Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
На програмата денес во ТК „Југ“ беа натпреварите од првото квалификациско коло на турнирот Македонија Опен кој се одржува во Скопје во серијата М25. На турнирот настапија доста македонски тенисери во квалификациската фаза, а шест од нив минаа во следната фаза. Горјан Вукиќевиќ – Дарко Колевски 2-1 (4-6, 7-6(4), 10-8) Алексеј Стојановски – Матеј Попов 2-0 (6-2, 7-5) Ерион Незири – Максим Тренески 2-0 (6-2, 6-3) Марко Мариќ (Франција) – Самоил ...
Порториканецот Хозе Алварадо нема да го напушти Њујорк Никс ова лето. Најпрво ќе ја одбие автоматската опција за продолжување на договорот за сезоната 2026/27, во вредност од 4,5 милиони долари, но плејмејкерот ќе остане дел од шампионскиот состав на Никс. Според добро информираниот НБА инсајдер Шемс Чаранија, Алварадо и клубот постигнале договор за нова тригодишна соработка вредна 14 милиони долари. Никс зад себе имаат историска сезона во ...
На тековното Светско првенство досега настапиле вкупно 999 фудбалери, соопшти денеска Светската фудбалска федерација (ФИФА). Како што соопшти ФИФА, во 72 натпревари од групната фаза, за 48-те репрезентации учеснички на Мундијалот, настапиле 999 играчи. За Светското првенство биле регистрирани 1.248 фудбалери. Секоја селекција имала право да пријави 26 играчи, меѓу кои и три голмани. По завршувањето на групната фаза, 16 селекции го завршија ...
Роберт Левандовски ја заврши својата етапа во Барселона и кариерата ќе ја продолжи во американската МЛС-лига како нов фудбалер на Чикаго Фајр. Според информациите, договорот меѓу двете страни е веќе постигнат, а полскиот напаѓач треба да стави потпис на договорот на почетокот на следната недела. Левандовски пред околу две недели го посетил Чикаго, кога биле договорени последните детали, по што решил да ја прифати понудата на американскиот ...
Финишот на првото полувреме од дуелот меѓу Јужна Африка и Канада од шеснаестинафиналето на Светското првенство понуди полемичен момент. Во гол-шанса откосо влета Ричи Лариеа, а десниот бек на јужноафриканската селекција Кулисо Мудау го спречи со еден старт. На ова Канаѓаните „скокнаа“ и побараа најстога казна, меѓутоа одлуката на судијата Пињеиро на теренот беше дека нема елементи за такво нешто. Ова беше потврдено и од ВАР собата. Вистина ...
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, не го криеше задоволството по триумфот на Големата награда на Австрија, истакнувајќи дека победата е резултат на големата работа и посветеност на целиот тим во изминатиот период. Британецот на патеката Ред Бул Ринг стигна до својата седма победа во кариерата, а втора оваа сезона, откако претходно славеше и на отворањето на шампионатот во Австралија. „Феноменално чувство е повторно да се биде на највисокото ...
По разочарувачката елиминација на Јужна Кореја од Светското првенство, претседателот на оваа азиска држава, Ли Џе Мјанг, побара од Министерството за култура, спорт и туризам да спроведе детална истрага за работата на тамошната фудбалска федерација. Кореја ја заврши групната фаза со три бода, освоени во првиот натпревар против Чешка, што не беше доволно селекцијата на Хонг Мјунг-Бо да се пласира во нокаут-фазата на натпреварувањето. Селекторот ...
Селекторите на Јужна Африка и Канада ги „отворија картите“ за првиот меч од елиминациската фаза на Светското фудбалско првенство. Како што се очекуваше, предводниците на селекциите ќе ги изведат на теренот своите најдобри поединци, од кои се очекува добра партија и голема борба за пласман во осминафиналето. Јужна Африка: Вилијамс, Модиба, Мбокази, Мудау, Окон, Мокоена, Ситхоле, Аполис, Мофокенг, Масеко, Макгопа. Канада: Крепу, Џонстон, ...
Еден од најголемите таленти на Вардар, Матеј Николов има светла иднина пред себе, а потврда за тоа доаѓа директно од Мадрид. Имено, 16-годишниот фудбалер кој моментално е на подготовки со „црвено-црните“ во Италија, а според сознанијата на Gol.mk има понуда за трансфер во Атлетико Мадрид. Николов веќе беше на тренинг камп кој беше организиран од шпанскиот гигант, таму ги задоволи тренерите и има понуда веднаш да се пресели во Мадрид. Момчето ...
Новиот македонски репрезентативец Дивејн Стјуарт направи нов чекор во кариерата и следната сезона ќе игра во Евролигата. Американскиот кошаркар официјално беше претставен како нов кошаркар на Басконија. Стјуарт стави потпис на двегодишен договор со шпанскиот евролигаш, откако претходно успешно ги заврши сите формалности околу добивањето македонско државјанство. Тоа беше важен предуслов за трансферот, бидејќи Басконија нема да го води како ...
