Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Младиот фудбалер на Вардар, Матеј Николов, помина две незаборавни недели во редовите на шпанскиот гигант Атлетико Мадрид, каде што имаше можност да тренира, да настапува на турнир и да ги почувствува условите во еден од најголемите клубови во светот. Николов истакна дека поканата била исполнување на неговиот долгогодишен сон и награда за добрите настапи во дресот на Вардар. „Атлетико Мадрид е еден од најголемите клубови во светот каде што ...
Младиот возач на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, триумфираше на спринт-трката за Големата награда на Велика Британија на легендарната патека Силверстон, продолжувајќи ја својата одлична сезона во Формула 1. Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, кој стартуваше од пол-позицијата пред домашната публика, имаше фантастичен почеток и успеа да го задржи водството во првите кругови пред Антонели. Сепак, возачот на Мерцедес во средината на ...
Македонскиот тенисер Калин Ивановски успеа да се врати во полуфиналето против Јанаки Милев и да спаси две меч топки со тоа и да избори пласман во финалето на турнирот во Скопје. По триумфот нашиот ас призна дека овој му бил еден од најтешките натпревари во неговата кариера. „Навистина е дека одиграв еден од најтешките мечеви во мојата кариера. Успеав да се вратам и да спасам две меч топки. Во план ми е да се вратам таму каде што бев и да се ...
Со доведувањето на новото раководство и новиот шеф на стручниот штаб, битолски Пелистер започна со реконструкција на екипата, која во следната сезона ќе се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига. Тренерот Борче Христов неколку дена престојуваше во Битола и заедно со новата управа ги повлекоа првите потези, кога станува збор играчкиот кадар. Имено, дел од тимот повеќе нема да биде искусниот напаѓач Мирко Ивановски, кој по две сезони ...
Македонскиот тенисер Калин Ивановски ќе игра во финалето на ИТФ турнирот во Скопје, откако во возбудливо полуфинале го совлада Бугаринот Јанаки Милев со 2-1 во сетови (6-4, 2-6, 7-5). Ивановски одигра одличен прв сет, во кој клучниот момент се случи во седмиот гем кога направи брејк за водство од 4-3. Милев веднаш возврати со притисок и во следниот гем имаше три брејк-топки, но македонскиот тенисер остана смирен, ги спаси сите шанси на ...
Ракометниот клуб Бутел Скопје обезбеди континуитет во својот состав, откако потпиша нови договори со младите македонски репрезентативци Давид Јаневски и Марко Каевски. Средниот бек Јаневски и левото крило Каевски ја продолжија верноста кон клубот и ќе го носат дресот на Бутел Скопје најмалку до летото 2028 година. Двајцата ракометари се актуелни младински репрезентативци на Македонија и важат за едни од најперспективните играчи во својата ...
Македонскиот репрезентативец Дарко Додев и официјално ја продолжува својата кариера во Казахстан, откако e промовиран како нов фудбалер на прволигашот Алтаи. По завршувањето на сите неопходни административни процедури, вклучувајќи ја визата и потребната документација, офанзивецот му се приклучи на новиот клуб и беше претставен како едно од засилувањата за претстојната сезона. Додев во изминатиот период важеше за еден од најдобрите фудбалери ...
Француската репрезентација сигурно и убедливо се пласираше во осминафиналето на Светското првенство, а впечатокот дека избраниците на Дидие Дешамп сè уште не го покажале својот максимум е потврден и преку статистичките показатели. Иако „триколорите“ допрва ги очекуваат најтешките предизвици во нокаут-фазата, бројките откриваат тим кој доминира во речиси сите сегменти од играта и кој има простор дополнително да го зголеми нивото на настапите. ...
Контроверзите по натпреварот меѓу Португалија и Хрватска во шеснаесетфиналето на Светското првенство не стивнуваат. Спорните судиски одлуки и натаму се главна тема во фудбалската јавност, а според хрватските медиуми, норвешкиот судија Еспен Ескас повеќе нема да дели правда до крајот на Мундијалот. Според информациите, одлуката ја донел претседателот на Судиската комисија на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, што веднаш предизвика бројни толкувања дека ...
Голманот на репрезентацијата на Зеленортските Острови, Возиња, би можел да направи голем трансфер во американската МЛС лига. Според последните информации, Интер Мајами покажува сериозен интерес за искусниот чувар на мрежата и веќе ја разгледува можноста да го ангажира во текот на летниот преоден рок. Дејвид Бекам, првиот човек на клубот, веќе стапил во контакт со голманот и тоа по мечот од 1/16-финалето меѓу Аргентина и дебитантот. Возиња ...
