Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Елиминацијата на Хрватска од Светското првенство најверојатно стави крај на репрезентативната кариера на Лука Модриќ, кој со солзи во очите го напушти теренот по драматичниот пораз од Португалија (2-1). По последниот судиски свиреж следуваа емотивни сцени. Модриќ не можеше да ги сокрие солзите, а меѓу првите кои му пријдоа беше неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Кристијано Роналдо. Двајцата се прегрнаа, а Португалецот имаше само ...
Фудбалската репрезентација на Хрватска беше елиминирана од Светското првенство по огромна драма против Португалија (2-1). Пресметката од шеснаестинафиналето во Торонто кулминираше длабоко во судиското продолжение кога беше поништен голот на Јошко Гвардиол. Иако навидум изгледаше дека офсајдот е чист, стана јасно дека спорниот момент е дали Игор Матановиќ игра со топката или не. Доколку немаше допир, додавањето кон Марио Пашалиќ ќе беше чисто, ...
Максималната Македонија веќе го завери првото место во претквалификациската група за Европското првенство во 2029 година, откако дома убедливо славеше со Ирска. По убедливиот триумф над Ирска, нашиот најдобар кошаркар Андреј Јакимовски не го криеше задоволството од прикажаната игра, но порача дека работата сè уште не е завршена. „Ова беше убедлива победа за нас, ја заслуживме и неа и пласманот во наредниот циклус. Сакаме да победиме и на ...
Репрезентацијата на Швајцарија се пласира во осминафиналето на Светското првенство, откако во шеснаестинафиналната пресметка го совлада Алжир со 2-0 (1-0) „БЦ Плејс“ во Ванкувер. Швајцарците одиграа зрел и дисциплиниран натпревар, ги искористија грешките на противникот и сосема заслужено обезбедија место меѓу 16. најдобри селекции на мундијалот. Европската селекција поведе уште во 10. минута. Мензамби испрати одлична топка до Брајан Емболо, ...
Хрватскиот репрезентативец Лука Вушковиќ е на чекор од трансфер во Брајтон, откако англискиот премиерлигаш постигнал конечен договор со Тотенхем за неговиот ангажман. Според информациите на Фабрицио Романо, трансферот е вреден речиси 60 милиони евра. Брајтон веднаш ќе исплати околу 53 милиони евра фиксно обештетување, а договорот вклучува и бонуси, како и процент од евентуална идна продажба. Младиот стопер важи за еден од најголемите хрватски ...
Капитеност на Атлетико Мадрид, Коке, официјално го продолжи својот договор до 30 јуни 2027 година, одбивајќи богата понуда од МЛС-лигата за да остане во својот матичен клуб. Ова продолжување се активираше автоматски преку клаузула во неговиот претходен договор, откако тој го исполни потребниот број на одиграни натпревари изминатата сезона. Шпанскиот играч за врска имаше сериозна финансиска понуда од американскиот клуб Атланта Јунајтед, но по ...
Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо не можеше да ги сокрие емоциите по драматичната победа на Португалија над Хрватска со 2-1 во шеснаесетфиналето на Светското првенство. По последниот судиски свиреж, капитенот на Португалија се појави на теренот во дресот на својот поранешен соиграч Диого Жота, по што беше совладан од емоции и заплака. Денешниот ден има особено болно значење за португалскиот фудбал, бидејќи се навршува точно една година ...
Репрезентацијата на Хрватска прослави продолженија, но ВАР ја скрати радоста и го поништи голот во самиот финиш за реми со Португалија, па така пиринејската селекција со победа од 2-1 оди во осминафиналето на СП 2026. Во 102. минута Хрватска успеа да ја испрати топката во мрежата преку Јошко Гвардиол, но по детална ВАР-проверка беше утврдено дека Марио Пашалиќ се наоѓал во офсајд во почетокот на акцијата. Благодарение на сензорот во топката ...
Репрезентацијата на Португалија се пласираше во осминафиналето на Светското првенство, откако во драматичен натпревар во Торонто ја совлада Хрватска со 2-1. Победничкиот гол падна длабоко во судиското продолжение, а Хрватите останаа без можност да изборат продолженија по интервенција на ВАР. Во следната фаза Португалците ги очекува нов голем предизвик, бидејќи ќе се сретнат со селекцијата на Шпанија. Португалија беше подобар противник во ...
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо успеа да ја прекине црната низа и го постигна првиот гол во нокаут-фазата на Светските првенства. Португалците добија пенал во дуелот со Хрватите во второто полувреме, а одговорноста ја презеде ѕвездата кој го измами Ливаковиќ. На 41 година, Кристијано Роналдо го даде првиот гол во нокаут-фазата и стана највозрасниот стрелец во историјата на оваа фаза на Мундијалите. Португалскиот фудбалер ...
