Фудбалската репрезентација на Англија воведе дополнителни безбедносни мерки пред осминафиналниот натпревар против Мексико на Светското првенство. Според британските медиуми, локацијата на хотелот во кој престојуваат избраниците на Томас Тухел се чува во тајност, со цел да се избегнат можни инциденти и нарушување на мирот пред важниот дуел. Причина за ваквата одлука е случувањето пред натпреварот меѓу Мексико и Еквадор, кога мексикански ...

Завршниот викенд е пред нас на турнирот М25 Скопје Macedonian Open 2026. Остануваат да се играат уште пет меча, што значи дека организаторите ги надминаа проблемите со дождот, кој неколку дена направи сериозни проблеми со саатницата, но и со терените. Македонскиот тенисер Калин Ивановски, кој избори пласман во полуфиналето на Централниот терен ќе игра во првиот меч (прво полуфинале), а противник ќе му биде седмиот носител Јанаки Милев од ...

Македонската комбинација Обрад Марковски и Горазд Србљак со две победи во денешните мечеви во конкуренција на двојки се изборија за полуфинале, кое ќе го играат утре (сабота). Марковски и Србљак откако завршија со сингл настапот стартуваа со мечевите во двојки. Во мечот од првото коло без многу проблеми го победија Иван Ангелов и Андре Мајнерц (Бугарија/Данска) со 2-0 во сетови (6-1, 6-4). Во второто коло одиграа далеку понеизвесен меч против ...

Џуд Белингем уште еднаш покажа дека е голем не само на теренот, туку и надвор од него. По победата на Англија над ДР Конго на Светското првенство, фудбалерот на Реал Мадрид во микс-зоната застана да поразговара со еден новинар од Венецуела, држава која неодамна беше погодена од разорни земјотреси. Наместо прашање за натпреварот или неговата игра, новинарот побара од Белингем да испрати порака за поддршка до луѓето кои се соочуваат со тешки ...

Една од најголемите сензации на досегашниот тек на Вимблдон ја приреди германскиот тенисер Јан-Ленард Штруф, кој во третото коло го елиминираше еден од фаворитите за титулата, Данил Медведев, со максимални 3-0 во сетови (7-6, 7-6, 7-5). Штруф одигра извонреден натпревар и во текот на целиот меч беше рамноправен, а во клучните моменти покажа поголема смиреност од рускиот ас. Првите два сета беа решени во тај-брејк, каде што Германецот ги освои ...

Арина Сабаленка се пласираше во осминафиналето на Вимблдон, откако во третото коло ја совлада Летонката Јелена Остапенко со 2-0 во сетови (6-4, 6-4). Иако резултатот изгледа убедливо, Белорусинката мораше сериозно да се потруди за да ја скрши незгодната Остапенко. Дуелот траеше еден час и 33 минути, а Сабаленка во двата сета ги искористи своите шанси во клучните моменти и без поголеми проблеми ја приведе средбата кон крај. Минатата сезона ...

Австралија и Египет ќе го одиграа единствениот натпревар од денешната програма на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Двете селекции не блескаа во групната фаза, но некако стигнаа до посакуваната цел, но сега една од нив ќе мора да се пакува за дома. На нешто повеќе од еден час од стартот на натпреварот познати се стартните состави на двете селекции. Австралија: Пол Бич, Алесандро Чиркати, Хари Саутар (К), Луис Херингтон, Џордан ...

Луис Хамилтон ќе стартува од првата позиција на спринт трката за Големата награда на Велика Британија, откако беше најбрз во спринт-квалификациите на легендарната патека Силверстоун. Британскиот ас до пол-позицијата стигна со само 11 илјадити делови од секундата предност во однос на младиот Кими Антонели, кој ќе стартува веднаш до него од првиот ред. Од вториот стартен ред ќе тргнат актуелниот шампион Макс Ферстапен и возачот на Ферари, Шарл ...

Американскиот кошаркар Рејмонд Самервил и официјално е нов член на литванскиот Нептунас Клаипеда, каде што ќе настапува во сезоната 2026/27. Самервил зад себе остави одлични партии во дресот на ТФТ, а скопскиот клуб со емотивна порака му се заблагодари за придонесот и му посака успех во новата средина. „Твојата напорна работа, посветеност и ангажман ти ја донесоа оваа можност и не можеме да бидеме посреќни за тебе. Ова е уште еден доказ дека ...

Контроверзите по европското дерби меѓу Хрватска и Португалија на Светското првенство не стивнуваат, а сега во центарот на вниманието се најде и официјален документ на ФИФА. Имено, на официјалната страница на ФИФА, кога се работи за судиските правила, стои прашањето: „Дали фризурата на играчот може да се земе предвид при офсајд ситуација?“ „Косата се смета за дел од телото само ако влијае на движењето или патеката на топката. Тоа најверојатно ...

