Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа официјално ќе игра на првиот Грен Слем турнир во новата сезона, Австралијан Опен. По кратко отстуво од турнирот, Ѓорческа повторно се пријави да биде дел од квалификациите. Тетовчанката е дел од пријавната листа, а го очекува ждребот за престижниот настан каде конкуренцијата е огромна. Желба е да се минат квалификациите и да се дојде до главната фаза. Ѓорческа досега настапи на сите турнири во ...

НБА-ѕвездата Лука Дончиќ не настапи на последниот дуел за ЛА Лејкерс, но паузата која беше принудна нема да трае долго. Дончиќ почувствува болка во листот на левата нога, откако во градското дерби меѓу Лејкерс и Клиперс доби удар од Богдан Богдановиќ. Поради повредата го напушти натпреварот пред крајот на втората четвртина и не се враќаше на паркетот до самиот финиш. И покрај тоа, тој тренираше во понеделникот, иако со завој на ...

Екипата на Силекс до крајот на сезоната ја чека битка за едно од местата кои водат во Европа, а колективот почнува со промени во зимскиот преоден рок и тројца играчи го напуштија Кратово. Првото име кое си оди e Алдин Хрвановиќ од БиХ. 27-годишникот одигра 15 натпревари и даде три гола. Во Македонија дојде од босанскиот шампионат, од Слобода Тузла. Од Силекс си заминува и уште еден Босанец, тоа е Миљан Говедарица, 31-годишно лево крило кој на ...

Екипата на Работнички продолжува да губи фудбалери од актуелниот тим и ќе мора да прави „ремонт“ за понатаму. Си замина уште еден од првотимците, тоа е Виктор Велкоски. Искусниот 30-годишен дефанзивец одигра 14 натпревари во пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ, но објави разделба со дебармаалци. Во клубот, Велкоски дојде во 2025 година како слободен играч. Претходно, Виктор Велкоски играше и за казахстански Туран, албански Лачи, грчки ...

Дени Мусовски (30), напаѓачот со потекло од Македонија кој е роден во САД, а важи за една од ѕвездите во американската МЛС-лига, се уште има желба да игра за нашиот национален тим, соопшти првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ. Мусовски уште во 2020 година се повзруваше со Македонија, изрази желба да настапи, но никогаш не се најде во сениорскиот тим. Претседателот Омерагиќ потврди дека Мусовски сака да игра за Македонија и имал разговори со ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) повторно ќе ја активира манифестацијата „Најдобри во мак-фудбалот“ на која признанија ќе понесат нашите најдобри репрезенти. Претседателот Масар Омерагиќ соопшти дека планирано е во месец февруари, најдобрите за 2025 година да добијат признанија. Повеќе детали се очекуваат наскоро за локацијата и за начинот на манифестацијата. Ова е убав гест од ФФМ, за настанот кој не беше организиран во изминатиот ...

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, соопшти дека од пролетниот дел видеата од ВАР-собата и анализите ќе бидат достапни за сите клубови. Оние кои се чувствуваат оштетени, ќе може да добијат детална анализа. „Клубовите кои сметаат дека се оштетени од ВАР ќе можат да поднесат жалба до ФФМ. Потоа ќе можат заедно да ја прегледаат снимката и да го слушнат разговорот. Ова ќе се стави како предлог до УО на ФФМ, ...

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, реагира на обраќањето на Игор Ангеловски кој ја нападна „куќата на фудбалот“ по изборот на новиот селектор на сениорите. Гоце Седлоски беше именуван за нов предводник на А-тимот, а Ангеловски имаше жестока реакција која предизвика лавина коментари во јавноста. Претседателот на ФФМ го кажа своето мислење за моментот кој се случи на денот на промоцијата на новиот ...

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, најави строга контрола на физичката подготвеност на своите играчи за време на празничниот период. Шпанскиот стратег истакна дека пред празниците ќе ја измери телесната тежина на секој фудбалер, а по нивното враќање внимателно ќе провери дали некој претерал со одморот. Гвардиола беше јасен – играчите можат да уживаат со семејствата и да се опуштат, но професионалните обврски не смеат да бидат ...

Искусниот македонски голман Кристијан Наумовски ќе има нов клуб затоа што се раздели со сингапурскиот клуб ДПММ. Наумовски, кој има 37 години, беше дел од клубот во изминатите две сезони. Оваа сезона играше во малезискиот шампионат, а си заминува шест месеци порано од предвиденото. Голманот имаше активен договор до јуни, но двете страни го раскинаа. Покрај што бранеше за клубот од Сингапур, Наумовски беше дел од малтешките Балзан и ...

Соиграчи и пријатели се простуваат од легендарниот Васил Рингов, македонската фудбалска легенда кој почина на 70-годишна возраст. Еден од оние кои остави порака за големиот ас е Чедомир Јаневски, поранешен селектор на Македонија и сегашен тренер, а поранешен член на Вардар. „Мој пријател и колега Васе, ќе останеш запаметен по добрината и спомените што ги создававме заедно. Често кога бев во Македонија наоѓав време за средба со Рингов и ...

