Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Американскиот кошаркар Карсен Едвардс официјално е нов член на литванскиот гигант, Жалгирис, јави клубот на своите социјални мрежи. 28-годишниот бек минатата сезона играше за Виртус Болоња, каде забележа одличен евролигашки просек од 17,3 поени, 2,3 скока и исто толку асистенции. Едвардс потпиша двегодишен договор со Жалгирис и веќе беше претставен како исклучително квалиетно засилување. Пред Виртус, Американецот настапуваше уште за Баерн ...
Холандскиот судија Дани Макели ќе го суди натпреварот меѓу Франција и Шведска во осминафиналето на Светското првенство, соопшти ФИФА. Дуелот меѓу Франција и Шведска е закажан за вторник од 23:00 часот во Њујорк. За Макели ова ќе биде трет натпревар на Мундијалот како главен судија, откако претходно ја делеше правдата на средбите меѓу САД и Парагвај, како и Мароко против Хаити. Франција ќе ја има фаворитската улога на овој натпревар, но ќе ...
Сервирано е првото големо изненадување во нокаут фазата на Севтското првенство. Германија првпат загуби на пенали и Парагвај слави осминафинале. Натпреварот во регуларниот тек заврши 1-1, па по пеналите јужноамериканските фудбалери славеа со 4-3. Нагелсман му даде доверба на Ундав од првата минута, а Енцисо се врати во стартниот тим на Параггвајците. Инерцијата на натпреварот од првата минута понуда превласт на средината на теренот на ...
Претседателот на Фудбалската федерација на Саудиска Арабија, Јасер Ал-Мисехал, поднесе оставка по елиминацијата на националната репрезентација од Светското првенство. Саудиска Арабија во групата Х освои само два бода, ремизирајќи против Уругвај и Зеленортските Острови, додека претрпе убедлив пораз од Шпанија. „Неуспехот на нашата репрезентација да се пласира во следната фаза од Светското првенство е резултат што не ги исполнува нашите ...
Најтрофејниот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ загуби еден сет, ама се пласира во втората рунда на Вимблдон откако го победи Јибинг Ву со 3-1. На Србинот му беа потребни три часа и 17 минути за во четири сета да го реши мечот против кинескиот противник во првото коло на турнирот. Ѓоковиќ отвори одлично, со „брејк“ во првиот гем на мечот кој подоцна го одбрани до крајот на сетот. Во десеттиот гем српскиот ас одбрани две брејк-топки на Ву за ...
Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер го комплетира трансферот и официјално стана нов фудбалер на Панатинаикос. Грчкиот великан вечерва го потврди неговото доаѓање, а напаѓачот стави потпис на договор со важност од четири години. Растодер целата своја кариера ја мина во Швајцарија каде што е и роден. Тој тргна преку академијата на Грасхоперс, а настапуваше и за Цирих и Вадуц, пред да експлодира во дресот на Тун. Зад себе има одлична ...
Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес е единствениот македонски претставник на меѓународниот фудбалски турнир што викендов се одржa во Торино, Италија. Турнирот е во организација на италијанскиот клуб Сит Турин ЛДЕ, со поддршка на програмата Еразмус плус спорт. Покрај велешкиот клуб, на турнирот настапија екипи од Италија, Франција, Словачка и САД. Меѓу учесниците се домаќините Сит Турин ЛДЕ и АСД Борго Виторија, словачкиот Татран Прешов, ...
Изненадувањето Јужна Африка е елиминирана од Светското првенство, но нивниот селектор собори рекорд. Уго Брос стана највозрасниот селектор во историјата на Светското првенство кој водел некоја репрезентација во нокаут-фазата. Брос стана најстариот главен тренер со 74 години и 79 дена. Репрезентацијата на Јужна Африка, под негово водство, вчера беше елиминирана од Канада по поразот од 1-0. Брос го надмина рекордот на Оскар Табарез, кој го ...
Фудбалерите на Парагвај први стекнаа предност во дуелот со Германците во шеснаестинафиналето на Светското првенство. Иако „панцерите“ повеќе ја имаа топката и се обидуваа да креираат предност, не беа доволно опасни во завршната зона. Од друга страна, Паргвајците ја искористија првата вистинска шанса и поведоа во 42. минута преку Хулио Енцисо. На голот му претходеше акција по десната напаѓачка страна, Алмирон проигра кратко со Галарза, а овој ...
Бразил со драматична победа над Јапонија од 2-1 обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство, а херој на „кариоките“ беше Габриел Мартинели. Напаѓачот го постигна победничкиот гол во петтата минута од судиското продолжение и покрај тоа што го одведе својот тим меѓу 16-те најдобри, влезе и во историјата на Мундијалите. Имено, погодокот на Мартинели во 95. минута е најдоцниот победнички гол во нокаут фазата на Светските првенства ...