Македонската ракометна репрезентативка Ангела Јанкуловска официјално потпиша договор со словачкиот клуб Дунајска Стреда. По две успешни сезони поминати во чешкиот тим Славија Прага, каде што даде клучен придонес во освојувањето на шампионската титула, 23-годишната македонска репрезентативка одлучи кариерата да ја продолжи во Словачка. Нејзиниот нов клуб, Дунајска Стреда, важи за силен регионален тим кој минатата сезона заврши како вицешампион ...
Албанскиот фудбалски клуб Тирана официјално го засили својот стручен штаб со македонскиот тренер Бојан Маркоски, кој ќе ја извршува функцијата помошник-тренер во новата сезона. Маркоски зад себе има богато меѓународно искуство и во досегашната кариера беше дел од стручните штабови на Етникос Ахна од Кипар, АЕЛ Лимасол, како и на македонскиот Работнички. Покрај улогата асистент, тој имаше можност да го предводи Работнички и како прв тренер. Со ...
Сениорската репрезентација на Македонија веќе е во Луксембург, каде попладнево ќе го одржи и првиот тренинг во пресрет на утрешниот натпревар против домашната селекција, последен во првата фаза од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029. По убедливата победа над Ирска (77-56), со која го обезбедивме првото место во групата „А“ и пласман во следната рунда од квалификацискиот циклус, селекторот Жозеп Марија Берокал направи три ...
Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје остана без човек кој долги години беше дел од колективот. Крсто Станковски, кој повеќе од три децении беше меѓу аеродромци, почина во текот на ноќта, информираат од клубот. „Со неизмерна тага во срцата, ја информираме јавноста за заминувањето на нашиот Крсто Станковски, кој ноќеска почина на 80-годишна возраст. Повеќе од три децении беше неразделен дел од МЗТ Скопје Аеродром – култна личност чие ...
Македонската сениорска репрезентација веќе ја исполни првата цел во претквалификациите за Европското првенство 2029. Со убедливата победа над Ирска, нашиот национален тим го обезбеди првото место во групата „А“ и пласман во втората рунда, но пред избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал останува уште еден предизвик – гостувањето кај Луксембург, со желба квалификацискиот циклус да биде заокружен со уште еден позитивен резултат. ...
Актуелниот шампион во НБА лигата, Њујорк Никс, го комплетираше ангажманот на искусниот центар Андре Драмонд, кој ќе потпише едногодишен договор вреден 3,9 милиони долари. Триесет и двегодишниот кошаркар, кој следниот месец ќе наполни 33 години, пристигнува како замена за долгогодишниот центар Мичел Робинсон и треба да донесе дополнително искуство и цврстина во рекетот на шампионскиот тим. Драмонд е двократен учесник на Ол-стар натпреварот и ...
Џејлен Браун првпат јавно се огласи по спектакуларниот трејд со кој од Бостон Селтикс се пресели во Филаделфија 76ерс. Тој призна дека разделбата со клубот во кој ја мина речиси целата досегашна НБА кариера не му паѓа воопшто лесно. Браун беше дел од голем трејд во која заврши во Филаделфија, додека во спротивен правец замина Пол Џорџ, заедно со два пика од првата рунда на драфтот (2028 и 2031) и два од втората рунда (2028 и 2030). „Сè уште ...
Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, беше искрен по драматичната победа над Зеленортските Острови од 3-2 по продолженија, признавајќи дека светскиот шампион не одиграл на посакуваното ниво и дека противникот заслужува голема почит. Аргентина со многу мака обезбеди место во осминафиналето на Светското првенство, а Меси смета дека најголемиот проблем на неговата селекција бил неквалитетниот пресинг и недоволната компактност меѓу линиите. ...
Шеснаесетфиналната рунда на Светското првенство донесе вистински фудбалски спектакл и голем број драматични натпревари. Дури девет од вкупно 16 средби беа решени по продолженија или по изведување пенали, што најдобро говори за изедначеноста на репрезентациите на Мундијалот. Едно од најголемите изненадувања беше елиминацијата на Германија од Парагвај, додека најпријатно изненадија Зеленортските Острови, кои беа на чекор од сензација и ...
НБА лигата ќе тестира две значајни новини за време на Летната лига во Калифорнија, Солт Лејк Сити и Лас Вегас, кои во иднина би можеле да станат дел од официјалните правила. Првата промена се однесува на изведувањето на слободните фрлања. Наместо досегашниот систем, кошаркарите ќе имаат само едно слободно фрлање, без разлика дали претходно заработиле едно, две или три. Доколку играчот требало да шутира две слободни фрлања, ќе има еден обид ...
