Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Кошаркарот на Панатинаикос, Џеди Осман, би можел да ја напушти Атина и да се врати во Истанбул ова лето. Според турските медиуми, охриѓанецот кој настапува за Турција е пред преселба во Ефес, кој наводно испратил понуда до Панатинаикос. Осман е во Атина две сезони, но е отворен за разделба, а контактот со неговиот поранешен тим веќе е воспоставен. „По заминувањето на Ергин Атаман од Панатинаикос, Осман е исто така на работ да се раздели со ...
Средниот бек на Вардар 1961, Јака Малус, доби уште едно големо признание за одличните настапи во минатата сезона, откако се најде во идеалниот тим на сезоната во ЕХФ Европската лига, во изборот на администраторите на официјалниот профил на натпреварувањето. Словенечкиот репрезентативец беше избран за најдобар среден бек, откако беше еден од лидерите на „црвено-црните“ во текот на целата европска кампања. Малус ја диктираше играта на Вардар, ...
Македонската ракометна репрезентативка Катерина Дамјаноска има нов клуб во својата кариера. Кружниот напаѓач потпиша договор со романскиот ЦСМ Таргу Муреш, каде ќе настапува во сезоната 2026/27. Трансферот беше потврден од нејзината менаџерска агенција „MOA Handball“, која ѝ посака многу успех во новиот предизвик. Дамјаноска е една од стандардните репрезентативки на Македонија, а со преселбата во Романија ќе добие можност да настапува во ...
Македонскиот вицешампион Шкендија официјално потврди дека Нуман Ајети повеќе нема да биде дел од тимот, откако клубот и фудбалерот постигнале договор за прекин на соработката. Левиот бек ја напушта тетовската екипа со заедничка одлука, а од клубот објаснија дека ја почитувале желбата на фудбалерот да побара нова средина во која ќе има поголема минутажа и подобри услови за понатамошен развој на својата кариера. Од Шкендија му се заблагодарија ...
Еквадор живее во фудбалска еуфорија по историскиот пласман во шеснаесетинафиналето на Светското првенство, а големиот успех беше одбележан и со несекојдневен потег на претседателот на државата. Претседателот Даниел Нобоа го прогласи денешниот ден за државен празник, откако репрезентацијата со победата од 2-1 над Германија обезбеди место во нокаут-фазата на Мундијалот. Со четири освоени бода, Еквадор заврши на третото место во групата Е, но ...
Македонскиот второлигаш Брера Струмица ја информира јавноста дека Ѓорге Стојчев е назначен за нов шеф на стручниот штаб на сениорскиот тим. Стојчев е добро познато име во клубот. Покрај тоа што во минатото успешно ја предводеше Брера до вицешампион и на европските натпревари, зад себе има и извонредна сезона со младинскиот тим. Во сезоната 2025/26, под негово водство, младинците на АП Брера Струмица ја освоија двојната круна, триумфирајќи во ...
Maкедонскиот второлигаш Новаци со нов кормилар ќе ги започне подготовките за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. Нов шеф на стручниот штаб е назначен младиот тренер Иван Варадиновски. Двете страни ги договорија сите услови и 37-годишниот стратег пред себе ќе има нов второлигашки предизвик. Претходно, Варадиновски беше предводник на Кожув, клуб со кој обезбеди опстанок во Втората лига, но не го продолжи договорот со ...
Манчестер Сити е пред реализација на еден од најголемите трансфери во историјата на фудбалот, откако постигна договор со Нотингем Форест за ангажман на англискиот репрезентативец Елиот Андерсон. Според повеќето британски медиуми, трансферот ќе изнесува околу 130 милиони евра со вклучени бонуси, со што ќе биде соборен рекордот за најголемо обештетување во историјата на британскиот фудбал. Досега тој рекорд го држеше Деклан Рајс, а најскапото ...
Предводникот на репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска, Емерс Фае, остро реагираше на изјавите на Бастијан Швајнштајгер, обвинувајќи го поранешниот германски репрезентативец за расизам поради начинот на кој го опиша стилот на игра на африканската селекција. Швајнштајгер, во најавата за натпреварот на Светското првенство меѓу Германија и Брегот на Слоновата Коска, кој заврши со победа на Германците од 2-1, изјави дека противникот игра ...
Лина Ѓорческа го дозна распоредот за својот дебитантски настап во главниот турнир на Вимблдон, а ждрепката не беше наклонета кон македонската тенисерка. Во првото коло Ѓорческа ќе се соочи со Аманда Анисимова, една од најдобрите тенисерки на денешницата и финалистка на минатогодишните изданија на Вимблдон и УС Опен. Американката ќе ја има улогата на голем фаворит, но евентуален триумф на македонската тенисерка би претставувал една од ...