Шпанскиот гигант Реал Мадрид и италијански Комо постигнаа договор околу иднината на младиот аргентински репрезентативец Нико Паз, кој и во сезоната 2026/27 ќе продолжи да настапува за италијанскиот прволигаш. Од „кралскиот клуб“ соопштија дека одлуката е донесена на барање на самиот фудбалер, кој сака да продолжи со својот развој во Комо, каде што добива значајна минутажа. Иако ќе остане во Италија уште една сезона, Реал Мадрид не се откажува ...
Екипите на Германија и Парагвај ја продолжуваат програмата од 1/16-финалето на Светското првенство (СП) во САД, Канада и Мексико, а тренерите Јулијан Нагелсман и Густаво Алфаро ги одредија стартните тимови. Од првата минута на овој меч ќе почне јунакот од групната фаза Дениз Ундав, кој ќе биде во офанзивниот дел на „панцерите“. Германија (4-2-3-1): Нојер; Кимих, Рудигер, Тах, Браун; Нмеча, Павловиќ; Сане, Ундав, Вирц; Хаверц Парагвај ...
Бразил со голем пресврт обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство, откако ја совлада селекцијата на Јапонија со 2-1 во возбудлив натпревар. Јапонците приредија изненадување во првото полувреме и поведоа во 29. минута преку Каишу Сано, кој ја искористи големата грешка на Данило, ја пресече топката и со прецизен удар од дваесетина метри го совлада Алисон. Избраниците на Карло Анчелоти имаа голем посед на топката, но тешко ...
Македонскиот фудбалер Стефан Јевтоски ја заврши својата двегодишна етапа во Струга Трим Лум и кариерата ќе ја продолжи во Индонезија, каде што потпиша за ПСМ Макасар. Стружани официјално потврдија дека соработката со Јевтоски е завршена, откако играчот решил да прифати нов предизвик во азискиот фудбал. Јевтоски пристигна во Струга Трим Лум во јули 2024 година, а своето деби во Првата македонска лига го имаше на 11 август против Тиквеш. Во ...
Македонскиот репрезентативец Димитар Узунчев ја продолжува кариерата во еден од најтрофејните европски ракометни клубови, словенечки Целје. Дваесетгодишниот десен бек, кој важи за еден од најголемите таленти на македонскиот ракомет, потпиша договор со Целје до 2028 година, со можност за продолжување на соработката. Во словенечкиот клуб, Узунчев ќе ја пополни празнината што настана по повредата на Мај Маргуч. Узунчев во новиот клуб ќе го носи ...
Младата српска тенисерка Теодора Костовиќ го заврши својот дебитантски настап на Вимблдон уште во првото коло, откако убедливо беше поразена од светската рекет број еден Арина Сабаленка со 2-0 во сетови (6-2, 6-3). Белоруската тенисерка уште од самиот почеток ја наметна својата игра и брзо поведе со 4-0, откако направи два брејка во воведните гемови. Тоа практично го реши првиот сет, а Костовиќ успеа само да освои два гема и да избегне „нула“ ...
Македонскиот Дејвис куп репрезентативец Калин Ивановски во првото коло на ITF M25 MACEDONIAN OPEN 2026 ќе игра против првиот носител Андреј Чепелев. Секако ова треба да претставува и „дерби меч“ првото коло, но можеби и финале пред финалето особено што Ивановски на турнирот доаѓа со финале од неделата во Загреб. Чепелев во Загреб каде беше рангиран како втор носител во четвртфиналето загуби од Хрватот Божо Барун, кој потоа беше поразен од ...
Иако во изминатиот период се појавија шпекулации за можно заминување, Роберто Гарсија Парондо и понатаму останува дел од плановите на Мелсунген, а сè помалку се зборува за негов трансфер во ПСЖ ова лето. Спортскиот директор на германскиот клуб, Јеспер Ларсон, истакна дека во клубот и понатаму сериозно сметаат на шпанскиот тренер и за следната сезона. Според него, Мелсунген не добил никакви сигнали ниту од други клубови, ниту од самиот ...
Синот на легендарниот Василис Спанулис, Танасис, полека тргнува по стапките на својот татко и веќе го привлекува вниманието во грчката кошарка. 16-годишниот кошаркар, кој настапува за младинските категории на Олимпијакос, беше прогласен за МВП на традиционалниот турнир „Панхеленик“ во Флорина. Интересно е што пред точно 25 години истото признание на истиот турнир го доби и неговиот татко, тогаш како член на Керванос. Танасис одигра одличен ...
Екипата на Башкими во новата сезона ќе игра во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и ќе има нов тренер. Главната желба е веќе позната, тоа е некогашниот репрезентативец на Македонија со богата интернационална кариера, Муарем Муарем. Муарем е релативно млад тренер, има 37 години, но во прволигашкото друштво веќе водеше неколку екипи. Последен клуб му беше Работнички, кој успеа да го издигне од дното, беше на прагот на опстанок, но не успеа ...