Репрезентацијата на Колумбија продолжува со одличните настапи на Светското првенство, откако во шеснаесетфиналето во Канзас ја совлада Гана со минимални 1-0 и обезбеди место меѓу 16-те најдобри селекции на турнирот. Јужноамериканската репрезентација беше далеку подобар противник во текот на целиот натпревар, а победата можеше да биде и поубедлива доколку не беа одличните интервенции на ганскиот голман Лоренс Зиги. Во осминафиналето, Колумбија ...
Масимилијано Алегри и официјално е нов шеф на стручниот штаб на Наполи. Искусниот италијански стратег го презема гигатот од јужна Италија и ќе ја предводи екипата во наредните две сезони, заменувајќи го Антонио Конте. За 58-годишниот Алегри ова ќе биде нов голем предизвик во кариерата, откако претходно ги водеше Милан и Јувентус, со кои освои повеќе титули во Серија А, Купот на Италија и Суперкупот. Наполи со неговото назначување сака да ...
Аргентина е претпоследниот патник во осминафиналето на Светското првенство, откако по голема 120-минутна драма ги совлада Зеленортските острови во Мајами со 3-2 (2-2, 1-0). Првпат момците на Лионел Скалони не победија во регуларниот тек, но во ексгра-времето двата централни дефанзивци постигнаа погодоци и го „скршија“ растрчаниот дебитант. Селекцијата на Лионел Скалони уште од самиот почеток ја презеде иницијативата и создаде неколку добри ...
Конечно се урнати рекордите за чиста мрежа на Икер Касиљас и Валтер Зенга. Голманот на шпанската репрезентација, Унаи Симон, го надмина рекордот од 476 минути без примен гол што го држеше легендарниот, Икер Касиљас од Светските првенства во 2010 и 2014 година. Тој е сега со најдолга серија без примен гол на Светско првенство во дресот на „фуријата“. Симон воедно стана и рекордер на Мундијалите откако дојде до 519 минути без погодок во ...
Репрезентацијата на Норвешка со голема самодоверба ќе го дочека осминафиналниот дуел против Бразил на Светското првенство, не само поради одличните настапи на Ерлинг Халанд и неговите соиграчи, туку и поради една импресивна традиција која трае со децении. Имено, Норвешка е единствената репрезентација во светот која одиграла повеќе натпревари против Бразил, а притоа никогаш не доживеала пораз. Најпознатиот меѓусебен дуел се одигра на Светското ...
Австралискиот стратег Анже Постекоглу и официјално е нов тренер на шампионот на Саудиска Арабија, Ал Наср. Клубот ја потврди соработката преку официјално соопштение, а искусниот тренер потпиша двегодишен договор и ќе има задача да го задржи имот во самиот врв на азискиот фудбал. „Ново поглавје. Господинот Анже Постекоглу е назначен за нов шеф на стручниот штаб на првиот тим на Ал Наср. Договорот е потпишан на две сезони. Му посакуваме многу ...
Фудбалската селекција на Египет се пласираше во осминафиналето на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, откако во драматичен дуел и по изведувањето на пеналите славеше над Австралија со 4-2. По деведесет и сто дваесет минути резултатот беше 1-1. Австралија во осминафиналето ќе се сретне со победникот од вечерашното соочување меѓу Зеленортските Острови и Аргентина. Австралија подобро го отвори натпреварот и уште во раната фаза беше ...
Селекторите на Аргентина и Зеленортски Острови ги објавија стартните единаесетмина за вечерашниот натпревар на Светското првенство. Предводникот на актуелниот светски шампион Лионел Скалони се одлучи од првата минута да настапи со најсилниот состав, предводен од капитенот Лионел Меси, а нему во нападот ќе му прави друштво Лаутаро Мартинез, додека на клупата за резерви остана Хулиан Алварез. Од другата страна, Зеленортските Острови повторно ќе ...
Елиминацијата на Сенегал од Светското првенство отвори голем број прашања во оваа африканска земја, а деновиве во јавноста се појавија сериозни обвинувања на сметка на челниците на Фудбалскиот сојуз. Според странските медиуми, повикувајќи се на извори блиски до репрезентацијата, дел од функционерите за време на престојот на Мундијалот биле повеќе насочени кон луксузен начин на живот отколку кон обврските поврзани со националниот тим. Во ...
Лос Анџелес Лејкерси продолжува со реконструкцијата на тимот за новата сезона, а најнов потег е разделбата со центарот Деандре Ејтон, кој кариерата ќе ја продолжи во Вашингтон Визардс. Според информациите на НБА-инсајдерот Шамс Чаранија, во спротивна насока заминува бекот Џејден Харди, а Лејкерси дополнително ќе добијат и два избора од втората рунда на НБА-драфтот во 2031 и 2032 година. Ејтон минатото лето пристигна во Лос Анџелес по ...