Македонската репрезентација ќе влезе во завршните натпревари од претквалификациите за Евробаскетот со значително изменет состав во однос на првиот дуел со Ирска одигран во Даблин. Селекторот на националниот тим, Жозеп Мариа Берокал, ќе треба да направи сериозни корекции во играчкиот ростер пред двата клучни натпревари од јулскиот ФИБА прозорец против Ирска и Луксембург. За разлика од мечот одигран на 30. ноември во Даблин, каде Македонија ...

Голема криза го зафати босанскиот ракомет, а може слободно да се каже дека на тамошната федерација ќе ѝ биде потребно вистинско чудо за повторно да ги постави работите на стабилни основи. Сериозните финансиски проблеми би можеле да имаат далекусежни последици. Поради тешката финансиска состојба и блокираната сметка на Ракометната федерација на Босна и Херцеговина, младинската репрезентација најверојатно нема да отпатува на Европското ...

Англичанецот Лиам Розениор наскоро би можел да добие нов тренерски предизвик во кариерата. Тој остана без ангажман по експресниот отказ во Челзи, но сега е пред потпис со француски прволигаш кој има големи амбиции. Се работи за клубот Париз ФЦ, кој зад себе има долга традиција и голема армија навивачи, а во клубот го гледаат Розениор како одлично решение за клупата. Француските медиуми пишуваат дека на масата стои двегодишен договор, а ...

Она што се најавуваше подолго време, конечно доби официјална потврда. Енцо Мареска е нов тренер на Манчестер Сити, каде на клупата го менува легендарниот Пеп Гвардиола. Италијанскиот стратег има големо искуство од Премиер лигата, а воедно беше и асистент на Гвардиола во таборот на „граѓаните“. Неговиот веќе поранешен клуб, Челзи, ќе добие отштета од околу 22 милиони фунти, јавија англиските медиуми. Мареска се смемта за идеален наследник на ...

Турскиот кошаркарски клуб, Бешикташ, објави дека е целосно подготвен за учество во Евролигата, откако своето учество го откажа францускиот Монако. Гигантот од Истанбул претставил тригодишен план и проект за настап во елитата, со буџет од околу 12 милиони евра по сезона. „Ѝ го претставивме на Евролигата нашиот долгорочен проект, а исто така испративме и официјално писмо со намери. Се надеваме на тригодишен престој, со надеж за продолжување на ...

Почетокот на нокаут-фазата на Светското првенство ги донесе и првите полемики околу ждрепката. Додека аргентинските медиуми со оптимизам гледаат кон одбраната на титулата, во Бразил расте незадоволството поради, како што тврдат, значително потешкиот пат до завршницата на турнирот. Аргентина го освои првото место во групата со максимални девет бода и во осминафиналето ќе игра против Зеленортските Острови. Доколку ја оправда фаворитската улога, ...

Групната фаза на Светското првенство привлече 4.644.549 гледачи на трибините, соопшти ФИФА. Според Светската фудбалска асоцијација, овие бројки претставуваат нов рекорд во посетеноста и само дополнително ја зголемуваат оправданоста на новиот мундијалски формат со 48 репрезентации. „Групната фаза на Светското првенство заврши на спектакуларен начин. За само 17 дена, првиот турнир со 48 репрезентации обедини повеќе нации, играчи и навивачи од ...

Проширениот Мундијал со 48 репрезентации донесе нови приказни и историски успеси, но отвори и дилеми околу намалената неизвесност во групната фаза. Најголемото изненадување се Зеленортските Острови, кои на своето деби изборија пласман во нокаут-фазата, оставајќи го зад себе секогаш силниот Уругвај. Историски успех остварија и Босна и Херцеговина, Канада, Брегот на Слоновата Коска и Јужна Африка, додека ДР Конго продолжи како една од ...

Иако многумина му предвидуваа отказ, сепак Винченцо Монтела ќе остане на своето работно место. Турската фудбалска федерација одлучи да го задржи италијанскиот стручњак како селектор на репрезентацијата. Раководството на федераџцијата и италијанскиот тренер се согласиле за голем број промени во репрезентацијата. 52-одишниот Монтела ќе ја задржи својата позиција, но ќе има промени во неговиот тренерски штаб. Турција не успеа да се пласира во ...

Еден од трите домаќини ја мина првата елиминациона пречка на Светското првенство. Репрезентативците на Канада со триумфот над Јужна Африка први изборија пласман во осминафиналето, а победничкиот гол го постигнаа во судиското надополнување на вториот дел. Задоволството по триумфот беше огромно, а селекторот Џеси Марш ги пофали своите фудбалери. „Игравме добро и дисциплинирано. Навистина сум горд на нашиот тим. И мислев дека беше заслужена ...

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, екипата на Силекс продолжува со засилувањата пред почетокот на новата сезона и официјално го промовираше Марио Ричков како нов член на клубот. Дваесет и двегодишниот лев бек во Кратово пристигнува од редовите на Македонија Ѓорче Петров и ќе го засили тимот за сезоната 2026/27. Ричков зад себе има настапи во македонската Прва лига во дресовите на Вардар, Шкупи и Македонија ЃП, а беше дел и од ...

