Македонските кошаркарски репрезентации имаа лоша 2025 година. Сениорите во машка конкуренција имаа многу трнлив и турбулентен пат, бидејќи од главните квалификации за овогодинешниот Евробаскет (на кој не успеаја да се пласираат), паднаа многу ниско. Летото беше посветено на реорганизација, нов селектор стана Марјан Илиевски кој сериозно го подмлади тимот и го подготвуваше за претквалификациите за Мундијалот. ...

Медиумите во Србија пишуваат дека за македонскиот фудбалер Стефан Деспотовски постои голем интерес од неколку клубови вo Полска, каде наскоро заминува и неговиот соиграч од ОФК Београд, Никола Кнежевиќ. Кнежевиќ е официјално нов играч на второлигашот Вјечишта Краков, а истата дестинација се споменува и како следна за нашиот Деспотовски, кој сезонава одигра 16 натпревари во најсилното српско првенство. Деспотовски веќе две години настапува за ...

Во последните денови од старата година активен на пазарот е битолски Пелистер. Додека клубот одлучува за својата иднина и понудите за продажба на клубот, актуелната управа работи на засилувања за пролетниот дел од Првата фудбалска лига (ПМФЛ). Битолчани се наоѓаат пред потпис со фудбалерот за врска Томче Гроздановски, дознава Gol.mk. 25-годишниот фудбалер последно настапуваше за Конкордија, но во 2026 година треба да влезе како фудбалер на ...

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, се подготвува за нов настап во квалификациите за главниот турнир на Австралија Опен - првиот Грен-Слем во 2026 година. Нашата Лина е полна со оптимизам и ја најави нејзината претстојна авантура на „Мелбурн парк“, каде ќе сигурно ќе има сериозни противници. „Во јануари е почетокот на сезоната и не може да има поубав старт од Австралија опен. Се подготвувам за успешен настап. Еднаш бев многу ...

НБА лигата донесе одлука за суспензија на двајца играчи по инцидентот што се случи на натпреварот помеѓу Њу Орлеанс Пеликанс и Феникс Санc. Хозе Алварaдо е суспендиран на две натпревари, додека Марк Вилијамс ќе пропушти еден натпревар по нивната физичка пресметка на теренот. Инцидентот се случи во третата четвртина од натпреварот, кога Алварaдо направи фаул, по што следеше реакција од страна на Вилијамс. Ситуацијата ескалираше, а двајцата ...

Како што се наближува 2026 година, се објавуваат и повеќе статистички податоци околу фудбалските натпреварувања на Балканот и на просторите на поранешна Југославија. Фудбалските лиги бележат зголемена посетенот на натпреварите, но има држави кои назадуваат во овој поглед. На првото место убедлив лидер е Хрватска, каде во текот на есенската полусезона се забележани рекордни 522,214 посетители, а на второто место е Србија, која има дупло ...

Фудбалската легенда Филипе Луис и бразилскиот гигант Фламенго постигнаа договор за продолжување на соработката до 2027 година, ставајќи крај на една од најдолгите и најинтересните поглавја во јужноамериканскиот фудбал. Луис, кој пред тоа имаше блескава играчкa кариера, останува на „Маракана“ и покрај предизвиците во преговорите околу условите на новиот договор. Поранешниот интернационалец е заслужен за огромниот успех што Фламенго го оствари ...

Новиот селектор на македонската сениорска фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, официјално го претстави стручниот штаб со кој ќе ја води националната селекција во претстојниот циклус натпревари. Откако стана јасно дека со Седлоски ќе соработуваат Борче Христов, Ерхан Селими и Гого Јовчев, кон тимот се придружуваат и поранешните репрезентативци - Ванче Шиков и Зоран Бошковски - Чоко. Од Седлоски и неговите соработници се очекува добро ...

Амбициозниот второлигаш и актуелен лидер во оваа конкуренција, ГФК Охрид Лихнидос, објави ново засилување за пролетниот дел од сезоната. Нов играч на екипата е искусниот Благоја Спиркоски, кој доаѓа од редовите на Кожуф и треба да биде одлично засилување за главната цел на клубот - пласман во Првата македонска лига. 606073908_1330618345749413_2595436750094876192_n.jpg Спиркоски има над 150 настапи во елитниот мак-фудбал, а во кариерата ...

Новак Ѓоковиќ повторно покажа зошто се смета за еден од најголемите тенисери на сите времиња. Во интервјуто пред крајот на тековната сезона, тој откри дека неуспесите и поразите не ги гледа како пораз, туку како шанса да се соочи со своите најдлабоки стравови и да изгради уште посилен карактер. Ѓоковиќ вели дека „животот и спортот секогаш поставуваат пред нас предизвици, но токму тие тешки моменти нè учат највредни лекции и ни помагаат да ...

