Екипата на Силекс обезбеди ново засилување за следната сезона и потпиша договор со Никола Манојлов. 20-годишниот фудбалер играше за Работнички, но откако клубот испадна од Првата лига, најде нов клуб и следната дестинација ќе му биде Кратово. Низ историјата, Манојлов настапуваше само за првиот тим на Работнички и за младинските погони. Екипата на Силекс обезбеди ново засилување за следната сезона и потпиша договор со Никола Манојлов. ...

Евролигата и официјално го потврди почетокот на преминот кон франшизен модел на натпреварување, задржувајќи ги сите 13 клубови-акционери во својата структура, меѓу кои е и Реал Мадрид. Едно од најважните прашања во процесот на трансформација е цената што клубовите ќе треба да ја платат доколку во иднина решат да го напуштат елитното европско кошаркарско натпреварување. Според претходните информации на специјализираниот портал „Еурохупс“, се ...

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол-позицијата за Големата награда на Австрија, по драматичните квалификации на патеката „Ред Бул Ринг“ во Шпилберг. Британецот до најдоброто стартно место стигна со време од 1:06.113 минути, но неговиот круг предизвика многу полемики, бидејќи беше поставен во момент кога на патеката беа истакнати жолти знамиња. Причина за тоа беше излетувањето на актуелниот светски шампион Макс Верстапен во самиот ...

Легендарниот Новак Ѓоковиќ се подготвува за настап на Вимблдон, каде во првото коло ќе се соочи со Кинезот Јибинг Ву, а пред почетокот на турнирот, го прокоментира и пласманот на нашата Лина Ѓорческа во главната фаза на англискиот Грен слем. Српскиот тениски ас упати честитки за Ѓорческа, а воедно изјави дека наскоро сака да ја посети Македонија и да се сретне со неа, но и со Калин Ивановски, со кого заедно тренираа во повеќе наврати. „Го ...

Американската тенисерка Медисон Кис го освои ВТА турнирот во Истборн, откако во финалето денеска ја победи Германката Татјана Марија со конечни 2-0 во сетови (7-5, 6-4). Мечот траеше еден час и 35 минути. Кис, која е 27. тенисерка на светот, успеа да направи два брејка во првиот сет, додека во вториот сет еднаш ѝ го одзеде сервисот на противничката, што беше доволно за победа и трофеј. Ова е 11. титула во кариерата за Кис, а со триумфот таа ...

Возачот на тимот Трекхаус, Раул Фернандез, победи на денешната спринт-трка која се возеше во рамки на Големата награда на Холандија во Мото ГП шампионатот. Фернандез во Асен стигна до првата спринт-победа оваа сезона, оставајќи ги зад себе Аи Огура и Фабио Ди Џанантонио. Лидер во генералниот пласман е Марко Бецеки, кој денес заврши на четвртото место, а бодови освоија уште Хорхе Мартин, Франческо Бањаја, Марк Маркез, Енеа Бастијанини и Педро ...

Европската ракометна федерација (ЕХФ) продолжи со изборот на најатрактивните потези од сезоната 2025/26 во Лигата на шампионите. Во изборот за најдобрите асистенции се најде и потегот на македонскиот репрезентативец Никола Митревски. Голманот на Еурофарм Пелистер го освои третото место на листата благодарение на долгото и прецизно додавање до Дејан Манасков на натпреварот против Барселона во Битола. Манасков ја прифати топката во скок и ...

Легендарниот уругвајски голман Фернандо Муслера ја презеде целосната одговорност за елиминацијата на неговата репрезентација од Светското првенство по поразот од Шпанија (1-0). Искусниот чувар на мрежата на полувремето сам побарал замена, откако неговата грешка му овозможи на Алекс Баена да го постигне единствениот гол на натпреварот. По мечот, 40-годишниот Муслера не ја криеше разочараноста и им се извини на соиграчите и навивачите. „Никогаш ...

Капитенот на Иран, Мехди Тареми, остро ја критикуваше ФИФА по ремито против Египет (1-1) на Светското првенство, тврдејќи дека неговата репрезентација во текот на целиот турнир немала еднакви услови како останатите учесници. Иранците беа на чекор до победа која сигурно ќе им донесеше пласман во нокаут-фазата, но нивниот погодок во завршницата беше поништен поради офсајд. Тареми претходно промаши пенал и ја погоди пречката. По натпреварот тој ...

Трансферот на Басиру Компаоре во Шкендија нема да се реализира. Напаѓачот од Буркина Фасо, кој минатата сезона во дресот на Струга Трим Лум беше најдобар стрелец во Првата македонска лига со 17 погодоци, кариерата најверојатно ќе ја продолжи на Малта. Според информации на „ИнфоСпорт“, Компаоре е во напредни преговори со Валета, клуб кој минатото лето го ангажираше и поранешниот дефанзивец на Струга Трим Лум, Сава Радиќ. Доколку преговорите ...

Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ) испрати официјално писмо до ФИФА во кое протестира поради поништениот гол на Винисиус Жуниор на натпреварот со Шкотска (3-0). Од ЦБФ побараа критериумите на ВАР да се применуваат доследно и во согласност со принципите што биле користени во текот на турнирот. Во своето обраќање до ФИФА, Бразилците ја посочија акцијата при првиот гол на Лионел Меси против Австрија како пример за споредба. „Еден аспект ...

Верувале или не, Шкотска сè уште има математички шанси за пласман во осминафиналето на Светското првенство, иако таа опција тешко дека некој ја зема за сериозна. Шкотите се натпреваруваа во Групата Ц, каде што го освоија третото место во конкуренција на Бразил, Мароко и Хаити, и го завршија настапот со три освоени бода и гол-разлика 1-4. А дали навистина го завршија натпреварувањето и што треба да се случи во наредната ноќ за да се случи ...

Големиот број голови постигнати на досегашниот тек од Светското првенство без сомнение им донесе задоволство на љубителите на фудбалот ширум светот. Сепак, покрај мајсториите на најдобрите стрелци, на турнирот внимание привлекува и еден необичен статистички податок - автоголовите. Во моментов, на врвот на листата на стрелци се наоѓа Лионел Меси со пет постигнати голови. Но, доколку како посебна категорија се разгледуваат автоголовите, тогаш ...

Шпанија со победата од 1-0 над Уругвај го освои првото место во групата Х на Светското првенство, но натпреварот го одбележа повредата на Жереми Пино. Крилниот напаѓач на Кристал Палас во 87. минута незгодно падна и го повреди левиот дел од клучна коска. Иако чувствуваше големи болки, остана на теренот до крајот бидејќи селекторот Луис де ла Фуенте веќе ги искористи сите измени. „Можеби станува збор за скршеница на клучната коска. Многу ...

Холандскиот репрезентативец Вут Вегхорст официјално стави потпис на двегодишен договор со членот на Ередивизие, Твенте. 33-годишниот напаѓач доаѓа во новиот клуб како слободен играч, а претходно го носеше дресот на Емен, Хераклес, Аз Алкмар, Волфсбург, Барнли, Манчестер Јунајтед, Бешикташ, Хофенхајм и Ајакс. Токму во редовите на „копјаниците“ одигра 58 натпревари и постигна 18 голови, а сега се очекува да биде солидно засилување и за Твенте. ...

Колумбија и Португалија ноќеска ќе ја водат директната битка за првото место во Групата К на Светското првенство. Натпреварот во Мајами започнува во 01:30 часот по средноевропско време, а влогот е лидерската позиција пред нокаут фазата. На Колумбија ѝ одговара и реми за да остане на врвот во групата, додека Португалија мора да слави ако сака како првопласирана да се пласира во осминафиналето. Противникот ќе биде Хрватска или Гана, а ќе биде ...

Светското првенство во САД, Канада и Мексико испиша историја во фудбалот, откако стана најпосетуваниот Мундијал досега. Рекордот беше официјално соборен за време на натпреварот меѓу Германија и Еквадор, кога вкупната посетеност достигна 3.605.357 гледачи. Така падна досегашниот рекорд од Светското првенство во 1994 година, кое исто така се одржа во Соединетите Американски Држави. 3,605,357@FIFAWorldCup 2026 is the highest attended tournament ...

Еден од најпосебните моменти на Светското првенство не се случи на теренот, туку надвор од него. ФИФА му оддаде признание на германскиот новинар Хартмут Шерцер, човекот кој присуствувал на дури 17 светски првенства. Шерцер првпат известувал од Мундијалот во 1958 година, а оттогаш не пропуштил ниту едно Светско првенство. Со децении е еден од најпознатите новинари кои го следат најголемиот фудбалски настан, а така е и овојпат на 88-годишна ...

Машката младинска репрезентација на Македонија продолжува со успешните настапи во пресрет на Европското првенство. Избраниците на селекторот Игор Илиевски ја запишаа и втората победа во рамките на подготовките, откако во новиот контролен натпревар ја совладаа Саудиска Арабија со минимални 22-21. Македонските ракометари одиграа уште еден квалитетен натпревар и покажаа дека формата се движи во нагорна линија пред големиот предизвик што ги ...

Бутел Скопје продолжува да се екипира за новата сезона во Суперлигата, во која ќе биде предводен од Стојанче Стоилов. Нов договор потпиша Бојан Спасовски кој веќе долго е дел од клубот. Десното крило ја продолжи соработката со Бутел Скопје и стави потпис на нов двегодишен договор, со што ќе остане дел од клубот најмалку до летото 2028 година. Спасовски е еден од ракометарите со најдолг стаж во дресот на Бутел и во изминатите години беше ...

Италијанскиот гигант Милан ќе го сруши клупскиот трансфер рекорд, бидејќи го договори доаѓањето на Гонсало Рамос од редовите на ПСЖ. Напаѓачот е во втор план во редовите на европскиот првак, а по директен повик од Рубен Аморим доаѓа како прва желба на новиот тренер на „росонерите“. Рамос веќе ги мина медицинските прегледи во репрезентативниот камп на Португалија, а се очекува да допатува во Милано на потпис по крајот на Светското првенство за ...

