Скопје
34ᴼ /
34ᴼ
Манчестер Сити го потврди ангажманот на англискиот репрезентативец Елиот Андерсон, кој пристигнува од Нотингем Форест во трансфер вреден 135 милиони евра. Со оваа зделка, 23-годишниот играч за врска стана најскапо платениот англиски фудбалер во историјата. Досегашниот рекорд го држеше Џек Грилиш, за кого „граѓаните“ во 2021 година платија 116 милиони евра на Астон Вила. Андерсон ги мина медицинските прегледи во Соединетите Американски Држави, ...
Ромелу Лукаку со два гола беше еден од хероите во драматичниот пресврт на Белгија против Сенегал (3-2), но по натпреварот откри дека во најважниот момент свесно се откажал од изведувањето на решавачкиот пенал. Во последните секунди од второто продолжение, камерите беа вперени кон Лукаку и сите очекуваа токму тој да шутира од белата точка. Сепак, напаѓачот се повлече, а одговорноста ја презеде капитенот Јури Тилеманс, кој беше сигурен и ја ...
Легендарниот шпански фудбалер Санти Касорла и официјално се пензионираше на 41-годишна возраст, ставајќи крај на кариера исполнета со трофеи и големи успеси на клупски и репрезентативен план. Последниот натпревар во кариерата го одигра во дресот на Реал Овиедо, клубот од неговиот роден крај, со кој минатата сезона избори пласман во Ла Лига. Преку емотивна видео-порака на социјалните мрежи Касорла се прости од професионалниот фудбал. „Сега, ...
Единсон Кавани и официјално стави крај на својата авантура во Бока Јуниорс, а според најавите ова најверојатно е и последниот клуб во богатата кариера на легендарниот уругвајски напаѓач. 39-годишниот голгетер, кој низ кариерата настапуваше за Палермо, Наполи, ПСЖ и Манчестер Јунајтед, пристигна на „Бомбоњера“ во летото 2023 година. По две сезони двете страни се договорија за спогодбен раскин на соработката, откако новиот тренер Родолфо ...
Францускиот дефанзивец Жереми Жаке и официјално е претставен како нов фудбалер на Ливерпул, откако клубот го комплетираше неговиот трансфер од Рен на 1 јули 2026 година. Англискиот гигант постигна преддоговор за младиот 20-годишен стопер уште во јануари годинава, победувајќи го интересот на Челси и Баерн Минхен. Ливерпул плати фиксни 55 милиони фунти (околу 63.6 милиони евра), со дополнителни 5 милиони фунти во бонуси поврзани со неговите ...
Македонскиот тенисер Обрад Марковски успеа да се пласира во второто коло на Македонија Опен, откако во продолжението на мечот денеска го совлада Максимилиан Борисов од Бугарија со 2-1 во сетови (7-6(2), 0-6 и 6-3). Мечот беше прекинат вчера поради дождот при водство на македонскиот тенисер од 1-0 во сетови. Во денешното продолжение Борисов изедначи на 1-1 добивајќи го вториот сет без загубен гем, а во третиот сет Марковски се врати во игра и ...
Машката младинска ракометна репрезентација на Македонија ја совлада Грција со 29-25 на контролен натпревар во рамки на подготовките за претстојното Европско првенство. Избраниците на селекторот Игор Илиевски прикажаа добра игра и заслужено стигнаа до победата, продолжувајќи го успешниот подготвителен период пред континенталниот шампионат. Ова беше уште една корисна проверка за македонските младинци, кои преку вакви натпревари ја темпираат ...
Англија со голем пресврт ја елиминира ДР Конго и се пласира во осминафиналето на Светското првенство, а селекторот Томас Тухел откри дека клучниот потег не бил негов, туку на неговиот помошник Ентони Бери. Во моментите кога Англичаните губеа со 1-0, во 70. минута Бери предложил Деклан Рајс да биде префрлен на десната бековска позиција, додека Еберечи Езе да влезе во офанзивата. Само пет минути подоцна Англија го пронајде патот до израмнување, ...
Ракометниот клуб Бутел Скопје го задржа левиот бек Теодор Тодески, кој потпиша нов договор со клубот до летото 2028 година. Поранешниот младински репрезентативец на Македонија ќе остане дел од составот и во следните две сезони, откако раководството одлучи да ја продолжи соработката со еден од своите важни ракометари. Од Бутел Скопје истакнаа дека продолжувањето на договорот со Тодески е дел од стратегијата за задржување на клучните играчи и ...
Црвениот картон што го доби Фоларин Балогун предизвика вистинска бура на социјалните мрежи, каде голем број фанови го споредија неговиот прекршок со стартот на Лионел Меси од првото коло на Светското првенство. Веднаш по исклучувањето на Балогун, на социјалните мрежи почнаа масовно да се споделуваат снимки од двете ситуации, а многумина тврдат дека стартовите биле многу слични. Балогун беше санкциониран со директен црвен картон, додека Меси ...