Заврши групната фаза на Светското првенство. Одиграни се 72 натпревари на Мундијалот, а на нив видовме вкупно 215 голови. Во просек, речиси три по натпревар. Додека го очекуваме почетокот на нокаут-фазата, ова е идеален момент да ја разгледаме статистиката за сè што видовме во изминатите 17 дена од турнирот во Северна Америка. Засега ова е најефикасното Светско првенство досега, што и беше очекувано со оглед на тоа што бројот на учесници беше ...
Австрија и Алжир одиграа спектакуларен натпревар во последното коло од групата Ј на Светското првенство, кој заврши без победник (3-3). Австријците се спасија од пораз со гол во шестата минута од судиското продолжение. Ремито им одговараше на двете селекции, па уште пред почетокот на средбата постоеја сомнежи дека може да се игра за резултат што ќе им одговара на двата тима. Најинтересниот момент се случи по израмнувачкиот гол на Австрија во ...
Селекторот на Колумбија, Нестор Лоренцо, изјави дека неговата репрезентација прикажала одлична игра против Португалија, но дека недостигала добра завршница на шансите со кои екипата можеше да извојува и победа против фаворитот. Колумбија одигра 0-0 против Португалија во последното коло од групата К, но и покрај ремито го освои првото место во групата и обезбеди пласман во елиминациите на Светското првенство. „Колумбија одигра фантастичен ...
Шпанија се соочи со сериозни проблеми непосредно пред почетокот на нокаут фазата на Светското првенство, откако повреди заработија двајца важни офанзивци. Најтешко мина Нико Вилијамс, кој по натпреварот со Уругвај емотивно се огласи на социјалните мрежи. „Ова ми е еден од најлошите денови во животот. Повторно се повредив по една многу тешка година“, напиша 23-годишниот крилен напаѓач, кој воедно оцени дека стартот на Николас де ла Круз бил ...
Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, изјави дека на натпреварот против Јордан сакал да им даде можност на фудбалерите кои досега немале голема минутажа на Светското првенство. Аргентина славеше со 3-1 против Јордан во последното коло од групата Ј и со максимални девет бодови го заврши настапот во групната фаза на првото место. „Сакавме момците кои досега не добија многу шанса да играат, да добијат повеќе минути на теренот. Тоа е многу ...
По завршувањето на групната фаза од Светското првенство, статистиката открива интересен тренд - головите во последните десет минути од натпреварите играат сè поважна улога на турнирот. Според податоците, на дури 36 од вкупно 72 натпревари во групната фаза бил постигнат најмалку еден гол по 80. минута. Високиот процент на голови во завршницата бил присутен уште од самиот почеток на шампионатот. Во првото коло, на 24 натпревари биле постигнати ...
Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, по победата над Гана на Светското првенство, изјави дека неговиот тим мора да добие далеку поголема почит и очекува од домашната јавност максимална поддршка, а не „плукање“ и критики. „Коцкестите“ извојуваа важна победа (2-1) и се пласираа во нокаут-фазата, а Далиќ имаше што да им порача на критичарите и на оние што ги омаловажуваа играчите по неубедливото издание против Панама. „Кај нас е најлесно да ...
Британецот Џорџ Расел ја забележа втората победа во Формула 1 сезонава, откако денес беше најдобар на трката за Големата награда на Австрија - Ред Бул Ринг. Расел прикажа извонредно возење и не дозоволи да си ја загрози водечката позиција, а зад него останаа Макс Верстапен и лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели. Четвртото место му припадна на Оскар Пјастри, а Луис Хамилтон од Ферари финишираше како петтопласиран. Антонели е лидер во ...
Женскиот турнир на Вимблдон оваа година ќе има посебно значење за македонскиот спорт. Лина Ѓорческа стана првата тенисерка од Македонија која избори место во главната ждрепка на еден Грен слем турнир. Македонската тенисерка до историскиот успех стигна преку квалификациите, а во главната рунда на Вимблдон ќе дебитира против шестата носителка Аманда Анисимова. Со овој пласман, Ѓорческа испиша нова страница во македонскиот тенис и ќе биде дел од ...
Македонскиот ракометен суперлигаш, Бутел Скопје, објави дека ја продолжува соработката со Дејан Михајловиќ, кој останува во Скопје до 2028 година. Новата соработка е логична, со оглед на неговите одлични настапи минатата сезона, во која беше меѓу најдобрите стрелци во екипата. Кружниот напаѓач се очекува да биде одлична тимска алка и во следните две сезони, а бутелчани со неговото задржување најавуваат дека повторно имаат високи амбиции во ...
