка е духовната метла со која ја метеме ...

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека утрово по котлините ќе има услови за магла и ниска облачност, а преку ден, се очекува да биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне поголема во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура во гостиварскиот регион денес ќе достигне 10 степени. По подолгиот период на студено и ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска посочи дека недостасуваат полициски службеници кои работат на терен, а во меѓувреме постои превработеност на останатите позиции во МВР. Заради ова, како што појасни, се работи на нов Закон за внатрешни работи и нов Закон за полиција. Во иднина, напомена дека ќе се работи и на нова систематизација, која ќе овозможи максимално, рационално и ефикасно трошење на парите на граѓаните, но и ...

Кучињата го доживуваат светот поинаку од луѓето, потпирајќи се на своите засилени сетила. Нивниот извонреден слух, способноста за препознавање мириси и острото чувство за движење им овозможуваат да ги детектираат најсуптилните промени во својата околина. Но што точно можат нашите верни пријатели да почувствуваат? Дали навистина разбираат кога сме тажни, возбудени или уплашени? Дали можат да препознаат болести пред ние да забележиме симптоми? ...

Управата за јавни приходи (УЈП) денеска ја промовираше новата електронска услуга – Електронско уверение за состојба на остварен доход, која е достапна преку платформата „е даночни услуги“. Граѓаните можат да добијат уверение без чекање и без да посетуваат шалтер, преку компјутер или мобилен телефон во рок од 5 минути, 24/7. Услугата е достапна за сите корисници на системот „е даночни услуги“, како и за странци со престој во државата. Во повеќето ...

СВР Тетово информира дека вчера (28.02.2025) во 13.20 часот во ОВР Гостивар 20- годишна гостиварка пријавила дека на социјална мрежа бил креиран профил каде биле објавени нејзини фотографии со компромитирачка содржина. Според пријавеното, на истиот профил биле објавени и фотографии од пет девојки од Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, наведува полицијата. Како што објавивме вчера, на Инстаграм беше креиран профил на кој беа ...

Верниците од исламска вероисповед го почнаа Рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 30 март. За време на овој период, верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од храна, пијалаци и лоши мисли, со цел духовно и физичко прочистување. Рамазан е деветтиот месец во исламскиот календар и секоја година неговиот почеток се поместува за 10 или 11 дена наназад во однос на грегоријанскиот календар. Постот е верска обврска за сите ...

Високиот шеќер во крвта може да биде тивок проблем, кој долго време останува незабележан. Особено кај луѓето со преддијабетес или рани фази на дијабетес тип 2, симптомите може да бидат суптилни или да се препишат на секојдневниот замор и стрес. Сепак, телото испраќа сигнали кои не треба да се игнорираат. Постојана жед и често уринирање Чувството на ненаситна жед е еден од првите знаци дека нивото на шеќер во крвта е зголемено. Бубрезите се ...

Секој 1 март, во чест на мистериозната Баба Марта и доаѓањето на пролетта, се плетат уникатни мартинки, едни од омилените модни додатоци на младите. Се изработуваат од бел и црвен конец, а традиционално и се подаруваат. Според традицијата, на првиот ден од март, најстарата жена во семејството врзува на рацете на децата засукан бел и црвен конец за здравје и против уроци. Според верувањата на тиквешани, мартинките се носат до 22 март, а потоа се ...

Меѓу гостиварци од утрово се шири вознемиреност предизвикана од објави на Инстаграм со вулгарни и недолични содржини заедно со фотографии на девојки од Гостивар. Јавноста е згрозена од она што во текот на денот се објавуваше од профил под име „gv_trach“, каде под неовластено преземени фотографии од девојки беа испишани крајно навредливи, сексистички и вознемирувачки зборови. Во име на етичко и одговорно новинарство Gostvarpress.mk нема да ги ...

Вредноста на биткоинот падна за повеќе од 25% во однос на јануарските рекордни вредности, откако најавите на Доналд Трамп за воведување царини и можноста од трговски војни ги наведе инвеститорите да масовно распродаваат дигитална имовина. Според информациите од Њујоршки Блумберг, биткоинот и етериумот денес изгубија по седум отсто од својата вредност. Рекордните вредности на биткоинот беа забележани на денот на инаугурацијата на Доналд Трамп на ...

Изборот на појадок може да ја подобри функцијата и способностите на мозокот, според новите испитувања, се чини, особено ако во јадењето има и јаткасти плодови. Написот е објавен во списанието „Фуд енд фанкшн“ (Food & Function). Познато е дека исхраната игра значајна улога во целокупното здравје на мозокот, па некои научни истражувања и досега посочуваа дека јаткастите плодови, како што се оревите, можат да бидат корисни за когнитивната ...

На пригодна манифестација, со доделување на јубилејни плакети, потсетување на историјатот и презентација на активности, денес во Гостивар беа одбележани 80 години од основањето на Црвениот Крст на Македонија. На настанот под мотото „Ние гледаме луѓе“ присуствуваа членови и волонтери на организацијата на државно и на локално ниво, соработници, поддржувачи, претставници на институции, здруженија и слично. „Идејата е да се сретнеме со нашата ...

СВР Тетово информира дека вчера (27.02.2025) во 18.30 часот во гостиварско село, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ф.С.(45) од истото село, постапувајќи по претходна пријава од неговата 26-годишна ќерка дека, поради претходни семејни недоразбирања, со остар предмет се заканувал на неа, нејзиниот сопруг и нејзиниот свекор, кој притоа се повредил во обид да му го одземе предметот. Лицето било задржано во полициска станица и ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Поради појава на магла, намалена е видливоста до 70 метри на планинските премини Стража и Буково. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица до 31.05.2025 поради изведба на ...

Бигорското светилиште, во предвечерието на почетокот на велигденските пости традиционално одржува вечерна богослужба. Така, и оваа година ги повикува верниците да земат учество во споменатава богослужба, која ќе започне во недела (2 март) со почеток во 17:00 часот. Службата завршува со Великопосната молитва на Свети Ефрем Сирин, која е проследена со големи поклони, како и со меѓусебното големо простување на верниците и монасите. Затоа, стои во ...

Времето денеска (петок) ќе биде променливо облачно, претпладне по котлините со појава на магла и ниска облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура во гостиварскиот регион ќе достигне 12 степени. За време на викендот врнежите наместа ќе имаат повремено пороен карактер. Во недела и ноќта кон понеделник на планините и на некои повисоки места претежно во ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
5.14
36%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
4.12
44%
1020
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
49%
1021
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
40%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.99
74%
1018
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 23ᴼ
4.12
53%
1022
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
4.63
46%
1014
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.54
69%
1017
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
4.12
65%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
53%
1018
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
5.66
36%
1021
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
7.2
73%
1015
Currency

61.535

Currency

53.3801

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60