Немања Матиќ во последното интервју доби прашање и се осврна на прославите на головите на Џердан Шаќири и Гранит Џака против репрезентацијата на Србија. Двајцата швајцарски репрезентативци го покажаа симболот на двоглавиот орел, а тој јасно потврди дека не му се допаднал потегот. „Ги почитувам како фудбалери, играв против нив неколку пати во Премиер лигата. Но со тие ситници собираат евтини политички поени. Тие, мислам, пораснаа во ...

Легендарниот бразилски фудбалер Ривалдо преку социјалните мрежи ги воодушеви фановите, откако објави снимки од просторијата во која ги чува сите свои трофеи. Станува збор за вистински музеј на една блескава кариера, а во центарот на вниманието се наоѓаат Златната топка и трофејот од Светското првенство во 2002 година. Витор Фереира, попознат како Ривалдо, остави длабока трага во светскиот фудбал настапувајќи за клубови како Депортиво Ла ...

Хрватскиот ракометен првак Загреб доби значајно засилување, откако во своите редови го доведе египетскиот репрезентативец Абделрахман Абду. Се работи за 30 годишен лев бек кој пристигнува од Пари Сен Жермен и со Загреб потпиша договор до летото 2027 година. Спортскиот директор на клубот, Дамир Бичаниќ, не го крие задоволството од реализираниот трансфер и потенцира дека Абду ќе има важна улога во тимот: „Одлучивме да ги засилиме нашите редови ...

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер извести дека во пролетната полусезона ќе влезе без едно од странските имиња. Од битолскиот клуб заминува Мохамед Калид Валид. Египетскиот кружен напаѓач по само една полусезона во Битола реши спогодбено да ја раскине соработката со пелистерци. Клубот му се заблагодари за одиграното во зелено-белиот дрес и му посака среќа за иднината. Валид со Еурофарм Пелистер се радуваше на трофејот во Суперкупот на ...

Фудбалската федерација на Македонија ги соопшти одлуките од последната седница на Управниот одбор. Донесена беше одлука за ревизија и испитување на авансна исплата за изградба на трибина на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, а во центарот на постапката ќе биде поранешниот претседател Муамед Сејдини. <<< - ПОВРЗАНО - Поведена постапка против Сејдини, се терети за финансиска измама! Покрај тоа, Управниот одбор донесе одлука за формирање на ...

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија одржа нова седница, а на неа се донесоа неколку одлуки поврзани со поранешни функционери. Започна дисциплинска постапка пред Дисциплинската комисија на ФФМ против поранешниот претседател Муамед Сејдини. Човекот кој претходно го водеше мак-фудбалот се терети за измама поврзана со авансна исплата на 700.000 евра кон фирма-изведувач задолжена за трибината на стадионот „Билјанини Извори“ во ...

Поранешниот освојувач на Купот на Македонија, битолски Пелистер најавува уште едно засилување во нападот за пролетниот дел од сезоната. Деновиве ќе биде официјализиран трансферот на Томче Гроздановски, но приоритет во зимскиот преоден рок ќе биде доведување на напаѓач. Битолскиот клуб преговара со Влатко Стојановски и голема е веројатноста поранешниот репрезентативец да го облече зелениот дрес. 28-годишникот минатата сезона го носеше дресот ...

Гаел Клиши започнува нова тренерска етапа во францускиот фудбал, откако е именуван за шеф на стручниот штаб на Каен, клуб кој е во сопственост на Килиан Мбапе. Поранешниот фудбалер на Арсенал и Манчестер Сити добива задача да го стабилизира тимот во чувствителен момент за клубот. Каен влезе во нова ера во септември 2024 година, кога инвестицискиот фонд на Мбапе откупи повеќе од 80% од акциите за сума нешто помала од 20 милиони евра. Со тоа се ...

Тениската 2025 година ќе остане запаметена како година на „смена на гардот“. Ноќевајќи ги историските рекорди на Новак Ѓоковиќ, кој не успеа да стигне до својата 25-та Грен слем титула, светскиот тенис го доживеа потполниот подем на новата генерација, предводена од Јаник Синер и Карлос Алкараз, двајца млади шампиони што доминираа на турнирите низ целата сезона. Сезоната почна со блесок на Јаник Синер на Австралија Опен. Италијанецот ја ...

Поразот на Денвер од Мајами остана во сенка на повредата на Никола Јокиќ, која ја одбележа завршницата на првото полувреме и внесе сериозна загриженост во таборот на Нагетси. Српскиот ас се повреди околу три секунди пред крајот на втората четвртина, кога во еден незгоден момент неговиот соиграч Спенсер Џоунс со ногата го згазна, при што Јокиќ го повреди левото колено. Центарот на Денвер веднаш се сруши на паркетот, држејќи се за коленото и ...