Германскиот фудбалски ас, Тони Крос, пред Светското првенство во 2026 година изнесе интересен став за фаворитите за освојување на трофејот. Според него, и покрај големата традиција на Германија и Бразил, овие репрезентации не се меѓу петте најголеми фаворити на Мундијалот. Крос истакна дека на врвот се селекции како Шпанија, Португалија и Франција, како и некои екипи што можат да изненадат и да се покажат како сериозни кандидати за титулата. ...

Легендарниот Марселињо Уертас, кој настапува за шпанскиот клуб Тенерифе, на својa 42-годишна возраст постигна импресивен рекорд, станувајќи третиот кошаркар во историјата кој постигнал повеќе од 3.000 поени во најсилната шпанска лига. Овој значаен момент го достигна во дерби натпреварот против Гран Канарија, и покрај тоа што неговиот тим загуби со 70-71. Уертас имаше солидна партија со девет поени и девет асистенции, a својата голема ...

Кристијано Роналдо јасно стави до знаење дека пензијата не е ни на повидок и дека има јасна цел пред себе - да стигне до бројката од 1.000 постигнати голови во официјални натпревари. Португалската фудбалска ѕвезда и покрај годините, продолжува да игра на високо ниво и истакнува дека сè додека чувствува страст, мотивација и физичка подготвеност, нема причина да застане. Роналдо моментално има 956 голови во кариерата, постигнати во дресовите на ...

Левиот бек на Ерланген, Милош Кос, поради повреда нема да настапи за репрезентацијата на Србија на претстојното Европско првенство, кое ќе се одржи од 15 јануари до 1 февруари 2026 година во Данска, Норвешка и Шведска. Кос беше дел од собирот на националниот тим и тренираше по специјален програм, но не успеа целосно да се опорави од повредата на скочниот зглоб. Поради тоа, го напушти тренинг-кампот на српската репрезентација и дефинитивно ...

Фудбалерите на Зрињски зад себе имаат повеќе од солидна полусезона. Играчите изборија историски пласман во нокаут-фазата од Конференциската лига, а во Премиер лигата на БиХ моментално се наоѓаат на второто место, со три бода помалку од лидерот Борац. Во клубот планираат во текот на зимската пауза дополнително да го засилат ростерот, но во исто време се очекуваат и неколку заминувања од редовите на Зрињски. Посебно интересно ќе биде да се ...

Единсон Кавани (38), еден од најдобрите напаѓачи во светскиот фудбал во изминатите 15 години, официјално објави крај на својата импресивна играчка кариера. Кавани кариерата ја започна во родниот Уругвај, во дресот на Данубио, а европската фудбалска јавност го запозна преку настапите за Палермо и Наполи, каде што во Италија помина вкупно шест сезони и се етаблираше како еден од најопасните голгетери на континентот. Врвот на клупската кариера ...

Подмладената селекција на Хрватска оствари победа над Македонија во пријателски натпревар кој беше дел од подготовките за Европското првенство, што во јануари ќе се одржи во Скандинавија. И покрај поразот, селекторот на македонската репрезентација, Кире Лазаров, немаше причина за целосно незадоволство. „Црвено-жолтите“ прикажаа солиден отпор против квалитетен противник, но клучните моменти повторно ја одредија конечната разврска. Како еден од ...

Шпанскиот првак Барселона ја разгледува можноста да го ангажира дефанзивецот на Манчестер Сити, Нејтен Аке, за време на јануарскиот преоден рок. Каталонскиот клуб прво го пикира дефанзивецот на Нотингем Форест, Муриљо. Сепак, раководството на Нотингем Форест постави цена од 100 милиони фунти за бразилскиот интернационалец и инсистира дека нема да разгледува понуди пред летото 2026 година. Па така, челниците на Барса го насочија своето ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги објавува резултатите од Аналитичкиот извештај за јавна перцепција 2025, кој покажува високо ниво на доверба на граѓаните во Федерацијата, стабилна поддршка за раководството и позитивна перцепција за управувањето со македонскиот фудбал. Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од 1.563 испитаници, преку телефонски и онлајн интервјуа, со целосна географска покриеност на Република ...

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс забележаа нова победа, откако беа подобри од Сакраменто Кингс со 125-101, предводени од уште една брутална партија на Лука Дончиќ. Словенецот за нешто повеќе од 32 минути поминати на паркетот запиша 34 поени, пет скока и седум асистенции. Дончиќ шутираше со речиси 50 проценти од игра, а погоди и пет тројки. Покрај Дончиќ, одлична партија во „градот на ангелите“ имаше и Леброн Џејмс. Еден од најдобрите ...

Англискиот гигант Манчестер Сити е дел од групација „Сити футбол груп“, а менаџментот на групацијата реши да се повлече од еден клуб во кој досега имаше мнозински пакет акции. Се работи за индискиот прволигаш Мумбаи Сити, клуб во кој компанијата поседуваше 65% од акциите уште од 2019 година. Со соопштение групацијата потврди дека се повлекува од Мумбаи Сити, а како причина ги наведе последните случувања и неизвесноста која ја носи ситуацијата ...