Селекторот на Гана, Карлос Кеирош, упати критики кон проширениот формат на Светското првенство со 48 репрезентации, и покрај тоа што неговата селекција обезбеди пласман во нокаут-фазата на турнирот. Африканската селекција претходно ја совлада Панама и одигра нерешено против Англија, што беше доволно за пласман како една од најдобро рангираните третопласирани репрезентации. И покрај поразот од Хрватска со 2-1 во Филаделфија, нивното место во ...
Стив Кларк повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Шкотска. Искусниот стратег одлучи да ја напушти функцијата по завршувањето на настапот на националниот тим на Светското првенство, ставајќи крај на една од најуспешните ери во поновата историја на шкотскиот фудбал. Кларк ја презеде репрезентацијата во 2019 година и успеа да ја врати Шкотска на големата сцена. Под негово водство националниот тим обезбеди пласман на Европското ...
Селекторот на Австрија, Ралф Рангник, остро ги демантираше шпекулациите дека ремито 3-3 против Алжир во последното коло од групата Ј на Светското првенство било однапред договорено за двете селекции да се пласираат во нокаут-фазата. Иако нерешениот резултат навистина ги одведе Австрија и Алжир во елиминациската рунда, германскиот стратег порача дека случувањата на теренот се најдобар доказ дека немало никакви калкулации. „Да ви кажеше некој ...
Јапонецот Аи Огура е победник на трката за Големата награда на Холандија, која се возеше во рамки на Мото ГП шампионатот. Возачот на Трекхаус извозе одлично и прикажа присебност во клучните моменти, не дозволувајќи ѝ на конкуренцијата да му се приближи во самиот финиш на трката. Зад Огура, на целта мина Шпанецот Раул Фернандез, кој ја имаше пол-позицијата, а третото место му припадна уште еден Шпанец, Хорхе Мартин. Фабио Ди Џанантонио на ...
Вимблдон 2026 година, или веројатно најголемата шанса за Новак Ѓоковиќ да го зголеми својот недостижен рекорд и да ја освои 25. Грен Слем титула. Колку е тоа реално, во овој момент знае само најдобриот тенисер на сите времиња, а во голема мера ќе зависи од неговата физичка подготвеност. Знаеме дека Ѓоковиќ е еден од ретките специјалисти за игра на трева на целиот АТП тур, но ако уште на самиот почеток на турнирот го слушнеме она што го изјави ...
Лионел Меси продолжува да одушевува на Светското првенство. Иако натпреварот против Јордан го започна од клупата за резерви, капитенот на Аргентина влезе во игра во второто полувреме, постигна гол во победата од 3-1 и повторно испиша историја на Мундијалите. Со погодокот против Јордан, Меси стигна до својот шести гол на овој собир, со што дополнително се зацврсти на врвот на листата на стрелци. Воедно, тоа беше негов деветнаесетти погодок на ...
Хари Кејн игра сезона од соништата и продолжува да испишува историја. Напаѓачот на Англија стигна до неверојатни 70 гола во сите натпреварувања за клубот и репрезентацијата, со што го надмина легендарниот Кристијано Роналдо по бројот на постигнати погодоци во една сезона. Со тоа, капитенот на Англија се искачи на второто место на вечната листа, а пред него останува само Лионел Меси, кој во феноменалната сезона 2011/12 постигна дури 82 гола во ...
Ракометниот клуб Младост 1977 Богданци продолжува со формирањето на тимот за новата сезона, а најново засилување е Мартин Иванов. Дваесетгодишниот десен крилен ракометар доаѓа од МРК Куманово, а зад себе има и настапи за младинската репрезентација на Македонија. Во Богданци веруваат дека станува збор за перспективен играч, кој ќе донесе брзина и дополнителна енергија на крилната позиција. Иванов заедно со Ѓорѓе Атанасов ќе ја засили ...
Еден од најдобрите странски фудбалери во историјата на Шкендија, Стенио Жуниор, повторно се врати во Тетово. Бразилецот ја искористи паузата од своите обврски во тајландскиот фудбал за да го посети клубот во кој мина шест незаборавни години. За време на престојот во Тетово, Стенио се сретна со луѓето од клубот, со кои се потсети на убавите моменти, период во кој освои четири трофеи и остави длабока трага во дресот на Шкендија. Од тетовскиот ...
Од 20 до 23 август Прилеп повторно ќе биде домаќин на традиционалниот меморијален ракометен турнир „Миле Нешкоски“, кој се организира во чест на еден од најдобрите прилепски ракометари. Покрај домаќинот Прилеп, на овогодинешното издание ќе настапат уште Бутел Скопје, Мулти Есенс, Еурофарм Пелистер 2, Тиквеш и Младост 1977 Богданци, што ветува квалитетни натпревари во пресрет на новата сезона. Организаторите најавија дека во наредниот период ...