
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Откако ги исполнија целите за оваа сезона, албанскиот прволигаш Билис Балш и дефанзивецот Дарко Илиeски седнаа на маса да преговараат за нов договор. Иако клубот од нашето соседство инсистираше на соработка од уште една сезона, прилепчанецот веројатно ќе се врати во мак-фудбалот. Илиески е искусен одбранбен фудбалер и одиграл многу натпревари за бодови во ПМФЛ. Дефанзивецот се врати на Балканот, откако стана шампион со најпопуларната екипа во ...
Рускиот тенисер Данил Медведев мина во следната фаза од АТП турнирот во Рим, откако славеше триумф над Британецот Камерон Нори со 2-0, по сетови 6-4 и 6-2. Медведев ја покажа својата сила, а особено беше доминантен во вториот сет и ја заврши работата за еден час и 33 минути активна игра. Следен противник на Русинот ќе му биде Австралиецот Алексеј Попирин. Учество во следното коло обезбедија уште Роберто Мусети, Стефанос Циципас, Ласло Ѓере и ...
Фудбалскиот прволигаш Пелистер, денес имаше интересни млади гости од ОУ „Коле Канински“, кои се дружеа со фудбалерите и стручниот штаб на „зелено-белите“. Од таборот на битолскиот клуб изразија големо задоволство од посетата и соопштија дека им било чест да се дружат со идните генерации кои добија совети и сугестии да бидат добри ученици и успешни спортисти. „Ние како клуб секогаш сме среќни и горди кога се работи за мали дечиња и кога треба да ...
Фабио Канаваро на неславен начин ја заврши својата етапа како тренер на Динамо Загреб и доби отказ од „модрите“ после серијата непосакувани резултати во клучниот дел од сезоната. Италијанскиот стратег конечно проговори на оваа тема и во зборуваше со „Газета Дело Спорт“, за која рече дека загрепскиот клуб ја има најлошата управа во последните две децении. „Остана горчина што не успеав целосно да ја завршам работата со мојот стручен штаб. Екипата ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ( донесе одлука за дисциплински мерки против клубовите ФК Воска Спорт и Гостивар поради неодиграни натпревари од последните две кола во Прва МФЛ. - Воска Спорт се казнува со одземање на девет бодови и парична казна во износ од 25.000 евра за неодигрување на натпреварот од 29. коло во ПМФЛ. - За неодигрување на натпреварот од 30. коло, Воска Спорт добива казна, одземање на дополнителни девет бодови и ...
Главниот град на Грција, Атина, се подготвува за завршниот турнир во Лигата на шампионите на ФИБА, каде годинава ќе учествуваат четири исклучително силни екипи. Слично како и минатата година, и оваа имаме два шпански претставника - Уникаха и Тенерифе, а ним друштво им прават АЕК од Атина и турскиот Галатасарај. Програмата започнува со полуфиналето меѓу Галатасарај и Тенерифе (17:00 часот), а три часа подоцна силите ќе ги одмерат АЕК и Уникаха. ...
Тренерот на Џирона, Мичел, бил итно пренесен во болница поради влошена здравствена состојба, јавија шпанските медиуми. Предводникот на тимот во кој настапува нашиот Бојан Миовски е надвор од животна опасност, но лекарскиот тим го држи под постојан надзор и се труди да ја стабилизира неговата ситуација. „Тренерот Мичел има соодветна медицинска грижа и неговата состојба е стабилна. Нема простор за паника и за вознемиреност, но не смееме да ...
Македонија стана една од првите петнаесет членки на УЕФА кои го имплементираа новиот УЕФА Фитнес А курс, наменет за високо едуцирани кондициски тренери. Првата генерација броеше вкупно 21 учесник, а најголем дел од нив имаат веќе стекнати УЕФА лиценци (C, B, A или Pro). Во текот на период од 15 дена, курсот се одвиваше во три едукативни блока со вкупно 140 часа предавања и 191 час интерактивна настава, поддржани од 33 домашни и странски ...
Дел од англиските медиуми деновиве шпекулираа дека Микел Артета може да добие отказ доколку Арсенал не се пласира во финалето од Лигата на шампионите. Шпанскиот тренер повторно не успеа да освои ниту еден трофеј со „топчиите“, но управата има целосна доверба во него и нема намера да му врачи отказ. Челните лица на Арсенал се презадоволни од неговата работа и се убедени дека тој повторно ќе има успешна етапа со тимот, а за следната сезона се ...
Аргентинскиот фудбалер на Ливерпул, Алексис МекАлистер, официјално е избран за најдобар играч во Премиер лигата за месец април. МекАлистер периодов впиша два гола и една аситенција, со што првпат во кариерата го заслужи ова признание. Неговиот Ливерпул во април забележа четири победи и еден пораз, а исто така успеа и да ја освои шампионската титула по победата над Тотенхем со убедливи 5-1. Тренерот на Вулверхемптон, Витор Переира, ја доби ...