Новак Ѓоковиќ го продолжува походот кон толку очекуваниот 25. Грен слем трофеј, откако денеска со 3-1 во сетови славеше над францускиот тенисер Артур Риндеркнеш и се пласираше во осминафиналето на Вимблдон. Српскиот тенисер во Лондон покажа дека е во одлична форма. Откако успешно ја мина првата посериозна пречка - Стефанос Циципас и тоа без загубен сет (6-3, 6-4, 6-2), со што уште еднаш потврди дека тревата е негова омилена подлога, денеска ...

Шкендија официјално соопшти дека заврши соработката со крилниот напаѓач Лорик Јакупи, кој кариерата ќе ја продолжи во нова средина со цел да добие поголема минутажа и подобри услови за својот понатамошен развој. Дваесет и едногодишниот фудбалер е производ на младинската школа на тетовскиот клуб и во изминатите години беше дел од првиот тим, постепено градејќи го својот пат во сениорскиот фудбал. Од Шкендија истакнаа дека со целосно разбирање ...

Повремениот македонски репрезентативец Егзон Бејтулаи го заврши договорот со екипата на Дрита од Косово и сега е слободен играч. 32-годишниот стопер беше во подолги преговори со тимот од Косово, кои на крајот, завршија неуспешно. Причина за тоа е што Бејтулаи се повреди потешко, ќе отсуствува до крајот на годината, а двете страни имале и преговори за примањата на играчот. Бејтулаи беше во косовскиот фудбал од 2023 година, покрај за Дрита ...

Освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Силекс, официјално потврди дека капитенот Дарко Анѓелески ќе остане дел од тимот и во сезоната 2026/2027, откако двете страни постигнаа договор за продолжување на соработката. Искусниот играч од средниот ред веќе четири години е еден од најважните фудбалери на кратовскиот клуб, а со своите настапи, лидерски способности и голема посветеност се наметна како вистински предводник на тимот. Анѓелески ...

Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид официјално стави крај на шпекулациите околу можниот трансфер на аргентинскиот репрезентативец Енцо Фернандез, објавувајќи соопштение во кое категорично негира дека постои каков било интерес за фудбалерот на Челзи. Од кралскиот клуб истакнаа дека не презеле никакви активности, ниту директно ниту индиректно, со цел да го ангажираат Енцо Фернандез и нагласија дека во моментов воопшто не размислуваат за ...

Младиот македонски голман Филип Купанов во новата сезона може да започне интернационална кариера и за првпат да игра во странство, затоа што за него има интерес од три земји. Купанов, кој има 23 години, беше дел од Брегалница во последната полусезона и со тимот обезбеди промоција во ПМФЛ. Имаше повреда на коленото, но и покрај тоа забележа 18 настапи со 12 „чисти мрежи“, од кои шест беа со директните конкуренти. Играчот во моментов разгледува ...

Калин Ивановски по голема борба и два добиени сета во тај брејк успеа да избори полуфинале на Macedonian Open 2026 откако го совлада шестиот носител Александре Вајс од Италија со 2-0 во сетови (7-6(5) и 7-6(3). Триумфот македонскиот тенисер го оствари откако во вториот сет успеа да ја надополни негативата од 1-4 во гемови. Мечот траеше два часа и 40 минути Во првиот сет Ивановски стартуваше со предност од 2-0 во гемови откако направи брејк, ...

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави првите судиски двојки кои ќе ја делат правдата на Европското првенство за жени 2026, а меѓу нив повторно се најдоа и македонските арбитри Даниело Божиновски и Виктор Начевски. Континенталниот шампионат ќе се одржи од 3 до 20 декември во Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција, а во моментов ЕХФ номинираше 16 судиски двојки за завршниот турнир. Пред почетокот на првенството, сите избрани ...

Германската тренерска легенда Јирген Клоп е на чекор од преземање на германската фудбалска репрезентација. Според најновите информации, искусниот стратег ја прифатил понудата да стане нов селектор на „панцирите“, а останува да бидат договорени и последните детали пред официјалното потпишување на договорот. Наводно, двете страни веќе постигнале начелен договор, додека во тек е финализирањето на условите од соработката. По нивното усогласување, ...

Еден од најголемите фудбалери во историјата на Алжир, Ријад Марез, официјално стави крај на својата репрезентативна кариера по елиминацијата на неговата селекција од Швајцарија на Светското првенство. Со ова завршува едно незаборавно поглавје кое траеше 12 години, период во кој Марез настапи на 119 натпревари во националниот дрес, постигна 40 голови и запиша 45 асистенции, оставајќи длабока трага во алжирскиот фудбал. Триесет и петгодишниот ...

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска организираше свечен прием за најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, која испиша историја со својот настап на главниот турнир на Вимблдон. Ристовски истакна дека успехот на Ѓорческа претставува гордост не само за македонскиот тенис, туку и за целиот македонски спорт, нагласувајќи дека таа со својата посветеност, труд и истрајност покажала дека македонските спортисти можат достојно да се ...