Тешкиот пораз на Денвер од Мајами со 147-123 падна во втор план поради повредата на Никола Јокиќ, која го одбележа натпреварот и предизвика загриженост во редовите на Нагетс. Српскиот ас го напушти теренот на полувремето поради проблем со коленото и повеќе не се врати во игра, а по мечот целото внимание беше насочено кон неговата здравствена состојба. Тренерот на Денвер, Дејвид Аделман, по натпреварот зборуваше речиси само за Јокиќ, ...

Домаќинот Мароко ја победи Замбија со 3-0 во натпреварот третото коло од групата А на Африканскиот Куп на нации, додека Комори и Мали одиграа нерешено без голови во натпреварот од истата група, кој се играше во исто време. Триумфот на Мароко беше обележан со два гола на Ајуб Ел-Каби, како и овациите за Ашраф Хакими, кој се врати на теренот по речиси два месеци. Ел-Каби го отвори резултатот со Замбија во деветтата минута, а предноста на ...

На крајот од годината дојде до неочекувана тренерска смена и големо враќање во францускиот прволигаш Ница. Клубот од Азурниот врег официјално објави дека 64-годишниот Клод Пуел се враќа на тренерското место во клубот. Пуел ја предводеше Ница од 2012 до 2016 година, а се враќа во клубот во обид да ја прекине негативната серија резултати во француската Лига 1. Ница има шест порази на последните шест натпревари, а ги загуби и сите шест ...

Во португалската Примеира се раѓа гигант кој реализира скоро перфектна есен. Франческо Фариоли и Порто врзаа шеснаесет натпревари без пораз и убедливо води во шампионатот. По ланската негативна сезона и неквалификувањето во Лигата на шампионите, екипата од „Драгао“ направи големи промени и тие веднаш дадоа резултат. Порто продолжува да биде лидер во португалското првенство, со 46 бода по 16 натпревари. Тимот е на врвот на табелата, пет бода ...

Фудбалската федерација на Македонија комплетира важен инфраструктурен проект на теренот број 1 во тренинг центарот „Петар Милошевски“. На овој мини-стадион во скопската населба Ново Лисиче беше поставена целосно нова тревна подлога, со нов систем за наводнување и нова современа дренажа. Со тоа значително се подобруваат условите за тренинзи и играње натпревари на овој терен. Македонскиот фудбал доби уште еден терен со највисоки стандарди, а ...

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер славеа со 140-129 против Атланта Хоукс во богатата НБА програма ноќва. Шампионот беше подобар од гостинот во многу ефикасен натпревар. Одново на големата сцена блесна Шеј Гилџус Александер кој мечот го заврши со 39 поени зад своето име. Во спротивниот табор, пак, се истакна неговиот сонародник Никел Александер Вокер со 30. Оклахома Сити Тандер - Атланта Хоукс: Гостински пораз забележа Денвер Нагетс кај ...

Сезоната 2024/25 во НБА лигата ќе остане запаметена како една од највозбудливите и најзначајните во поновата историја на кошарката, обележана со нов шампион, историски индивидуални достигнувања и драматичен плејоф кој кулминираше со седми натпревар во финалето. Од самиот почеток на регуларниот дел беше јасно дека лигата влегува во нова ера, во која младите ѕвезди целосно ја преземаа главната улога. Оклахома Сити Тандер ја крунисаа ...

По успешниот старт на Африканскиот Куп на Нациите и одличните партии на Лука Зидан, во Алжир сè погласно се зборува дека уште еден син на легендарниот Зинедин Зидан би можел да го облече дресот на „пустинските лисици“. Лука Зидан веќе е стандарден прв голман на алжирската репрезентација и ја сочува својата мрежа недопрена на првите два натпревари на турнирот. По победата над Буркина Фасо, медиумите не пропуштија да го прашаат за иднината на ...

Во еден од најчувствителните моменти за иднината на Шкупи, раководството и претставниците на Шверцери јавно и директно му се обратија на сопственикот Јасин Конџали испраќајќи јасна, недвосмислена и конечна порака. Актуелната состојба е оценета како неприфатлива и неодржлива. Клубот, како што се наведува, повеќе не може да функционира во неизвесност, молк и отсуство на одговорност. Навивачите велат дека станува збор за спортска институција ...

Манчестер Сити би можел да се раздели со неколку играчи во јануарскиот преоден рок, а една од главните причини е можниот трансфер на Антоан Семењо од Борнмут. Во клубот се загрижени дека офанзивата е премногу зависна од Ерлинг Халанд. Норвежанецот игра извонредно и постигнува голови во серија, но евентуална негова повреда би значела сериозен удар за амбициите на Сити во борбата за трофеи. Токму поради тоа „граѓаните“ сакаат дополнително да го ...

Екипата на Рома се врати во колосек по поразот од Јувентус во претходното коло на најдобар можен начин. Римјаните пред својата публика ја прегазија Џенова (3-1) и така пак се четвртопласирани во калчото. Даниеле Де Роси за првпат се врати на „Олимпико“ како противник, но нема по добро да го памети кам-бекот барем на резултатски план, а публиката претходно го поздрави како голем миленик на Рома. Римската волчица си ја заврши задачата уште во ...