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во третото коло на АТП турнирот во Рим, откако славеше над Србинот Душан Лајовиќ со 2-0, по сетови 6-3 и 6-3. Алкараз немаше големи проблеми против 131. тенисер во светот и покажа зошто е главен фаворит за трофејот, а мечот траеше еден час и 23 минути. Во следната рунда Шпанецот ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Алекс Михелсен и Ласло Ѓере. Изненадувачка елиминација доживеа Бугаринот Григор ...
Чаби Алонсо дефинитивно го напушта Баер Леверкузен и ќе има нов тренерски предизвик во кариерата. Информацијата ја соопшти на прес-конференција, на која изрази голема благодарност до управата на „фармацевтите“ и искажа огромна почит за навивачите на клубот. „Се договоривме со управата дека овие два натпревари ќе бидат мои последни на клупата на Леверкузен. Го чекавме вистинскиот момент за да ја соопштиме информацијата, не сакавме да брзаме во ...
Репрезентацијата на Македонија до 16 години забележа пораз од селекцијата на Словачка во рамките на второто коло на развојниот турнир кој се одржува во Подгорица. Нашите надежи одиграа без голови во регуларните 90 минути, а во пенал-серијата поуспешен беше ривалот со конечни 4-2. Во нашиот тим прецизни реализатори на ударите од белата точка беа Фадил Исламовиќ и и Ракипи Сонер. Македонија настапи во следниов состав: Амин Сулјовиќ, Анес Бајрами, ...
Никола Миротиќ го напушта тимот на Олимпија Милано после две години престој во Италија и ќе ја продолжи кариерата во редовите на францускиот гигант, Монако. Информацијата ја сподели новинарот Тео Кинтар, кој тврди дека Миротиќ потпишал двегодишен договор (2+1 година) и ќе се приклучи на тимот по завршувањето на актуелната сезона. Монако добива огромно засилување во неговото име. Просечниот учинок во Евролигата изнесуваше 17,7 поени, 6,4 скока и ...
Пред стартот на разигрувањето за титулата, АБА лигата ги додели индивидуалните признанија. Кошаркарот на Будуќност, Мекинли Рајт, го доби трофејот „Дејан Милојевиќ“ како најкорисен играч (MВП) од регуларниот тек на АБА лигата. Американецот победи со 39,1 процент од гласовите пред неговиот клупски соиграч Кенан Камењаш (26,8 проценти) и Брајс Џонс (Игокеа, 23,9 проценти). Рајт оваа сезона имаше просек од 12,8 поени, 2,4 скока, 4,9 асистенции и ...
Англиската Премиер лига, заедно со шпанската Примера, обезбедија пет места во Лигата на шампионите за сезоната 2025/26 поради најдобриот коефициент на УЕФА. Во новиот систем на натпреварување, откако Лигата на шампионите е проширена од 32 на 36 клуба, две дополнителни места секоја сезона одат во лигите со најдобар коефициент. Болоња и Борусија Дортмунд профитираа од ова правило минатата година, бидејќи завршија петти во Серија А и Бундеслигата и ...
Организаторот на меморијалниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“, ГРК Охрид, ги објави групите за овогодинешното издание и финалниот распоред на натпреварите. Во групата А ќе ги гледаме ГРК Охрид, Киндил Торшавн, Партизан и Нексе, а во групата Б силите ќе ги одмерат Вардар 1961, Динамо Панчево, Еурофарм Пелистер и АЕК од Атина. На програмата ќе имаме по три меча од групната фаза, кои ќе се играат од вторник до петок, а натпреварите за конечен ...
Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, доби специјална покана за настап на АТП турнирот во Женева од серијата 250, кој се игра неделата пред Ролан Гарос – од 17 до 24 мај. Ѓоковиќ ја прифати поканата и ќе се бори за својата јубилејна, стота титула во кариерата. Минатата година Ѓоковиќ стигна до полуфиналето во швајцарскиот град, каде изненадувачки беше елиминиран од Чешкиот тенисер Томаш Махач. Сега, со нова мотивација и пред настапот во ...
Многу оспоруваниот Антони би можел да испише историја во европскиот фудбал. Бразилецот е на чекор до незапаметен подвиг – освојување на два различни УЕФА трофеи во иста сезона: Лигата Европа и Конференциската лига. Сценариото ќе стане реалност доколку Манчестер Јунајтед триумфира во финалето на Лига Европа, а Бетис го освои трофејот во Конференциската лига. Антони првиот дел од сезоната го мина на „Олд Трафорд“ и одигра доволен број натпревари ...
Левиот бек на Барселона, Алехандро Балде, се врати во тимот после повредата и ќе конкурира за настап на големото „Ел Класико“ против Реал Мадрид. Информацијата ја потврди шпанскиот „Ас“, кој пишува дека Балде веројатно нема да биде во почетниот состав на мечот со вечниот ривал, но се очекува да добие шанса од клупата. На четири кола пред крајот на сезоната Барселона има четири бода предност пред Реал Мадрид, а последното сезонско „Ел Класико“ ...