Италијанецот Јаник Синер многу потешко од очекуваното дојде до победа над Србинот Миомир Кецмановиќ во првото коло на Вимблдон, славејќи по голема борба со 3-2 во сетови (). Кецмановиќ пружи силен отпор и поведе со 2-1 во сетови, но потоа Синер ги презеде нештата во свои раце и не дозволи непријатна елиминација уште на стартот на престижниот Грен слем. Првиот светски рекет се врати со одлична игра во четвртиот и петтиот сет, со што само го ...
Некогашниот шампион на Македонија, екипата на Работнички, минува низ најголемата криза во поновата историја. Екипата испадна од Првата лига и сега ја чека голем предизвик да го врати стариот сјај. По заминувањето на скоро цел тим и на стручниот штаб по разочарувачкото испаѓање, дебармаалци ќе ги враќа на старите патеки Баже Јанакиевски. Се работи за човек кој ги познава случувањата во Работнички, затоа што претходно таму работеше како ...
Бразил и Јапонија ќе ја отворат 1/16-финалната програма за денешниот ден, а тренерите Карло Анчелоти и Хаиме Мориасу ги потврдија стартните состави за натпреварот кој ќе го даде патникот во следната фаза. Бразил (4-3-3): Алисон; Данило, Маркињос, Габриел, Даглас Коста; Пакета, Касемиро, Бруно Гимараеш; Винициус, Куња, Рајан Јапонија (3-4-2-1): Сузуки; Томиасу, Танигучи, Ито; Доан, Сано, Камада, Накамура; Ито, Маеда; Уеда Натпреварот меѓу ...
Фудбалскиот клуб КИ Клаксвик од Фарски Острови го доживеа првиот првенствен пораз по повеќе од две години, откако на домашен терен беше совладан од 07 Вестур со минимални 0-1. Поразот стави крај на неверојатната серија од 54 последователни натпревари без пораз во шампионатот на Фарските Острови. Последен пат Клаксвик беше поразен во домашното првенство на 23 јуни 2024 година, а речиси точно две години подоцна, на 28 јуни 2026 година, повторно ...
Повремениот репрезентативец на Македонија, Бојан Илиевски во сезоната 2026/27 ќе игра за нов клуб. Тој на истек на договорот ја напушти екипата на Струга Трим Лум и слободен е да ја избере својата следна дестинација. Илиевски беше дел од струшкиот состав во последните две натпреварувачки сезони, период во кој запиша вкупно 69 настапи во сите конкуренции, а воедно се афирмира и како репрезентативец на Македонија. Бекот има понуди од клубови од ...
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги делегира судиите за натпреварите во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига, а таму имаме три судиски тимови од Македонија. Игор Стојчевски ќе биде главен судија во Лигата на шампионите, на мечот меѓу Атерт Бисен од Луксембург и Клаксвик од Фарски Острови кој ќе се игра на 15 јули. Асистенти се Вјолца Изеири и Тоше Ицев, четврти судија е Фатмир Бафто. Во Конференциската лига, на ...
Американскиот кошаркар Мозес Рајт доби македонски пасош и веднаш потоа го реализира трансферот во шпанскиот кошаркарски гигант Барселона. Се чекаше процедурата да заверши, Македонија со пасошот на Рајт доби нов репрезентативец на дефицитната позиција центар, а исто така добивањето македонски пасош е од голема корист и за каталонскиот клуб. Причината за тоа е што Рајт ќе може да настапува како европски играч и нема да зафаќа место за кошаркар ...
Брегалница е чекор поблиску до добивање нов инвеститор, откако Советот на Општина Штип донесе одлука за отпочнување постапка за продажба на дел од акциите што општината ги поседува во ФК Брегалница 2008 АД Штип. Како што објави телевизијата „М-Нет“, со мнозинство гласови советниците ја изгласаа одлуката, со што се отвора можност клубот да добие нов мнозински сопственик и финансиска стабилност во пресрет на новата сезона во Првата македонска ...
Американецот Томи Пол успешно го започна својот настап на Вимблдон, откако во првото коло лесно го надигра Франзуцинот Александар Милер со убедливи 3-0 во сетови (6-1, 6-2 и 6-1). Пол немаше никакви проблеми против 126. тенисер во светот, ја потврди фаворитската улога и се пласираше во втората рунда, каде учество обезбедија уште Шпанецот Рафа Ходар, Џенсон Бруксби, Лернер Тиен и Унгарецот Мартон Фучович. Македонија е во исчекување на ...
Словачкиот кошаркарски стручњак, Антон Гавел, официјално е нов тренер на германскиот гигант и евролигаш, Баерн Минхен. Гавел доаѓа од редовите на Бамберг, а претходно го водеше и тимот на Улм. Доби тригодишен договор од баварскиот клуб, со надеж за далеку подобри резултати во првенството, но и во елитното натпреварување. За Гавел ова е нова етапа во Баерн, затоа што како активен играч настапуваше за овие бои во периодот меѓу 2014 и 2018 ...