Букајо Сака сè уште е еден од најважните играчи на Арсенал, но тоа не секогаш се преведува во бројки. Англичанецот има 24 настапи во сите натпреварувања оваа сезона, постигнувајќи седум гола и пет асистенции, а во англиската елита има постигнато само четири гола. И верувале или не, тоа е неговиот вкупен учинок во Премиер лигата во 2025 година. Вистина е дека Сака беше повреден долго време во втората половина од сезоната 2024/25, но и покрај ...

Прашање на момент е кога Филипе Луис ќе се врати во Европа, овојпат како тренер, откако како играч остави длабока трага во Атлетико Мадрид, а потоа имаше и сосема солидна епизода во Челзи. Заминувањето во Фламенго за да ја заврши кариерата му ја отвори вратата кон тренерскиот занает, а во 2024 година, по отказот на Тите, поранешниот сигурен лев бек ја презеде екипата и со неа ги покори Бразил и Јужна Америка. Сега, со оглед на тоа што ...

Еден од најдобрите еквадорски фудбалери, Фелипе Каиседо, најави повлекување од фудбалот по убиството на неговиот соиграч од Барселона, Марио Пинеида. 33-годишниот еквадорски фудбалер беше убиен на 18 декември во Гвајакил во пукање среде бел ден. Убиена е и неговата сопруга, а неговата мајка е ранета. Смртта на еквадорскиот фудбалер ги потресе неговите соиграчи од Барселона де Гвајакил. Фелипе Каиседо, кој поранешен играч на Манчестер Сити, ...

Брегот на Слоновата Коска и Камерун одиграа без победник (1-1) во второто коло од групата Ф на Африканскиот Куп на нации, па двата тима ќе мора да почекаат до последното коло за да обезбедат пласман во нокаут-рундата. Двата гола беа постигнати во период од пет минути на почетокот од второто полувреме. Амад Диало со својот втор погодок на шампионатот во 51. минута донесе водство на Брегот на Слоновата Коска, а во 56. минута Конан постигна ...

Екипата на Интер го возврати ударот на градскиот ривал Милан и го симна од тронот во Серија А. Во последниот денешен натпревар од 17. коло во италијанската елита „неро-аѕурите“ славеа на гостувањето кај Аталанта и на лидерското место ќе ја завршат 2025 година. Натпреварот во Бергамо заврши со минимален триумф на гостите од 0-1, а херој на шампионот од пред две сезони беше Лаутаро Мартинез. Капитенот годината ја заврши со стил, откако во ...

Ракометарите на Македонија и Хрватска одиграа возбудлив натпревар во Пореч, кој на крај заврши со триумф на домашната селекција од 26-23. Иако беше пријателска средба во рамки од подготовките за Европското првенство, на теренот на моменти се водеше вистинска ракометна борба, која достигна и до непрофесионален потег од страна на Филип Главаш. Кон средината на вториот дел крилото на Загреб непотребно влезе во движењето на Петар Анатасијевиќ и ...

Ракометната селекција на Македонија со пораз ги започна подготовките за Европското првенство на стартот од новата година. Во Пореч нашите ракометари долго време ѝ парираа на Хрватска, но не издржаа до крај и загубија со 26-23. Селакторот Лазаров пред заминувањето во Хрватска мораше да менува, од тимот отпадна Валентин Карасманакис поради скршеница на прст на раката, а како замена влета искусниот Никола Маркоски. Отсутен за оваа средба беше ...

Во последниот натпревар во 2025 година, Бенфика одново потфрли во домашниот шампионат и ремизираше со Брага на гостински терен со 2-2. Екипата на Жозе Мурињо поведе со голот на аргентинскиот ветеран Николас Отаменди. Искусниот дефанзивец, кој ќе го прослави својот 38-ми роденден пред два месеци, постигна одличен гол со глава, но домашните успеаја да го свртат резултатот до крајот на полувремето. Пау Виктор од пенал и Родрого Салазар во ...

Во близина на Казабланка никнува „Гранд Стејд Хасан Втори“, проект што треба да стане најмодерен стадион во светот со импресивен капацитет од 115.000 гледачи и сериозен кандидат за домаќин на финалето на Светското првенство 2030 година. Мароко со овој објект директно му конкурира на „Сантијаго Бернабеу“, а според информациите, стадионот добил и највисока оцена од ФИФА меѓу сите планирани арени за Мундијалот што заеднички ќе го организираат ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
100%
1003
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
88%
1002
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
91%
1003
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1002
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.89
97%
1003
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
97%
1003
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
3.13
81%
1005
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
93%
1005
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1004
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
1.03
92%
1002
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
2.57
92%
1002
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
2.57
83%
1002
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Иридиум

221848.72

Сребро

2460.50

Цинк

3.25

Злато

159231.39

Алуминиум

3.03

Родиум

336779.07

Рутениум

45750.51

Бакар

11.69

Кобалт

64.04

Платина

67162.91

Паладиум

546.56

Калај

46.91