
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Шпанските медиуми утрово пренесоа добри вести кои навивачите на Реал Мадрид, поврзани околу идниот тренер. Имено, Чаби Алонсо си подал рака и се договорил за тригодишна соработка со „кралевите“. Младиот шпански стручњак беше единствената сериозна опција која долго се споменуваше за клупата на Реал. Се очекува Алонсо да го преземе водството на тимот во моментот кога Карло Анчелоти ќе ја напушти клупата, а тоа веројатно ќе биде по Светското ...
По победата над Тиквеш и службените бодови со Гостивар и Воска Спорт, битолски Пелистер многу порано од завршувањето на сезоната во Првата лига го обезбеди опстанокот и ќе заврши повеќе кон средината на табелата со околу 40 бода, што е добар учинок за нов прволигаш. Клубот се наоѓа пред расчекор и летово треба да донесе одлука – ќе биде комплетно продаден или ќе остане под „капата“ на Општина Битола. Со оглед на тоа што барањата и трошоците се ...
Манчестер Јунајтед со вкупни 7-1 го декласира Атлетик Билбао во полуфиналето на Лигата на Европа и закажа англиско финале со Тотенхем во ова натпреварување. По победата на реваншот на „Олд Трафорд“ од 4-1 своето мислење го сподели тренерот Рубен Аморим. Португалецот веднаш се осврна на финалето и не трошеше зборови за тоа што е зад тимот. „Секој натпревар има своја историја. Кога ќе го погледнете финалето, квотите велат дека сме поблизу до ...
Кошаркарите на Минесота Тимбервулвс израмнија во серијата против Голден Стејт Вориорс во НБА лигата, откако славеа со 117-93 на вториот домашен натпревар. Немаа „воините“ сили без првата ѕвезда Стеф Кари за нов „брејк“ во Минеаполис и претрпеа неуспех, а сега серијата се сели во Сан Франциско. Уште од стартот на средбата во „Таргет Центарот“ се наметна домаќинот бидејќи поведе со 13-0. Имаше Минесота во првиот дел највисоко водство од 22 поени, ...
Симоне Инзаги дефинитивно ги заслужи сите почести и пофалби за успехот што го оствари со Интер, особено откако успеа да стигне до своето второ европско финале во само три години. „Нероаѕурите“ ќе играат со ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите и ќе се борат за четвртиот трофеј во историјата, а италијанските медиуми решија да нѐ потсетат со кои играчи и со колкав буџет Инзаги успеа да создаде исклучително силен колектив. Дел од стандарните ...
Францускиот ПСЖ обезбеди пласман во финалето на Лигата на шампионите и ќе ги одмери силите со екипата на Интер. „Светците“ од Париз прикажаа одлични игри во досегашниот дел од сезоната и заслужено се во мечот за трофејот, а сега угледниот Л'Екип објави и колку овој успех ќе значи за клубот во финансиска смисла. ПСЖ досега од Лигата на шампионите заработи 138 милиони евра, а оваа сума може да порасне за уште 10,5 милиони ако успее да ја освои ...
Тиери Гибер, извршен директор на „Лакост“, вели дека Новак Ѓоковиќ ќе игра на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. Гибер објави охрабрувачки информации за сите фанови на српскиот ас, особено имајќи ги предвид неодамнешните случувања околу српскиот тенисер. Иако самиот Ѓоковиќ претходно јавно ја изрази својата желба да се појави во Лос Анџелес, многумина се скептични во врска со ова прашање, првенствено затоа што во тој момент ќе има ...
Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флориан Вирц, ги подгреа надежите на европските гиганти кои сакаат да го видат во своите редови, изјавувајќи дека сака да промени нешто во кариерата и да тргне по нов предизвик. „Имав прекрасни сезони со Леверкузен и освоивме шампионска титула. Тоа засекогаш ќе остане во нашите сеќавања и вечно ќе се гордееме. Знам дека има интерес за мене, сакам да променам нешто и да тргнам по нов предизвик, но не знам каде ќе ме ...
Аурелио де Лаурентис, првиот човек на италијанскиот фудбалски гигант, Наполи, не сака да предвиди кој ќе биде шампион во Серија А оваа сезона. „Фудбалот е навистина прекрасен затоа што топката оди таму каде што Бог сака. Понекогаш оди во вистинската насока, понекогаш во погрешна. Сите сме во Божји раце. Затоа не си дозволувам да правам никакви предвидувања“, рече Де Лаурентис. До крајот на сезоната во Серија А остануваат уште три кола. Наполи е ...
Бразилецот Антони го препороди Бетис, затоа што одигра меч како МВП и донесе реми со Фиорентина по продолженија (2-1 регуларен дел, 2-2 конечен резултат), вредно место во финалето во Конференциската лига. Шпанскиот тим за европската круна во третиот ранг ќе игра против премиелригашот Челзи кој напаѓа историја и обединување на сите УЕФА трофеи. Мечот на „чизмата“ се играше без голови, се до 30-тата минута, кога Бразилецот Антони покажа дека игра ...