Новак Ѓоковиќ по победата над Стефанос Циципас ѝ се извини на девојчето, откако со својата шега накратко ја исплашил среде натпреварот. Додека таа по негови инструкции ја отстрануваше заштитната лента од десното рамо, српскиот тенисер ненадејно извика како да почувствувал силна болка. Собирачката на топчиња веднаш се повлече неколку чекори и видно се вознемири, но Ѓоковиќ брзо откри дека само се пошегувал, по што и двајцата се насмеаја, а ...
Капитенот Војдан Стојановски вечерва повторно ќе ја предводи македонската сениорска репрезентација во натпревар кој може да го потврди пласманот во квалификациите за Евробаскет 2029. Македонија од 18:00 часот во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје ја пречекува Ирска во натпревар од 5. коло од претквалификациите, а евентуалната победа ќе значи и официјална потврда на местото во следната фаза. Иако Македонија славеше на првиот меѓусебен ...
Европскиот шампион Олимпијакос и официјално го претстави Коди Милер-Мекинтаер како свое ново засилување. Искусниот плејмејкер потпиша тригодишен договор со клубот од Пиреја, откако ја заврши својата етапа во дресот на Црвена Звезда. Американскиот кошаркар, кој настапува за репрезентацијата на Бугарија како натурализиран играч, пристигнува во редовите на европскиот првак по уште една успешна сезона во Евролигата. Во најсилното европско клупско ...
По повеќе од две недели интензивни подготовки, машката сениорска репрезентација на Македонија е подготвена за нов предизвик во претквалификациите за Евробаскетот 2029. Вечерва, со почеток од 18:00 часот, во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје, избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал ќе ја пречекаат селекцијата на Ирска во натпревар од петтото коло во групата „А“. Македонија влегува во дуелот со максимален ефект од четири победи во ...
Македонскиот суперлигаш ГРК Охрид обезбеди големо засилување за иднината, откако постигна договор за враќањето на јапонскиот ракометар Косуке Јасухира. Иако клубот направи максимални напори тој да остане и во претстојната сезона, двете страни се договорија соработката повторно да започне од сезоната 2027/2028. Тој ќе се врати во Бурган со кого е под договор, а потоа ќе дојде во Македонија. Со потпишаниот договор, Јасухира се обврза да го носи ...
Откако Леброн Џејмс официјално ги извести Лос Анџелес Лејкерс дека го напушта клубот и ќе ја продолжи кариерата како слободен агент, интересот за неговиот потпис нагло се зголеми, а меѓу најзаинтересираните е Денвер Нагетс. Според информации на „Денвер Пост“, раководството на Нагетс веќе воспоставило контакт со четирикратниот НБА шампион. Целта е да му ја претстави визијата за иднината на клубот и да го убеди да ја продолжи кариерата во ...
По елиминацијата на Демократска Република Конго од Светското првенство, селекторот Себастиен Десабр доживеа уште потежок личен удар. Францускиот стратег ја дозна трагичната вест дека неговиот татко починал токму за време на прес-конференцијата по натпреварот со Англија. Конго беше поразен со 2-1 во драматичен осминафинален натпревар, иако долго време имаше предност. Англија направи пресврт во завршницата благодарение на двата гола на Хари ...
Норвежанецот Борге Лунд официјално е назначен за нов тренер на германскиот ракометен гигант Кил за претстојната сезона 2026/27. Тој доаѓа како директна замена за Филип Јиха, кој доби отказ по седум години поминати на клупата на германскиот тим. Лунд потпиша соработка со германскиот клуб за следните две сезони. Како поранешен ракометар, Лунд веќе настапуваше и освојуваше трофеи за Кил во својата играчка кариера. Лунде на оваа функција ...
Роџерс Мато, најдобриот стрелец на полусезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), го замени Вардар со Хартс пред стартот на годината, а сега го постигна првиот гол за екипата. Напаѓачот од Уганда погоди на пријателски натпревар, во победата над Сент Мирен од 3-1. Тој беше стрелец на вториот гол, откако погоди по еден центаршут од корнер со глава. Rogers heads home the second @loveholidays // #loveholidays pic.twitter.com/87nL4DwXAV ...
Френк Лампард и официјално потпиша нов тригодишен договор со новиот премиермигаш Ковентри Сити. Овој договор е со важност до 2029 година, потврдија од клубот од Ковентри. Ова продолжување на соработката доаѓа како директна награда за огромниот успех кој 48-годишниот англиски стратег го постигна со тимот. Лампард го презеде Ковентри во ноември 2024 година и во сезоната што измина успеа да го одведе тимот до титулата во Чемпионшип, со што ...