Новото засилување на Шкендија, Алмир Криезиу, не го крие задоволството по потпишувањето на двегодишниот договор со актуелниот македонски вицешампион и Куп-финалист. Во своето прво интервју за клупските медиуми, 27-годишниот крилен напаѓач порача дека изборот да се пресели во Тетово бил многу лесен. „Многу сум среќен што сум тука. Шкендија е најголемиот клуб во албанскиот фудбалски свет и за мене беше многу лесно да ја прифатам понудата. Се ...

Ибрахим Афелај откри за кого ќе навива во пресрет на осминафиналниот дуел меѓу Холандија и Мароко на Светското првенство, иако во текот на кариерата го носеше дресот на „лалињата“. Поранешниот фудбалер на Барселона истакна дека неговото срце е на страната на Мароко, нагласувајќи дека неговите корени и семејството се поврзани со оваа земја. „За овој натпревар моето срце е со Мароко. Моите корени се таму. Моите родители се Мароканци, а целото ...

Екипата на Шкендија официјално го претстави своето ново засилување за претстојната сезона. Нов член на тетовскиот клуб е крилниот напаѓач Алмир Криезиу, кој потпиша двегодишен договор со македонскиот шампион. Дваесет и седумгодишниот фудбалер успешно ги мина медицинските прегледи, по што ја официјализираше соработката со „црвено-црните“. По промотивните активности и првото интервју како играч на Шкендија, Криезиу веднаш отпатува во Словенија, ...

Ема Радукану нема да настапи на годинашниот Вимблдон, откако непосредно пред стартот на турнирот беше принудена да се повлече поради стрес фрактура на потколеницата на десната нога. Британската тенисерка до последен момент се надеваше дека ќе биде подготвена за настап пред домашната публика, но дополнителните лекарски прегледи покажале дека повредата е посериозна од очекуваното. „Направив апсолутно сè за да бидам подготвена за почетокот на ...

По најавите за коренити промени, битолски Пелистер денес избра нов претседател. Неговата мисија ќе биде клубот веднаш да се врати во Првата лига, а според позитивните вибрации во градот и клубот, направен е вистински избор. Поранешниот директор на РК Еурофарм Пелистер сега е ибран за прв човек на фудбалскиот клуб. „ФК Пелистер го почнува својот нов проект за сезоната 2026/27 со изборот на новиот претседател. По оставката на раководството на ...

Критиките од претседателот на државата по мундијалскиот неуспех донесоа промени, Хонг Мјунг Бо повеќе не е селектор на Јужна Кореја. Селекторот беше под силен притисок по елиминацијата уште во групната фаза, а критики на негова адреса пристигнаа и од претседателот на државата. Тој побара истрага за неуспешниот настап на националниот тим, па тоа со сигурност е една од причинтие за промените. Јужнокорејците го отворија Мундијалот со победа над ...

Ријад Марез се најде во центарот на вниманието по натпреварот меѓу Алжир и Австрија, кој заврши 3-3 и на двете селекции им донесе пласман во осминафиналето на Светското првенство. Контроверзиите започнаа по голот на Марез во 93. минута за водство од 3-2, резултат кој ќе ја елиминираше Австрија. Сепак, само три минути подоцна Австријците израмнија, а алжирската одбрана реагираше многу пасивно, што предизвика сомнежи кај јавноста. „Ја раширивме ...

Лина Ѓорческа ќе настапи во првото коло против Аманда Анисимова на третиот сезонски Грен слем турнир Вимблдон, а тоа ќе биде историски ден за неа, но и за македонскиот тенис. Тетовчанката ги мина трите пречки во квалификациите, победуваше против своите ривалки и го исполни сонот кој траеше долги години. Сега со мислите е кон првото коло кое е веќе закажано, а поради тоа што доби една од носителките за противничка, Ѓорческа ќе игра на еден од ...

Македонскиот Дејвис Куп репрезентативец Калин Ивановски ја предводи „петорката“ македонски тенисери на М25 Скопје турнирот „Мacedonian Open“. Ивановски учество на турнирот избори благодарение на својот пласман, а последниот викенд го заврши како финалист на турнирот во Загреб што треба да биде убава најава со надеж да ги продолжи добрите игри, како на мечевите од Дејвис купот во Молдавија, а потоа и на турнирот во Загреб. Ивановски во 2023 ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа во полна пареа се подготвува за премиерниот настап на Вимблдон. Тетовчанката тренира во Лондон во пресрет на мечот против Аманда Анисимова, откако претходно ги мина трите квалификациски кола. Пред настапот на главниот турнир македонската претставничка ги сподели своите очекувања. „Квалификациите минаа одлично. Отсекогаш знаев и верував дека сум близу, а треба и да се поклопат коцките за да биде совршено. ...