Екипата на Челзи повторно го победи Ѓургарден (1-0) и со максимален учинок дојде до финалето во Конференциската лига на УЕФА. „Сините“ имаа сезона за паметење во третото натпреварување во европскиот фудбал и доживеаја само еден пораз во групната фаза и во нокаут-рундата, тоа беше од Легија во претходното коло, четвртфиналето. На „Стемфорд Бриџ“ мечот беше рутина, иако го реши еден гол. Челзи дојде до победа благодарение на голот на Кјеран ...
Манчестер Јунајтед по пауза од осум години одново ќе игра трофејот во Лигата на Европа! „Црвените ѓаволи“повторно го совладаа Атлетик Билбао и со вкупни 7-1 ќе патуваат во финалето кое се игра на „Сан Мамеш“ во Билбао. По триумфот на гости во Шпанија од 0-3, вечерва момците на Рубен Аморим си поиграа со нервите на своите фанови и по пресврт го совладаа баскијскиот тим со 4-1 (0-1). Така, Јунајтед кој има сезона за заборав во Премиер лигата, е на ...
По комплетирањето на денешните средби, уште четири селекции се пласираа на Европското првенство (ЕП) 2026 во ракомет, тоа се Грузија, Шпанија, Црна Гора и Фарски Острови. Грузија на домашен терен ја победи Грција (29-26), додека Шпанците си ја завршија задачата на гостувањето кај Италија која ја добија со 33-29. Црногорците исто така со 33-28 славеа над Финска, додека најтешко минаа Фараните кои се намачија со Косово, но победија со 25-23. На ...
Манчестер Јунајтед со негатива од 0-1 замина на полувреме во реванш-натпреварот од полуфиналето од Лига Европа против Атлетик Билбао. Стрелец на голот за баскискиот тим беше Микел Албонига, но малку фалеше Јунајтед со егал резултат да замине на пауза. Во самиот финиш од полувремето Доргу мајсторски го проигра Гарначо во празно, но Аргентинецот сакаше атрактивно да погоди – го лобуваше Агирезабала и го промаши целиот гол. Ова промашување на ...
Македонија доби уште еден УЕФА делегат на натпреварите, откако прием во европската „куќа на фудбалот“ имаше Дрилон Ганиу. Дрилон Ганиу ја имаше улогата на в.д. секретар во новото раководство во Фудбалската федерација на Македонија, но по заминувањето од позицијата и пренасочувањето на заменик генерален секретар на ФФМ, кариерата ја насочува во УЕФА. Ганиу ќе биде делегат на натпреварите, а испрати јавна благодарност за поддршката од Фудбалската ...
Грчкиот фудбалски гигант, Олимпијакос, ќе му биде многу благодарен на францускиот ПСЖ за нивниот пласман во финалето од Лигата на шампионите. Можеби првава реченица звучи малку чудно, но со пласманот на ПСЖ во мечот за трофејот, автоматски значеше дека шампионот на Грција доаѓа до можност за директен настап во елитниот континентален ранг. Интер и ПСЖ го обезбедија учеството и преку регуларниот дел од сезоната, а тоа ѝ даде можност на УЕФА да ...
Екипата на Валенсија е на листата на учесници за следната сезона во Евролигата, но ситуацијата може да се промени затоа што клубот се двоуми во кое натпреварување да настапува. Шпаанскиот тим ги разгледува понудите на ФИБА и Евролигата, но клубот има проблеми со плаќањето на учеството во Евролигата, што би можело да доведе до тоа да се одлучи за Лигата на шампионите на ФИБА, во која учеството е бесплатно. Евролигата прави се за да ја убеди ...
Ракометната репрезентација на Македониј дојде до висока победа во Естонија и сама ќе си ја решава судбината за пласман на ЕП 2026 во директен дуел со Литванија. Нашиот национален тим може да има сигурно место на ЕП 2026 само ако победи со Литванците со три гола разлика. Такво нешто ни е потребно заради поразот од два гола во Каунас. Евентуална победа со помалку од три гола ќе ни донесе два бода на контото, но ќе треба да правиме математики дали ...
Македонија впиша висока победа во дуелот против Естонија во Талин и во Скопје ќе ја решава судбината за место на ЕП 2026. Селекторот Кирил Лазаров беше задоволен од играта, која беше константна цел дуел, иако фалеа повеќе репрезентативци заради повреда. „Им честитам на играчите за прикажаната игра. Ме радува тоа што бевме константни во сите шеесет минути, имавме одличен пристап и пруживме вистинска борба. Заслужија ракометарите честитки и ...
Ракометарите на Македонија славеа убедлива победа над Естонија во Талин од 17-36 во рамките на претпоследното коло од квалификациите за Европското првенство. Во отсуство на главниот плејмејкер Марко Митев, селекторот Кирил Лазаров реши да повика две млади имиња за да го заменат, Мартин Ивановски и Дајман Митев и тие му одговорија со дебитантски погодоци. Ивановски беше стартер и поефиксен со три гола на мечот, додека помладиот Митев играше во ...