Поранешниот француски репрезентативец, Вили Сањол, не штедеше пофалби за Мајкл Олисе, оценувајќи дека офанзивниот фудбалер на Франција во моментов е најдобриот играч во светот. „Олисе е најдобар во светот. Ако на крајот на годината не ја освои „Златната топка“, тогаш нешто сериозно не е во ред со фудбалот“, изјави Сањол. Тој смета дека најголемата предност на 24-годишниот Французин е неговата несебичност и тимскиот дух, па Сањол дури направи ...
Репрезентацијата на САД обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство, откако ја совлада Босна и Херцеговина со 2-0. Избраниците на Маурисио Почетино ја оправдаа фаворитската улога, иако до самиот финиш водеа неизвесна битка со мотивираниот тим на Сергеј Барбарез. Американците поголемиот дел од второто полувреме играа и со фудбалер помалку, по исклучувањето на Фоларин Балогун, но и покрај тоа успеаја да ја сочуваат предноста и да ...
Баерн Минхен ќе се соочи со Штутгарт во натпреварот за отворање на новата сезона во германската Бундеслига. Како што беше официјално соопштено од страна на федерацијата, овој дерби натпревар од првото коло ќе се одигра во петок, на 28 август 2026 година, со почеток во 20:30 часот на стадионот „Алијанц Арена“ во Минхен. Овој дуел претставува продолжување на големото ривалство од минатата сезона, во која двата тима се сретнаа дури четири пати ...
Повремениот шпански репрезентативец Алехандро Грималдо е нов фудбалер на Атлетико Мадрид и доаѓа во Примера од германскиот Баер Леверкузен. Вредноста на трансферот се проценува на околу 20 милиони евра. „Атлетико Мадрид и Баер Леверкузен постигнаа договор за трансферот на Алехандро Грималдо, кој потпиша договор до јуни 2030 година“, објави шпанскиот клуб. 30годишниот лев бек роден во Валенсија го носеше дресот на Баер во изминатите три сезони ...
Фудбалската репрезентација на Белгија обезбеди место во осминафиналето на Светското првенство по неверојатен пресврт против Сенегал. „Црвените ѓаволи“ славеа со 3-2 по продолженија, иако до самиот финиш на регуларниот дел губеа со два гола разлика. По 90 минути игра резултатот беше 2-2, а победникот беше решен длабоко во продолженијата, кога капитенот Јури Тилеманс реализираше пенал за голема радост на белгискиот табор. Во следната рунда ...
Соединетите Американски Држави и Босна и Херцеговина ќе го затворат денот со 1/16-финален дуел на Светското првенство (СП). Селекторите Маурицио Почетино и Сергеј Барбарез ги одредија стартните единаесет за средбата во Сан Франциско. САД (4-2-3-1): Фрис; Фримен, Ричардс, Рем, Робинсон; Адамс, Тилман; Дест, Мекени, Пулишиќ; Балогун БиХ (3-4-1-2): Васиљ; Дедиќ, Катиќ, Раделиќ, Мухаремовиќ; Дедиќ, Гиговиќ, Суњиќ, Колашинац; Алајбеговиќ; ...
Српскиот ас Новак Ѓоковиќ успеа да го совлада Стефанос Циципас на Вимблдон, а имаше еден интересен момент при прекин на натпреварот. Ноле побара од едно од девојчињата да дојде со ножици за да ја коригира лентата која ја имаше залепено на рамото. Потребно беше да се потскрати и таа дојде со ножици. Novak Djokovic pretends the ball girl cut him with scissors. Her reaction. pic.twitter.com/fmFpZiD93c — Danny (@DjokovicFan_) July 1, 2026 Додека ...
Иако Јапонија го заврши настапот на Светското првенство со несреќен пораз од Бразил (2-1) во шеснаестинафиналето, во „земјата на изгрејсонцето“ нема простор за разочарување. Напротив, елиминацијата се гледа како уште еден чекор во реализацијата на долгогодишниот проект чија крајна цел е, освојување на светската титула до 2050 година. Јапонската фудбалска федерација уште во 1992 година ја постави оваа амбициозна визија, во време кога ...
Бразил обезбеди место во осминафиналето на Светското првенство, но победата над Јапонија од 2-1 донесе и лоши вести за селекторот. Лукас Пакета заработи повреда на задната ложа на левата нога за време на натпреварот, а од Фудбалската федерација на Бразил потврдија дека станува збор за мускулна повреда на левиот бут. Играчот за врска е еден од клучните фудбалери во средниот ред на „кариоките“, па во наредните денови ќе бидат направени ...
Дебаклот на Германија на Светското првенство сериозно ја разниша позицијата на Јулијан Нагелсман, а германските медиуми сè погласно најавуваат дека Фудбалскиот сојуз (ДФБ) размислува за промена на селекторската функција. Иако Нагелсман има договор до Европското првенство во 2028 година и засега нема намера самиот да се повлече, неговата иднина на клупата на „панцерите“ е под голем знак прашалник по разочарувачкиот настап на Мундијалот. Во ...