НБА лигата оваа сезона не доминира само на терените, туку и на социјалните медиуми, каде што интересот на публиката достигнува рекордни бројки. Според податоците за гледаност на официјалните социјални платформи на НБА, Лука Дончиќ е најгледаниот играч во сезоната, со импресивни 845 милиони прегледи. Суперѕвездата на Лејкерси убедливо го држи првото место, потврдувајќи го својот статус на глобална кошаркарска икона. Веднаш зад него е младиот ...

Репрезентативецот на Гамбија и прв голман на Шкендија, Бабукар Гај, би можел да го напушти тетовскиот клуб по само шест месеци престој, откако за него пристигнал сериозен интерес од странство. Според информациите на реномираниот фудбалски инсајдер Руди Галети на адресата на Шкендија веќе се испратени неколку понуди за 27-годишниот чувар на мрежата, а заинтересирани клубови доаѓаат од Турција, Јапонија и Полска. Засега не се откриваат имињата ...

Првакот на Германија нбема да биде премногу активен оваа зима. Баерн ја разгледува можноста да го продаде Саша Бое и во моментов за него бара до 20 милиони евра. Бое одби бројни понуди и е спремен да се пресели само во клуб со перспективи за настап. Баерн сака најмалку позајмица со опција за откуп, што денес изгледа како пореална опција на пазарот. Кристал Палас изрази интерес, но преговорите со менаџерот Гласнер не напредуваат. Бое не ...

Дмитро Хориха веќе втора сезона е ударна игла на Вардар 1961. Украинскиот бек, кој неодамна доби и македонско државјанство, ги игра последните шест месеци од договорот со лидерот во Суперлигата. А што понатаму? Уште пред еден месец раководството на Вардар 1961 започна преговори со одличниот бек, во еден момент се чинеше дека сè е договорено, но во игра влегоа неколку европски гиганти. Според пишувањата на „Rthandballgermany“, Хориха би можел ...

Антоан Семењо многу веројатно ќе го напушти Борнмут во јануарскиот преоден рок и ќе му се приклучи на Манчестер Сити или Манчестер Јунајтед. Моментално во предност се „граѓаните“, но не се откажува ниту соседот од црвениот дел од Манчестер. За него интерес има и од Ливерпул и Челзи, но моментално тие заостануваат во трката. Семењо ги покрива двете крилни позиции, а оваа сезона во Премиер лигата постигна осум гола и имаше три асистенции во ...

Шпанецот Марк Маркез изјави дека сезоната 2025, во која целосно доминираше во Мото ГП шампионатот, ќе биде исклучително тешко да се повтори во иднина. Шпанскиот возач призна дека ни самиот не очекувал толкава надмоќ и резултати какви што оствари изминатата година. Маркез нагласи дека комбинацијата од спринт-трки и главни трки, како и големиот број бодови што ги освои, ја прави сезоната уникатна. Титулата ја обезбеди неколку трки пред крајот, ...

Поранешниот тренер на Карлос Алкараз, Карлос Сантос, изјави дека Рафаел Надал би бил одличен избор доколку некогаш реши да влезе во тренерска улога и да соработува со младиот шпански ас. Според Сантос, Надал ги поседува сите квалитети што еден врвен тренер треба да ги има – знаење, карактер, победнички менталитет, работна етика и вистински вредности. Сантос истакна дека влијанието на Надал не би било само техничко, туку и човечко. Неговото ...

Кошаркарите на Феникс Санс извојуваа убедлива победа над фаворизираниот Лос Анџелес Лејкерс со 132-108. Причината за овој дебакл на тимот од Лос Анџелес, меѓу другото, лежи во фактот што Лука Дончиќ поради ситна повреда остана на трибините, што значеше дека офанзивната моќ на „езерџиите“ беше значително послаба. Вистина е дека Остин Ривс се врати, по пауза од три натпревари, и натпреварот го започна од клупата и повторно беше еден од ...

Тренерот Арне Слот изрази жалење поради повредата на напаѓачот Александер Исак, истакнувајќи дека фудбалерот имал голема желба да придонесе повеќе за тимот, но физичката состојба не му го дозволила тоа. Исак се здоби со сериозна повреда на зглобот и скршеница на фибулата, по што мораше да биде опериран. Пред него е подолг период на рехабилитација, а отсуството од терените ќе трае неколку месеци. „Навистина ми е жал за Исак. Сакаше да покаже ...

Арсенал избори пласман во полуфиналето на ЕФЛ купот откако на „Емирејтс“ го елиминираше Кристал Палас по подобро изведување на пенали, во натпревар од четвртфиналната фаза на натпреварувањето (1-1 регуларен дел, 8-7 пенали). „Топчиите“ беа поактивниот и поофанзивниот тим во поголемиот дел од средбата, но долго време не успеваа да ја скршат цврстата одбрана на гостите. Првата посериозна закана Арсенал ја упати во 22. минута, кога Мадуеке ...