Фудбалерите на Тотенхем славеа на гостувањето кај Бодо Глимт со 0-2 и со вкупни 1-5 си чекираа место во финалето на Лигата на Европа. По триумфот во Норвешка, анализа на одиграното и најава на финалето изнесе тренерот Анге Постекоглу. „Ова гостување беше тешко. Бодо Глимт има одлични резултати дома, а ние добро се снајдовме - дававме голови и победивме. Ги одржавме на минимум нивните занаки и работевме напорно да ги држиме далеку од голот. Горд ...
Шпанските медиуми утрово пренесоа добри вести кои навивачите на Реал Мадрид, поврзани околу идниот тренер. Имено, Чаби Алонсо си подал рака и се договорил за тригодишна соработка со „кралевите“. Младиот шпански стручњак беше единствената сериозна опција која долго се споменуваше за клупата на Реал. Се очекува Алонсо да го преземе водството на тимот во моментот кога Карло Анчелоти ќе ја напушти клупата, а тоа веројатно ќе биде по Светското ...
По победата над Тиквеш и службените бодови со Гостивар и Воска Спорт, битолски Пелистер многу порано од завршувањето на сезоната во Првата лига го обезбеди опстанокот и ќе заврши повеќе кон средината на табелата со околу 40 бода, што е добар учинок за нов прволигаш. Клубот се наоѓа пред расчекор и летово треба да донесе одлука – ќе биде комплетно продаден или ќе остане под „капата“ на Општина Битола. Со оглед на тоа што барањата и трошоците се ...
Манчестер Јунајтед со вкупни 7-1 го декласира Атлетик Билбао во полуфиналето на Лигата на Европа и закажа англиско финале со Тотенхем во ова натпреварување. По победата на реваншот на „Олд Трафорд“ од 4-1 своето мислење го сподели тренерот Рубен Аморим. Португалецот веднаш се осврна на финалето и не трошеше зборови за тоа што е зад тимот. „Секој натпревар има своја историја. Кога ќе го погледнете финалето, квотите велат дека сме поблизу до ...
Кошаркарите на Минесота Тимбервулвс израмнија во серијата против Голден Стејт Вориорс во НБА лигата, откако славеа со 117-93 на вториот домашен натпревар. Немаа „воините“ сили без првата ѕвезда Стеф Кари за нов „брејк“ во Минеаполис и претрпеа неуспех, а сега серијата се сели во Сан Франциско. Уште од стартот на средбата во „Таргет Центарот“ се наметна домаќинот бидејќи поведе со 13-0. Имаше Минесота во првиот дел највисоко водство од 22 поени, ...
Симоне Инзаги дефинитивно ги заслужи сите почести и пофалби за успехот што го оствари со Интер, особено откако успеа да стигне до своето второ европско финале во само три години. „Нероаѕурите“ ќе играат со ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите и ќе се борат за четвртиот трофеј во историјата, а италијанските медиуми решија да нѐ потсетат со кои играчи и со колкав буџет Инзаги успеа да создаде исклучително силен колектив. Дел од стандарните ...
Францускиот ПСЖ обезбеди пласман во финалето на Лигата на шампионите и ќе ги одмери силите со екипата на Интер. „Светците“ од Париз прикажаа одлични игри во досегашниот дел од сезоната и заслужено се во мечот за трофејот, а сега угледниот Л'Екип објави и колку овој успех ќе значи за клубот во финансиска смисла. ПСЖ досега од Лигата на шампионите заработи 138 милиони евра, а оваа сума може да порасне за уште 10,5 милиони ако успее да ја освои ...
Тиери Гибер, извршен директор на „Лакост“, вели дека Новак Ѓоковиќ ќе игра на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. Гибер објави охрабрувачки информации за сите фанови на српскиот ас, особено имајќи ги предвид неодамнешните случувања околу српскиот тенисер. Иако самиот Ѓоковиќ претходно јавно ја изрази својата желба да се појави во Лос Анџелес, многумина се скептични во врска со ова прашање, првенствено затоа што во тој момент ќе има ...
Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флориан Вирц, ги подгреа надежите на европските гиганти кои сакаат да го видат во своите редови, изјавувајќи дека сака да промени нешто во кариерата и да тргне по нов предизвик. „Имав прекрасни сезони со Леверкузен и освоивме шампионска титула. Тоа засекогаш ќе остане во нашите сеќавања и вечно ќе се гордееме. Знам дека има интерес за мене, сакам да променам нешто и да тргнам по нов предизвик, но не знам каде ќе ме ...
Аурелио де Лаурентис, првиот човек на италијанскиот фудбалски гигант, Наполи, не сака да предвиди кој ќе биде шампион во Серија А оваа сезона. „Фудбалот е навистина прекрасен затоа што топката оди таму каде што Бог сака. Понекогаш оди во вистинската насока, понекогаш во погрешна. Сите сме во Божји раце. Затоа не си дозволувам да правам никакви предвидувања“, рече Де Лаурентис. До крајот на сезоната во Серија А остануваат уште три кола. Наполи е ...