Селекторот на хрватската репрезентација, Златко Далиќ, изјави дека неговиот тим не го прикажал очекуваното ниво на игра во досегашниот тек од Светското првенство и нагласи дека натпреварот против Гана е идеална можност за поправен испит. Хрватска вечерва во Филаделфија ќе се соочи со Гана во рамки на третото коло од групата Л, а исходот од средбата ќе биде клучен за шансите на „коцкестите“ за пласман во нокаут-фазата. „Не бевме на нашето ниво ...

Хорхе Мартин ја освои пол-позицијата за трката за Големата награда на Холандија, откако беше најбрз во квалификациите на патеката во Асен. Возачот на Априлиа до својата прва пол-позиција оваа сезона стигна со време од 1:30.812 минути, оставајќи ја конкуренцијата зад себе во исклучително неизвесни квалификации. На само 0.011 секунди зад Мартин заврши Аи Огура од Трекхаус, додека третото место му припадна на Марко Бецеки, исто така возач на ...

Групната фаза на Светското првенство влегува во самата завршница. До крајот остануваат уште само шест натпревари, односно последните пресметки во групите Ј, К и Л, по кои ќе биде комплетирана нокаут-фазата. Со оглед на тоа што во неколку групи се очекува драматична битка за местата кои водат во следната фаза, вреди да се потсети кои критериуми ќе одлучуваат доколку две или повеќе репрезентации имаат ист број бодови. Првиот критериум е ...

Лионел Меси нема да биде во стартниот состав на Аргентина за натпреварот против Јордан во последното коло од групата Ј на Светското првенство. Селекторот Лионел Скалони потврди дека капитенот ќе добие одмор, но најави дека ќе настапи во второто полувреме. „Лео ќе биде на клупата, но сигурно ќе влезе во игра подоцна“, изјави Скалони. Аргентина веќе го обезбеди првото место во групата, па стручниот штаб реши да ги зачува главните адути за ...

Македонската кошаркарска репрезентација влегува во завршницата од претквалификациите за Европското првенство 2029 година со јасна цел – две победи и потврда на првото место во групата. Пред важните дуели со Ирска и Луксембург, кои се на програмата на 2. и 5. јули, репрезентативниот бек Виктор Ташовски истакнува дека пристапот мора да биде максимално сериозен и фокусиран. По одличните настапи во дресот на ТФТ во Суперлигата и АБА 2 ...

Хрватска влегува во последното коло од групата Л под голем притисок, откако резултатите од останатите групи сериозно ѝ ги намалија шансите за пласман во нокаут-фазата со евентуален пораз од Гана. „Коцкестите“ во моментов имаат три бода и гол-разлика 3-5, но ремито меѓу Египет и Иран (1-1) значеше дека Иран заврши со три бода и подобра гол-разлика (3-3), па веќе е пред Хрватска во конкуренцијата на третопласираните селекции. Тоа значи дека ...

Зеленортските Острови се една од најубавите приказни на Светското првенство, а Тјери Анри уште пред стартот на турнирот најави дека оваа селекција може да направи големо изненадување. Француската легенда тогаш порача: „Внимавајте на Зеленортските Острови“, а сега неговите зборови добија целосна тежина. Малата африканска земја без пораз се пласира во шеснаестинафиналето и го привлече вниманието на фудбалскиот свет. За прогнозата на Анри ...

Уругвај го заврши настапот на Светското првенство порано од очекуваното, а по поразот од Шпанија со 1-0, селекторот Марсело Биелса не бараше оправдувања и целата одговорност ја презеде врз себе. Искусниот аргентински стратег беше видно разочаран по елиминацијата и испрати силна порака. На прашањето што оставил зад себе во уругвајскиот фудбал, Биелса одговори без двоумење: „Што оставив на уругвајскиот фудбал? Ништо“. With all due respect, ...

Иран пропушти одлична можност директно да се квалификува во нокаут-фазата на Светското првенство. Ремито против Египет (1-1) во Сиетл остави горчлив вкус, особено поради поништениот гол на Мехди Тареми во судиското продолжение. Доколку голот останеше на сила, Иранците веќе ќе славеа историски пласман меѓу најдобрите 32 селекции на светот. На овој начин, репрезентацијата на Иран ја заврши групната фаза со три бода и сега мора да ги чека ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
63%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
57%
1020
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
0.85
56%
1022
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
6.69
72%
1022
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.67
52%
1022
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
1.03
80%
1023
weather icon

Атина

25ᴼ / 24ᴼ
3.917
67%
1013
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
2.21
45%
1015
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
6.69
23%
1018
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
3.58
62%
1023
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
1.34
45%
1023
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
6.17
68%
1018
Currency

61.5217

Currency

53.3725

Currency

71.9616

Currency

37.6714

Currency

38.2876

Currency

65.5025

Currency

7.90796

Currency

0.64188

Currency

0.33454

Currency

0.52409

Currency

1.11698

Currency

0.55954

Сребро

2106.74

Бакар

13.17

Платина

55942.30

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50

Родиум

280515.26

Иридиум

252383.36

Злато

141408.63

Калај

56.26

Паладиум

43178.45

Цинк

0.00

Алуминиум

3.31