Елиминацијата на Хрватска од Португалија во шеснаесетфиналето на Светското првенство и понатаму предизвикува бурни реакции во фудбалската јавност. Еден од оние што јавно застана во одбрана на „коцкестите“ е легендарниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ, кој смета дека поништениот гол во судиското продолжение не требало да биде поништен. Хрватска беше поразена со 2-1, а во последните секунди од натпреварот Јошко Гвардиол ја испрати топката ...

Екипата на Брегалница обезбеди промоција во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), но може да остане без услугите на првиот стрелец Костадин Капсаров. 20-годишното десно крило беше најефикасен играч на штипјани во ВМФЛ. Со вкупно 14 постигнати гола, тој се истакна во дресот на „сините“ и ја одбележа сезоната како еден од најдобрите стрелци во второлигашкото друштво. Сепак, може да дојде до разделба на Капсаров и Брегалница. Играчот е на ...

Екипата на Пелистер испадна во понизок ранг, а повеќе играчи почнаа да си бараат нови клубови. Еден од нив е и крилото Петар Петковски. 29-годишното лево крило во ПМФЛ оваа сезона одигра 22 натпревари за Пелистер, на кои успеа да постигне пет гола со уште една асистенција зад своето име. Откако битолчани испаднаа по баражот со Шкендија Арачиново, Петковски ќе има нов клуб. Петар Петковски мина една сезона во Битола, а зад себе има кариера со ...

КК Пелистер ја информира јавноста дека изврши промени во раководечката структура на клубот за сезоната 2026/27. На позицијата извршен директор на клубот на истек од договорот заминува Филип Ивановски, на кого клубот му е благодарен на преданоста и професионалноста. На негово место е назначен Предраг Созовски, кошаркарски работник, тренер и спортски работник кој цел живот е во кошаркарскиот спорт. Тој целосно ќе се посвети на својата нова ...

Еден од најконтроверзните моменти на натпреварот меѓу Португалија и Хрватска доби и официјална потврда од самиот актер. Напаѓачот на Хрватска, Игор Матановиќ, призна дека имал минимален контакт со топката непосредно пред акцијата од која Јошко Гвардиол постигна погодок за 2-2, кој подоцна беше поништен по интервенција на ВАР. Во 12. минута од судиското продолжение, Хрватите накратко се израдуваа на израмнување и можност за продолженија. ...

Германската фудбалска репрезентација ќе добие нов селектор по разочарувачката елиминација во шеснаестинафиналето на Светското првенство, каде Парагвај беше подобар ривал. Иако Јулијан Нагелсман имаше договор со Германската фудбалска федерација до 2028 година, германските медиуми тврдат дека неговата мисија е завршена. Според „Билд“, веќе е постигнат договор за разделба, а официјалната потврда се очекува во наредниот период. Во германската ...

Селекторот на фудбалската репрезентација на Чешка, Мирослав Коубек, поднесе оставка на 29 јуни 2026 година по неуспехот на Светското првенство во 2026 година. Чешката фудбалска асоцијација го прифати неговото повлекување по елиминацијата на тимот уште во групната фаза на Мундијалот. Чешка заврши на последното место во групата А на Мундијалот, со само еден освоен бод (ремизираше 1-1 со Јужна Африка, а претрпе порази од Јужна Кореја со 1-2 и од ...

Обрад Марковски го заврши настапот на Македонија Опен во второто коло. Македонскиот тенисер денеска во продолжението загуби во комплетирањето на мечот со Владислав Орлов од Украина со 2-0 (6-3 6-2). Мечот вчера беше прекинат поради стемнување при резултат 1-0 во сетови и 2-2 во гемови. Заедно со денешното продолжение мечот траеше 100 минути. Орлов, кој победи во четвртфиналето по одморот ќе игра против Петар Јовановиќ. Од македонските ...

ФИФА стави крај на дилемите околу поништениот гол на Хрватска во драматичниот финиш од осминафиналниот дуел со Португалија и објасни зошто погодокот на Јошко Гвардиол не беше признат. Во 103. минута од натпреварот мрежата на Португалците ја затресе Јошко Гвардиол, ама по ВАР реакција голот беше поништен. <<< - ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Погледнете како „ЕКГ на топката“ ја елиминира Хрватска од СП! <<< - ПОВРЗАНО - Дали е ова најава ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
4.34
21%
1012
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
0.89
38%
1016
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
0.51
31%
1016
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
3.72
40%
1015
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
4.94
32%
1015
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 32ᴼ
0.93
35%
1017
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
7.15
42%
1011
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
4.82
34%
1014
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
3.23
37%
1013
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 29ᴼ
1.79
40%
1017
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 30ᴼ
1.79
25%
1017
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 26ᴼ
7.16
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.2154

Currency

71.6614

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Платина

56038.75

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.28

Сребро

2044.16

Бакар

13.23

Иридиум

252383.36

Калај

56.36

Рутениум

53852.50

Паладиум

43628.56

Злато

139576.04

Родиум

278103.96

Цинк

0.00