Фудбалската репрезентација на Тунис на убедлив начин го отвори настапот на Африканскиот куп на нации во Мароко, откако во натпреварот од првото коло во групата Ц славеше над Уганда со 3-1. По разочарувачките настапи на претходните две континентални првенства, на кои сензационално не успеа да ја мине групната фаза, една од најквалитетните африкански селекции овојпат јасно стави до знаење дека нема намера ништо да препушта на случајот. ...

Кошаркарите на Црвена Звезда доживеаја пораз на гостувањето во Париз, откако беа совладани со 102-92 во „Акор арената“, во рамки на 18. коло од Евролигата. Лошите вечери се составен дел од секоја долга и напорна сезона, но овој натпревар отвори многу подлабоки прашања кај „црвено-белите“. Имаше јасни индикации што треба да се направи на паркетот, но тимот како да одби да ги следи тие насоки. Индивидуалните грешки беа очигледни, а неколку ...

Младиот бразилски напаѓач Ендрик повеќе не е дел од првиот тим на Реал Мадрид и кариерата ќе ја продолжи во францускиот Олимпик Лион. Кралскиот клуб одлучи да го испрати талентираниот фудбалер на позајмица, со цел тој да добие поголема минутажа и простор за развој. Ендрик не успеа да се избори за значајна улога во силната конкуренција во нападот на Реал, па раководството процени дека настапите во Лига 1 ќе бидат од големо значење за неговиот ...

Голманот на Порто, Диого Маркес Рема, сигурно нема да настапи за репрезентацијата на Португалија на претстојното Европско првенство. Искусниот чувар на мрежата доживеа тешка повреда на натпреварот против Спортинг, каде што ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено. Тој веќе е успешно опериран, но сезоната за него е предвреме завршена, а со тоа и сонот за настап на континенталниот собир. Овој хендикеп сериозно ги наруши плановите ...

Македонската фудбалска легенда Васил Рингов почина на 70-годишна возраст по кратко боледување, а семејството го закажа погребот на нашето големо спортско име. Васил Рингов ќе биде испратен во вечноста утре (среда). Погребот на спортската легенда ќе се оддржи на гробиштата во Ѓорче Петров со почеток од 13:00 часот. Васил Рингов е еден од најдобрите вардарци во историјата. Рингов во „црвено-црниот“ дрес одигра преку 200 натпревари, а постигна ...

Кошаркарите на Фенербахче и Барселона одиграа возбудлив евролигашки натпревар во 18. коло, а победата на крајот замина кај домашниот тим (72-71), кој подобро се снајде во драматичниот финиш. Видовме прилично неефикасно прво полувреме, на паузата резултатот гласеше 35-33, а потоа бевме сведоци на уште две израмнети четвртини, но со среќен крај за тимот на Шарунас Јасикевичиус. Имаше Барса напад за победа, но Кевин Пантер беше изблокиран во ...

Фудбалската репрезентација на Нигерија, по разочарувачкиот неуспех да избори пласман на Светското првенство втор циклус по ред, целосно го насочи фокусот кон Африканскиот куп на нации, каде што пристигна со јасна цел, борба за трофејот. Актуелниот вицешампион на Африка успешно го отвори турнирот во Мароко, откако во првото коло од групата Ц, одиграно во Фес, славеше над Танзанија со 2-1. Иако резултатот беше минимален, случувањата на теренот ...

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер пред неколку денови откри дека за крај на 2025 година организира ревијален натпревар на ветераните по повод седумдесеттиот роденден на клубот. Битолскиот клуб потврди само дел од имињата кои ќе продефилираат во салата „Боро Чурлевски“ в сабота. Тука се легендарни ракометари од славните времиња на пелистерци како: Абдула Јусуфовски, Стевче Стефановски, Душан Новокмет, Александар Мирзамамедов, Слободан ...

Македонија загуби голема фудбалска легенда. Васил Рингов по кратко боледување почина на 70-годишна возраст. Меѓу оние кои објавија порака или сеќавање за големиот фудбалски ас, беа и навивачката група „Комити“. „Толку тешко ви паѓа за Вардар? – Многу!“ Со огромна тага се збогуваме со една од најголемите легенди на клубот, од човекот со кој израснаа генерации, дел гледајќи го, дел растејќи со приказните за него, од човекот кој имаше став ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
87%
1006
weather icon

Белград

9ᴼ / 6ᴼ
2.06
87%
1006
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
0.51
86%
1006
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1005
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.3
98%
1006
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
0.51
97%
1006
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
7.72
59%
1007
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
63%
1008
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
94%
1007
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
94%
1004
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
3.6
86%
1004
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
94%
1004
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Иридиум

221848.72

Рутениум

45750.51

Злато

159231.39

Цинк

3.25

Родиум

336779.07

Сребро

2460.50

Алуминиум

3.03

Паладиум

546.56

Платина

67162.91

Бакар

11.69

Кобалт

64.04

Калај

46.91