Вардар, Шкендија и Силекс ќе ја претставуваат Македонија ова лето во квалификациите за европските купови. И оваа година нашите клубови почнуваат во првите квалификациски рунди, а УЕФА веќе ги делегира судиите за натпреварите. Вардар ќе го дочека КуПС на 7 јули во Скопје, а тој натпревар е закажан во 19:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“. За оваа средба е делегиран Кадир Саглам од Турција, додека помошници ќе му бидат Анил Уста и ...

Египетската репрезентација доби сериозен удар непосредно пред почетокот на нокаут-фазата на Светското првенство, откако капитенот Мохамед Салах заработи повреда на натпреварот против Иран (1-1) во последното коло од групната фаза. Ѕвездата на Египет мораше да го напушти теренот во 57. минута поради проблем со тетивата, а дополнителните лекарски прегледи покажале дека станува збор за истегнување. Од Египетскиот фудбалски сојуз потврдија дека ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, за време на групната фаза на Светското првенство успеал во живо да проследи 24 од вкупно 72 натпревари низ САД, Канада и Мексико. Тој со авион прелетал околу 50.000 километри, што предизвикало остри критики поради големите емисии на јаглерод диоксид. Патувајќи меѓу трите земји-домаќини, Инфантино користел приватен авион, наводно како дел од спонзорски аранжман со компанијата „Катар Ервејс“. Неговиот ...

Израелскиот Макаби од следната сезона ќе биде посилен за кошаркарот Бонзи Колсон, кој пристигнува од редовите на турскиот гигант, Фенербахче. Апетитите на Макаби растат, а тоа се потврдува и со креирањето на новиот ростер, кој треба да даде многу подобри резултати во првенството и во Евролигата. Колсон минатите две сезони настапуваше за Фенербахче, со просечен учинок од 7,3 поени и три скока по натпревар. Израелската гордост веќе го најави ...

Помпезно најавениот проект „NBA Europe“ се соочува со првите сериозни предизвици уште пред официјалното формирање на натпреварувањето. Според информациите што во неделата ги објави шпанскиот спортски весник „Ел Мундо Депортиво“, ниту еден клуб од самиот врв на европската кошарка засега не поднел пријава за учество во новата лига. Каталонскиот медиум тврди дека ниту еден актуелен член на Евролигата, како и ниту еден голем фудбалски клуб што би ...

Легендарниот германски фудбалер, Филип Лам, упати критики за настапите на Александар Павловиќ на Светското првенство, истакнувајќи дека не е задоволен од игрите што младиот играч од средниот ред ги прикажува во последниот период. Поранешниот капитен на Германија смета дека Павловиќ, кој важи за еден од најталентираните играчи на Баерн Минхен, има потенцијал да прикажува многу повеќе на теренот. Лам посочи дека од играч со квалитетите и ...

Холандскиот репрезентативец и долгогодишен дефанзивец на Интер, Стефан де Вриј, е на чекор од трансфер во грчкиот гигант Панатинаикос. Според најновите информации, Де Вриј постигнал договор со клубот од Атина и кариерата ќе ја продолжи во Грција како слободен играч по истекот на договорот со Интер. Се очекува дефанзивецот да потпише двегодишен договор, а остануваат уште медицинските прегледи и официјалната потврда на трансферот. 34-годишниот ...

Фудбалерите на Канада први прославија осминафинале на Светското првенство, откако славеа со 0-1 (0-0) против Јужна Африка. Натпреварот од првата нокаут рунда на „Со-Фи стадион“ во Инглвуд понуди огромна борба, африканците долго парираа и се бореа, ама на крајот попушти концентрацијата и Канаѓаните прославија победа и пласман понатаму. Стартот на пресметката во Калифорнија беше мирен, а селекцијата на Канада повеќе ризикуваше од почетокот. ...

Италијанецот Маурицио Маријани ќе биде главен судија на натпреварот од 1/16 финалето на Светското првенство помеѓу Бразил и Јапонија, одлучи судиската комисија на ФИФА. Овој натпревар привлекува големо внимание кај навивачите, особено кај поддржувачите на Бразил, чии миленици ќе бидат големи фаворити за пласман во осминафиналето. Покрај овој меч, ФИФА ги одреди судиите и за уште два натпревари од оваа фаза. Дуелот на Германија и Парагвај ќе ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.46
39%
1017
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
6.9
57%
1015
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
2.04
75%
1020
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
0.9
40%
1017
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
1.21
40%
1015
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 23ᴼ
0.57
70%
1020
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
0.45
37%
1012
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
1.87
52%
1014
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
4.34
47%
1015
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
3.13
51%
1016
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 24ᴼ
2.24
38%
1019
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
4.14
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3095

Currency

71.9016

Currency

37.6328

Currency

38.2403

Currency

65.7872

Currency

7.89886

Currency

0.64604

Currency

0.33463

Currency

0.52413

Currency

1.11649

Currency

0.55857

Паладиум

43853.62

Родиум

278103.96

Кобалт

56.29

Платина

56328.11

Алуминиум

3.34

Злато

141498.65

Цинк

0.00

Бакар

13.36

Калај

56.16

Рутениум

53852.50

Сребро

2102.98

Иридиум

252383.36