Пилотите во Формула 1 со децении важат за едни од најплатените спортисти на планетата, но во последните години таа разлика стана уште поизразена. Огромниот раст на популарноста на шампионатот, особено на американскиот пазар, донесе рекордни договори, спонзорства и бизнис-можности, поради кои ѕвездите на Ф1 денес припаѓаат на вистинската финансиска елита во светскиот спорт. Токму поради тоа, списанието „GQ“ објави листа на петтемина најбогати ...

Вториот светски рекет, Италијанецот Јаник Синер, во интервју зборуваше за значењето на ривалството во врвниот спорт и нагласи дека конкуренцијата е клучен фактор за напредокот на секој спортист. Италијанскиот тенисер истакна дека токму мечевите против најсилните противници, особено оние од кои се губи или со кои често се соочува, претставуваат најдобар показател колку еден играч се развива и каде треба дополнително да работи. „Противниците од ...

Време е името на Франк Шмит да го добие местото што го заслужува во германскиот и европскиот фудбал, заради неговиот статус во Бундеслигата и во Хајденхајм каде на клупата е „цело полнолетство“. Шмит ја презеде екипата на Хајденхајм далечната 2007 година, кога имаше само 33 години, во период кога клубот настапуваше во регионалните лиги на Германија. Малкумина тогаш можеа да претпостават дека ќе започне една од најневеројатните и ...

Годината која што изминува само ја потврди доминацијата на македонскиот клупски ракомет во регионот. Македонија создаде моќна Суперлига со четири кандидати за врвот и голем дел од ракометарите од Европа и регионот сакаат да играат за нашите клубови. Еурофарм Пелистер ја круниса годината во која слави 70 годи постоење и ја освои третата титула по ред. Првпат во историјата гигантот од Битола врза три шампионски трофеи последователно и постави ...

Македонската ракометна репрезентација беше поразена од Хрватска во првиот пријателски натпревар во рамки на подготовките за Европското првенство. Иако „црвено-жолтите“ беа рамноправен ривал и до самиот финиш имаа активен резултат, домаќинот успеа да го затвори натпреварот во своја корист. По средбата, свој коментар за дуелот меѓу двете селекции даде тренерот на Вардар 1961, Иван Чупиќ, кој за хрватскиот портал „Net.hr“ зборуваше и за настапот ...

Во возбудлив натпревар од Првата македонска лига – група „А“, екипата на Црн Дрим забележа значајна победа во „езерското дерби“ и славеше над тимот на Охрид со конечни 75-66, покажувајќи одлична партија и доминација во клучните моменти од средбата. Ова дерби беше одлична можност за двата тима да покажат карактер и тимска игра, а резултатите од натпреварите ја одразуваат неизвесноста и конкурентноста која ја краси македонската кошарка оваа ...

Англискиот премиерлигаш Вест Хем е подготвен да слуша понуди и да го пушти Лукас Пакета во зимскиот трансфер период, откако се појавија шпекулации дека играчот сака да си замине од Лондон. Бразилскиот репрезентативец имал потешкотии со формата во последните недели, а во клубот се зборува дека тоа може да е резултат на желбата на Пакета да бара нов предизвик. Пакета пристигна во Вест Хем во летото 2022 година од Лион за крупна сума и бргу ...

Еден од капитените на Барселона, Роналд Араухо, денеска се враќа на тренинзите со првиот тим по повеќе од месец откако замина на пауза поради лични и ментални предизвици. Уругвајскиот дефанзивец одлучи да се повлече од активностите за да се посвети на сопственото ментално опоравување, по што патуваше и на духовно прочистување во Ерусалим. По овој период на одмор и работа на себе, Араухо сега повторно е на располагање на тренерскиот тим на ...

Српскиот фудбалски репрезентативец, Филип Костиќ, јасно стави до знаење дека не планира да си замине од италијанскиот Јувентус, и покрај шпекулациите за можен трансфер следното лето. Во својата најнова изјава за медиумите, Костиќ истакна дека се чувствува добро во Торино и дека сака да продолжи да ги дава своите најдобри партии за „старата дама“. „Сакам да јасно кажам дека не мислам да си одам од Јувентус. Имам договор со клубот, чувствувам ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
1002
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
79%
1002
weather icon

Загреб

7ᴼ / 4ᴼ
2.06
90%
1003
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
82%
1001
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.31
98%
1002
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.38
97%
1002
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.58
79%
1004
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
77%
1004
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1004
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
2.24
93%
1002
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
94%
1001
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
2.57
90%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Бакар

11.69

Алуминиум

3.03

Сребро

2460.50

Рутениум

45750.51

Калај

46.91

Паладиум

546.56

Кобалт

64.04

Иридиум

221848.72

Злато

159231.39

Платина

67162.91

Родиум

336779.07

Цинк

3.25