Македонската репрезентативка Наташа Андонова има нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во швајцарскиот шампион Сервет. Женскиот тим на Сервет официјално го потврди ангажманот на искусната напаѓачка, која во Женева пристигнува со богато интернационално искуство и настапи во неколку од најсилните европски првенства. Андонова е офанзивна фудбалерка која може да покрива повеќе позиции во нападот, а низ кариерата се истакнуваше со својата техничка ...
Во Лондон денес беше одржана ждрепката за третиот Грен слем турнир во сезоната, Вимблдон, кој ќе се игра на тревните терени на „Ол Ингланд Клуб“. Бранителот на титулата и прв носител Јаник Синер ќе го отвори турнирот со дуел против српскиот тенисер Миомир Кецмановиќ. Италијанецот се наоѓа во горниот дел од ждрепката, каде што потенцијално во четвртфиналето би можел да се сретне со Данил Медведев, Каспер Руд или Томи Пол, а во полуфиналето со ...
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги извлече групите за новата сезона во Лигата на шампионите, а во неа повторно наш претставник ќе биде Вардар 1961. По неколкугодишна пауза „црвено-црните“ се враќаат онаму каде што им е местото, во кремот на европскиот ракомет. На извлекувањето во Виена двократниот европски првак од Скопје чекаше противници од последниот, четврти шешир. Вардар во групната фаза налета на: Нант, Мелсунген и Висла Плок. ...
Европската ракометна федерација - ЕХФ ги извлече групите за новата сезона во Лигата на шампионите со нов лик. Во елитата се врати двократниот европски првак Вардар 1961 кој ќе игра во групата Б. <<< - ПОВРЗАНО - Ждрепка за ЛШ: Вардар налета на ривали од Франција, Германија и Полска! Форматот на натпреварувањето од оваа сезона се менува. По ново ќе играат 24 екипи поделени во шест групи. Двете најдобропласирани од секоја група одат ...
Дивејн Стјуард Јуниор на најдобар начин го најави своето присуство во дресот на македонската репрезентација. На првиот настап, во контролниот натпревар против Бугарија, новото засилување покажа дека може да биде важен дел од тимот во завршницата од претквалификацискиот циклус за Европското првенство во 2029 година. Со само неколку тренинзи со новите соиграчи, Стјуард веднаш ја презеде одговорноста на теренот. За повеќе од 30 минути игра ...
Селекторот на Македонија до 18 години, Горан Кузманоски, го скрати списокот на ракометари за настапот на Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во Србија. На финалниот список се најдоа 21 име, а собирот ќе се одржи на 6 јуни со почеток од 17:00 часот во СЦ „Јане Сандански“. ГОЛМАНИ: 1. ФЕХМИ МЕЛИН РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 2. ТРСУНОВ АТАНАСИЈ РК БУТЕЛ СКОПЈЕ 3. НИКОЛОВСКИ ЃОРЃИ РК АЛКАЛОИД КРИЛА: 4. ЃОРЃИЕСКИ СТЕФАН РК МУЛТИ ЕСЕНС 5. ...
Вистински хаос владее во таборот на Уругвај на денот пред клучниот натпревар против Шпанија на Светското првенство. Според повеќе извори, атмосферата во репрезентацијата е сериозно нарушена по конфликтот меѓу селекторот Марсело Биелса и дел од најискусните фудбалери. Наводно, Серхио Рочет, Мануел Угарте, Родриго Бентанкур и Федерико Валверде побарале состанок со аргентинскиот стратег за да го изразат незадоволството од интензитетот на ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа за првпат во кариерата ќе игра на еден Грен Слем турнир и ќе биде дел од Вимблдон на тревна подлога во Лондон. Тетовчанката обезбеди место во главната фаза со три победи во квалификациите. Во првото коло, Ѓорческа ќе се соочи со шестата светска тенисерка Аманда Анисимова од САД. Се работи за 24-годишна тенисерка родена 2001 година, а со 24 години има големо искуство на Грен Слемите. Во 2025 ...
Македонскиот ракомет во елитната Лига на шампионки ќе го претставува Ива Младеновска со својот клуб Борусија Дортмунд. Германскиот колектив доби „вајлд-карта“ за учество во ова натпреварување и веќе ги дозна ривалите. Во европската елита кај дамите се игра по стариот формат со 16 екипи поделени во две групи кои беа извлечени во Виена. Среќата посака Борусија да ги добие Есбјерг, ЧСМ Букурепт, Ференцварош, Брест, Крим и . Младеновска ќе се ...
По комплетирањето на натпреварите во шест групи на Светското првенство, познати се првите четири двојки во нокаут рундата. Првиот натпревар од нокаут фазата ќе се одигра на 28 јуни во Инглвуд, каде силите ќе ги одмерат Јужноафриканската Република и Канада. Јужна Африка - Канада (28 јуни, 21:00 часот) Бразил - Јапонија (29 јуни, 19:00 часот) Холандија - Мароко (29 јуни, 03:00 часот) САД - Босна и Херцеговина (2 јули, 02:00 часот) Покрај овие ...