Словенечкиот ракометен репрезентативец, Блаж Јанц, потпиша нов договор со Барселона, кој има важност до 30 јуни 2030 година. Иако неговиот претходен договор со каталонскиот гигант истекуваше во летото 2028 година, клубот и играчот се договорија за продолжување на соработката за уште две дополнителни сезони. Со овој нов потпис, универзалецоt кој пристигна во тимот во 2020 година, се очекува да заокружи цела деценија во дресот на „блауграна“ ...
Аргентинската репрезентација пристигна во Мајами, каде в сабота ќе го одигра натпреварот од шеснаестинафиналето на Светското првенство против Зеленортските Острови, а интересна сцена се случи уште на аеродромот. Иако е најголемата ѕвезда на турнирот и веќе со години настапува за Интер Мајами, Лионел Меси не доби никакви привилегии при влезот во државата. Аргентинецот беше подложен на детална безбедносна проверка, а камерите го снимија како ...
Дојде време и за најголемото дерби од шеснаесетинафиналето на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Лука Модриќ или Кристијано Роналдо? Еден од нив уште во раната елиминациона фаза ќе се прости од големата сцена. Португалија и Хрватска во Торонто ќе се борат за пласман во осминафиналето, а познати се стартните состави на двете селекции. Роберто Мартинез ќе се потпре на проверени сили, додека Златко Далиќ одново шанса му даде на ...
Репрезентацијата на Шпанија без поголеми проблеми обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство, откако во шеснаесетфиналето ја совлада Австрија со 3-0. „Фуријата“ доминираше во текот на целиот натпревар, создаде голем број можности и заслужено стигна до победата. Особено расположен беше младиот Ламин Јамал, кој постојано создаваше проблеми за австриската одбрана и беше еден од најдобрите поединци на теренот. Шпанците поведоа во ...
УЕФА и официјално ја потврди финансиската казна за Вардар. Македонскиот клуб ќе треба да плати 250.000 евра поради неправилности во финансиското известување, а воедно доби и сериозно предупредување дека евентуален идентичен прекршок во наредните три сезони може да резултира со исклучување од европските натпреварувања. Според одлуката на Првиот совет на Телото за финансиска контрола на клубовите (CFCB), Вардар пријавил нецелосен опфат на ...
Новиот македонски второлигаш Камјани продолжува да го засилува ростерот за претстојната сезона, а најново име во тимот е Арбин Курти. Младиот фудбалер во Камјани пристигнува со богато искуство во младинските категории, откако претходно беше дел од Вардар, Работнички и Шкендија, а настапуваше и за младинските тимови на албански Билис и косовски Гњилане. Од клубот изразија задоволство од ангажманот на Курти, истакнувајќи дека веруваат оти со ...
Екипата на Брегалница обезбеди промоција во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и веќе почна да го склопува тимот. Ново име меѓу штипските „сини“ во елитното друштво ќе биде стоперот Дарко Стојанов. Искусниот 36-годишен Стојанов четврти пат во кариерата ќе се врати во родниот Штип и во клубот каде важи за играч со статус со над 100 настапи. Поточно, стоперот за клубот од градот под Исарот има одиграно 131 натпревар, со 12 гола, а ...
УЕФА донесе строга одлука против чешкиот клуб Карвина, кој нема да настапува во сезоната 2026/2027 на Лига Европа. Европската куќа на фудбалот соопшти дека клубот не ги исполнил условите за учество поради вмешаност во активности поврзани со местење или влијание врз резултати на натпревари во домашното првенство. Одлуката ја донесе Жалбеното тело на УЕФА на 2 јули, повикувајќи се на членот 4.01(g) од правилникот за Лига Европа, кој предвидува ...
Македонската сениорска репрезентација ја исполни и првата цел зацртана во јулскиот ФИБА „прозорец“. Со убедливата победа над Ирска (77-56), нашиот национален тим го обезбеди првото место во групата „А“ од претквалификациите за Евробаскетот 2029 и избори пласман во следната натпреварувачка фаза. Во салата „Лазар Лечиќ“, избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал одиграа уште еден зрел и дисциплиниран натпревар. Одбраната повторно беше на ...
Македонија ја исполни примарната цел во претквалификациите, но во националниот тим нема простор за опуштање. Тоа го потврди и Стојан Ѓуроски, кој по победата над Ирска порача дека репрезентацијата ќе остане максимално мотивирана и на гостувањето во Луксембург. „Очекувавме убедлива победа затоа што Ирска е тврд противник, играше доста физички. Дојдоа во подмладен состав со шест кошаркари од колеџ, што малку нè изненади, но ние влеговме ...