Ракометната репрезентација на Македонија ја исполни првата од двете мисии во мајската ЕХФ недела и убедливо слави кај Естонија во Талин со 17-36 (10-19) во претпоследниот квалификациски меч на пат кон Европското првенство. Естонците се „чекирани“, па сега пред момците на Кирил Лазаров останува в недела да се победи Литванија со барем три гола разлика во Скопје за сигурен пласман на уште еден континентален собир. Голманите беа клучен фактор на ...
Ракометната репрезентација на Македонија одигра одлично и со високи 10-19 води на полувремето против Естонија во квалификациите за Европското првенство. Нашиот национален тим отвори со цврста одбрана, две интервенции на Митревски и прв гол на Костески. По него погодуваа Лазаревски и Јагуриновски, а потоа деби-гол во националниот дрес даде и Мартин Ивановски. Важен момент се случи на истекот на деветтата минута, капитенот Филип Кузмановски ...
Дејвид Бекам и Гари Невил го завршија договорот за преземање на Салфорд, а другите членови на „Класата '92“ ги продадоа своите акции и ја напуштија приказната која што траеше со години. Група играчи на Манчестер Јунајтед, попозната како „Класата '92“, го купија Салфорд во 2014 година. Клубот сега е во рацете на само двајца - Невил и Бекам, кои ги откупија акциите што ги поседуваа Ники Бат, Рајан Гигс, Фил Невил и Пол Сколс. Питер Лим, кој ...
Македонската ракометна репрезентација гостува кај Естонија во претпоследното коло од Евроквалификациите со јасна цел - победа. На овој натпревар по добрите партии во дресот на Алкалоид шанса доби младиот Мартин Ивановски кој дебитира во националниот дрес. 24-годишникот ја оправда довербата и го постигна премиерниот гол во дресот на Македонија во седмата минута за 2-4. Во отсуство на главниот организатор на играта Марко Митев, селекторот Лазаров ...
Дарко Радуловиќ остави добар впечаток во екипата на полскиот Старогард Гдањски, а тоа резултираше со нова соработка за младиот македонски тренер. Клубот официјално потврди дека соработката е продолжена до крајот на сезоната 2025/26, а Радуловиќ за Gol.mk изрази задоволство и најави дека управата има намера да создаде силен тим за следните предизвици. Околината е прекрасна, управата на клубот е професионална и има повеќе од коректен однос. Малку ...
Славниот француски фудбалер, Тјери Анри, имаше повеќе од пофални зборови за полуфиналниот двомеч на Интер и Барселона во Лигата на шампионите и рече дека овие две екипи „му ја вратиле вербата во фудбалот“. View this post on Instagram A post shared by Benchviews Sport Tv (@benchviews.tv) Анри призна дека последниве две години гледал многу здодевен и неатрактивен фудбал, изразувајќи огромна благодарност за италијанскиот и шпанскиот гигант. ...
Стеф Кари ќе паузира најмалку една недела поради повреда на задната ложа, соопштија од Голден Стејт. Првата ѕвезда на Вориорс се повреди уште во првата четвртина од вториот натпревар против Минесота во полуфиналето на Западот, по само 13 минути на паркетот. Магнетната резонанца потврдила дека станува збор за повреда од прв степен. Кари ќе мирува седум дена, по што повторно ќе биде направена проценка на неговата состојба. Се работи за прва ваква ...
Актуелниот број еден на АТП листата Јаник Синер, се враќа на терените по тримесечна пауза и тоа на домашен терен, на Мастерсот во Рим. Неговиот прв ривал ќе биде Аргентинецот Маријано Навоне. Тенисерот кој моментално е 99. на светската ранг-листа, во првото коло го совлада Италијанецот Федерико Чине со 2-0 (6-3, 6-3). Негов најдобар ранкинг во кариерата беше 29. место, а сега се надева на добар настап во Рим за да остане во топ 100. Ова ќе биде ...
Екипите на Тетекс ТТК и на Струмица Ролинг во следната натпреварувачка сезона ќе бидат дел од Втората лига откако во полуфиналните серии се изборија и за втората победа во дуелите со Гевгелија односно Хераклеа. Струмичани стигнаа до големото финале во кое, во сабота попладне, во салата СРЦ „Кале“ во Скопје, ќе играат за шампионскиот трофеј во оваа конкуренција откако ја добија „мајстоката“ играна во салата „Боро Чурлевски“ во Битола. Беа подобри ...
Победа е екипа со најмлад второлигашки состав, што значи дека младите фудбалери тука ја добиваат својата шанса. И на последниот натпревар во вторникот на гости со Скопје прилепскиот тим во игра имаше дури деветмина со статус младинци: Во првата постава настапија Бојан Ивчески, Димитар Шаркоски, Давид Н. Паскоски, Салим Арифи, Леонид Кофиловски, Јусуф Каба, Давор Богевски, а потоа и Андреј Петрески и Бектеш Исмаил. С ваков состав прилепскиот тим ...