Австралија и Парагвај одиграа без голови (0-0) во последното коло од групата Д на Светското првенство, резултат кој им одговараше на двата тима и на крај ги остави задоволни. Австралијците со освоениот бод го потврдија второто место во групата и обезбедија пласман во нокаут фазата, додека Парагвај со четири бода е во одлична позиција да продолжи понатаму како една од најдобрите третопласирани селекции. Натпреварот понуди многу тактичко ...
Мемфис Гризлис донесе засилување под кошевите, откако преку размена го доведе Ајзеа Стјуарт од Детроит Пистонс. Во спротивна насока заминуваат три идни пика од втората рунда на драфтот. 25-годишниот центар го напушта Детроит по една од најдобрите сезони во кариерата. Стјуарт беше седми во изборот за најдобар шести играч во НБА, со просек од 10 поени, 5 скока и 1,6 блокади по натпревар, притоа шутирајќи 55% од поле. Стјуарт има уште две години ...
Првата жена која судеше натпревар на Светското првенство, Стефани Фрапар, денес е именувана за член на стручниот тим на Европската фудбалска унија (УЕФА). Фрапар ќе ја преземе функцијата на УЕФА офицер за судење, каде ќе работи на обука на нови арбитри и ќе делегира судии за натпреварите од европските натпреварувања. 42-годишната Фрапар испиша значајна историја за женските судии, откако беше првата дама што доби чест да води мундијалски меч ...
Фудбалската репрезентација на Турција со победа се прости од Светското првенство, откако го изненади домаќинот САД (3-2) во дербито на „СоФи стадион“ во Инглвуд. Пресметката понуди многу драма, а Турците до победата стигнаа со гол во последните секунди. Извештај од натпреварот: Американците стигнаа први до водство во третата минута преку Трасти, меѓутоа веќе во десеттата Арда Ѓулер реализира за 1-1. До полувремето Јилмаз го комплетира ...
Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, ги отфрли тврдењата дека паузите за освежување на Светското првенство се воведени од комерцијални причини, истакнувајќи дека единствениот мотив е грижата за играчите и регуларноста на натпреварувањето. Задолжителните триминутни паузи во 22. и 67. минута од секој натпревар беа воведени поради високите температури на стадионите низ Северна Америка. Сепак, од почетокот на ...
Јапонија и Шведска одиграа реми 1-1 во Арлингтон, резултат кој најмногу им одговараше на Швеѓаните, додека „самураите“ со второто место во групата Ф си закажаа 1/16-финален дуел против Бразил. Пред последното коло Јапонците имаа бод предност пред скандинавската селекција, но токму тоа значеше дека ремито е доволно за да го задржат второто место. Од друга страна, Шведска не беше премногу заинтересирана за победа, бидејќи втората позиција ...
Холандија го освои првото место во групата Ф на Светското првенство, откако во последното коло славеше над Тунис со 3-1. „Лалињата“ во дуелот со Тунис влегоа како големи фаворити, свесни дека победата ќе им го обезбеди првото место и 1/16-финален дуел со Мароко, што се сметаше за поповолен противник од Бразил. Холанѓаните поведоа уште во третата минута, кога дефанзивецот на Тунис, Елиес Шкири, несмасно ја испрати топката во сопствената мрежа ...
Панатинаикос го реализираше еден од најшокантните трансфери во грчката кошарка во последните години, откако официјално го ангажираше францускиот центар Мустафа Фал од редовите на лутиот градски ривал Олимпијакос. Искусниот 34-годишен кошаркар стави потпис на двегодишен договор со „зелените“, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона. Со тоа, Фал директно го замени црвено-белиот дрес со зелениот, потег што сигурно ќе ...
Легендарниот бразилски дефанзивец, Тиаго Силва, нема намера да стави крај на својата богата кариера. Иако во септември ќе наполни 42 години, искусниот стопер потпиша договор со Флуминенсе, со важност до крајот на 2026 година. Се чинеше дека по сезоната во Порто ќе се пензионира, но Силва реши да продолжи да игра во клубот каде што ја изгради својата репутација и се наметна како бразилски репрезентативец. Во текот на кариерата настапуваше за ...
Јужнокорејскиот репрезентативец, Сеол Јанг-Ву, одлучи да поднесе кривични пријави после бранoт навреди и закани што ги доби на социјалните мрежи по натпреварот на Светското првенство против Јужна Африка (0-1). Фудбалерот на Црвена звезда беше жестоко критикуван од дел од навивачите по поразот на Јужна Кореја, а голем број коментари ја преминаа границата на спортската критика и прераснаа во лични навреди и закани. Поради тоа, Сеол преку своите ...