Битолски Пелистер започна да го конструира тимот за сезоната 2027/28, во која ќе игра во Втората фудбалска лига. По назначувањето на новиот претседател и шеф на стручниот штаб, битолскиот тим веќе почна да го „крои“ тимот за новата сезона која почнува во август, Дел од новиот проект нема да биде еден од капитените на тимот минатата сезона, Александар Ристевски. Дефанзивецот се раздели со матичниот клуб и наскоро ќе ја објави својата нова ...
Кошаркарската репрезентација на Македонија го осигура првото место во претквалификациската група на патот кон Евробаскетот во 2029 година. Избраниците на Жозеп Мариа Берокал убедливо славеа против селекцијата на Ирска со 77-56 во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје и на коло пред крајот го обезбедија врвот во групата А. Средбата тргна израмнето, а Ирците само на сегменти минимално поведуваа во Скопје. Сепак, момците на Берокал се наметнаа и од ...
Второто европско дерби од првата елиминациона рунда на Светското првенство се игра во Лос Анџелес, а ќе се сретат селекциите на Шпанија и Австрија. Актуелниот европски шампион е голем фаворит на оваа средба, но секако дека Австрија не треба да се потцени. Затоа Луис Де ла Фунте го избра најдобриот тим за оваа пресметка. Во првиот состав се враќаат Олмо и Педро Поро, а на клупата одново остана ѕвездата на ПСЖ, Фабијан Руиз. Кај Австрија ...
Македонскиот младински репрезентативец Димитар Трајков и официјално е нов фудбалер на албанскиот прволигаш Вора. Клубот денес го потврди ангажманот на 21-годишниот напаѓач, кој кариерата ќе ја продолжи во елитниот шампионат на Албанија. Трајков во Вора пристигнува како слободен играч, откако претходно го раскина договорот со украинска Полисија. Напаѓачот на репрезентацијата на Македонија до 21 година фудбалската кариера ја започна во Брера, а ...
На денешен ден, 2 јули, пред точно 32 години беше убиен колумбискиот репрезентативец Андрес Ескобар, еден од најтажните симболи во историјата на светскиот фудбал. Само десетина дена претходно, Ескобар несреќно си постигна автогол на натпреварот против домаќинот САД на Светското првенство во 1994 година. Тој погодок придонесе Колумбија да биде елиминирана уште во групната фаза, иако на турнирот пристигна како еден од фаворитите од сенка. Во ...
Новаци продолжува со комплетирањето на ростерот за новата сезона, а второ летно засилување на клубот е Кирил Стојков. Станува збор за 22-годишен фудбалер кој доаѓа од Кожуф, каде што ги мина младинските категории и настапуваше за сениорскиот тим. Стојков природно игра на десната бековска позиција, но може да одговори и на задачите по левата страна, како и покрилната позиција. Инаку, ова момче минатата сезона ја мина под суспензија од страна ...
Третата носителка на Вимблдон, Ига Швјонтек без проблеми ја мина и втората рунда на турнирот во Лондон. Полската тенисерка славеше сигурно против Каролина Плишкова без загубен сет (2-0) и тоа прилично доминантно. Швјонтек тргна фуриозно, направи два брејка на стартот и првиот сет го доби со 6-1. Во вториот подобро влезе Плишкова, одзеде сервис и поведе со 0-2, ама следуваше пад во нејзината игра. Ривалката тоа знаеше да го казни, па на ...
Португалија и Хрватска ќе се соочат со екстремно тешки временски услови на натпреварот од шеснаестинафиналето на Светското првенство, кој ќе се одигра во Торонто во ноќва во 01:00 часот. Според канадските метеоролошки служби, за време на натпреварот се очекуваат температури од околу 32 степени, а чувството на топлина би можело да достигне и до 42 степени Целзиусови. Дополнителен проблем претставуваат најавените грмежи и невреме, поради што е ...
Манчестер Сити го потврди ангажманот на англискиот репрезентативец Елиот Андерсон, кој пристигнува од Нотингем Форест во трансфер вреден 135 милиони евра. Со оваа зделка, 23-годишниот играч за врска стана најскапо платениот англиски фудбалер во историјата. Досегашниот рекорд го држеше Џек Грилиш, за кого „граѓаните“ во 2021 година платија 116 милиони евра на Астон Вила. Андерсон ги мина медицинските прегледи во Соединетите Американски Држави, ...
Ромелу Лукаку со два гола беше еден од хероите во драматичниот пресврт на Белгија против Сенегал (3-2), но по натпреварот откри дека во најважниот момент свесно се откажал од изведувањето на решавачкиот пенал. Во последните секунди од второто продолжение, камерите беа вперени кон Лукаку и сите очекуваа токму тој да шутира од белата точка. Сепак, напаѓачот се повлече, а одговорноста ја презеде капитенот Јури Тилеманс, кој беше сигурен и ја ...